Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,41 п.п. и изнесува 4,70%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: ...
Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е дозволиво доколку е економски оправдано, изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески. Како што истакна ...
Добивај вести на Viber Иуте успешно пласираше дополнителни 140 милиони евра од својата постојна обврзница, со што вкупниот износ на издадени обврзници достигна 300 милиони евра. Како дигитална банкарска групација која работи на пазарите во Југоисточна Европа, Иуте соопшти дека новото пласирање е дел од стратегијата за проширување на пристапот до капитал за поддршка на понатамошниот раст и зајакнување на финансиската позиција. „Нашата цел ...
Најпрометниот меѓународен аеродром во светот ќе се затвори засекогаш откако беше отворен пред повеќе од 65 години. Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) трајно ќе ги затвори своите врати во 2035 година. Сите операции што се одвиваат низ прометниот туристички центар ќе бидат префрлени на Меѓународниот аеродром Ал Мактум (DWC). DWC моментално е во процес на огромен развој од 28 милијарди фунти, со цел да стане најголемиот воздушен центар во ...
Еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, преку објава на социјалната мрежа Фејсбук порача дека, како што наведе, започнало „уривањето на империјата на брзите кредити“, по одлуката за одземање на лиценцата на компанијата „Credi Yes“ и затворањето на нејзините 40 филијали. Меџити во објавата истакнува дека борбата против брзите кредити и коцкарската индустрија не била само изборен слоган, туку ветување кое, според него, сега се ...
Германските капацитети за складирање гас не се полнат доволно брзо, предупреди државната енергетска компанија „Унипер“, нагласувајќи дека се потребни стимулации за да се избегнат недостатоци следната зима. „Нивото на зафатеност на складиштата се зголемува од март, но сепак премногу бавно“, изјави извршниот директор на „Унипер“, Мајкл Луис, за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според податоците од „Гас инфраструктура Европа“ (ГИЕ), германските ...
Халкбанк АД Скопје ги промовираше своите банкарски сефови како безбедно решение за чување вредни предмети, документи и хартии од вредност за време на летните одмори. Од банката посочуваат дека клиентите можат да ги остават своите важни предмети во доверлива банкарска средина со контролиран пристап и приватност при секоја посета. „Одморот е поубав кога заминувате со помалку грижи“, велат од банката, додавајќи дека повеќе информации за ...
Добивај вести на Viber Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа. Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и ...
Добивај вести на Viber Бугарија е земјата во Европа каде што вработените задржуваат најголем дел од својата бруто плата со годишен приход од 100.000 евра. Студијата споредува кој нето приход останува по даноците и придонесите за социјално осигурување во 31 европска земја - земји од ЕУ, како и Обединетото Кралство, Швајцарија, Норвешка и Турција. Со бруто годишна плата од 100.000 евра, лице без деца и без дополнителен приход би добило нето ...
Според податоците од берзите во 9:30 часот, цената на суровата нафта порасна за 2,52 отсто на 90,983 долари, а на нафтата Брент (Brent) за 2,58 отсто на 96,673 долари. Дополнителна конфузија на пазарите предизвикаа контрадикторните сигнали од Вашингтон и Техеран. Од нашата мрежа Gucci влегува во Formula 1: Alpine станува Gucci Racing Alpine… 8 минути avtoplus.mk Европските берзи „во црвено“: Новите американски напади врз Иран ги… 26 минути ...
Не секој што влегува во приватна ординација влегува затоа што има пари за фрлање. Некој влегува затоа што го боли. Некој затоа што не може да чека термин со недели. Некој затоа што детето му кашла трета ноќ по ред, а слободен термин има по неколку недели. Во Македонија, приватното здравство сè почесто станува резервен излез за луѓе што формално имаат здравствено осигурување, ама практично немаат време да го чекаат системот. Прегледот што во ...
Податоците на Wolt покажуваат дека нарачките на бургери го достигнуваат својот пик по работното време, додека чизбургерите и понатаму се најсигурниот избор, smash бургерите стануваат симбол на новата урбана бургер култура, која во топ три сендвичи го вбројува и бургерот со крцкаво пилешко. Според податоците на Wolt, Македонија во 2026 година сака бургери со многу карактер. Чизбургерите остануваат безвременски фаворит, smash бургерите се сè ...
Во услови кога цените на електричната енергија на европските берзи повторно покажуваат нестабилност, а компаниите сè потешко ги планираат своите оперативни трошоци, сигурноста и предвидливоста стануваат подеднакво важни како и самата цена. Токму затоа, ЕДС неодамна ја претстави својата нова понуда за компаниите – модел на снабдување со фиксна цена на електрична енергија во период од две години, што во моментов претставува единствена ваква ...
Бакарот ги продолжи загубите заедно со другите индустриски метали, откако САД извршија нови напади во Персискиот Залив, а договорот за завршување на војната со Иран сè уште останува недостижен. Основните метали се тргуваат во тесен опсег во последните недели, додека инвеститорите ги следат преговорите за завршување на конфликтот што ја поттикна инфлацијата и ги намали изгледите за глобален економски раст. Американските сили извршија ...
Добивај вести на Viber Во време кога брзината е новата вредност, а удобноста е новата потреба, ПроКредит Банка ја редефинира идејата за банкарството. Со лансирањето на новата мобилна апликација и кампањата „Таму кај што си“, ПроКредит Банка го поставува новиот стандард во дигиталното банкарство - брзо, едноставно и секогаш достапно. Сите услуги што порано бараа одење во филијала, сега можете да ги завршите од местото каде што се наоѓате - ...
Биткоинот падна на најниското ниво во повеќе од шест недели, бидејќи нервозата околу војната меѓу САД и Иран и одливите од американските фондови што се тргуваат на берза извршија притисок врз најголемата криптовалута. Биткоинот падна за дури 3,3 отсто на 72.643 долари во Сингапур во четвртокот, што е негово најслабо ниво од 13 април. Втората најголема валута, етер, падна за повеќе од 4 отсто на 1.965 долари, што е негово најниско ниво во ...
Добивај вести на Viber Новотоистражување „Алатка, играчкаилитројанскикоњ? ПогледотнагенерацијатаЗетконВИ“ откривадекамладитевоМакедонијајаприфаќаатвештачкатаинтелигенцијакакосекојдневнаалатка, бездајадоживувааткакозаменазачовечкатаблискостисопственоторасудување. КлучнатавредностнаоваистражувањеештоВИнесе разгледувасамокакотехнолошкитренд, тукукакоцентралнакултуролошкатема – отворајќипрашањазадовербата, човечноста, приватноста, ...
Добивај вести на Viber Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ од Ванчо Полазаревски ќе се одржат на 1 јуни (понеделник), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Настанот, на кој ќе биде награден добитникот на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го носи името на големата македонска ...
Европските компании во Кина стануваат пооптимистични во врска со нивните деловни перспективи, покажува ново истражување. Ова доаѓа во време кога Брисел се чини дека е подготвен да преземе мерки против растечкиот трговски дисбаланс со Пекинг, објави „Bloomberg“. Околу 35% од испитаниците изјавиле дека се оптимисти во врска со растот на нивниот сектор во Кина во следните две години, во споредба со рекордно ниските 29% во 2025-та година. ...
Истата таа институција предвидува раст од 2,3 отсто за САД и едвај 1,3 отсто за Европската Унија. Тоа значи се дека Израел според темпото на раст оваа година ќе ги надмине сите членки на Г7. Голдман Сакс е уште пооптимистичен: неговата прогноза е дека израелскиот БДП оваа година ќе порасне за 5,7 отсто. Банката на Израел, која на почетокот на април ја намали сопствената проекција за 1,4 процентни поени, и понатаму предвидува раст, и тоа од и ...
Ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран повторно ги потресе глобалните финансиски пазари, при што цената на нафтата нагло порасна, акциите забележаа висок пад, а инвеститорите се насочија кон безбедни засолништа како американскиот долар и благородните метали. Цената на суровата нафта „Брент“ скокна за 3,7 проценти и достигна 97,79 долари за барел, откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американска воздухопловна база и ...
По периодот на силен раст и рекордни вредности во текот на минатата година, среброто започна да бележи пад на цената на светските берзи, сигнализирајќи можна промена на трендот кај инвеститорите и индустриските пазари. Аналитичарите посочуваат дека скапоцениот метал, кој долго време важеше за „сигурно засолниште“ во време на економска неизвесност, сега се соочува со намалена побарувачка, стабилизација на инфлацијата и засилен интерес кон ...
Добивај вести на Viber Светот наскоро би можел да се соочи со болен недостиг на нафта и природен гас и да биде принуден драстично да ја намали потрошувачката, предупреди претседателката на Федералните резерви на Далас, Лори Логан. Поради војната меѓу САД, Израел и Иран, клучниот Ормутски теснец останува затворен, што се заканува со сериозни последици за глобалната економија, пишува Ројтерс. „Со оглед на екстремно ограниченото снабдување, ако ...
На почетокот на војната на Блискиот Исток, експертите и претставниците на индустријата предупредија дека затворањето на една од најважните светски бродски рути ќе предизвика сериозен недостиг на нафта, гас и други клучни суровини. Три месеци по почетокот на блокадата на Ормускиот теснец, овие предупредувања се остваруваат низ целиот свет, пишува „Њујорк тајмс“. Пред војната, низ теснецот се пренесувала околу една четвртина од светската сурова ...
Добивај вести на Viber ЈП „Национални шуми“ на крајот на 2025 година имало 1.413 вработени на неопределено време, но најважниот теренски дел од работата речиси целосно бил префрлен на надворешни изведувачи, покажуваат податоците од Извештајот за работењето за 2025 година, објавен на официјалната страница на претпријатието. Во документот се наведува дека сопствените работници учествувале со само 8,98 проценти во сечата, 8,49 проценти во ...
Добивај вести на Viber Преку огласи објавени на веб страната на Агенцијата за администрација Министерството за енергетика ќе пополнува 3 работни позиции. Но, тоа не е единственото, се бараат кандидати за работа и во Министерството за правда и Министерството за јавна администрација. Сепак најмногу внимание привлекуваат огласите за пополнување на работни места во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровинии. За таму се бараат ...
Добивај вести на Viber Иако системот EES, или системот за регистрација на влез и излез на шенгенските граници, беше помпезно најавен како решение што ќе ги забрза и олесни граничните премини, во пракса се покажа дека неговото функционирање оди многу побавно и со повеќе тешкотии отколку што првично беше планирано. Најголемите проблеми се евидентираат на надворешните граници на ЕУ, а меѓу најпогодените е Хрватска, која е главна транзитна рута ...
Пазарите реагираа со олеснување на сигналите дека САД и Иран се приближуваат до привремен договор што би можел повторно да го отвори Ормускиот теснец — еден од најважните енергетски коридори во светот. Според иранската државна телевизија, неофицијален нацрт на договорот предвидува поморскиот сообраќај низ теснецот да се врати во нормала во рок од еден месец по финализирањето на договорот. Веста веднаш се одрази врз цените на нафтата. Брент ...
Со симболичен чин на потпишување на гасоводните цевки од страна на претставници на Владата, меѓународните партнери и институциите вклучени во реализацијата, беше означен почетокот на изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција – стратешки енергетски проект со кој земјата добива нов правец во обезбедувањето на сигурно, стабилно, диверзифицирано и еколошки одржливо снабдување со природен гас, што има клучно значење за ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260.379.123,00 денари. Ова претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари. Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени ...