
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



На 4 јули (петок) во 19.30 часот на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип. Во хорот членуваат ентузијасти и вљубенци во хорската уметеност. Специфично е името „Керамија“ но тоа го означува античкот ...
„Вторникот е за отварање со плочите на Владимир Муратовски. А овој вторник имаме посебен момент за отварање, а тоа е промоција на изданието „Журнал на бучава“ на Сара Кубел која беше на резиденција во Партизанска штампа во изминатите три месеци. Ја испраќаме во светот со љубов преточена во сито печат, затоа не се стискајте, дојдете во ‘Ла Кања’ да се отвориме“, стои во најаватa на Партизанска штампа за утрешниот настан од 21 часот. Сара Кубел ...
Актерот на Велешкиот театар Исидор Јованоски ја доби наградата за најдобар актер на Меѓународниот амбиентален театарски фестивал „Театар во тврдината“, што синоќа заврши во Смедерево, Србија. Наградата за најдобар актер „Деспот Ѓураѓ Бранковиќ“, Јованоски ја доби за улогата на Тригорин во претставата „Галеб“. За наградите одлучи жирито во состав: Исидора Миниќ, драмски уметник, д-р Зоран Максимовиќ, театролог, и претседател на жирито Горан ...
Од 1 до 5 јули, живописниот Пустец во Република Албанија ќе биде домаќин на јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, по повод 20-годишнината од своето постоење. Фестивалот, кој претставува симбол на културната виталност и самобитност на Македонците во Албанија, нуди богата програма со театарски претстави, концерти, изложби и активности за најмладите. ...
Американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи ќе го отвори јубилејното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид. -За свеченото отворање под наслов „Трансформација на сетилата“ со особена чест ги најавувам, Едвин Оутвотер диригент, Клер Хуангчи пијано од Соединетите Американски Држави, оркестарот на Македонската филхармонија и Рафаел Карико, визуелен дизајнер. На Античкиот театар ќе ...
Друштвото на ликовни уметници од Македонија (ДЛУМ) во рамки на Скопско културно лето традиционално ја организира изложбата „Скопски урбани приказни“, годинава насловена „Скопје: Сензорен град“ утре, 1 јули од 19 до 22 часот. Куратор е д-р Ана Франговска на чиј концепт одговорија 15 уметници – универзитетски професори, декан и продекан на факултет, исклучителни сликари, скулптори и графичари од средната и помладата генерација. „Изложбата со ...
– Едно генерално правило гласи дека модата е начин на кој можеме да кажеме кои сме и што сме без да зборуваме. Ние, како луѓе, имаме вродени чувства за естетика, но и стекнати. Вродените зависат од генетското наследство, а стекнатите од образованието. Затоа, иако не можеме да ги контролираме вродените, можеме да стекнеме преку образованието, и мора да се работи на тоа – вели костимографот, моден дизајнер и професор Александар Рашковиќ во ...
Афористичарот Никола Бошковски Коки со нови седум понеделнички афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк. Коки за оваа недела ви напиша: „Љубовта е слепа, но во бракот се отвораат очите.“ „Со децении наназад бевме пијани од разно – разните политички коктели што ни ги сервираа недоветни политичари, но сега на повидок се новите избори и времето кога треба…ДА СЕ ОТРЕЗНИМЕ.“ „Некои луѓе се паметни кога зборуваат, некои кога молчат, на некои пак, ...
Традиционална куќa 1838 / Дебар 30.06.2025 • XVI - XIX век Информации Истражување Фотографија Културното наследство е се уште присутно во нашите градови. Тоа е уште поизразено во деловите на нашата земја кои уште не ја доживеале трансформацијата на 21 век. Дебар е еден од тие градови, град познат по мајсторските тајфи од 18-19 век, град кој од секогаш се одликувал со одлична архитектура. Несомнено е дека токму во Дебар можеме да ги пронајдеме ...
Mакедонскиот филм „Диџеј Ахмет“, во режија на Георги М. Унковски освои три награди „Син ангел“ на престижниот Меѓународен фестивал на уметнички филм во Кошице. Долгометражното деби на Унковски доби награда за најдонбар филм, за режија и за актер – за младиот Ариф Јакуп. Жирито со големо восхитување ја додели наградата за најдобра режија на Георги М. Унковски, истакнувајќи: „Наградата му припаѓа на исклучителен раскажувач кој создаде чуден, ...
На 9 јули, срцето на градот повторно ќе пулсира во ритамот на добрата музика со летниот музички open air фестивал „Звукот на Скопје“, во организација на Културно информативен центар – Скопје. Фестивалот, кој стана препознатлив симбол на урбаната културна сцена, ги обединува љубителите на различни музички жанрови и уметноста и им нуди незаборавно искуство под отворено небо. „Звукот на Скопје“ не е само фестивал – тоа е културен настан што ги ...
Во соработка помеѓу МСУ – Скопје, Владата на Јужна Австралија, CreateSA и GAG Art Advisory, на 3 јули во 20 часот во Музејот на современа уметност Скопје ќе биде отворена изложбата „Трагедија на еднаквоста IV (T.O.E. IV) – Буткање на рака“, првото самостојно претставување на Ариел Хасан во земјава. На отворањето на изложбата ќе се одржи и перформанс под истоимениот наслов. Куратор на изложбата е д-р Мелентие Пандиловски, JOLT ARTS, Мелбурн. ...
Утре вечер, 1-ви јули, на преубавата тераса на Бифе Тафталиџе, ќе се одржи слушачка промоција на албумот „Јоруклук“ на Елена Христова од „Баклава“, а ќе може да се купи и цеде или плоча од албумот. Во пресрет на промоцијата, Елена ни кажа само дека албумот „Јоруклук“ е комплетно нејзин авторски албум, инспириран е од нејзините долгогодишни истражувања на Јуруците од Македонија. Целата приказна за неговото создавање Елена ќе ја раскаже на самата ...
Раналф Џуна (Мет Дејмон) е играч на голф и херој на цела Америка, човек кој навистина го сакал животот, додека не станал жртва и дел од ужасите на Првата светска војна. Тој го започнува своето духовно патување за да најде смисла во ова бесмислено губење на скапоценото животно време. Тој талкаше десет долги години, пред да се врати во својот роден град Савана, за време на Големата депресија. Тој повторно се среќава со огнената Адел, љубовта на ...
Римејк на италијанскиот филм „L'ultimo bacio“ од 2002 година, чие сценарио го напиша оскаровецот Пол Хагис („Девојка од милион долари“, „Фатална несреќа“). Иако изгледа дека Мајкл и Џена се во совршена врска, тој почнува да се колеба. Мајкл (З. Браф) и Џена (Ј. Барет) се пар веќе три години, сакаат да се венчаат и да основаат семејство. Плановите се едно, реалноста е друго. Кога Џена објавува дека е бремена, Мајкл почнува да се колеба бидејќи ...
Идилата на една млада двојка на Хаваи трае додека не запознаат група преплашени автостопери. Клиф и Сиднеј, авантуристички млад пар го слават својот меден месец со истражување на убавината на една од најубавите и најоддалечените плажи на Хаваи. Додека талкаат по скриените траги, мислат дека го нашле рајот. Сепак, идилата трае додека не сретнат група на автостопери кои зборуваат за грозоморното убиство на нововенчаната двојка на островот... ...
Оваа недела, наши гости се едни од најпознатите момци на македонската поп-сцена – Илчо Нечовски и Борис Какуринов – музичкото дуо Дупер, кое нè освои со хитот „Не сум твој тип“ и ни докажа дека оригиналноста не само што се слуша, туку и се памети! А дали некогаш сте се прашале… им фали ли на Дупер тапанар? Нашиот Дениз има голема желба да биде дел од нивниот бенд – со тапани во рака и сонот во очи, тој ќе ги презентира своите способности. Дали ...
Бев на настап на Некст Тајм, 2Бона и Слаткар во Кисела Вода - Деца врескаа по идолите, Слаткар запеа со девојка од публика Има нешто посебно убаво во бесплатните концерти кои се организираат секое лето во Скопје. Некако, енергијата е преубава кога под отворено небо ќе дојдеш да го слушнеш твојот омилен изведувач, кога нејзнаејќи, додека случајно минуваш по улиците на твоето маало ќе слушнеш музика па ќе застанеш да видиш за што станува збор, ...
Третата сезона на „Squid Game“ започнува веднаш по хаотичниот крај на втората сезона, кога Сонг Ги-хун (Ли Џонг-џе) одлучува повторно да се вклучи во смртоносните игри со цел да ја уништи целата организација. Наместо само борба за опстанок, сега е воден од желба за одмазда и потреба да се стави крај на суровиот циклус на насилство. По неуспешниот бунт и неуспешниот обид да се запрат игрите, Ги-хун се враќа кај другите играчи, но овој пат со ...
На ова, јавно укажуваше академик Божин Павловски уште во 1989 година, во запис објавен во дневниот весник „Нова Македонија“, две години пред прогласувањето на македонската самостојност и независност. Триесет и шест години потоа можеме да се запрашаме дали беше разбран и зошто тогашните, а и понатамошните елити немаа доволно слух за ваквите укажувања. Ова е укажување на само еден од записите на Павловски што се поместени во книгата „Записи од ...
Пишува: Звонко Димоски Во драматуршкиот опус на Дејвид Мемет, „Едмонд“ (1982) зазема особено место – како мрачна и длабоко вознемирувачка спротивност на неговата претходна комедија „Sexual Perversity in Chicago“, каде што младите мажи трагаат по љубов и сексуални авантури. Ако оваа драма нуди жива урбана духовитост, „Едмонд“ е нејзиниот „валпуршки вртлог“ – театарска спирала на страв, паника и распад во непријателски градски пејзаж. Мемет го ...
Српскиот кантавтор Оливер Мандиќ ќе биде гостин на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури, на интернационалната вечер, која ќе се одржи на 30 август на сцената на Долни Сарај. Мандиќ ќе добие награда за трајни вредности и ќе настапи со неговиот прв голем хит „Питају ме, питају“, песна со која победи на фестивалот МЕСАМ во Белград во 1984. „Минатата година си размислував дека поминале 40 години откако се појавив на МЕСАМ со оваа песна. Не сум ...
Кинотеката на Македонија ова лето нуди внимателно курирана филмска програма што ги обединува големите класици на Холивуд со актуелни европски и светски остварувања. Јулскиот репертоар е доказ за континуираната мисија на Кинотеката: зачувување на филмската културна меморија и отворање простор за нови кинематографски јазици. Филаделфиска приказна (The Philadelphia Story, 1940) Романтична комедија од златната ера на Холивуд Филмот на Џорџ Кјукор е ...
На 30 јуни (понеделник) 2025, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи Концерт – рецитал на македонската пијанистка Горјана Стојановска од Битола. На концертот во Софија таа ќе ја претстави убавината и длабочината на класичната музика преку интерпретација на дела од Ј. С. Бах, Ф. Шуберт, Ф. Лист и А. Скрјабин. Настанот ветува уникатно музичко патување, кое ќе ги поврзе различните стилови и периоди, создавајќи емотивно ...
Од Кинотека на Македонија најавија „исклучително богата и естетски разновидна филмска програма“ во месецот што следува, односно во јули. „Со внимателно куриран репертоар, што ги обединува безвременските холивудски класици и актуелни авторски остварувања, Кинотеката уште еднаш ја потврдува својата улога како културна институција што го негува филмското наследство и ја отвора вратата кон новите кинематографски визии“, се наведува во денешното ...
Битолскиот актер Тони Наумовски, кој веќе 2 децении живее и работи во САД, ја освои наградата за најдобар машки актер на престижниот „Инди филм фестивал авордс“ (Indie Film Festival Awards) во Њујорк. Наумовски е награден за улогата во филмот „Лена и Владимир“, научнофантастичен трилер режиран од Игор Алексов. Филмот веќе привлече внимание на неколку меѓународни фестивали, освојувајќи повеќе признанија. По добивањето на наградата, Наумовски се ...
Во јули 2025 година, Кинотеката на Македонија подготвува исклучително богата и естетски разновидна филмска програма — вистински летен празник за сите љубители на седмата уметност. Со внимателно куриран репертоар кој ги обединува безвременските холивудски класици и актуелни авторски остварувања, Кинотеката уште еднаш ја потврдува својата улога како културна институција што го негува филмското наследство и ја отвора вратата кон новите ...
Поетесите Јулијана Величковска и Марија Велинова учествуваат на 14. издание на Меѓународниот фестивал „Стихот во регионот” што се одржува во Загреб, Хрватска. Македонските поетеси настапија со свои читања, нивни песни во препев од македонски на хрватски од Борислав Павловски, кои се објавени во најновиот број на списанието „Поезија”, издание на Хрватското друштво на писатели. Денеска, на последниот ден од фестивалот, двете поетеси ќе бидат ...
Легендарната британска група „Масив Атак“ (Massive Attack) приреди незаборавно аудиовизуелно доживување на стадионот „АРМ“, во рамки на фестивалот „Скопје Колинг“. Огромен број фанови од цела Македонија, но и регионот се собраа да ја проследат оваа ретка прилика – настап на еден од највлијателните состави на модерната електронска и трип хоп сцена. Низ концертот провејиваше мистичниот и хипнотизирачки звук по кој бендот е препознатлив. Публиката ...
Поп-пејачот Александар Тарабумов пееше евергрини и филмска музика на концертот „Центарска симфонија“ кој се одржа сношти (28 јуни) во Скопје на отворено, кај Градски ѕид. Скопјани го наполнија плочникот пред Клубот на новинари и пееја заедно со поп-пејачот кој настапи со камерен оркестар и бенд. „Многу убава енергија. Скопјани уживаа заедно со мене, пеевме во еден глас и имаше многу пријатна атмосфера. Имавме добро одбран репертоар, добри ...