Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Кавадарци, 5 март 2026 (МИА) - „Женско писмо“, е насловена изложбата на дела од ликовни уметници - жени, што вечерва беше отворена во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, по повод меѓународниот ден на жената, 8 Март. Со свои уметнички творби се претставуваат 27 талентирани жени, од целата држава. Марина Убавкова, стручен соработник за визуелни уметности и куратор на изложбата, рече дека изложбата претставува концептуална ...
Претставата „Се случи еднаш во Женева“, поставена според драмата „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг, во режија на Кристијан Атанасов, на 6 март, во 20 часот, ќе има изведба во „Салон 19:19“ во КИЦ-Скопје. Во претставата играат Јана Вељановска и Лазар Христов. „Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е хипотетична интерпретација на настан кој се случил ...
Во насловната улога – Жизел настапува примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Алберт – Балаж Лочеи, како Мирта настапува Илијана Данилов, а во улогата на Хиларион – Бобан Ковачевски, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е Климент Тодороски, а дизајнот на светло е на ...
Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 23 Мегународен стрип салон ” Велес 2026′-најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Велес . Пропозиции: – Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста; – Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа ...
Куманово, 5 март 2026 (МИА) - По 13-ти пат во пресрет на меѓународниот ден на жената фотоклубот „Куманово“ вечер со почеток во 19.30 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе ја отвори националната изложба на уметничка фотографија „Жените и фотографијата“, информираа денеска од клубот. Станува збор традиционален настан посветен на креативноста, талентот и визијата на жените во фотографијата. - И оваа година, во пресрет на Осми март – Светскиот ден ...
Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика Во Книжевниот клуб Утопија претставена книгата „Живата соба“ на Благица Ваниќ и Билјана Копрова Настанот беше замислен како отворен разговор за темите што книгата ги отвора: односите, личниот развој, емотивната зрелост и искреноста кон себе. Гостинка на вечерта беше Благица Ваниќ, која зборуваше за процесот на создавање на книгата и за тоа како текстот произлегува ...
Со изведбата на „Кец на десетка“ на Македонскиот народен театар во Домот на културата Кичево, вечер свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. -Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Токму оваа искрена и топла ...
На 6 март 1994 година во Скопје е роден македонскиот музичар, гитарист, композитор и продуцент Лука Ѓоргиевски – еден од највпечатливите автори од поновата генерација на домашната музичка сцена. Со својата работа тој успешно ги спојува современите музички трендови со длабоки културни корени, создавајќи звук кој е истовремено модерен, експериментален и автентично македонски. Уште од младоста, Ѓоргиевски се вклучува во различни музички проекти ...
Во книжарницата Сакам Книги – Лептокарија оваа сабота, на 7 март во 12:00 часот, ќе се одржи женски книжевен настан посветен на разговори за литературата, создавањето и улогата на жените во книжевниот свет. Настанот ќе ги обедини авторки, преведувачки, уреднички и читателки – жени кои стојат зад многу од приказните што публиката ги чита и сака, но и жени кои носат свои силни и инспиративни животни приказни. Во опуштена атмосфера ќе се ...
Од 28 февруари до 2 март, Македонскиот културно-информативен центар во Софија активно учествуваше на филмскиот фестивал „Балкинофест“, значајна културна иницијатива организирана од повеќе истакнати и етаблирани филмски дејци од Бугарија. Фестивалот има за цел да го промовира современото филмско творештво од регионот на Југоисточна Европа, како и да создаде простор за културна размена, дијалог и поврзување меѓу филмските автори, културните ...
Познатиот гитарист Влатко Стефановски објави спот за инструменталната верзија на песната „Нада“, безвременски класик напишан од легендарниот хитмејкер Ѓорѓе Новковиќ, а познат по Габи Новак со нејзиниот препознатлив глас. Стефановски ја свиреше композицијата со Кралскиот филхармониски оркестар, а се наоѓа на албумот „Guitar Sings“. Албумот носи инструментални верзии на десет евергрин од богатиот опус на Ѓорѓе Новковиќ. Оркестарот го ...
По два распродадени настапи во Скопје, Тијана и во Битола на 23 април со стендапот „Менопауза“! Со овој урнебесен стендап настап, свечено ќе биде отворено изданието на Фестивалот на монодрама 2026 во Битола. Подгответе се за гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат – а сега конечно се зборуваат без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовници без поим за лубрикант и ...
Трката за 98. издание на наградите „Оскар“, кои ќе се одржат на 15 март 2026 година во Лос Анџелес, станува сè поинтересна и понеизвесна. Најновите анализи и прогнози покажуваат дека неколку филмови и актерски изведби се издвојуваат како главни фаворити во повеќе категории. Во категоријата за Најдобар филм, меѓу најчесто споменуваните кандидати е „One Battle After Another“, кој веќе освои признанија од повеќе критичарски здруженија и се ...
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, синоќа, пред преполна сала, во присуство на семејството, пријателите и колегите, се одржа комеморација во чест на поетот, писател, преведувач и издавач Тихомир Јанчовски. Ви го споделуваме обраќањето во целост на проф. д-р Елизабета Шелева, истакната литературна критичарка и теоретичарка, и универзитетска професорка на Општа и компаративна книжевност на Филошкиот факултет во Скопје, член на ...
Денес се навршуваат 62 години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. „Денес го одбележуваме денот кога се упокои нашиот патрон, легендата на Битола, Милтон Манаки. Комуната на Власите и Кино клубот „Милтон Манаки“, секоја година традиционално го организира ова чествување со полагање на цвеќе, со што му ја оддаваме почитта нивна, односно преку местото каде што почива Милтон“ рече Стефан Хаџиандоновски, претседател на ...
Скопје, 4 март 2026 (МИА) – Во пресрет на Денот на жената - 8 Март, Музејот на македонската борба за самостојност денеска ја промовираше едукативната сликовница „Македонките во битка – вистински приказни“ од авторките Ана Вишинова, музејски едукатор, и Даниела Митевска, кустос. Таа е трета во едицијата музејски едукативни сликовници и е продолжение на претходните две - „Зад големата мисла“ од 2019, посветена на создавањето на Македонската ...
-Во Битола, пролетта зборува француски! Францускиот почесен конзулат и Француската Алијанса во Битола најавуваат бројни активности во текот на традиционалната „Франкофонска пролет“. Оваа година, покрај одбележувањето на Месецот на Франкофонијата, ќе означи и одбележување на две значајни годишнини: 30 години конзуларно делување и 25 години Француска Алијанса Битола, институција која веќе четврт век ги промовира францускиот јазик, култура и ...
По повод Меѓународниот ден на жената, издавачката куќа Сакам Книги организира отворен женски книжевен настан што ги повикува читателите да зборуваат за женските ликови од книгите и жените кои стојат зад книгите, коишто им оставиле трага. Настанот ќе се одржи во сабота, на 7 март, со почеток во 12:00 часот, на платото пред книжарницата Сакам книги во Лептокарија. Под мотото „Секоја жена има своја приказна“, разговорот ќе отвори прашања за ...
По повод 8 Март, подготвивме подарок за нашата публика: 🎭 50% попуст на билетите за операта „Тоска“ од Џакомо Пучини! Една од најпознатите опери во светот, приказна за љубовта, страста и драматичната судбина, проткаена со арии, кои го исполнуваaт салонот и долго остануваат во сеќавањата. Совршена прилика за: • подарок за жените кои ги почитувате; • културна вечер со вашите пријателки; • романтична ноќ во Македонската опера и балет; 📆 6 март ...
Од коавторката на бестселерите „Анонимна девојка“, „Не си сама“ и „Златната двојка“, Сара Пеканен, ни пристигнува нов возбудлив психолошки трилер – „Куќа од стакло“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше номинирана за наградата Goodreads Choice Award и беше прогласена за една од најдобрите книги на годината на „Амазон“. Таа беше и главен избор на Book of the Month, како и прворангирана книга според ...
На 6 март (петок), од 18:30 часот, во Македонскиот културен центар во Софија (ул. „Обориште“ 7) ќе се одржи промоцијата на романот „Порција бара спас“ од Христо Георгиев. На книжевната вечер ќе присуствуваат: авторот Христо Георгиев и преведувачката и издавач Марија Георгиева – Дурга. Романот е сатирично научно-фантастично четиво, во кое преовладуваат историските артефакти. Напишан во 1965 година во Скопје, а објавен дури по 60 години, во ...
Претставата „Ова е само крајот на светот“ во режија на Теа Беговска премиерно ќе се изведе на 7 март во Драмскиот театар во Скопје, во 20 часот. Текстот е на францускиот автор Жан-Лик Лагарс, напишан во 1995, а преводот и адаптацијата се на Беговска. Канадскиот режисер Ксавиер Долан за истоимениот филм во 2016 освои Гран при на Канскиот филмски фестивал. Беговска рече дека адаптацијата на текстот е правена според филмот. „Ова е претстава ...
Во време кога одржливоста сè почесто се сведува на порака или тренд, сè поголем број брендови се обидуваат да ја претворат во реална, секојдневна навика. За Нина Цекиќ Костовска, бизнисот не е само економска активност, туку и можност да се влијае на културата на живеење – преку предмети кои се практични, естетски и трајни. Нејзиниот бренд ,,CoolBottles” се обидува да го направи „одговорниот избор“ посакуван, а металното шише – секојдневен ...
„60 икони на Мајката Божја“ претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од периодот VII–XV век. Делото ги опфаќа клучните иконографски типови на Мајката Божја (Одигитрија, Елеуса, Платитера и др.), нивниот теолошки, уметнички и историски контекст и нивната улога во византиската и западната традиција. Книгата нуди длабинска интерпретација на симболиката, стилските карактеристики и ...
Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ја најавува својата нова концертна сезона под моќното мото „Пулсот на предците, во ритамот на денешницата“. Оваа сезона „Танец“ продолжува да ја испишува живата историја на македонскиот фолклор, правејќи храбар чекор кон современите сценски текови, притоа задржувајќи ја изворната чистота на македонскиот код. Програмата ветува несекојдневно доживување во кое минатото и ...
„Ловци на демони“ е многу повеќе од само забава за деца! 3 начини родителите да го искористат најпопуларниот цртан филм во светот Објавена во: 05 Март, 2026 11:26 Познатиот психолог и мајка на три деца неодамна беше изненадена од позитивните пораки што ги забележа во анимираниот филм кој ги освои најмалите во изминатите месеци. Д-р Беки Кенеди, клинички психолог, е основач на платформата Good Inside, која има за цел да им помогне на ...
Археолошкиот локалитет „Бистерна“ во гевгелиското село Прдејци повторно се истражува од страна на тимови на Завод и музеј Струмица и Музејот од Гевгелија. Истражувањата кои почнале неделава треба да ги дополнат информациите за оваа населба од римско време лоцирана на 500-тини метри северозападно од Прдејци, во близина на магистралниот пат Скопје – Гевгелија. – Моментално истражуваме на трасата на гасоводот меѓу Македонија и Грција. Откривме 6 ...
Дванаесет млади поети на возраст од 16 до 30 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #5“, преднастан на шестиот „Скопски поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 27 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите. Имињата на избраните 12-мина (по азбучен ред) се: Марија Алексовска, Вероника ...
По успешното прво издание на Lazarov Awards кое минатата година донесе масовна поддршка, силна енергија и атмосфера за паметење, предизвикувајќи огромен интерес и обединувајќи илјадници луѓе околу една заедничка приказна, Стефан Лазаров официјално го најавува и второто издание на настанот што за кратко време прерасна во симбол на благодарност кон публиката и заедништво со заедницата. Со двата објавени видео тизери, Лазаров јасно порачува дека ...
Од Националната опера и балет известуваат дека за операта Тоска од Пучини, која ќе се реализира на 6.март 2026 година, поради здравствени причини, во насловната улога на Флорија Тоска наместо Злата Тошевска Димовска ќе настапи Валентина Бои од Италија. Тоска“ е вечер кога сцената гори од страст, а секоја одлука носи судбина. Величествена музика, врвни солисти и приказна што држи во напнатост до последниот миг. „Тоска“ Џакомо Пучини 6.3.2026, ...