Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани вечер од 18.30 часот ќе настапи во Македонскиот културно-информативен центар во Софија со концерт „Од Вевчани до Софија: македонска култура и традиција во ритам“. -Преку македонскиот ритам од западна и источна Македонија, КУД „Дримкол“ ќе ја претстави и промовира културата и традицијата на својата земја пред публиката во Софија. Целовечерниот концерт ќе ја презентира содржината на песни и ора ...

Младите македонски стрип автори убедкливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0″ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање” од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија. Конкурсот е заснован на истоимениот грант од Младинскиот фонд за култура на Западен ...

Слушачка промоција на новиот албум „Јоруклук“ на Елена Христова од „Баклава“ ќе се одржи на 1 јули во 20.30 часот во бифето „Тафталиџе“. Пред публиката таа ќе ја раскаже приказната за создавањето на овој албум,а присутните ќе може да си купат цеде или плоча од албумот. Елена Христова е пејачка, музичарка, композиторка. Позната по бендот „Баклава“ и по проектите „Биоскопија“, „Бистри води“, „Бекјард џез оркестар“ и соработките со бројни музичари ...

Јордан Симонов, Роберт Јанкуловски и Алисија Ферро се добитници на почесните награди „Златна рамка“ на 7. издание на истоимената филмска ревија што ќе почне утре во 18 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје со проекција на пет краткометражни македонски филма. „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм ја организира Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) од утре до 28 јуни. Во рамките на изданието ќе ...

Отворање на изложбата: петок, 27 јуни 2025 во 20,00 ч., Мобилна/Монтажна галерија, локација: Парк на франкофонија Со самостојната изложба на Дејвид Стоилковски, Мобилната/Монтажна галерија ќе добие нова уметничка димензија. На надворешните ѕидови од галеријата ќе бидат изработени мурали, така што објектот нема да биде само изложбен простор, туку и активно уметничко дело во јавен простор. Наместо класична поставка внатре, Дејвид го користи ...

Проекцијата ќе се одржи в понеделник, 23 јуни, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија. Филмот е во режија на Орфеас Переѕис, а продуценти се Константинос Василарос и Александар Гаврас. „Ривиера“ ја освои наградата од жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари (FIPRESCI), наградата FOS за најдобра изведба, наградата ERT (грчка радиодифузна корпорација) како и наградата за најдобра актерска изведба „Орфеј“ на грчкиот филмски ...

На 26. Јуни, во Сули ан, со почеток во 20:00 часот, публиката ќе има можност во рамките на фестивалот „Скопско лето“ да ужива во музичката приказна за деца „Песна за жирафата“ со ансамблот „Консонанс“. „Песна за жирафата“, преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите на интересен и креативен начин. Наменета за деца од различна возраст, ...

Театар „Комедија“ потпиша договор за донација од полската Влада за реконструкција на гледалиштето и промена на седиштата во Театарот. За ревитализација на театарскиот аудиториум, полската Влада ќе помогне со 29.000 евра. Договорот денеска го потишаа директорот Дарко Спасов и полскиот амбасадор Мариуш Бримора. Останатите средства за заокружување на проектот ќе бидат обезбедени од Министерството за култура и туризам и од донатори. „Важен дел од ...

Маргарет и Хелен Шлегел се интелигентни и идеалистички млади жени кои живеат со нивниот хипохондричен помлад брат Тиби во Едвардиjaнскиот Лондон. Од смртта на нивните родители и покрај најдобрите намери на нивната досадна тетка Џули, сестрите водат независен и малку необичен живот. По средбата со богатото и конзервативно семејство Вилкокс. За време на одморот, Маргарет се зближува со постарата и потрадиционална Рут Вилкокс. Рут неочекувано ...

Во сенката на Студената војна, писмото од Олег Пенковски, агент на Советскиот Сојуз, го добива МИ6 во кое се наведува загриженоста на Пенковски за безбедноста на светот и неговата вознемиреност за нуклеарна војна. Така, Емили Донован, агентка на ЦИА, дошла до агентот на МИ6, Дики Френкс, кој го регрутирал британскиот продавач Гревил Вајн да им биде шпион. Базиран на неверојатната вистинска приказна. Играат: Мераб Ниниџе, Рејчел Броснахан, Ангус ...

Австриско-американскиот глумец Арнолд Шварценегер е можеби најпознат како „Терминатор“, но ниеден филм од тој серијал филмови, вели, не му го донел најголемиот исплатен хонорар, т.е. заработка. Имено, во своето последно интервју од понеделникот – 23 јуни, скоро 78-годишниот актер откри дека филмот „Близнаци“ (1988) бил финансиски најуспешен за него. – Отидовме „до таванот“ со тој филм!, нагласи Шварценегер. Тој веднаш потоа појасни дека за тој ...

Од 26 до 28 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен. Иницирана како дел од стратешката програма за афирмација на филмската ...

На 9 јули, срцето на градот повторно ќе пулсира во ритамот на добрата музика со летниот музички open air фестивал „Звукот на Скопје“, во организација на Културно информативен центар – Скопје. Фестивалот, кој стана препознатлив симбол на урбаната културна сцена, ги обединува љубителите на различни музички жанрови и уметноста и им нуди незаборавно искуство под отворено небо. „Звукот на Скопје“ не е само фестивал – тој е културен настан што ги ...

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“, ќе се отвори на 27 јуни 2025 (петок) во 20 часот во Центар Јадро Скопје. Изложбата се состои од дела на четворица млади уметници, кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат. Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ, иако секој со своја специфична поетика, во оваа изложба ги поврзува смелото истражување и експериментирање со интеркултурните, идентитетските, ...

„Пролетно чистење“, дебитантскиот игран филм на Марија Апчевска, е поддржан со 210.000 евра од паевропскиот филмски фонд Еуримаж. Филмот на Апчевска е меѓу 35 меѓународни копродукции, од кои пет документарци и две анимации, поддржани на јунската сесија на Еуримаж, со вкупно 10,7 милиони евра. Меѓу поддржаните се и проектите на Лукас Донт, Павел Павликовски, Рјусуке Хамагучи, Мари Кројцер, Јонас Похер Расмусен и Раду Жуде, а 13 од филмовите се на ...

По неколку години пауза, „The Planktons“ се враќаат на сцената оваа година, која за нив е јубилејна, и тоа со концертна промоција на нивното најново издание „No Time for Surf“ – настан што ќе се случи вечерва (среда, 25 јуни) во кафе-книжарницата „Буква“. Организаторите настанот посочуваат дека пред десет години „The Planktons“ го издаваат нивното прво EP „El Plancton“, потоа и нивниот прв албум насловен „Денес“. „На 25 јуни во ‘Буква’ ќе можете ...

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп започна со проби за претставата ,,Црнила“ од Коле Чашуле а во режија на Дејан Пројковски. Играат: Александар Степанулески, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Александар Тодески, Бобан Алексоски, Катерина Чакмакоска-Клинческа, Ангела Наумоска, Михајло Миленкоски. Првично, Пројковски требаше да режира претстава по текстот „Три сестри“ од Антон Павлович – Чехов но извршена е пренамена на средствата ...

Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, вечер во Театарот за деца и младинци ќе се одигра детската театарска претстава „Куќа на духовите“. Исто така, ансамблот „Арт Нет“ од Србија во Музејот на македонската борба за самостојност вечер ќе ја претстави концертната изведба на првото сценско дело на Џакомо Пучини – Le Villi, со либрето на Фердинандо Фонтана. Автори на театарската претстава „Куќа на духовите“ се Горјан Милошевски и Дејан Дамјановски ...

Во Ликовниот салон на Народниот музеј Велес, на 24 јуни 2025 година, беше свечено отворена изложбата на керамички скулптури „Пикасо можеби јас 2“ од реномираниот уметник Филип Фидановски. Публиката имаше можност да види 13 уникатни дела, изработени во керамика, украсени со енгоба, глазура и 18-каратно злато за керамика и порцелан. Изложбата е дел од патувачката програма на проектот Музеум линк, организирана од Јасминка Намичева и Здружението за ...

КРИК фестивал за критичка култура со задоволство Ве поканува на отворањето на изложба, курирано водење и разговор „Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста / Graceland Paradox: Navigating Uncertainty”. Уметници: Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома (Грција,) Билал Јилмаз (Турција) Кураторка: Лидија Хатсијакову (Грција) Датум: среда, 25 јуни, 2025 Отворање: 20:00 часот Курирано водење: 20:10 – 20:40 часот Модерирана дискусија: ...

На 25 јуни во 1934 година, во селото Слоештица, Демирхисарско е роден Петре М. Андреевски, македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел во Македонската телевизија. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Андреевски бил член на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонскиот ПЕН ...

На 30 јуни (понеделник), оркестарот на Македонската филхармонија ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат нашата сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од Грција. Изведбата на градниозното дело до Карл Орф ...

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО“ и специјални гости, Трпчески ќе ...

На 27 јуни во петок, во 19 часот, публиката во Скопје ја очекува посебно уметничко доживување: свечено отворање на мултимедијалната изложба „РЕ-КРЕАЦИЈА НА ВИДОТ“: Да ги погледнеме фотографиите со други очи во изложбениот простор на Музејот на град Скопје. На изложбата ќе бидат претставени фотографиите на младите фотографи од Србија, Црна Гора и Северна Македонија, кои беа создадени во текот на повеќемесечно работење, учење и заедничко ...

Францускиот институт во Скопје ја организира проекцијата на филмот „Вашите лица засекогаш ќе ми бидат пред очи“ на Жана Ери, в сабота во 20 часот во Кинотеката. Улогите ги толкуваат: Елоди Буше, Адел Егзаркопулос и Лејла Бекти. Филмот ја истражува ресторативната правда, од 2014 година, во Франција. На овој начин, на жртвите и сторителите на прекршоци им се дава можност да разговараат во безбедни околности под надзор на професионалци и волонтери. ...

Самостојната изложба на Шќипе Мехмети – The Artist and The City, ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот на зелениот покрив на галеријата „Ко-Ра“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Проектот има за цел да ја афирмира и графичката уметност во која е уметницата м-р Шќипе Мехмети континуирано активно присутна со бројни самостојни изложби и резиденцијален престој во земјата и надвор, а воедно е и учесник во бројни групни изложби и проекти ...

Охридскиот гитарист Дамјан Пејчиноски и браќата Тавитјан снимија заедничка песна со наслов „Entangled in Spacetime”. Музиката ја напиша Пејчиноски, аранжманот е на Диран Тавитјан, а браќата Тавитјан се продуценти. „Соработката со Дамјан почна спонтано, најмногу поради компатибилните музички афинитети кон фјужн и џез рок, со кои сме растеле и сме се развивале. Посветеното усовршување и неуморното вежбање на инструментот и музичкиот вкус се ...

Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако, чие име е синоним за врвни оперски продукции, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор e Јане Бакевски, a хор мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска. Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи светски познатата сопранистка Вероника Џиоева од Русија, во ...

Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) - Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, вечер во Драмскиот театар ќе се одржи театарската претстава „Гидионовиот јазол“, додека на програмата во Младинскиот културен центар ќе биде претставата „Добри луѓе“. Во Музеј на македонската борба за самостојност пак, ќе се одржи пијано рецитал на Горјана Стојановска. Претставата „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски Попова е работена по текст на авторска Џона ...

Синоќа во рамките на „Неделата на франкофонскиот филм“ (23–30 јуни), љубителите на европската кинематографија имаа можност да го проследат бугарскиот филм „Странецот“ (The Foreigner). Филмот беше прикажан во Кинотеката на Северна Македонија. Настанот е организиран од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје и Културно-информативниот центар на Република Бугарија. „Странецот“ е духовита и топла приказна која ја истражува темата на културните ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
23%
1008
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
6.17
40%
1008
weather icon

Загреб

34ᴼ / 32ᴼ
1.54
39%
1008
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
3.6
24%
1011
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
5.38
26%
1007
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
2.06
52%
1008
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
7.2
39%
1007
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
5.14
26%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.63
28%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 32ᴼ
3.6
30%
1008
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 31ᴼ
5.66
33%
1008
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
3.09
100%
1009
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1471

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14900.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.32

Сребро

1227.63

Злато

107715.09

Бакар

11.22

Паладиум

39770.47

Платина

46441.62

Родиум

186474.33

Цинк

2.78