Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Добивај вести на Viber Видеолотарија Касинос Австрија и годинава ја потврдува својата посветеност кон младите и спортот, преку поддршка на јубилејното петто издание на „Спортски игри Велес 2026“, една од најзначајните младински спортски манифестации во земјава. Од 1 до 6 јуни, Градскиот парк во Велес повторно ќе биде центар на спортот, дружењето и позитивната енергија. Годинешното издание носи рекордни бројки и големи очекувања, повеќе од ...
Добивај вести на Viber Деновиве во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ започна инсталацијата на најсовремениот роботски систем Toumai™, со што болницата интензивно се подготвува за воведување роботска хирургија. Со оваа инвестиција, „Аџибадем Систина“ ќе стане првиот и единствен Центар за роботска хирургија во Македонија, Косово и Албанија, кој ќе овозможи изведување роботски асистирани хируршки интервенции. По завршувањето на ...
Цената на златото денес е 124 евра за грам или унца (31,1 грам) се тргува за 3.876 евра. Гледано наназад мај донесе уште еден силен месец за златото, кое остана меѓу најбараните инвестиции на светските пазари. Благородниот метал во најголемиот дел од месецот се тргуваше на историски високи нивоа, а цената на инвестициското злато се движеше над 100 евра за грам, потврдувајќи го интересот на инвеститорите за сигурни вложувања во време на ...
Русија го забрани извозот на гориво за авиони до крајот на ноември за да избегне недостиг дома откако Украина ги интензивираше нападите врз рафинериите во земјата. Одлуката, која ќе има мало влијание врз меѓународните пазари на гориво, доаѓа откако нападите со беспилотни летала врз рафинериите ја турнаа стапката на преработка на сурова нафта во Русија на најниско ниво за повеќе од 16 години. Во обид да го ограничи протокот на петродолари во ...
Европа се обидува да ги стигне САД и Кина во изградбата на центри за податоци кои се неопходни за развој на големи AI модели како што е „ChatGPT“, а технолошките компании ширум светот инвестираат стотици милијарди долари во компјутерска инфраструктура. Според пишувањето на Фајнаншл Тајмс, договорот е постигнат многу брзо по вечерата на францускиот претседател Емануел Макрон и основачот на „SoftBank“, Масајоши Сон, во Токио на почетокот на ...
Цените на нафтата пораснаа утрово поради неизвесноста околу изгледите за наоѓање решение за конфликтот на Блискиот Исток, при што суровата нафта Брент се искачи на 93,01 долари за барел. Фјучерсите за сурова нафта Брент за испорака во август на лондонската берза ICE Futures се тргуваа по 93,01 долари за барел, што е за 1,89 долари повеќе од претходното затворање. Фјучерсите за сурова нафта WTI во јули на електронската трговска сесија на ...
Европската централна банка повеќе не може да го набљудува инфлациското влијание на војната во Иран, бидејќи ценовните притисоци се шират надвор од енергетскиот сектор, а ризикот од несидрирани инфлациски очекувања се зголемува, според членката на Извршниот одбор, Изабел Шнабел. Штетата врз енергетската инфраструктура и глобалните синџири на снабдување веќе ја промени динамиката на цените на потраeн начин, што значи дека креаторите на ...
Добивај вести на Viber Минатиот месец, банкротираниот јапонски производител на автомобили Нисан објави дека ќе отпушти една десетина од својата работна сила во Европа и ќе се откаже од плановите за изградба на фабрика за делови во Велика Британија. Пред неколку недели, јапонскиот производител на автомобили Нисан објави дека ќе отпушти 900 работници во Европа како дел од својот голем план за консолидација и ревитализација наречен „Re:Nissan“. ...
Под мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, во Скопје денеска и утре ќе се одржува 9. Регионален форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Форумот ќе ги обедини носителите на политики, меѓународните организации, финансиските институции, приватниот сектор и граѓанското општество, со цел зајакнување на регионалната климатска соработка и отпорност. ...
Добивај вести на Viber Фабриката за чевли „Борово“ со децении е симбол на економскиот развој на Славонија, Хрватска и поранешна Југославија. Основана е во 1930-тите, страдала во две војни и промени во бизнисот, а денес произведува во скромни размери, барајќи нов деловен партнер. Во својот најславен период, фабриката „Борово“ вработувала околу 23.000 работници - денес ги има околу петстотини - и е 99,99 проценти во државна сопственост. ...
Добивај вести на Viber Акционерското друштво „Технокомерц“ преку информација доставена до Македонска берза потврди дека еден од објектите и земјиштето што му ги продал на интернационалниот малопродажен синџир „Лидл“ во Македонија чинел 1,5 милиони евра. Во ревизорскиот извештај доставен до Македонска берза се нагласува дека на „Лидл“ во јули 2025 му е продаден објект како недвижнина од 1.026 метри квадратни со земјишна површина од 2.056 метри ...
Фирмите со 0 вработени во Македонија свртеле речиси 95 милиони евра во 2025. Колку целата дејност сметководство и ревизија заедно. Во Македонија во 2025 година има 1.896 компании со 0 вработени што оствариле приходи. Во 2024 година биле 1.466 односно бројот пораснал за 29,3%. Но уште поинтересно е што овие компании не се само активни на хартија. Во 2025 година генерирале речиси 95 милиони евра приходи и околу 20 милиони евра добивка. ...
Повеќето од водечките криптовалути бележат пад на вредноста во последните 24 часа, при што инвеститорите се соочуваат со нов бран на продажби на дигиталните средства. Најголемата криптовалута во светот, Bitcoin, се тргуваше по цена од 73.490 долари, што претставува пад од 0,77 проценти. И покрај намалувањето, Bitcoin и натаму останува убедливо највредната криптовалута на пазарот. Ethereum, вториот најголем дигитален токен според пазарната ...
Добивај вести на Viber Војната на Блискиот Исток отстрани помеѓу 12 и 13 милиони барели нафта дневно од пазарот. Иако цените на нафтата се намалија во последните денови со надеж за можен договор меѓу САД и Иран, лидерите во енергетската индустрија предупредуваат дека пазарот сè уште не го почувствувал целосното влијание на тримесечниот конфликт што ги наруши глобалните текови на снабдување со енергија. Извршниот директор на „Шеврон“, Мајк ...
Добивај вести на Viber Откако се појави информација дека Иран бара неверојатни 2 милиони долари (околу 1,7 милиони евра) по брод за „безбеден премин“ низ Ормускиот теснец, светската јавност остана во шок. И додека големите сили и транспортните гиганти се бесни, се поставува едно клучно прашање - зошто Египет и Панама имаат право да наплаќаат за транзит низ нивните водни патишта, додека на Иран законски не му е дозволено да го стори тоа? ...
Минатата недела беше обележана со неколку рекорди. Американскиот индекс S&P 500 во петокот заврши на рекордни 7.580,06 индексни поени. Со најдобар завршен курс досега може да се пофали и технолошкиот индекс Nasdaq, кој неделата ја заврши на 26.972,62 поени. Но нивниот раст, и на дневно и на неделно ниво, не може да се спореди со јужнокорејскиот индекс Kospi. Тој продолжува да реди рекорди: само во петокот порасна за 3,55 проценти и ...
Податоците за имотната состојба на македонските политичари откриваат дека тие главно вложуваат во недвижности - станови, куќи, земјоделско, градежно земјиште... На пријавените анкетни листови има од сѐ по нешто. Љубители се и на автомобили, некои пријавиле и оружје, скапоцен накит, вредни уметнички дела. Најчесто штедат во банка, а најголем дел од нив има и долгови. Ние одлучивме да провериме кој од именуваните функционери вложува во хартии ...
Сè уште не е јасно каков протокол ФИФА ќе применува во врска со екстремните горештини на претстојното Светско првенство во САД, Мексико и Канада. Засега организацијата најави пауза за хидратација од три минути во секое полувреме, без оглед на температурата. За време на минатогодишното клупско Светско првенство, ФИФА дозволи дополнителни паузи за разладување само кога температурата на термометарот достигнуваше 28 Целзиусови степени, и тоа по ...
Во периодот јануари – март годинава во државава запишани се 2 472 хипотеки врз недвижностите со вкупна вредност од 246.365.356 евра и 5.923.616.828 денари. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во јануари се запишани 619 хипотеки, во февруари 849, а во март 1004. Во Центарот за катастар на недвижности Скопје во првиот квартал годинава се запишани 1318 хипотеки во вредност од 125 707 841 евра и 3 217 079 946 ...
По повеќегодишниот ценовен бум на пазарот на недвижности, во Скопје сè погласно се зборува за почеток на пресврт. Агенциите за недвижности и аналитичарите забележуваат забавување на пазарот, а на одредени локации веќе се регистрира и корекција на цените на станбениот квадрат. Но, уште позначаен од падот на цените е падот на побарувачката. Сè помал број граѓани се одлучуваат за купување стан, додека голем дел од потенцијалните купувачи ја ...
Форумот се одржа под слоганот „Изградба на екосистем за интелигентно производство за забрзување на новата индустриска револуција“, а фокусот беше ставен на области како што се паметното производство, вештачката интелигенција, зелената транзиција, дигиталната инфраструктура и енергетската електроника. Меѓу компаниите кои веќе остваруваат конкретни резултати преку соработката во рамките на БРИКС е кинеска фирма која произведува материјали од ...
На Волстрит минатата недела индексот Dow Jones зајакна за 0,89 отсто, достигнувајќи нов рекорд од 51.032 поени, додека S&P 500 порасна за 1,4 отсто, на 7.580 поени, а Nasdaq за 2,4 отсто, на 26.972 поени. Сите овие индекси достигнаа нови рекордни нивоа по вестите дека САД и Иран договараат договор за продолжување на примирјето за 60 дена и последователниот пад на цените на нафтата на светските пазари на приближно 90 долари по барел. И во ...
Врховниот суд на САД претходно пресуди дека претседателот Доналд Трамп немал уставно овластување да воведе повисоки увозни давачки за стоки од речиси сите други земји. По таа одлука, компаниите почнаа да добиваат поврат на парите преку системот со кој управува американската Царинска и гранична заштита (CBP), но целиот процес сега би можел да биде забавен поради најавената жалба на администрацијата. Од нашата мрежа Атаман започна психолошка ...
Македонците сè почесто се определуваат за брзи и модерни начини на плаќање. Податоците од Народната банка покажуваат дека дури 71,7 % од електронските кредитни трансфери се направени преку мобилни уреди. Така, лани, во земјава биле реализирани 249 милиони безготовински плаќања што е пораст на трансакциите од 7,1 % во споредба со 2024 година. Притоа, биле реализирани плаќања во вредност од 9,72 милијарди денари, што е пораст од 36,4 % на ...
Македонските работници, во 2025 година, работеле во просек 39,5 часа неделно, што е значително повеќе од европскиот просек од 35,9 часа, покажуваат податоците на „Евростат“. Синдикатите оценуваат дека бројките се доказ за високата продуктивност и посветеност на работниците, но предупредуваат дека трудот и натаму не е соодветно платен Работниците во Македонија, во 2025 година, во просек, работеле по 39,5 часа неделно, што е значително над ...
Според наводите на агенцијата, евентуалното замрзнување би значело фиксирање на цената на нејзиното моментално ниво. „Другите опции кои се разгледуваат вклучуваат прекин на динамичкото и автоматското зголемување на цените на горивата до крајот на оваа година, како и ограничување на цената на 60 долари по барел, што одговара на максималното ниво кое претходно го утврди групата Г7“, открија за „Блумберг“ неименувани извори кои се добро ...
Како компаниите да се справат со последиците од кризата на Блискиот Исток По избувнувањето на конфликтот на Блискиот Исток, глобалната економска слика драстично се промени. Наспроти дотогашното забрзано темпо на раст на глобалната економија, по избувнувањето на војната, состојбите драстично се променија. Со почетокот на оваа војна, светот влезе во едно од најголемите енергетски нарушувања во поновата историја, но исто така доаѓа неколку ...
Во април оваа година, цените на горивата во земјите во Европската Унија се зголемија за 20,8 проценти во споредба со истиот месец во 2025 година, покажуваат новите податоци на Евростат. Ова претставува продолжување на растот на цените на горивата по зголемувањето од 12,9 проценти забележано во март во споредба со истиот месец минатата година. До февруари 2026 година, цените на горивата и мазивата беа претежно во пад, како на ниво на просекот ...
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите за 2 денари на нафтените деривати до 15 јуни. Истовремено, како резултат на директните преговори со најголемиот домашен снабдувач „ОКТА“, обезбеден е дополнителен попуст од 2 денари по литар, кој стапува на сила од утре (понеделник, 1 јуни). Со комбинирањето на овие две мерки, се очекува значително поевтинување на горивата на бензинските пумпи ...
Кина предупреди дека „решително“ ќе возврати доколку Европската Унија продолжи со нови рестриктивни трговски мерки, по дискусијата на Европската комисија за политиката кон Кина на 29 мај. „Доколку ЕУ инсистира на еднострано воведување нови трговски инструменти и наметнување дискриминаторски ограничувања, Кина решително ќе преземе контрамерки и ќе усвои ефикасни постапки за заштита на сопствените интереси“, се вели во соопштението на ...