Филмот ја следи Маја, жена која по Втората светска војна се обидува да изгради нов живот во Америка со својот сопруг. Еден ден, таа препознава човек за кој верува дека бил дел од групата што ја силувала и мачела за време на војната. Решена да ја добие правдата што никогаш не ја добила, Маја го киднапира човекот и го држи врзан во својата визба, барајќи признание. Но како што деновите поминуваат, вистината станува сè понејасна, а нејзината ...

Кога нов ученик по име Сунe доаѓа во одделението на Сунe Андерсон, животот на “оригиналниот” Сунe се превртува наопаку. Новиот Сунe изгледа совршено – е кул, паметен и веднаш му се допаѓа на сите, па дури и на Софи, симпатијата на “нашиот” Сунe. Исплашен дека ќе ја загуби Софи и местото во својот свет, Сунe започнува вистинска битка за својата иднина – и за својот идентитет. Забавна и трогателна шведска семејна комедија за љубомората, ...

милениците на женската публика, дуото ДАЦ И АЛЕКСАНДАР, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „ДАЦ И АЛЕКСАНДАР – ДАМИТЕ БИРААТ“. МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата, а гласовите, инструментите и срцата ќе се соединат во едно – за да се прослави љубовта кон жената. ...

Со претставата на македонскиот режисер Александар Поповски ,„Амадеус“ од Питер Шефер , Словенско народно гледалишче од Марибор утре во 20 часот ќе гостува во Македонскиот народен театар. Последен пат овој театар гостуваше во МНТ пред 26 години, со претстава „Дракула“, што исто така ја режираше Поповски. Премиерата на „Амадеус“ беше во 2024, а во претставата играат познати словенечки актери. Освен оваа претстава, Театарот од Марибор на 3 април ...

Издавачката куќа „Арс Ламина“ со големо задоволство го најавува ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Нејзиното доаѓањe беше најавено денес, во присуство на фанови на писателката, букстраграмџии и јавни личности, на платото пред aрената „Борис Трајковски“, каде што од 23 до 29 април ќе се одржи Саемот на книгата. Пеканен ќе биде дел од програмата на штандот на ...

Најголемиот книжевен настан во земјава и оваа година ќе го претвори Скопје во централно место за љубителите на литературата. Саемот на книгата оваа година ќе се одржи под мотото „Отвори прозорец кон нови светови”, истакнувајќи ја моќта на книгите да нѐ однесат во авантури кои не сме можеле ниту да ги замислиме. Во периодот од 23 до 29 април, арената „Борис Трајковски” ќе биде домаќин на читатели и љубители на книги, но и автори, културни ...

Евровизија го лансира своето прво азиско издание. Радиодифузерите од десет држави веќе го потврдија своето учество, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Бутан, Тајланд и Филипини. Според сајтот на натпреварувањето, листата учесници ќе се зголемува. Земјите-учеснички прво ќе организираат национални избори, а финалето ќе биде во Бангкок на 14 ноември. Основана во 1956, Евровизија е најдолговечното музичко натпреварување на светот. Околу 163 милиони ...

Мајли Сајрус oбјави нова песна, „Younger You (From the Hannah Montana 20th Anniversary Special).“ Taa е коавторка и копродуцентка на песната, која ја изведе во рамки на „Hannah Montana 20th Anniversary Special“. Музиката од франшизата на Дизни „Hannah Montana“ постигна неверојатен комерцијален успех, со вкупно шест сертифицирани платински синглови и девет сертифицирани златни синглови. Албумот на Хана Монтана, издаден во 2006 година, беше ...

Диме Ратајкоски е директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул. Ратајковски е новинар, уредник и сценарист во Македонската радио-телевизија, автор на голем број документарни филмови, телевизиски емисии и репортажи, кои ги истражуваат историјата, културната меморија, уметноста и современите општествени процеси. Бил главен и одговорен уредник на МТВ1, во 2016 година ја реализира изложбата „Животот во војна: ...

Во Културно Информативен Центар – Скопје, на 1-ви април со почеток од 20:00 часот, ќе се одржи изложба на слики од Константин Качев, насовена „Imagine words”. Качев, кој дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје , за своето творештво е добитник на една национална и десет меѓународни награди. Изложбата ќе биде отворена за посета до 14-ти април 2026 година во Културно-информативниот центар – Скопје, Изложбен салон Империјал 1. ...

Распишан е Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2026 година, соопшти Министерство за култура и туризам. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 април 2026 година. Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република ...

Во Македонскиот КИЦ во Софија на 1 април, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи отворањето на изложбата „In a Silent Way“ од Марjан Ѕингаров. „Во „In a Silent Way“ на Ѕингаров, сликарството се претвора во чин на тивко појавување. Формите не се наметнуваат, туку постепено испливуваат, како далечни тонови што се издигнуваат од поле на речиси целосна тишина. Делата се развиваат со воздржана интензивност, каде што масата, текстурата и сенката ...

Неделата за подигнување на свесност за аутизмот ја започнавме денес со заедничка активност во Центарот за едукација каде се одржа инклузивна работилница со учениците од ОУРЦ „Др. Златан Сремец“ заедно со учениците од ООУ „Димитар Миладинов“, велат од Музеј на Македонија. После разгледувањето на етнолошката поставка, се реализираше заедничката работилница со боење на боенки, сложување сложувалки и играње домино со етнолошки мотиви. Ваквите ...

Младинскиот културен центар од денес е збогатен со уште еден уметнички експонат. Делото „Океан од тишина“ е поставено во холот на институцијата и е подарок од ликовниот уметник Перо Кованцалиев. Станува збор за релјеф составен од акумулација на ушни школки, изработен од полиестер, со димензии 2 × 1 метар. Со ова дело, авторот ја мапира акустичната пасивност и колективната инертност во контекст на современиот корпоративен милитаризам. Ушната ...

Подгответе се за незаборавно патување низ времето, каде традицијата се среќава со современиот израз! Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“, ве поканува на својот традиционален Велигденски концерт, со насловот „Велигденско празнување“ кој оваа година носи посебна порака и енергија поврзано со моќното мотото на новата концертна сезона „Пулсот на предците во ритамот на денешницата“ „Танец“ ќе претстави програма која ...

На 1 април од 19 часот во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе се прикаже филмот „ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“ Влезници на билетарницата од Центарот за култура од 11. 00 до 13.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот во киното Мис Стон. Сценариото е на Рајко Грлиќ и Анте Томиќ, а музиката е на нашиот Дуке Бојаџиев. Улогите ги толкуваат: Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина ...

На 2 април, четврток, со почеток во 19.30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на портрети „Анатомија на прогресот“ од Миливој Симеонов. Изложбата содржи дваесетина слики работени во техниките масло на платно и акрил и ќе биде поставена до 09 април. Миливој Симеонов е роден 1973 во Виница. Основно и средно образование завршува во Виница. Во 1997 се запишува на ФЛУ на отсек ...

На големата сцена на Националната опера и балет, на 4 април со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години. Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ. „Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава со едукативен карактер, која има за цел да ...

На изложбата ќе бидат претставени дела создадени од шест нордиско-балтички и пет македонски дизајнери, кои заеднички работеа во рамки на резиденцијалната програма на истоимениот проект. Настанот ќе биде збогатен со две тематски сесии на Отворени разговори. Првата, под наслов #MadeWithSweden, ќе започне во 17:30 часот и ќе се фокусира на практиките на шведските брендови во однос на одржливоста и нивните барања кон производствените капацитети. ...

По две децении активна диџеј кариера, Соња Исмаил не зборува за музиката како жанр, туку како жив процес, простор на слобода, комуникација и колективно доживување. Нејзините сетови не припаѓаат на категории, туку на состојби, а подиумот за неа е место каде што се сечат личното и политичкото, индивидуалното и заедничкото. Во разговор за довербата во ноќта, променетата публика и кревката, но жива алтернативна сцена, таа открива што значи да се ...

Изложбата „Колекција на метални пари ковани во Скопје и Кратово (XIV–XVII век) – Патувањето на парите“, подготвена од м-р Даниела Николова, свечено ќе биде отворена на 31 март (вторник) во 17:00 часот во Македонски културно-информативен центар во Белград. На отворањето ќе се обратат директорите на КИЦ Белград Васко Шутаров, директорот на турскиот институт во Белград Јунуз Емре, амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и авторката ...

Издавачката куќа „Артконект“ со поддршка од програмата „Креативна Европа“ го објави романот „Млекарот“ од ирската писателка Ана Бернс во превод од англиски на Катерина Јосифоска,. Романот е добитник на престижните награди: „Орвел“ (2019), меѓународната книжевна награда „Даблин“ (2020) и наградата „Букер“ за 2018 година. Ана Бернс е авторка на три романи и на една новела. Својот прв роман, Без коски, го објавува во 2001 година, а потоа ...

На денешен ден, 31 март 1995 година, својот прв јавен настап го има македонската етно-група Синтезис – датум што се смета за официјален почеток на една од најзначајните музички приказни кај нас. Иако бендот е основан една година претходно, во 1994 година, токму овој настап ја означува нивната појава пред публиката и стартот на нивната успешна кариера. Музичката визија на групата ја започнуваат Драган Даутовски и Радослав Шутевски, кои заедно ...

Јаким Каневче е роден во 1948 година. Тој беше познат охридски новинар, поранешен дописник од Охрид на Радио Скопје, сега Македонско радио. Кеневче ќе остане запаментен како страстен хроничар на настаните што го одбележуваа животот на градот и околината. Одликувајќи се со трудољубивост и исполнителност на работните задачи, низ повеќе жанрови на радиото, ќе остане запаметен со ведрината на духот што ја ширеше меѓу колегите дописници од градот, ...

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски. Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и ...

Кочани, 30 март 2026 (МИА) - По повод одбележувањето на 70 години од основањето, Општинско основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани најавува свечен ревијален концерт. Ова училиште, како нижо музичко, започнало со работа во 1956 година под името „Стеван Мокрањац“. Подоцна е преименувано во „Ристо Јуруков“, личност што има оставено неизбришлива трага во музичко-едукативната дејност во градот. Концертот ќе се одржи на 2 април 2026 ...

Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за нештата кои длабоко нè засегаат и болат како општество, а не сакаме да си ги кажеме едни на други“, вели Јовановиќ и подвлекува дека е задоволен со реализацијата на овој филм, бидејќи обработува исклучително важна тема, која буквално ја живееме секојдневно, а уметноста е најубавиот начин да се погледнеме во ...

Стојна Костовска е родена на 31 март 1954 година во Крива Паланка. Дипломирала на Вишата музичка школа, Скопје, на отсекот за глумечка игра во 1978 година. Од 1980 година до нејзиното пензионирање во 2022 година, работела во Македонскиот народен театар — Скопје. Подолу е дел од богатата филмографија на Стојна Костовска; 1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм 1978 Курирот на Гоце ТВ-серија 1980 Двојка ТВ-филм 1982 Едно лето ТВ-серија 1984 Хихирику ...

-Прекрасна вечер во Битола – вечер посветена на Freddie Mercury и магијата на “Queen“ -Безвременските хитови “Bohemian Rhapsody“, “I Want to Break Free“, “Don’t Stop Me Now“, “The Show Must Go On“…. одекнуваа со полна сила, будeјќи емоции, носталгија и восхит. Секоја нота беше потсетник на генијалноста на Queen и неповторливата енергија на нивниот фронтмен.Во преполната сала на Центарот за култура, оркестарот „DIVA“ приреди вечер што не се ...

Вечерва во 20:00 часот во КСП „Центар-Јадро“ повелете на промоцијата на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура“, во уредништво на Славчо Димитров и Мања Величковска, во издание на Коалиција МАРГИНИ. Овој интердисциплинарен зборник истражува на кои начини родот и сексуалноста се појавуваат, се премолчуваат, но и се пробиваат во македонската култура — од ...

Вера

6 дена - МРТ
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
85%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
8.23
61%
1012
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
70%
1003
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
7.09
82%
1006
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
81%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.02
89%
992
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
8.23
58%
995
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
44%
997
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
7.72
82%
1007
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
74%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
8.75
94%
1000
Currency

61.6417

Currency

53.1635

Currency

70.7941

Currency

36.8267

Currency

38.2811

Currency

66.9875

Currency

7.73581

Currency

0.66207

Currency

0.33462

Currency

0.52444

Currency

1.19534

Currency

0.57389

Цинк

3.18

Алуминиум

3.48

Сребро

2840.84

Паладиум

46895.77

Бакар

11.33

Кобалт

45.39

Платина

63465.57

Рутениум

56199.51

Злато

166450.52

Родиум

324722.54

Иридиум

256711.96

Калај

45.82