Последните три години беа најтоплите од почетокот на мерењата, а зголемувањето на температурите и сè почестите топлотни бранови силно ја зголемуваат потребата од климатизација, пишува Euronews. Потрошувачката на енергија за ладење во домаќинствата во Европската Унија се дуплираше за само шест години. Според програмата Коперник, јуни 2026 година беше најтоплиот јуни досега во Западна Европа и вториот најтопол глобално. Трите најжешки години ...

Кремљ смета дека проблемите со кои се соочува руската економија не се критични и порачува дека севкупната макроекономска состојба останува стабилна, изјави портпаролот Дмитриј Песков. „Тешкотиите им се познати на сите, но не се такви што би ја загрозиле стабилноста. Владата и претседателот редовно ја анализираат состојбата и преземаат мерки за нејзино подобрување“, рече Песков. Од нашата мрежа Чурлиновска (20) се пензионираше: Верував дека ...

Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно нема да ги промени каматните стапки следната недела, а зголемувањето се очекува во септември, според анкетата на Блумберг меѓу економистите. Сите учесници во анкетата очекуваат ЕЦБ да ги задржи трошоците за позајмување непроменети на состанокот следниот четврток, при што повеќето предвидуваат зголемување од 25 базични поени на депозитната стапка на 2,5 проценти во септември. Централната банка потоа ...

Жештините во Грција веќе не се само непријатност за граѓаните туку стануваат и сериозен товар за домаќинствата и за економијата. Сè потоплите лета ги тераат луѓето сè почесто да ги вклучуваат клима-уредите, а тоа значи и драстично поголема потрошувачка на струја. Според податоците на „Евростат“, објавени од грчкиот весник „Катимерини“, енергијата што ја трошат Грците за ладење на домовите речиси двојно се зголемила во споредба со пред неколку ...

Инфлацијата во Македонија ќе се намалува побавно од претходните очекувања, додека економскиот пораст се очекува да продолжи со умерено темпо, покажува најновата анкета на Народната банка меѓу економските аналитичари. Според прогнозите, инфлацијата во 2026 година се очекува да изнесува 4,2 отсто, што е повисоко од претходно очекуваните 3,6 проценти. За 2027 година се предвидува намалување на 3,4 отсто, а во 2028 година на 2,9 проценти. Како ...

Годишната инфлација во Еврозоната се намали во јуни од мајските 3,2 проценти на 2,8 проценти, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Евростат. Забавувањето на инфлацијата е првенствено резултат на послабиот скок на цените на енергијата, кои се зголемија за 8,5 проценти на годишна основа во јуни, значително побавно од растот од 10,8 проценти во мај. Во услужниот сектор на Еврозоната, растот на цените исто така забави ...

Социјалната мрежа „Truth Social“, која е во сопственост на „Trump Media & Technology Group (DJT)“, најави дека ќе почне да им продава на компаниите од Волстрит побрз пристап до објавите на претседателот Доналд Трамп. Неговите пораки од оваа платформа, која стана клучно место за објавување политички одлуки, често влијаат врз движењата на пазарите, од акции до нафта, пишува „Си-Ен-Ен“. Од нашата мрежа Геиџи не сака реванш со Пади Пимблет: ...

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 17 јули 2026 изнесува 156,65 евра за мегават час, на МЕМО 141,76 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 16 јули 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 156,65 евра/mwh, додека на MEMO цената е 141,76 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power ...

Идеја има речиси секој. Некој сака мала работилница, друг онлајн продавница, трет кафуле, фарма, погон за преработка или услуга што ќе ја работи од дома. Но кога ќе се спомнат државни пари, грантови и јавни повици, многумина веднаш се откажуваат. „Тоа не е за мене“, велат. А токму таму често почнува проблемот. Парите постојат, но не се земаат со муабет. Се земаат со план, документи, рокови и чиста сметка. Во Македонија најчесто се бара ...

Добивај вести на Viber Со години, "премиум" значеше бројка. Повеќе мегапиксели, повеќе гигахерци, поголем зум, поголема батерија од минатогодишниот модел. Производителите се натпреваруваа со тоа да ја зголемат таа бројка, а потрошувачите научија да купуваат според неа, дури и кога повеќето луѓе никогаш не се приближија до користење на она што го ветуваше спецификацијата. Телефон со најголемата бројка на хартија изгледаше како најсигурен, ...

Намалувањето на инфлацијата во еден месец не е доволен економски показател да се заклучи дека ризикот од ценовни шокови е поминат изјави за „Локално“ професорот и економски аналитичар Абил Бауш. Според него, Владата мора да биде подготвена со јасни механизми за брза реакција доколку повторно дојде до нагло поскапување. Вчера министерот за економија Бесар Дурмиши изјави дека на состанокот на социоекономскиот совет не разговарале за можни мерки ...

Добивај вести на Viber Полисата за приватно здравствено осигурување е една од оние работи за кои ретко размислуваме додека сè е во ред. Го одложуваме за „некогаш подоцна“, убедени дека здравјето секогаш ќе биде на наша страна. Но животот има навика да нè изненади токму тогаш кога најмалку очекуваме. Секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација кога морал долго да чека термин, да одложи преглед или да се грижи дали непланираниот медицински ...

Предупредувањата „може да содржи кикирики“, „може да содржи траги од млеко“ или „може да содржи јаткасти плодови“ наскоро повеќе нема да можат да се ставаат автоматски на прехранбените производи. Наместо тоа, производителите ќе мора да се потрудат да произведуваат без да ја загадуваат храната со алергени при производство или научно да докажат дека навистина постои ризик од случајно присуство на алерген пред да користат вакво предупредување. ...

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека преку системот СЕПА можат да вршат побрзи, побезбедни и поекономични плаќања при соработка со партнери од Европа. Од банката посочуваат дека СЕПА (Единствена област за плаќања во евра) овозможува едноставно испраќање и примање средства, со пониски трошоци и поголема ефикасност при меѓународните трансакции. „Кога соработуваш со партнери од Европа, потребно е да знаеш дека имаш ...

Цените на нафтата денеска пораснаа откако САД и Иран ги засилија меѓусебните напади во Персискиот Залив, додека нарушеното примирје го ограничува протокот на нафта низ Ормуски теснец. Фјучерсите за нафтата од типот „брент“ пораснаа за 70 центи, односно за 0,83 отсто, на 84,93 долари по барел, додека американската лесна нафта (WTI) поскапе за 81 цент, односно за 1,03 отсто, на 79,76 долари по барел, со што се надоместени загубите од ...

Иако во последните години бројот на жаришта кај домашните свињи е намален, африканската свинска чума (АСЧ) и натаму претставува една од најголемите закани за македонското свињарство. Болеста, за која нема лек ниту вакцина, предизвика огромни економски штети, нарушување на домашното производство и сериозни последици врз ловството. Во изјава за „Локално“, професорот Владо Вуковиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ предупредува ...

Пред триесетина години, речиси секое семејство во регионот имаше некого кој заминал „на печалба“. Германија, Австрија, Швајцарија и Италија беа главните дестинации за работниците од земјите на поранешна Југославија, кои бараа повисоки примања, поголема сигурност и подобар животен стандард. За Македонија такви земји беа и САД и Австралија. Денес, државите од поранешна Југославија, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со парадокс: повеќе ...

Продавачите на пченки и крофни се суштински дел од летната сцена на плажите низ Грција. Додека туристите уживаат во морето, многумина без размислување трошат неколку евра за освежување или грицки, а често се поставува прашањето – колку всушност заработуваат оние што ги продаваат? Цената на варената пченка во популарните грчки летни одморалишта оваа сезона генерално се движи од две до четири евра по кочан, додека на некои плажи се продава за ...

Почнувајќи од јулската плата започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Оваа одлука внесе паника меѓу вработените, кои се исплашија дека ќе им се намали платата, дека ќе имаат помалку права во јавното здравтсво, но и недоумницата што во иднина ќе се случува со пензиите, со оглед на менување на ставката за издвојување средства за пензиското осигурување. Иако на прв поглед изгледа ...

Казната на „Гугл“ од 4,6 милијарди евра ќе заврши во буџетот на Европската Унија и ќе им помогне на државите членки да покријат дел од потребите за 2026 година, потврди официјален претставник на Европската комисија за „Политико“. Станува збор за казна што Европската комисија му ја изрече на „Гугл“ во 2018 година поради прекршување на правилата за пазарна конкуренција поврзани со Android. Судот на ЕУ на почетокот на јули ја одби жалбата на ...

Добивај вести на Viber Српската влада вчера донесе одлука за привремено намалување на износот на акцизата за нафтените деривати, што подразбира дополнително намалување на акцизата за вкупно 20 проценти. Одлуката е една од мерките насочени кон зачувување на стабилноста на снабдувањето и заштита на домашниот пазар од негативните последици од нарушувањата во меѓународните текови, објави владата на Србија. Добивај вести на Viber Српската ...

Владата предлага измени на Законот за супервизија на осигурување со кои се врши усогласување на законските одредби со Законот за трговските друштва и Законот за работните односи, во делот што се однесува на статусот на членовите на органите на управување во осигурителните друштва. Со предложеното законско решение се менува членот 23 од Законот, така што досегашниот услов членовите на органот на управување да бидат „во постојан работен однос“ ...

Повеќето луѓе мислат дека за мирна пензија е доволно да примаат државна пензија. Но реалноста е поинаква. Животниот век се продолжува, трошоците растат, а инфлацијата секоја година ја намалува вредноста на парите. Затоа финансиските советници сè почесто препорачуваат секој човек да создава сопствена финансиска резерва уште додека работи. Прашањето е едноставно: Колку пари навистина ви се потребни? Колку трошите месечно? Одговорот не зависи од ...

Да претпоставиме дека денес добивате 1 милион денари. Тоа се околу 16.300 евра. Прашањето што многумина би си го поставиле е едноставно: Каде е најпаметно да ги вложите? Дали да ги оставите во банка, да купите стан, да инвестирате во акции, во злато или можеби нешто сосема друго? Не постои едно решение што е најдобро за сите, но секоја опција има свои предности и ризици. Банкарски депозит Ова е најбезбедната варијанта. Доколку средствата ги ...

Рекордните температури и продолжените суши во италијанскиот регион Емилија-Ромања го загрозуваат производството на млеко, ги зголемуваат трошоците за земјоделците и ја доведуваат во прашање иднината на индустријата вредна дури 4,5 милијарди евра. Во последниве години, производителите сè повеќе се борат со екстремни временски услови. Додека во минатото шталите се ладеа само во текот на ноќта, денес вентилацијата мора да работи континуирано – ...

Акциите паднаа, испраќајќи ги технолошките показатели на најлошиот ден од откривањето на американските тарифи во април минатата година, бидејќи инвеститорите се откажаа од технолошките акции, продлабочувајќи ја распродажбата кај производителите на чипови по нивниот жесток раст оваа година. Јапонскиот индекс Nikkei 225 падна за дури 6,2 проценти, а тајванскиот индекс Taiex се лизна за 6,5 проценти, оставајќи ги двата референтни индекси на ...

Европската централна банка мора внимателно да ја води монетарната политика за да ја задржи инфлацијата под контрола, без дополнително да го забави економскиот раст, оцени гувернерот на Банката на Италија и член на Управниот совет на ЕЦБ, Фабио Панета. Тој предупреди и дека финансиските пазари можеби ги потценуваат ризиците што произлегуваат од високите цени на енергијата и геополитичките тензии. Панета изјави дека Европската централна банка ...

Германската влада нема да го спречува спојувањето или преземањето на Комерцбанк од страна на италијанската УниКредит, но не го поддржува начинот на кој се одвива процесот, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Не го спречуваме ова спојување или преземање, ниту некогаш сме се обиделе да го направиме тоа. Само велевме дека начинот на кој Комерцбанк стана цел на преземање ја нема нашата поддршка“, рече Мерц. УниКредит минатата недела ...

Акциите паднаа во четвртокот, бидејќи распродажбата на технолошките акции засени низа солидни извештаи за заработка. S&P 500 последен пат беше во пад од 0,8%, додека Nasdaq Composite изгуби 1,7%, бидејќи главните технолошки индекси се бореа со слабоста на полупроводниците. Индустрискиот просек Dow Jones изгуби 249 поени, или 0,5%. Акциите за чипови паднаа откако Taiwan Semiconductor објави зголемување на својата прогноза за трошење, што ...

Добивај вести на Viber Со фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година. Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1026
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
70%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
69%
1028
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.09
80%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
53%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
100%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
94%
1025
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.12
75%
1028
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
77%
1027
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
62%
1029
Currency

61.529

Currency

54.968

Currency

73.721

Currency

37.959

Currency

39.127

Currency

67.205

Currency

8.248

Currency

0.67132

Currency

0.34734

Currency

0.52298

Currency

1.0967

Currency

0.58474

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Иридиум

321507.47

Сребро

1666.05

Рутениум

61086.42