
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Центарот за младински активизам КРИК, поддржан од Шпанската Амбасада на РМ и во соработка со Сојуз на извидници на Македонија, ве поканува да станете дел од нашата традиционална инклузивна летна младинска програма „Остваруваме кампување“. Кој може да се пријави? • Млади од 16 до 30 години • Учесници со и без попреченост • Секој кој сака авантура на отворено и креативни работилници Од 11–15 август 2025 година во Извиднички камп, Охрид. Програма и ...
Курбан Бајрам (познат и како Голем Бајрам или Бајрам на жртвувањето) е еден од двата најголеми празници во исламот, заедно со Рамазан Бајрам. Тој има длабоко верско, духовно и општествено значење за муслиманите ширум светот. Значeње на Курбан Бајрам: Симбол на покорност кон Аллах Курбан Бајрам го одбележува моментот кога пророкот Ибрахим (Авраам) бил подготвен да го жртвува својот син Исмаил, по Божја заповед. Аллах, гледајќи ја неговата искрена ...
Финскиот виртуоз на хармоника Кимо Похјонен ја отвора втората вечер на 24. Офф-фест, а концертот ќе се одржи во Националната опера и балет од 20 часот. „Похјонен е еден од ретките уметници кои создале нов и независен жанр. Низ долгата и плодна кариера се впуштил во проекти кои можат да се дефинираат како рок, фолк, авангарда, импровизација и класична музика, покрај театарски и танцови перформанси. Оригиналните и екстремни композиции, ...
Во срцето на Струмица, каде што музиката е дел од секојдневието, а спомените за великани сè уште одекнуваат меѓу улиците, „Легато бенд“ создаде нешто повеќе од концерт – создаде музички мост помеѓу генерациите. Со посветеност и љубов, тие му оддадоа почит на својот сограѓанин и македонска музичка легенда – Гоце Арнаудов. Пред споменикот на Арнаудов во Малиот градски парк, се случи едно несекојдневно музичко доживување – видео проект кој ги ...
Мултимедијалниот проект “Мојра” вечерва премиерно ќе го претстави анимираниот спот за новиот сингл „Деносоние“ во соработка со Бранислав Николов (Пијан Славеј) и уште десетина други музички соработници. Настанот ќе се одржи на платно во дворот на културниот простор Буква со почеток од 21:00 часот. По проекцијата, ќе следува краток разговор со авторите на видеото (Ивана Маркоска, Даре Јованов, и Јасна Трпкова) кои ќе споделат детали за процесот ...
Тетово, 5 јуни 2025 (МИА) - Излезе од печат „Исламска епиграфија и споменици во Тетово“, од Нусрета Шмрковиќ, кустос советник од Музеј на тетовски крај, информираат од тетовската национална установа. Ова е нејзина втора стручна книга која нуди увид во спомениците од османлиската сакрална архитектура преку историско-урбанистичкиот развој на градот во периодот од доаѓањето на Турците до Балканските војни. -При изработка на плановите користени се ...
Охрид, 5 јуни 2025 (МИА) - Охридската библиотека „Григор Прличев“ од понеделник ќе работи во една смена, од 8 часот и 30 минути до 16 часот и 30 минути. Според соопштението на библиотеката, од 8 часот и 30 минути до 16 часот ќе работат со читатели, кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. - Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од ...
Книгоиздавателството „Панили“ ја објави поетската книга „Кратка меморија“ пд поетесата Милица Димитријовска-Радевска. Како што истакнува Весна Мундишевска-Велјановска, оваа книга е мемориски регистар на складирани податоци, настани, случки, размислувања, укажувања… сместени во ќелиите на меморијата на една временска рамка која, и покрај активното темпо на збиднувањата, сѐ повеќе ја губи суштинската комплексност, и бледнее присвојувајќи ...
Режисерот Слободан Унковски е добитник на наградата „Дејан Мијач“, што ја доделува Здружението на драмски уметници на Србија за режисерски опус. По тој повод, Унковски, кој во изминатите 5 децении постави значајни драмски дела на сцените на театрите во поранешна Југославија, во регионот Европа и светот, се заблагодари со укажувањето дека со оваа награда за него се „заокружува еден важен триаголник на награди што ги носат големи режисерски имиња, ...
10 филмски серијали со (по)нови продолженија – совршени за продолжен викенд The Karate Kid, Mission: Impossible, Jurrasic World – голем дел од филмските серијали со коишто пораснавме изминативе неколку години беа „оживеани“ со нови продолженија. Што ќе гледате овој продолжен викенд? Филмски серијали и франшизи има безброј, а некои успеале да останат релевантни и 20, 30 па и 40 години по првиот филм. Само годинава ќе има нови продолженија од ...
Денес, во кафе-бар „Шила“ во Охрид од 18:00 часот, пред охридската публика ќе биде претставена издавачката куќа „Илика“. На настанот ќе учествуваат уредничката Катерина Шекутковска и поетесата Александра Спасеска, а модератор ќе биде Јордан Коцевски. Ќе разговараме за идејата зад издавачката и плановите за во иднина, концептот на издавање, со посебен акцент на одредени книги. Дел од разговорот, секако, ќе биде посветен и на збирката „Координати ...
Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черндодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. На изведбата на ...
Во рамките на Меѓународната Вишеград 4 резиденција за млади театарски критичари, од денеска до 11 јуни во програмата на резиденцијалниот престој ќе учествуваат театарската режисерка Ана Батева и младата актерка и новинарка Марија Карилоска. -Младите театарски уметници ќе ја следат програмата на Меѓународниот театарски фестивал Нитра во Словачка, и ќе совладуваат креативни методи за изработка на современа театарска критика за фестивалската ...
Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. На изведбата на ...
Во Уметничката галерија во град Созопол вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Графички коментари и сликарски реминисценции“ на ликовните уметници Иво Пецов и Марјан Ѕингаров. Изложените дела – графики и слики претставуваат извадок од најновите творечки преокупации на двајцата автори. Изложбата е дел од програмата на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, како и дел од програмата на Македонскиот културно-информативен центар во ...
Познатата хрватска писателка во последните месеци објавува статии на својот блог за предизвиците со кои се соочува поради нејзината ужасна болест. На Ведрана Рудан ѝ беше дијагностициран рак на жолчниот канал минатата година, а моментално е во процес на лекување, за што отворено зборува. Покрај самата болест и нејзините симптоми, Ведрана пишуваше и за тоа како нејзините најблиски се справуваат со овој проблем и кого разочарала. Сепак, ...
Синоќа Битола имаше вистински празник за уметноста, на сцената на Офицерски дом во Битола, учениците од Државното музичко училиште – Битола настапија заедно со НУ Камерен Оркестар на Битола, а се со идеја ова да прерасне во рекрасна соработка која ги истакна младите таленти и нивната љубов кон музиката.-Настанот не е само обична концертна вечер. Вечерва прославуваме нова соработка помеѓу Државното музичко училиште и Националната установа ...
Вероника Варга и Бенедек Рети ги истражуваат различните, сурово-емотивни пејзажи на балканската музика. За македонскиот фолклор велат дека е исклучително инспиративен и предизвик за секој музичар. Гласовите на Александар Сариевски, Кирил Манчевски, Васка Илиева се богатство кое секоја генерација треба да го истражува и да го пренесува на следните генерации. Тие пеат толку јасно и на прво слушање ви делува едноставно, вели Варга, но токму во таа ...
Во славеничка атмосфера, со македонски ора и песни кои побудуваат посебни емоции, Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар го прослави јубилејот-75 години постоење. Пред публиката на концертот кој се одржа во спортската сала „Младост“ се претставија играорците, оркестарот на друштвото, солисти, како и гости изведувачи и културно-уметнички друштва соработници. „Седум и пол децении постоење и десет пати повеќе ...
Националната установа Завод и Музеј-Битола од денескa е побогата за 300 книги, подарок од семејната библиотека на Кирил Македонски, автор на првата македонска опера „Гоце“, кои на Музејот во Битола ги донира неговата ќерка Пламенка Македонска. Препорачано Донацијата од семејството Македонски ја прими директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски. – Долго размислував кому и каде да го предадам овој материјал. Имам голема доверба во ...
Киро Урдин, основач на уметничкото движење Планетаризам, отвори своја самостојна изложба на слики и цртежи „80 години – 80 дела“ во ММ Галерија во Брисел. Награден со највисоката награда „Уметник на светот“ на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО „Скопје 2024“ и изложуван во Националната галерија на Р.С.Македонија, Киро Урдин се враќа од Токио, Њујорк, Детроит и Мексико Сити, од неговата изложба на меѓународниот саем на современа уметност „Арт Тесалоники“ во Солун ...
Во Музејот на Македонија (Галерија за етнологија) во сабота, 7 јуни, од 13:30 часот ќе биде отворена изложба „Сублимации“ на Горан Стојчетовиќ. Таа ќе трае до 24 јуни. „Што да се напише како вовед за самостојната изложба на слики на уметникот Горан Стојчетовиќ, а да се остане достоинствен и предан кон неговата работа? Единствено можеби искреноста може да нѐ остави на местото каде што сме, на маргините или на работ на бездната помеѓу уметничкото ...
Тетово, 4 јуни 2025 (МИА) – Летечката театарска трупа од Тетово (ЛТТ) се претстави со најновата театарската претстава „Малиот Принц“ која беше изведена со премиера, издание за ученици како и изведба на отворен простор изминативе два дена. Премиерата и претставата за ученици беа во Центарот за култура, а на отворено, актерите ја изведоа во дворот на Музејот на тетовскиот крај, место познато како „Куќата на Јовановци“. Режисерот Зоран Јованоски ...
Во битолската Магаза се отвори третата изложба на Тони Соколов насловена „Триптих“. Оваа е трета по ред во три години, на која се изложени 30 дела изработени по различна инспирација којашто ја имал уметникот и професор на ликовна академија во Австралија. Ако важи мислата дека „Инспирираните прават големи работи“, тогаш „инспирацијата најдена во секојдневното битие“ е уште поголема. Синоќа битолската публика ја доживеа инспирацијата на уметникот ...
Во Археолошкиот музеј во Созопол, Бугарија, на 6 јуни, со почеток во 20:00 часот, љубителите на уметничката музика ќе имаат ретка можност да уживаат во концертот на гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска, како дел од програмата на Интернационалниот фестивал на франкофонијата „Солеј“. Концертот е насловен „Долго патување“ и претставува музичко истражување инспирирано од богатата балканска музичка ризница и од француската камерна ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник, 9 јуни, ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот. Како што информираат во терминот од 08:30 до 16.00 часот Библиотеката ќе биде од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во ...
Поетски настан, посветен на поетот, раскажувачот, новинарот, општественикот Панде Манојлов се одржа во Галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола по инцијатива на д-р Лили Бошевска со поддршка од „Пелагонски културно – научни средби“- Новаци, кои ја имаат воведено наградата „Панде Манојлов“ и „Македонското научно друштво“ – Битола.Пред присутните се обрати претседателката на МНД – Даниела Андоновска – Трајковска и заменик претсетаделот на ...
Во изминативе недели, на социјалните мрежи на шоуто „Глумците пеат“ беа објавени серија креативни видеа, преку кои дел од актерите на забавен начин го најавија своето учество. Според информации до кои дојде Трн, откриен е дел од актерската екипа што годинава ќе настапи во улога на музички ѕвезди. Актерката Сања Арсовска и Игор Ангелов годинава за првпат ќе настапат на музичко-сценското шоу „Глумците пеат“, кое на 8 и 9 јуни повторно ќе се одржи ...
Изложбата на фотографии од уметницата Сара Сасани насловена „Исчезнување на пејзажот“ ќе се отвори во сабота, 7 јуни, со почеток во 20 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Фотографиите од оваа колекција се создадени по многубројните патувања на авторката низ различни делови од Иран. „Таа долго време се грижи за животната средина во земјата и се обидува да jа прикаже преку убави пејзажи, но со текот на времето и поради ...
Во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа свечен литературен настан насловен „Магичен ден со бајките на браќата Грим“, организиран со цел да се поттикне љубовта кон книжевноста, особено кон класиците на детската литература.Настанот се реализира во соработка со учениците и наставниците од ООУ „Даме Груев“- Битола, а свеченото отворање беше збогатено со изведба на песната „Во светот на бајките“, што ја исполнија ...