
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



23.06.2025г. (понеделник) јубилеен концерт на „Баклава“ 20:30 часот во Куршумли ан Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. На концертот ќе бидат изведени песни од сите пет албумски изданија: „Баклава“, „Калемар“, „Ме манкас мучо“, ...
На 28 јуни од 20 часот, во Малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“. Ќе настапат јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, познат по својата љубов кон македонските музика и култура и младата сопранистка Елена Васова. Котецу ќе ги пее народните песни „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други. „Публиката ќе чуе и јапонски и македонски песни, кои ќе ја ...
Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен. Иницирана како дел од стратешката програма за афирмација на ...
Претставата „Добри луѓе“ според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од „The Relation Work Project“ (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај, ќе се одржи ма 24 јуни (20:00 часот), во Младинскиот културен центар во Скопје. Претставата, која е во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, е во рамките на фестивалот „Скопско лето“. Претставата е интимна анализа на една љубовна врска и зборува за предизвиците со кои се соочуваат ...
Низ разговор за трите негови последни романи, утревечер со почеток во 19 часот ќе биде претставен писателот, поет, сликар и стрип-автор Владо Јаневски во седиштето на Друштвото на писателите на Македонија. Станува збор за романите „Кој го уби Едгар Алан По“ („Или-Или“, 2024), „Смртта не е крај“ („Арс Ламина“, 2022), „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Ламина“, 2020). Промоторка ќе биде Ана Пејчинова, а извадоци од делата ќе чита Емилија Тодорова. ...
Утревечер, со почеток во 20:00 часот во Паркот на Франкофонијата, ќе биде отворена интерактивната изложба со наслов „Ограничена мобилност“. Ограничена мобилност е интерактивна изложба посветена на проблемите со мобилноста на инвалидизираните лица во колички, но и старите лица кои се движат со помагала како сите други граѓани на Скопје кои користат помагала, колички за пазар и слично и кои заради инфрастуктурниот хаос и отсаството или целосно ...
Работилницата „Материјални експерименти во Грејсленд“ предводена од уметниците Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду и Лиа Псома, во куратоство на Лидија Хацијакову ќе се одржи во четврток, на 26 јуни, од 16:00 до 18:00 часот во Музеј на современа уметност во Скопјe. Работилницата ќе се одржи на англиски јазик. Линк за пријава: https://forms.gle/w2N8dRnf5dnsdJg56 Оваа работилница е дел од изложбата „Парадоксот на Грејсленд: Навигирање нa ...
Скопските бендови „Последен удар“ и „Ју“ (YÖU) досега се потврдени како македонски учесници на годинашното издание на фестивалот Егзит во Нови Сад, за кое организаторите кажаа дека би можело да биде последно поради актуелните општествено-политички случувања во Србија. „Последен удар“ е панк петорка која за кратко време се здоби со голема популарност на домашната андерграунд сцена, додека „Ју“ (фото) е емо/скримо бенд кој лани го издаде своето ...
Дали е варварски да се создава уметност во предвечерие на војната? Филозофите-оптимисти кои веруваат во надеж ќе кажат дека будалите кои на војната ѝ гледаат во очи, ќе го спасат светот. Не затоа што не се плашат, туку затоа што веруваат дека уметноста и убавото можат да спречат страшната ноќ по предвечерието никогаш да не дојде. Ценејќи ги и славејќи ги оние кои создаваат филмови, ставајќи ги на сценскиот подиум пред сребрениот екран, на кој се ...
Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во КСП Центар – Јадро, во рамки на КРИК 2025, тематски врамен како „Преобразба“, ќе се одржи вечер посветена на Славчо Димитров и неговите теориски визии. Неговата книга :: ANARCHIC BODIES : CORPOREAL MATERIALISM, AFFECTS AND THE POLITICAL :: ја објавуваме на англиски јазик во нашата едиција :Пунктум:, едиција која Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура, ја посветуваат на современата критичка ...
На првиот ден на летотото и Светскиот ден на музиката вечер стартува 46. издание на фестивалот „Скопско лето“. Во Музејот на Град Скопје во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ на уметникот Томе Аџиевски (19:00), а во Салата на Македонската Филхармонија во 20.30 часот ќе се одржи концерт „Мостови на музиката: Софија – Скопје“. Дирекцијата за култура и уметност во најавата за изоложбата на Аџиев наведува дека трагајќи по топосите на ...
Сподели Во јули 2025 година, Кинотеката на Македонија подготвува исклучително богата и естетски разновидна филмска програма — вистински летен празник за сите љубители на седмата уметност. Со внимателно куриран репертоар кој ги обединува безвременските холивудски класици и актуелни авторски остварувања, Кинотеката уште еднаш ја потврдува својата улога како културна институција што го негува филмското наследство и ја отвора вратата кон новите ...
Во вторник, на 24 јуни, во 19 часот писателот, поет, сликар и стрип-автор Владо Јаневски, кој низ разговор за неговите три последни романи ќе биде претставен во Друштвото на писателите на Македонија пред книжевната и културна јавност во Скопје. Владо Јаневски од 1989 г. живее во Сиднеј, а инспирација за пишување најчесто пронаоѓа од многубројните патувања низ светот (престојувал во над 70 земји). Неговото творештво се одликува со мултижанровски ...
Инсталација е поставена во центарот на Скопје на малиот сквер кај Ким во порта Буњаковец, која има за цел да прати силна визуелна порака. Инспирирана од симболиката на отровните стрели, инсталацијата го прикажува говорот на омраза како невидливо, но моќно оружје што повредува. Идејата на оваа акција е да нè потсети дека и зборовите можат да бидат опасни. Во центарот на инсталацијата е поставено човечко лице со широко отворена уста, од која ...
„Скопско лето“ продолжува оваа недела со неколку концерти и претстави на различни локации. Денеска ќе се одржи јубилеен концерт на „Баклава“ со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан. Групата „Баклава“ слави две децении музичко творештво со специјален концерт на „Скопско лето“. Препознатлива по својот автентичен акустичен звук, Баклава ќе ве прошета низ богатиот и разновиден музички свет создаван во текот на нивната 20-годишна кариера. На ...
На 25 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот роман на Г. Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет. Втората изведба ...
Дали е варварски да се создава уметност во предвечерие на војната? Филозофите-оптимисти кои веруваат во надеж ќе кажат дека будалите кои на војната ѝ гледаат во очи, ќе го спасат светот. Не затоа што не се плашат, туку затоа што веруваат дека уметноста и убавото можат да спречат страшната ноќ по предвечерието никогаш да не дојде. Ценејќи ги и славејќи ги оние кои создаваат филмови, ставајќи ги на сценскиот подиум пред сребрениот екран, на кој се ...
Неделава од 25 – 28 Јуни 2025 на платото на Офицерски дом – ЈОУ КИЦ Битола ќе се одржи првото издание на Мултимедијалниот саемски фестивал на книгата„Критична маса“. Фестивалот „Критична маса“ е конципиран како четири дневен празник на книгата, винил плочите и стриповите. Позициониран во велелепниот Офицерски дом во Битола ќе ги вгости најдобрите и најголеми издавачки куќи од државата во склоп на саемот на книгата 2025, ќе им понуди ...
Седум нови афоризми од афористичарот Коки во кои, тој со препознатлива доза на иронија и мудрост ја коментира секојдневната реалност, менталитетот и апсурдите што нè опкружуваат. Еве што има да ни каже овој пат: -Сега веќе се е јасно, се знае: и кој пие, и кој…не е платен. -Нашата ИСТОРИЈА, е нашата УЧИТЕЛКА на животот, но источниве соседи постојано, мошне непримерно и бесрамно се однесуваат, и како ненаситни еротомани се обидуваат да ни ја ...
Во организација на Министерството за култура и туризам и Канцеларијата на Креативна Европа (Култура и МЕДИА) на 24 јуни 2025 година (вторник), со почеток во девет часот, во „Порта Македонија“ ќе се одржат панел-сесии на тема: „Креативна Европа – Соработка, мобилност и вмрежување“. Настанот се реализира во партнерство со Канцелариите на Креативна Европа од Словенија и Босна и Херцеговина, и во соработка со меѓународни, регионални и домашни ...
Денес во Europe House Скопје, со почеток во 18 часот, ќе имате можност да присуствувате на книжевниот кружок посветен на романот „Тирза“ од Арнон Грунберг по повод гостувањето на авторот во Скопје. На кружокот ќе се зборува за сите нишки што романот ги крие во себе, ќе се разговара со Грунберг и ќе дознаме за процесот и идеите зад приказната. Романот го следи Јерген Хофместер, кој живее удобен живот во најелитниот дел на Амстердам, има милионска ...
Со проекција на филмот „Ривиера“ на Орфеас Перецис, во француска и грчка копродукција, вечер почнува Недела на франкофонски филм. Манифестацијата ќе се одржува во Кинотеката до 30 јуни оваа година. Организатори се Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите членки на Меѓународната организација на Францоконијата: Грција, Бугарија, Швајцарија, Романија, Северна Македонија, Албанија, Белгија, ...
Оскаровците Ал Пачино, Кристофер Вокен и Алан Аркин се поранешни мафијаши кои заедно ја организираат последна незаборавна забава. Талас (Ал Пачино) е ослободен од затвор по дваесет и осум години затоа што одбил да предаде соучесници во криминал. Тој е пречекан од неговиот најдобар пријател Док (Кристофер Вокен), а тие двајца наскоро ќе се сретнат со друг стар пријател по име Хирш (Алан Аркин). Тимот сега се чувствува поблизок од кога било, а ...
Денес, „Матица македонска“ почнува со традиционалната акција „Со книга на плажа“. Над 3000 наслови се овозможени со попуст до 70%, а меѓу нив и најбараните и најчитани македонски и странски книги и автори. Од денес до 20 август, љубителите на книгата и членовите на Клубот „Матица“ ексклузивно ќе имаат убава можност од богатата колекција на изданија да ги збогатат своите библиотеки по исклучително достапни цени. Со цел книгите на македонски јазик ...
Актерите Игор Џамбазов, Александар Микиќ, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Оливер Митковски станаа членови на уметничкиот совет на Македонскиот народен театар, по одлука на директорот Никола Кимовски. Ова тело е советодавно, не е одлучувачко и неговиот состав може да се проширува, ни објасни првиот човек на МНТ. Игор Џамбазов Игор Џамбазов (1963) дипломира на ФДУ, Скопје во 1987 г. на отсекот за актерска игра. Од 1987 до 1992 г. работи во ...
Филмот е екранизација на драмата на британскиот писател Теренс Ратиган од 1952 година, со една од најдобрите женски улоги во современиот театар. Во исклучително ранлива изведба, Рејчел Вајс ја игра Хестер Колер, сопруга на висок судија (Сајмон Расел Бил), нескротлива душа заробена во бесчувствителен брак. Нејзината средба со Фред Пејџ (Том Хидлстон), проблематичен поранешен воен пилот, предизвикува превирања во нејзиниот живот, додека нивната ...
Роберт Бентон е еден од најпочитуваните живи американски филмаџии, а голем број негови филмови („Крамер против Крамер“) се многу почитувани од љубителите на седмата уметност. Колман Силк (Ентони Хопкинс) е угледен професор на колеџ, кој се пензионирал откако бил обвинет за расистички вербален испад. Шокиранa, неговата сопруга набрзо умира. Тој се зближува со многу помладата колешка од колеџот, Фаунија Фарли (Никол Кидман). Таа е разведена и ...
Евергрини од Македонија и поранешна Југославија се пееја на концертот „Шлаг шлагери – Ко некад у 8“, кој се одржа на мостот кај Македонскиот народен театар (МНТ) во рамките на фестивалот Скопско лето. Убаво избрани песни од златното време на 1950-тите, 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите пееја Вера Јанковиќ, која беше и водителка на настанот, Андријана Јаневска, Ана Петановска, Маја Панчева, Денис Димоски, Александар Тарабунов, Васко Здравков, Теа ...
Како и во минатите години, и оваа година ќе бидат селектирани двајца уметници од кои еден кој работи или живее на територијата на градот Скопје, а вториот уметник ќе биде од мрежата на градови партнери на Град Скопје во проектот CreArt 3. Ќе биде избран еден уметник од мрежата CreArt за учество во CreArt резиденција во јавната културна институција во рамки на Културно информативен центар – Скопје. Резиденцијата ќе се одржи од 15 септември до 15 ...
На 5 јули, 2025 во 21 часот, ќе се одржи гала концертот „Од MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет. Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, ...