Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Во период на припрема за празничната сезона и брзата динамика на животот, MY:TIME со гордост ја претставува својата најнова кампања „МОМЕНТИ ЗА НАС“, која служи како нежен потсетник за она што навистина е важно. Кампањата ја пренасочува светлината од големите настани кон малите, интимни мигови на искрена блискост. MY:TIME ја пренесува пораката дека животната вредност не лежи во гламурот, туку во секојдневната љубов, смеа и безусловно присуство. ...
На изложбата „Артеизам“ со свои дела ќе се претстават Васко Ѓоргиев, Дејан Макаријоски и Владимир Симоновски. Авантура на тројца индивидуалци собрани во едномислието за нераскинливата врска меѓу верата и уметничкото творештво. Создавањето дело тие го гледаат освен како сопствено искуство и како еден трансцедентлен процес чии корени, во овој случај, се втемелени во Божјото откровение на православната христијанска вера. Делата од оваа изложба ја ...
По речиси половина век од објавувањето на претходниот, прв избор од поезијата на Бранко Миљковиќ во препев на македонски јазик, објавен е нов избор од творештвото на големиот српски и јужнословенски поет што меѓу првите ја ослободи книжевноста од пригодноста и дидактичноста, од практицистичките и прозаични, чисто фолклористички потреби. „Матица македонска“ го објави изборот „Оган и ништо“ приреден и препеан од истакнатиот македонски поет, ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денеска ќе биде домаќин на литературно – уметничкиот настан „Самовилата со скршени крилја“. Всушност ќе се случи промоција на истоимениот роман од познатата македонска писателка Лили Бошевска од Битола. Романот Самовилата со скршени крилја на Лили Бошевска е вистинско патешествие низ еден имагинариум – свет каде што невозможноста не постои, а фантазијата ја води приказната. Оваа книга ги отвора вратите на ...
Сместен во блиска иднина, филмот ја прикажува одисејата на 30 млади мажи и жени кои се испратени длабоко во вселената во мисија од повеќе генерации во потрага по нов дом. Мисијата преминува во лудило, додека екипажот се враќа во својата најпримитивна состојба, не знаејќи дали вистинската закана со која се соочуваат е она што е надвор од бродот или внатре во бродот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се ...
Сунe е во паника! Само што дознава дека неговиот дедо решава да се ожени – и тоа на истиот ден кога треба да замине со училиштето на важна екскурзија! А Сунe има уште една задача: да биде девер на венчавката. Раздвоен меѓу семејните обврски и сопствените желби, Сунe се впушта во хаотична авантура полна со љубов, недоразбирања и неочекувани пресврти. Топла и смешна приказна за семејството, растењето и вистинските приоритети во животот. © 2020 ...
Со претставата „Лимениот барабан“ во режија на Васил Христов, а во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), вечерва се отвора 50. издание на Млад отворен театар (МОТ). Јубилејното издание започнува со претстава во која има доминантно македонска авторска екипа, која го постави антологиското дело на германскиот нобеловец Гинтер Грас, „Лимениот барабан“. Југословенско драмско ...
Видеолотарија Касинос Австрија ја потврдува својата силна заложба за промоција и поддршка на уметноста. Во рамки на партнерството со Националната опера и балет, синоќа на големата сцена беше изведена балетската продукција „Мадам Бовари“, дело што ја фасцинираше публиката и беше поздравено со долги овации. Инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер, оваа балетска драма во два чина ја отвора приказната за копнежот, страста и вечната ...
Перо Антиќ не пропушти да го одбележи роденденот на средниот син, Павел, кој полни 13 години. Поранешниот македонски кошаркар сподели албум со фотографии од славеникот заедно со слатка порака. „Ти си мое сè и затоа ти посакувам сè најдобро во животот, сине мој. Патот кон среќата нека ти е чист како солза секогаш и знај дека има увек некој покрај тебе, принцу мој. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ПАПОЛИТО мој, ТЕ САКА ТАТО“ – напиша тој. Павел е второ дете на ...
„Јубилејното издание ја слави интернационалната видливост на македонската театарска мисла и ја истакнува вредноста на уметниците кои потекнуваат од нашата културна средина, а се етаблирале во европски и регионални театри. МОТ во 2025 година ќе ги донесе на домашна сцена нивните најнови претстави, создадени во театарски куќи во регионот и пошироко, овозможувајќи им на гледачите да ги видат делата на нашите режисери, актери и сценски автори кои ...
Наскоро се очекува премиерата на филмот и серијата „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, каде што имате една од улогите. Вие, како актер, и Бојаџи како режисер, имате континуитет во соработката. Претходно, соработувавте и во серијата „Бистра вода“, прва македонска ТВ-серија по подолго време… Кога сте „внатре во приказната“, дали препознавате доволно енергија за создавање континуитет во продукција на македонски ТВ-серии, наместо тие да бидат ...
Под насловот „Нашите во светот“, од денеска до 25 ноември ќе се одржува јубилејното 50. издание на Млад отворен театар (МОТ). Фестивалот ќе понуди внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, а годинава го насочува вниманието кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и постојано отвораат нови сценски хоризонти. -Јубилејното издание ја слави интернационалната видливост на македонската театарска мисла и ...
Гевгелија, 18 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата 2025 година“, вечер во Малата сала на Народниот театар ќе се одржи концерт на реномираниот македонски камерен ансамбл „Консонанс“, информираа од Општината. Според организаторите, настанот претставува значаен културен придонес кон годишната програма на општината, кој најавува вечер исполнета со исклучителна музичка уметност и автентичен спој на класика и ...
„ДАЗН“, водечката глобална платформа за спортска забава, го најави премиерното прикажување на својот нов оригинален документарен серијал „Volver“ (Враќање). Овој серијал од четири епизоди ќе започне да се емитува на 3 декември, а следните продолженија ќе бидат достапни секоја среда. Документарецот ја следи инспиративната приказна на Марк Маркез и неговиот пат на надминување на невидени предизвици и повреди за да се врати на врвот на ...
Во тек е пријавувањето за 14. регионална манифестација „24-часовно цртање на стрипови”, отворена за стрип автори од регионот. Томе Трајков, стрип промотер од Велес известува дека тоа може да оствари преку линкот https://www.24satnocrtanjestripa.com/ кадешто може да се најдат и повеќе информации . Тој уште еднаш го изразува задоволството што стрип соработниците и пријатели од Хрватска уште од 2023 бргу ја прифатиле неговата иницијатива за ...
Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Националниот џез оркестар ќе настапи во реномираниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена вечер од 20.30 часот, како дел од турнејата „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams). Тоа ќе биде нивниот трет и последен настап од минитурнејата што ги опфати и Будимпешта и Прага. Како што соопшти НЏО на прес-конференција во пресрет на европската минитурнеја, „Macedonian Dreams“ е уникатна фузија на македонски фолклорни ...
Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - Во бифето на Младинскиот културен центар ‒ Скопје вечер ќе биде одржана промоција на стихозбирката „Хотел за мртви“ од Лана Деркач, што од хрватски ја препеа Славе Ѓорѓо Димоски, а изданието со поддршка на Министерството за култура и медиуми на Република Хрватска го објави ПНВ Публикации од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја промовира Јулијана Величковска. -Можеби оваа свесна погрешна интерпретација ...
Штип, 18 ноември 2025 (МИА) - Изложба на цртежи и слики со наслов „Везилка“ на академската сликарка Јана Јакимовска ќе биде отворена денеска во Безистенот во Штип. На изложбата, како што наведува авторката во најавата, се изложени дела инспирирани од песната „Везилка“ на Блаже Конески. По изложувањето во Скопје, ова е второ претставување на изложбата „Везилка“ пред македонската публика. -Проектот „Везилка“ на Јана Јакимовска е замислен како ...
Во тек е пријавувањето за 14. регионална манифестација „24-часовно цртање на стрипови“, отворена за стрип автори од регионот. Томе Трајков, стрип промотер од Велес известува дека тоа може да оствари преку линкот https://www.24satnocrtanjestripa.com/ кадешто може да се најдат и повеќе информации . Тој уште еднаш го изразува задоволството што стрип соработниците и пријатели од Хрватска уште од 2023 бргу ја прифатиле неговата иницијатива за ...
Во рамки на светските одбележувања за 150 години од раѓањето на Морис Равел, Europe House Bitola, заедно со Alliance Française – Битола, Institut Français – Скопје и Почесниот конзул на Франција во Битола, создаде концертно доживување што ги спои класичниот звук и современата електронска призма во една заедничка линија. Равел — механичкиот ум на постоењето, ум што мислеше во пулсови, структури и повторувања — одамна се смета за тивкиот татко на ...
Во 1982 година, додека бил семинарист, Лео XIV бил голем обожавател на филмот The Blues Brothers (1980). Според сведоштва од тоа време, тој дури и се облекувал како еден од ликовите – со темни очила и федора шапка, препознатливиот стил на браќата од филмот. Познатата реченица од филмот, „We’re on a mission from God“, наводно била особено значајна за него во периодот кога се подготвувал за свештеничката служба. Идниот папа, исто така, го сакал ...
Благодарение на соработката со Амбасадата на Јапонија во Скопје, Културен и информативен центар – Битола најавува возбудлива филмска програма во „Неделата на јапонски филмови“ во Кино „Браќа Манаки“. Благодарение на оваа соработка битолчани ќе имаат единствена можност да видат дел од јапонската кинематографија. Програма ќе се одвива на 19 и 20 ноември а влезот е слободен. Распоред на проекции: 19.11 | 19.00 | „Под отворено небо“|Under the open ...
„Сентиментална вредност“ на норвешкиот автор Јоаким Триер е фаворит за Европските филмски награди 2025, со пет номинации. Европската филмска академија (ЕФА) денеска ги објави номинациите за главните категории на годинешните награди, кои ќе се доделат на 17 јануари на церемонијата во Берлин. Годинава во поширокиот избор за номинации влезе и „Мајка“ на теона Стругар Митевска, но не доби номинација. Петнаесет долгометражни филмови се натпреваруваат ...
Над 250 онлајн книги се бесплатно достапни во мултимедијалната читална која е отворена во Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Читалната е во стаклениот објект кој беше пуштен во употреба пред 16 години. Читалната е на простор од 400 квадратни метри, на два спрата и има над 70 кориснички места. „Опремена е со современи компјутери, интерактивни работни станици, дигитални архиви, аудиовизуелна опрема и ...
На 20 ноември (четврток), од 19 ч., во Даутпашин амам ќе се одржи промоција на најновата поетска книга на Виолета Танчева-Златева. По само еден месец од објавувањето, „На ти со Ерос и Танатос“ стана финалист за наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата. Но повеќе од фактите за успехот зборува содржината – песните собрани во книгата се едни од најхрабрите на авторката. Со секоја следна стихозбирка, Танчева-Златева ни покажува ...
Идиот против глутница волци Еден посетител на Националниот парк Јелоустоун за момент помислил дека е во Дизни филм. На снимката се гледа како без колебање оди кон глутница од пет црни волци. Како да се дружељубиви домашни миленици, а не грабливци. Една жена во позадина го предупредува, но тој ја игнорира. За среќа преживува. Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот ...
Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа по деветти пат традиционално ќе го одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 ноември, со организирање на значаен настан. Станува збор за трибина и проекција на филм под наслов „Осамени и ние и тие (како се започна)“, посветен на комплексниот проблем на осаменоста кај повеќе категории граѓани. Трибината ќе се одржи во Кинотека на Северна Македонија утре, 19 ноември 2025 година (среда), со почеток во 18:30 ...
Во рамки на роденденската недела V for DEUS, вечерта посветена на добрината ”V for VIRTUE” се издвојува како најдраг момент од целата програма. Вечер што нè потсети на нешто едноставно, но важно: дека е убаво кога градот знае да се собере за добра причина. Аукцијата се одржа во атмосфера која беше далеку од формална: тивка, топла и искрено човечка. Наместо голема сцена и церемонија, DEUS создаде интимен простор во кој луѓето што се почитуваат ...
На 27 ноември, во 20:00 часот, Битола ќе биде центарот на балканската музичка енергија! Вечер што носи моќ, традиција и незаборавна атмосфера – уникатен настап на Фонтана и Gamze Matraci, дел од Фестивалот на музика од светот 2025. Ова не е само концерт – ова е спектакл што ги спојува културите, ја буди енергијата на публиката и ја претвора сцената во живописна музичка карта на Балканот. Фонтана и Gamze создаваат искуство што го освојува ...
Членовите на бендот „Невладина организација“ беа изненадени од долгиот аплауз на скопската публика, делумно несвесни дека на паното зад нив е портретната фотографија на Влада Дивљан. Во негова чест синоќа се одржа концертот „Само една љубов имам“ со кој беа одбележани десет години од смртта на Дивљан. Публиката на нозе ги пееше песните од времето на „Идоли“, „Олд старс“ бендот, „Невладина организација“ и „Лјетно кино“ и солистичките дела со кои ...