На 06.11.2025 /четврток/ со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на Марјан Стојаноски – Асоцијативни апстракции. Се работи за циклус од дваесеттина слики работен во последните две години. Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште „Лазар Личеноски” во Скопје. После завршување на средно образование, се ...

„Има ли пилот во песната“ е новата песна на „Нокаут“, за која бендот сними анимиран спот изработен со вештачка интелигенција. „Инспирацијата за ‘Има ли пилот во песната’ се роди сосема спонтано, по еден разговор со мојот пријател, научникот Никола Стиков, за вештачката интелигенција, што може машината, што може човекот и што можат заедно да создадат кога ќе се сретнат во истата креативна точка, било тоа да е музика, уметност или инспирација ...

Известување за промоција и изложба на новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески – „Синхроницитети – Чувари на приказната“, што ќе се одржи на 05 ноември (среда) во 19:00 часот во галеријата Метаноја. „Синхроницитети – Чувари на приказната“ е друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот ...

Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава. По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. -Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број настани се одржуваат во Јапонија ...

Атина, 2 ноември 2025 (МИА) Сања РИСТОВСКА – дописничка на МИА од Атина - Во натпреварувачкиот дел „Запознајте ги соседите“ („Meet the Neighbors“) на Филмскиот фестивал во Солун во среда премиерно ќе биде прикажан филмот „Ритам на животот“, плод на соработката на продукциски куќи од неколку земји, меѓу кои и нашата, а режисерката и ко-сценаристка Америса Баста во разговор со дописничката на МИА од Атина вели дека наградите се секогаш ...

Скопје, 3 ноември 2025 (МИА) - На Факултетот за драмски уметности (ФДУ) - Скопје од 5 до 8 ноември ќе се одржат Студентските средби „Скомрахи“ со учество на студенти од повеќе европски драмски академии. -Под мотото „Друг свет“, тие својата креативност, идеи и енергија ќе ја престават на Академската сцена на ФДУ, во Драмскиот и во Албанскиот театар. Публиката ќе има единствена можност да види театарски претстави на студенти од Белгија, ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Идентитески паралели“ на Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска. Изложбата е дел од настанот „Уметник во престој“ организиран во рамки на европскиот проект Креарт што се одржува во КИЦ шеста година по ред, а е финансирана од Град Скопје. Лудовико Елиа Персич и Ана Трајковска го претставуваат сопствениот интимистички и длабоко промислен творечки концепт преку неколку ...

Во чест на Денот на ослободувањето на Битола, 4 ноември, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со Македонското научно друштво – Битола, Cultural Connection, Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Бабам Битола, организираат отворање на изложбата „Битолска меморија“. Изложбата е посветена на архитектонските приказни на Битола. И преку книги, периодични списанија, фотографии и ...

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Управата за водење на матични книги, Министерството за дигитална трансформација и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, започна пилот-иницијатива за обезбедување бесплатна правна помош. Помош преку мобилни тимови кои ќе функционираат во Скопје, Битола и Штип. Мобилните тимови ќе бидат достапни во подрачните канцеларии на Управата за водење на матични книги. Таму граѓаните ќе можат ...

„Културата е знак дека нешто постоело и ќе постои. Ама 25 години јубилеј не е малку“, напиша Индог, додавајќи дека е особено трогнат што групата издава специјално винил-издание во чест на јубилејот. Тој им упати искрени честитки на членовите на „Ареа“ и благодарност до Avalon International Booking, кои го изненадиле со син винил со најголемите хитови на бендот. „Текстовите и гласот на Ружица се навистина посебни – нескромно ќе кажам, нашата ...

Мјузиклот „Nebo je malo za sve“ посветен на познатиот југословенски рок бенд од Ниш – „Кербер“, премиерно ќе биде прикажан на 19 ноември во Народниот театар во Ниш. Мјузиклот ќе ја донесе енергијата на оваа музика, духот на 1980-тите и 1990-тите, сликата на Ниш во тоа време, но и емотивна љубовна приказна. Мјузиклот е именуван по песната „Nebo je malo za sve“ од 1983 година, а е создаден врз основа на идејата на писателот Милош Петковиќ, ...

Солун – Големата ѕвезда на европскиот и светскиот филм, Французинката Изабел Ипер ( беше гостинка и на „Браќа Манаки“ во Битола во 2013 година) ги отфрли сите сугестии дека е склона кон донесување смели уметнички избори, кажувајќи им на членовите на печатот во понеделник на Филмскиот фестивал во Солун дека „не е доволно храбра да преземе какви било ризици“. „Работата со сите луѓе со кои работев не беше за преземање ризици. Беше многу ...

На 5 ноември со почеток во 19 часот во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола ќе се одржи концертот „Промузика“. Настапува водечкиот оперски драмски сопран во Македонија, Весна Ѓиновска Илкова во пијано придружба на Кристина Светиева. Весна Ѓиновска Илкова е водечки оперски драмски сопран во Македонија,и Македонската Опера во последните 25 години,певица со софистицирано пијано, беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма ...

Од 25 до 30 ноември во Јајце, БиХ, каде на 29 и 30 ноември 1943 година се одржа Второто заседание на АВНОЈ, ќе се одржува АВНОЈ Фест. Создаден врз основа на традицијата на АВНОЈ, преку различни уметнички форми ќе ги потврдува вредностите на антифашизмот, толеранцијата и мирот. Оваа година, фестивалот носи различна културна содржина а настанот што привлече најголемо внимание е концертот на словенечкиот бенд „Лајбах“, насловен како „Четвртата ...

Општина Штип ги објави добитниците на традиционалните Осмоноемвриски признанија, што секоја година се доделуваат на Денот на ослободувањето на градот, 8-ми Ноември. Оваа година ќе бидат доделени 18 признанија на поединци, институции и организации, заслужни за афирмација на Штип. На листата се уметници, актери, средношколци, спортисти, граѓански организации. Прва на листата е Клиничката болница за професионалниот ангажман и брзата реакција во ...

Мадрид ќе инвестира 1,5 милиони евра во новиот филм на Вуди Ален под еден услов: мора да се снима во шпанскиот главен град и насловот да го содржи зборот Мадрид. Според договорот што го објавија општинските власти, фондот од 1,5 милиони евра треба да се исплати во три фази: 150.000 во 2025, 600.000 во 2026 и 750.000 долари во 2027. Филмот сѐ уште има работен наслов „Wasp 2026“, што се смета за акроним за „Летниот проект на Вуди Ален“ (Woody ...

Во текот на 2026 Павловски се надева да го заврши и објави својот 25-ти роман „Ебиспо Ивошкин, нашиот херој кај Америте“. Божин Павловски е автор на 24 романи кои освоиле шест меѓународни признанија, вклучувајќи ја престижната Интербалканска награда за книжевност во Грција, како и бројни национални награди, вклучувајќи ја наградата 11 Октомври за животно дело во уметноста. Од 1965 година до своето заминување во јужната хемисфера во 1988 ...

Екатерина Лазаревска е млада актерка која својата професионална патека ја гради во Софија, дел од независната театарска сцена што последниве години пулсира со свежа енергија и авторски дух. Родена во Македонија, но оформена во Бугарија, таа ја гледа својата уметничка приказна како спој на две култури – искрено, без комплекс, без поделби. Во нејзиниот глас се чувствува љубовта кон професијата, јасноста на мислата и зрелата свесност дека ...

Центар за култура – Битола го најавува 17 издание на Фестивалот на музика од светот кој ќе се одржува од 27 ноември до 1 декември во Центар за култура и Народен Театар – Битола. На 30 ноември во Битола доаѓаат „Koza Mostra“ – еден од највлијателните и најпознатите грчки бендови на изминатата деценија! Својот меѓународен пробив го направија на Евровизија 2013 со хитот „Alcohol is Free“, кој денес има повеќе од 12 милиони прегледи на YouTube. ...

– Со своите раскошни таленти, Бобана ќе ни биде зачетокот на новата генерација Фриди. Очекувам од наредната сезона, благодарение на таа страст за сцената и на талентот за пеење што го има, да направиме уште една група млади Фриди на кои сцената ќе им биде природна средина, посочи по концертот Сузана Турунџиева, основач, раководител и диригент на хорот со кој завчеравечер во Музејот на македонската борба за самостојност настапи и младата ...

Занемарување на статусот на македонскиот јазик како службен јазик на државата. Вака од Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, во писмен допис до јавноста реагираат на укажувањата од колеги од сродни здруженија во регионот, дека наши официјални претставници на регионални или меѓународни конференции, работилници и други настани, не барале превод на македонски, туку користеле толкување од српски јазик. А, кога се обраќале пред ...

На 5 ноември со почеток во 19 часот во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков’ – Прилеп, ќе се претстави дуото на две афирмирани изведувачи – Кети Петреска – хармоника и Христина Никоска Тасеска – пијано. Вечерта ќе биде посветена на музичка филмска литература, со внимателно избрани камерни автори и композитори од поновите епохи – Маријанели, Хачатуријан, Галијано, Тирсен и други. Иако двете изведувачки делуваат и како педагози и ...

Оваа година, во чест на 81 година постоење на Народниот театар Битола, на сцената на театарот, оживуваат вечните дела на Вилијам Шекспир – во интернационален театарски дух и со врвни продукции од Македонија и светот. Роденденот Битолскиот театар го слави со премиера и 11. издание на Битола Шекспир фестивалот кој се отвора со премиера на „Макбет” – НУ Народен театар Битола, Македонија. Од 14. до 21. ноември публиката ќе има можност да ужива во ...

03/11/2025 02:26 - МРТ - +1

Дејството се одвива во Хамилтон во 1954 година. Приказната го следи Ралф Вокер, кој ги надминува очекувањата на сите освен на себе, во обид да го истрча Бостонскиот маратон. Ралф има 14 години и нема татко, а мајка му е тешко болна. Таа знае дека нејзиниот син е темпирана бомба подготвена да експлодира во нешто големо, но не се знае во што ќе се манифестира таа големина. Несакана случка во јавен базен ненамерно го свртува на тој пат кога ...

Дејвид и Миа се среќаваат на одмор на остров во Пацификот и по виорната романса се согласуваат да се венчаат. Дејвид се враќа во Лондон, ги собира своите тројца најдобри пријатели за да ги споделат должности на кумови и се упатува во Австралија. Но, прославата на бурното додворување е загрозена од неговите најдобри другари кои бегаат од џет-легот, бидејќи тие предизвикуваа низа компромитирачки ситуации за младоженецот. Подвизите на ...

03/11/2025 02:26 - МРТ

Во 1940 година, за време на Втората светска војна, по инвазијата на Полска и падот на Франција, пилотите на полските воздухопловни сили избегале во Обединетото Кралство, каде што се придружиле на Кралските воздухопловни сили. Тие стануваат членови на новоформираната Ескадрила бр. 303, полската ескадрила, која учествува во Битката за Британија против нацистичка Германија Луфтвафе. Првично, британските офицери се неподготвени кон полските ...

Гилберт Грејп е млад човек кој живее во прилично изолирано место со само илјада жители, каде сите се познаваат, па сосема нормално го прифаќаат неговото необично семејство, кое веројатно би било целосно изолирано на друго место. По самоубиството на неговиот татко, тој всушност ја презема новата улога. Мајката Бони, поранешна убавица, сега има над двесте килограми и со години не излегува од дома, нејзината постара сестра е домаќинка, а ...

Само час и половина по затворањето на гласачките места, Стевчо Јакимовски им се заблагодари на насобраните поддржувачи во изборниот штаб на булеварот Партизански одреди, и по триесетина емотивни прегратки замина кон уличките во Тафталиџе. Со тоа заврши неговиот четврти мандат како градоначалник на скопската Општина Карпош. „Владејачката партија го доби Карпош. Сега таа ја има речиси целата локална самоуправа во главниот град. Нека им е со ...

Утре од печат ќе излезе стихозбирката „Таму каде што не сме“ од Георги Господинов, како 12 книга во едицијата „Поеза“ на „ИЛИ-ИЛИ“. Како што информираат од оваа издавачка куќа по шесте прозни изданија и една детска книга, ова е првата стихозбирка на скопската издавачка куќа од популарниот писател во препев на Никола Маџиров, а нејзиното објавување е поддржано од „Традуки“ и Министерството за култура. Георги Господинов е еден од ...

„КОСА: Порои на бес“ е црна комедија што го истражува парадоксот на современиот човек сместена меѓу стенд-ап и исповед. Оваа монодрама ги отвора прашањата за токсичната машкост, социјалната надмоќ и невидливите механизми на агресијата што ја обликуваат нашата секојдневност. Бојан Кирковски актерски отсликува серија на живописни и контрастни ликови – од скитници до милионери – претставата создава колаж од гласови кои, секој на свој начин, се ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
82%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / -1ᴼ
2.06
89%
1022
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
75%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
0.61
95%
1023
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
4.63
97%
1023
weather icon

Атина

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
73%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
1.54
89%
1023
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
7.2
75%
1024
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.4461

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Цинк

3.15

Калај

48.40

Родиум

318292.39

Платина

74245.83

Злато

147673.55

Рутениум

44946.74

Паладиум

57839.19

Иридиум

174307.10

Алуминиум

3.17

Бакар

12.02

Кобалт

59.52

Сребро

2756.60