
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Вчера во македонскиот КИЦ во Загреб се одржа културно-книжевна вечер „Мирис на Татковината“ на која беше претставено поетското творештво на Фатос Рушити, Сунај Раими и Севдаиљ Демири, македонски поети, универзитетски професори и културни дејци од Македонија кои творат на својот мајчин, албански јазик. На почетокот на настанот на присутната публика и’ се обрати директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска која ја истакна ...
Во знакот на јубилејната 20-годишнина од постоењето и дејствувањето на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Центарот продолжува да ја остварува својата мисија, афирмација на македонската култура, литература, уметност и национално духовно богатство, поставувајќи цврсти темели на културна дипломатија. Во рамките на ова значајно одбележување, особена чест ни беше посетата на претставниците од Државниот архив на Македонија, м-р ...
Во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Франкофонијата, од 23 до 30 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи Недела на франкофонски филм. Отворање Понеделник, 23 јуни, 20 ч. „Ривиера“ (2024, 1h 24m) од Орфеас Перецис, со Ева Самиоти, Михалис Сириопулос, Марија Апостолакеа, Костас Коронаиос, Мирто Меитани-Кастринаки Синопсис: Една свената палма, една осудена романса и мајка која сака да продолжи напред. Ова лето ќе биде последно лето за ...
ГОРДАНА МИХАИЛОВА БОШНАКОСКА Магичноста на клучот е во прашање. Песната-песните го бараат клучот со кој се отвораат невидливите порти на космосот и видливите, многубројните порти на земниот живот. Поезијата од ,,ВООБРАЗБИ – лирски етиди за некој друг свет“ од Бранко Цветкоски, ги истражува можностите дека таа, поезијата, е само клуч употребен да го отклучи она од горе-бескрајното и, она долу конечното, земното-скришното-човечното, наспроти ...
Skopje City Mall и Cineplexx ви го најавуваат Rooftop Open Air Cinema. Од 2 јули до 5 септември, секоја среда, петок и сабота, од 21 часот, на најубавиот rooftop во Скопје ве очекуваат незаборавни кино вечери под ѕвездите. Светските блокбастери и домашни филмски класици ќе ве понесат на незабавно патување низ магијата на киното. Пред проекциите, од 19 часот, те очекуваат интерактивни и возбудливи активности инспирирани од темите на филмовите, ...
Преполна со публика беше синоќа салата на Културниот центар Белград, за да го проследи музичкиот проект „Извор“ во исклучително впечатлива изведба на македонските музички уметници Владимир Лазаревски (обоа), Памела Велкова (виолина) и Марко Виденовиќ (композитор и пијано). Музичкиот проект и музичките уметници ги претстави директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров а настанот го поздрави и македонскиот амбасадор во Р. Србија, ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ дел од програмата за работа на установата а финансиран од страна на Министерството за култура и туризам утре (среда) со почеток вод 11 часот во Прличевата одаја ќе го промовира Алманахот „По стапките на Прличев“ Книгата е плод на отворената соработка на Библиотеката со поетите и писателите од Охрид и околината, со дел од оние кои живеат ...
На 29. јуни со почеток во 20 часот, во Социјалниот центар „Дуња“, во Скопје, ќе се одржи концерт на импровизирана музика, во соработка помеѓу тројца музичари со различни искуства и контексти, поврзани преку заедничкиот интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација. Димитар Додовски е продуцент и визуелен уметник од Битола. Има издадено повеќе соло албуми и соработувал во проекти како Post Global Trio, Moss Garden, ...
Протекувањето во Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, проблем кој со децении ја нарушуваше работата на објектот и го загрозуваше книжевното богатство, конечно ќе биде решен. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при посетата на НУБ „Свети Климент Охридски“, пред неполна година, најави дека дека годинава ќе бидат одобрени средства за реновирање на третиот и петтиот блок во оваа установа, која поради негрижата на ...
На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 20:00 часот, на перонот на Железничката станица во Гевгелија, ќе биде отворена Изложбата на фотографии „Црквите и манастирите во Гевгелиско“. Изложбата се реализира во организација на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. Овој проект претставува симбиоза на научно-истражувачка дејност и уметнички ...
Овој месец Кинотека на Македонија со гордост го претставува циклусот на современ перуански филм, во организација на Амбасадата на Република Перу, и почесниот Конзулат на Перу во Македонија, и Кинотеката, по прв пат се организара НЕДЕЛА НА ПЕРУАНСКИ ФИЛМ. Програмата започнува во четврток, на 19 јуни, со инаугурациската проекција на „Кралици“ (2024), драма во режија на Клаудија Рејнике и Диего Вега, која го отвора погледот кон женските приказни и ...
Како што соопштуваат од МКЦ, освен на натпреварот, хорот и диригентот, маестро Сашо Татарчевски учествувале и на мастер предавањата каде се изучувале нови композиции заедно со другите ансамбли учесници, како и на концертите на фестивалот кој се одвиваше од 4 до 8 јуни. Ова е уште еден во низата успеси на хорот и на маестро Сашо Татарчевски, наведуваат од МКЦ. Патувањето и учеството беа поддржани од Министерството за култура и туризам како и ...
Кирил Ценевски е роден во Крива Паланка на 28 јануари 1943 година. Тој беше истакнат македонски филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимавал уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално бил ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски во филмот „Цената на градот“ (1970). Во 1971 година Ценевски го режира филмот „Црно семе“, за којшто добива ...
УРБАНИ ТРАНСФОРМАЦИИ / Наумоски Бане 17.06.2025 • Изложби Уметност Година: 2024-2025 Автор: Благојче Наумоски Бане Изложба: КИЦ 2025 год. Авторско образложение: „ Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде што преку акрилната техника на платно се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Моите дела го истражуваат архитектонскиот јазик на брутализмот ...
Најстарата штипска културна манифестацијата Штипско културно лето (ШКЛ) годинава ќе го има 40.јубилејно издание. Кирил Панајотов вработен во Општина Штип денеска изјави дека ШКЛ почнува од 24 јуни, а низа на културно-уметнички содржини ќе има до 30 јули, со вкупно 35 настани, кои ќе одржуваат на повеќе локации. Со оглед на интересот, организаторите повикуваат публиката навреме да ги следи објавите и распоредот на настаните. – Јубилејното ...
На 20 јуни на плоштадот Долна порта во Охрид ќе се одржат концерт на мултиинструменталистот Даниел Јовески и изложба на фотографии од Охридското Езеро во рамките на фестивалот Балкански музички плоштад. Продуцентската куќа „Трето уво“ и продуцентот Иво Јанкоски по 14. пат го организираат овој фестивал, кој започна на 3 јуни во Скопје со настап на студентите од штипската Џез академија во „Аудиокултура“. Фестивалот продолжува на истиот плоштад на ...
Танцовиот спортски клуб „Степ Ап“ – Битола, по втор пат е домаќин на престижниот меѓународен танцов спортски натпревар „Битола ОПЕН 2025“, кој ќе се одржи на 22 јуни во спортската сала „Боро Чурлевски“, со почеток во 8 часот наутро, а свеченото отворање е закажано за 19 часот. Битола ќе прими натпреварувачи од Турција, Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Австрија, Германија, Италија, Молдавија, Кипар, како и од ...
На 25 јуни 2025 година со почеток во 20 часот на големата сцена на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Густав Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот ...
Постојат слоеви кои се проѕираат во длабочината на она што било, што веќе минало како наратив, и на она што се согледува како утопија, како визија кон иднината. Постојат простори во кои звукот, виолинскиот клуч, ви ја подарува посакуваната потикнувачка тишина на бесмислено развревениот свет во сета негова полност, со сите негови повеќзначности. Постои звук кој, всушност, создава нови простори на соочување, на препознавање – звук кој е јазик со ...
Македонскиот народен театар од Скопје и Градското позориште од Подгорица потпишаа Меморандум за соработка за продлабочување на културната и уметничката размена меѓу Северна Македонија и Црна Гора. Претставувани од директорите Никола Кимовски и Сандра Вујовиќ, двете институции ја изразија својата подготвеност за заедничка работа во областа на театарот, културата и уметноста. Меморандумот предвидува размена на театарски претстави, реализирање ...
Денес публиката во Кинотека, со почеток во 20:15 ч ќе има можност да ја проследи најновата режисерска сензација на Мохамад Расулоф – „Семето на светата смоква“ (The Seed of The Sacred Fig), наградуван ирански филм кој ги осветлува тензиите во едно семејство за време на политички превирања. Приказна што ја открива кревкоста на довербата Унапредувањето на Иман во истражен судија се совпаѓа со масовните протести во Техеран, поради смртта на млада ...
На летната сцена на Домот на млади во Штип се одржа фестивалот на хип-хоп музика и урбани култури „Од А до Штип”. Настанот беше целодневна забава, започна во 13 часот и продолжи до доцна вечерта. Настапија ЛД Пистолеро, Страјк, Гоце, Кртот и Аце КН од Скопје, С.А.М. од Тетово и гостите од Србија, Параноја и Аусландер од Ниш и Прти Бее Гее од Белград. Фото: „Од А до Штип“ „Фестивалот спонтано се наметна како двигател на културата во Македонија, ...
„Логопедијата -(Logos – збор и pedagogia, paideia – вежбање, подучување) е наука за говорот. Ова е толкувањето што обично нѝ го даваат реченици со постаро потекло, но денес Логопедијата како наука се применува секаде каде што се јавуваат проблеми во усното изразување кај секој еден што покажува било какви говорни недостатоци. Колку многу луѓе од нашето секојдневие го знаат вистинското толкување на зборот логопед? И колку од сите оние што го ...
Започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм на Марко Ѓоковиќ со работен наслов „Потстанар“, во продукција на Сектор Филм. Како што е наведено во соопштението на продукцијата, сценаристи на филмот се Марко Ѓоковиќ и Симеон Венциславов од Бугарија, а снимањето на филмот ќе биде на повеќе локации во Скопје во текот на наредниот месец. Главните улоги ги толкуваат младите актери Ана Јовановска, Илија Волчевски и Хакан Даци, како и ...
Пред 25 години, EXIT беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден од водечките фестивали во светот, туку и во глобален симбол на заедништво, толеранција и сила на младите луѓе. Преку музика, креативност и активизам, поврзувавме генерации и народи, ги обновувавме раскинатите врски и изградивме мостови онаму каде што многумина ги уриваа. Донесовме ...
Од денес до 21 јуни ќе се одржи третото издание на танцовиот фестивал „Credence Dance“, во организација на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Оваа година фестивалот ќе биде отворен со вечер на класичен балет на големата сцена на НОБ, со почеток во 20:00 часот. Вечерва, исто така ќе бидат доделена и Наградата за трајни вредности во танцовата уметност. Фестивалот претставува презентација на класичниот балет и современиот танц, презентација ...
Изложбата на слики изработени во техниката пастел од академскиот сликар Илија Спасов – Чендо ќе се отвори на 19 јуни, летврток, со почеток во 13 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ) во Скопје, во Продажниот ликовен салон. На изложбата, авторот ќе се претстави со 25 пастели изработени во последните две години. Илија Спасов – Чендо е роден во Неготино. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност (ФЛУ) во Скопје. Член е на Друштвото на ...
Со бурни аплаузи и топол прием беше испратен концертот на македонскиот пијанист Дино Имери, одржан во градот на класичната музика- Виена. На сцената на престижниот „Бехштајн Центрум“, Имери за првпат настапи пред виенската публика, изведувајќи го капиталното дело „Голдберг варијации“ од Јохан Себастијан Бах. Концертот беше проследен од бројни љубители на музиката, меѓу кои и истакнати уметници и музички професионалци. Иако дебитант во овој ...
Архитектонскиот факултет од Скопје, распиша повик за учество на 34-та сесија на Меѓународна летна школа за архитектура. ЕПИГЕНЕТСКО ЛАЗАРОПОЛЕ Упатства за концептуално уметничко дело Архитектонска работилница со Елиза К. Катанео и Лоренцо Дељи Еспости 28.06 – 06.07. 2025 Во 1966 година, Роберт Морис го напиша својот познат есеј Забелешки за скулптурата во списанието Artforum. Во овој есеј, кој може да се смета за еден од интелектуалните ...
Издавачката куќа „Илика“ следната недела ја започнува со два настани по повод гостувањето на холандскиот автор Арнон Грунберг во Скопје. Пред неколку месеци излезе неговиот роман „Тирза“ на македонски јазик во превод на Ацо Пероски. Во понеделник (23. јуни) ќе се одржи читачкиот кружок за романот, во Europe House – Скопје, со почеток од 18:00 часот. Дискусијата ќе ја води Симона Трајчевска, дел од тимот на „Илика“. Следниот ден, вторник (24. ...