Во соработка помеѓу МСУ – Скопје, Владата на Јужна Австралија, CreateSA и GAG Art Advisory, имаме чест да Ве поканиме на отворањето на изложбата „Трагедија на еднаквоста IV (T.O.E. IV) – Буткање на рака“, првото самостојно претставување на Ариел Хасан во земјава. Отворањето на изложбата ќе се одржи на 03.07.2025 (четврток) во 20 часот, со перформанс под истоимениот наслов. Проектот имаше три претходни различни итерации: HEADSHAVING BATTLE (Битка ...

И понатаму две институции од областа на културата немаат плата за месец мај, а причината е во тоа што Министерството одбива да ги почитува одлуките на управните одбори на овие институции и бара платите да се исплатат спротивно на Колективните договори и важечката законска регулатива, реагираат од Синдикатот на култура. Препорачано Оттаму тврдат дека од Министерството за култура, телефонски се даваат инструкции за пресметка на платите, спротивно ...

Сподели Од 20 до 27 јуни 2025 година, во селото Лазарополе, Општина Маврово и Ростуше, се одржа третата сесија од летната школа NEW ART FOR(U)M, организирана од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – Скопје, под наслов „Мултипликација на пејзажот“. Оваа година школата доби меѓународен карактер, благодарение на учеството на студенти од Fontys Academy of the Arts од Тилбург (Холандија), кои заедно со студентите од ФЛУ Скопје истражуваа и ...

Во вторник, на 8 јули во Театар Комедија во 20,30 часот ќе биде изведена танцовата претстава „Ајде“ чии кореографи се Игор Киров и Бојан Мицев. Драматург е Ана Ристоска Трпеноска. Настапуваат танчерите: Јована Зајкова, Лука Ѓорѓиевски, Илијана Данилов, Нина Петрушевска, Андреј Димоски и Бојана Арсовска. Претставата е дел од програмата на 46. издание на фестивалот Скопско лето. Танцовата претстава „Ајде!“ нè води низ богатата музичка култура на ...

Македонскиот автор Владо Јаневски, кој живее и работи во Австралија повеќе од три децении, е мултимедијален уметник: писател, сликар, фотограф, стрип-автор. Роден е во Македонија, каде што завршил високо образование на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1989 година живее во Сиднеј, Австралија. Добитник е на многу награди и признанија. Вели дека не може да се замиси да твори само во еден медиум. Се случува да сликам размислувајќи ...

Проектот „Градбата со Арки – дигитална порта кон римското минато на Македонија“, претставува значаен чекор напред во современата презентација на македонското културно наследство. Овој објект од римската епоха, сместен во археолошкиот локалитет Стоби, е оживеан преку фотореалистична 3D реконструкција, со што се комбинира археологијата, дигиталната уметност и научното истражување. „Ова е исклучително значаен чекор во современата презентација на ...

Петнаесет години по премиерата на филмот The Social Network, најавено е продолжение кое ќе истражува нови поглавја во приказната за една од највлијателните социјални мрежи денес. Иако оригиналниот филм од 2010 година го режираше Дејвид Финчер, новиот дел го режира Арон Соркин – сценаристот на првиот дел и добитник на Оскар. За разлика од претходниот филм, кој беше инспириран од книгата „The Accidental Billionaires“, продолжението има работен ...

„Од #MOБ за Скопје“, гала концерт кој ќе се одржи на 5 јули 2025 година (сабота), со почеток во 21 часот, на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ). Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со ...

Дваесет и два наслова се избрани во поширокиот круг на книжевната селекција „Штефица Цвек“ од над 100 книги номинирани од регионалната книжевна заедница – книги од областа на прозата, поезијата, драмата, литературата за деца и млади, графички романи. Како што соопшти „Колективот на Бунтовни читателки“, листата е сведена на 22 наслови „за кои може да се каже дека се квир-феминистички и уметнички развиени“. -„Штефица Цвек“ оваа година, по ...

Под традиционалното мото „Убавините почнуваат на М” денеска по 20-ти пат во Пустец, Република Албанија почнува Фестивалот „Македонско културно лето”. Свеченото отворање на оваа значајна манифестација не само за Македонците коишто живеат во Албанија, туку и за сите Македонци каде и да се, ќе биде во 19 часот во центарот на Пустец, на плоштадот „Гоце Делчев” со концертот на Драган Даутовски “Мала Преспа, голема песна”. За најмладите, актерите од ...

На 4 јули (петок) од 20 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. После успешното претставување во Културно-информативниот центар на Министерството за култура и туризам во Белград, Србија, прилепскиот мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник М-р Филип ...

В четврток од 20:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на „Ќумур смоквин млеч“, збирката првенче на младиот поет Стефан Спасовски. Преку разговор и читање на дел од песните ќе биде претставена стихозбирката. Промотор ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, кој во својот текст за стихозбирката пишува: „’Ќумур смоквин млеч’ е стегната и јасна стихозбирка, со избистрен јазик, структурно одлично обмислена, интертекстуална и ...

Актерот Вин Дизел (57) ги изненади фановите со најава поврзана со најновото продолжение од филмската серија „Брзи и бесни“. View this post on Instagram A post shared by TYRESE (@tyrese) Дизел се качи на сцената на Fuel Fest во Помона, Калифорнија, во саботата навечер, за да даде новости за филмот „Брзи и бесни“. Тој носеше маица со натпис „Брзи X Дел 2 Лос Анџелес Продукција 2025“ и им ги откри на публиката своите три услови за снимање на ...

Националната опера и балет на 5 јули со почеток во 21 часот на Плоштадот Мајка Тереза (на платото пред МОБ) ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“, Концертот ќе се одржи во чест на 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар ...

Изложбата на слики од Стефан Анчевски и Марјан Стојаноски, насловена „Резови“, ќе биде отворена вечер со почеток од 20 часот во Културно-информативниот центар – Скопје. Како што информираат од КИЦ, станува збор за изложба што поврзува двајца уметници со разни автономни и своеобразни ликовни изрази, обединети преку линијата како главен двигател во композициската наративност. – Стефан Анчевски (Куманово, 1993) е визуелен и мултимедијален уметник. ...

На втори јули од 20 до 22 часот, во Јуроп Хаус Струга во рамките на проектот ПРОСПЕР (Прототип за оджливи резиденции на периферии) ќе се одржи тренинг под наслов „Reviving Communities: The Power of Sustainable Tourism & Culture“ („Оживување на заедниците: Моќта на одржливиот туризам и културата“) под водство на Катерина Василеска; како и ВР перформанс под наслов „Ехо од длабочината“, во режија на Нина Николиќ и Борјан Стојков. Тренингот ќе ...

На одличен македонски, пејачот на словенечкиот инди-рок бенд „Џокер аут“ Бојан Цвјетиќанин ја испеа „Тајно моја“ од Тоше Проески на концертот во Скопје на Стадионот на АРМ. Обожавателите на бендот, кој е еден од најактуелните кај младите во регионот, ги извикуваа омилените песни од Тоше, знаејќи дека тој му е омилен на Цвјетиќанин. „Единствената песна која знам да ја свирам од Тоше, а ја пеев на минатиот концерт, е ‘Ледена’. Можеби оваа ја знам ...

На 8 јули ќе биде отворена ликовна изложба со наслов „Beauty spot 3“ на авторот Иван Аџиевски. Изложбата ќе биде отворена во 20.00 часот во монтажната-мобилна галерија во Паркот на франкофонијата. На изложбата ќе бидат изложени слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција каде субјектите имаат изразено издолжени портрети и физиономии. Тие се ...

На 2 јули (среда) со почеток во 20 ч., во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели. На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 г., по сценарио на Илхами Емин, во режија на Здравко Велимировиќ; „Невољите на покојникот К. К.“ од 1963 г., по сценарио ...

Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - „Бата прес“ го објави романот „Целата небесносина боја“ од француската авторка Мелиса да Коста кој од француски на македонски јазик го преведе Ненад Баткоски. -Станува збор за исклучително дело на младата авторка што стана француски и светски бестселер. „Барам сопатник или сопатничка за својата последна авантура“ - вака почнува огласот што дваесет и шестгодишниот Емил, еден од главните ликови на овој роман, го ...

На денешен ден во 1979 година, јапонската компанија Sony ја револуционизираше музичката индустрија и начинот на кој луѓето ја слушаат музиката – со лансирањето на првиот Walkman. Овој уред стана симбол на една цела генерација и постави темел за личното и мобилно музичко искуство какво што денес го земаме здраво за готово. Walkman-от беше првиот пренослив касетофон со слушалки, кој овозможи да се слуша музика насекаде – во движење, во автобус, на ...

Oвации со извици браво од публиката во Концертната сала на Солун, и бис со “О Фортуна” на вечерашната изведба на сценската кантата ” Кармина Бурана”. Вакви беа реакциите за концертот со делото на Карл Орф, за кој по втор пат се обединија Македонската филхармонија со Софиската и Државниот симфониски оркестар на Солун, во улога на домаќин. Во изведбата учествуваа тројца солисти од трите држави: Ана Дурловски, Николас Спанос и Иво Јорданов и исто ...

Премиерата во Скопје на проекцијата на експерименталниот видео театарски проект „KRIEG/A-C-I-N-S-E-L-A-K“ (2024) во продукција на центарот „ИТИ“ ќе се случи на 2 јули, среда, со почеток во 20:30 часот во Културно-информативниот центар (КИЦ). Како што појаснуваат од „ИТИ“, „KRIEG“ е машка верзија на видео театарскиот проект – војник во агонија и актер е Здравко Стојмиров. „A-C-I-N-S-E-L-A-K“ пак е женската верзија и ја игра актерка Филарета ...

Првата половина од 2025 година го потврди НУ Камерен Оркестар на Битола како централна сила на класичната музичка сцена во регионот, институција што не само што создава врвни музички доживувања, туку и испраќа моќни пораки преку звукот. Со вкупно седум концерти, оваа полусезона донесе емоции, нови соработки и уметнички експерименти. Сезоната беше отворена со традиционалниот концерт „Засекогаш во срцата“, посветен на Тоше Проески, ДНК и трагично ...

Фестивалот Битола Отворен Град 2025 го заврши своето 24. издание со јасен став: културата не се конзумира – се живее. Во текот на четири дена, од 25 до 29 јуни, Битола повторно стана град што зборува преку изложби, концерти, работилници, зборови и винили. Сè започна со отворањето на изложбата “When Do I Stop?” од Харис Муриќ – визуелна хроника од 52 постери, создадени во текот на 52 недели. Муриќ ни подари нешто ретко денес: визуелна, лична ...

Актерот од Велешкиот театар Исидор Јовановски ја доби наградата за најдобра машка улога на 12. издание на меѓународниот театарски фестивал „Театар во тврдината“ во Смедерево, Србија. Тој е награден за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“, во режија на Александар Ивановски. На фестивалот настапија театри од Унгарија, Бугарија, Хрватска, Грција, Србија и Македонија. За фестивалските награди одлучуваше стручното жири Исидора Миниќ – драмска ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со гордост и задоволство Ве информира и Ве поканува на џез концерт на Ѓорги Шаревски трио, кој ќе се одржи на вечерва – 30.06.2025г. (понеделник) во 20:30 часот во Сули ан. Учествуваат: Георги Шаревски – гитара Акира Накамура – тапани (Окинава, Јапонија) Оливер Јосифовски – контрабас Извонредна интеркултурна соработка, каде што триото на Георги Шаревски се обединува со еминентниот јапонски тапанар ...

Скопје, 30 јуни 2025 (МИА) - Францускиот институт во Скопје го организира 26. издание на летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука, што повеќе од две децении обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Семинарот се организира во соработка со француските амбасади и институти од земјите во регионот, информираат од Францускиот институт во Скопје. - Овогодишната средба и значајна обука ќе се одржи од ...

Националниот џез оркестар и Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка Free Groove, ќе одржат концерт вечерва во 20.30 часот во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје. Ќе диригира Џијан Емин, а влезот е слободен. Во духот на културна размена и пријателство помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, концертот ќе го отвори Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка – „Free Groove“, ансамбл составен од врвни музичари кои ...

„Соулфлај“, „Систерс оф мерси“, „Инер Сркл“, „Архангел“, Кирил Џајковски и ТК Вондер и Рутсман, „Мизар“, „Фолтин“, „Буч Кесиди“, „Љубојна“, Томи Кеш, „Пич Вајс“, Дина Јашари, „Паркети“, Флудер, Битолски камерен оркестар, „Мојра“, „Допе Куќата“… се меѓу настапувачите на овогодишниот „Д Фестивал“, кој годинава ќе се организира од 4 до 6 јули во Штип. Од „Пасворд“ веќе ја објавија саатницата за настапи, распоредени меѓу главниот и „Москито“ ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
30%
1010
weather icon

Белград

29ᴼ / 24ᴼ
2.06
65%
1009
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.06
39%
1009
weather icon

Софија

31ᴼ / 28ᴼ
1.54
38%
1011
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
2.58
28%
1009
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
62%
1010
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
4.12
39%
1009
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.03
22%
1011
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
37%
1010
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
2.24
34%
1009
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
4.12
37%
1008
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
35%
1010
Currency

61.56

Currency

52.8524

Currency

71.1471

Currency

34.5425

Currency

38.4843

Currency

65.8599

Currency

7.35727

Currency

0.67308

Currency

0.35593

Currency

0.52473

Currency

1.3085

Currency

0.61322

Алуминиум

2.61

Иридиум

145468.59

Кобалт

42.99

Никел

14900.00

Рутениум

25656.30

Калај

33.32

Сребро

1227.63

Злато

107715.09

Бакар

11.22

Паладиум

39770.47

Платина

46441.62

Родиум

186474.33

Цинк

2.78