Хуманитарен концерт со песни на групата „ДНК“ посветен на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одржи на 29 февруари во Диселдорф, Германија. Песни од „ДНК“ ќе пеат Ламбе Алабаковски (фото), Андријана Јаневска, Елена Андоновска и Тина Русева. „Лани во февруари го прославивме Свети Трифун со ‘ДНК’ и Андријана Јаневска и ја имавме најдобрата урбана забава што можевме да ја посакаме во нашава дијаспора, ...

Филмот ја раскажува приказната за еден млад човек кој се обидува да ја надмине својата зависност што го спречува да ги оствари своите соништа. Фехми е млад човек кој живее во сиромашна населба Карачинар, една од опасните населби во Истанбул. Тој сонува за рап музика. Сепак, неговата зависност од ефтината дрогата „бонсаи“ го спречува да го оствари својот сон. Додека се бори да се ослободи од својата зависност, Фехми се вљубува во Деврин, ...

Охрид, 5. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – По минатонеделната премиера, претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во адаптација и режија на Андреј Цветановски вечерва е на репертоарот на Народен театар Охрид. Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ – Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре. „Парите се отепувачка“ е ...

Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ. Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и ...

Седмото издание на рок фестивалот Андерфест ќе се одржи на 7 ноември во Младински културен центар во Скопје. Најавени се настапите на седум бендови и музичари од современата македонска алтернативна музичка сцена. Оваа година, на Андерфест ќе можат да се слушнат „Лост ин ревери“, „Аудиоцигла“, Димиш, „Занаду“, „Деменси“, „Големата вода“ и „Новиот почеток“ (фото), со што ќе бидат опфатени повеќе музички стилови. Организаторите најавуваат уште ...

Во Драмски започнаа пробите за новата хит комедија, информираат на социјалните мрежи од Драмски театар. „БОЛВА В УВО“ автор: Жорж Фејдо режија и адаптација: Синиша Ефтимов сценограф: Мартин Манев костимограф: Раде Василев лектор: Тодорка Балова Улоги: Дениз Абдула, Ања Митиќ, Марјан Наумов, Лазар Христов, Игор Стојчевски, Стефан Вујисиќ, Нина Елзесер, Златко Митрески, Рубенс Муратовски, Катерина Шехтанска, Томислав Давидовски, Јована Спасиќ, ...

Агенцијата за филм на Република Македонија учествуваше на Генералното собрание на EFAD (European Film Agency Directors Association), што се одржа во Копенхаген, Данска. Настанот ги собра директорите на националните филмски агенции од цела Европа, со цел размена на искуства, идеи и добри практики за развој и унапредување на европската филмска индустрија. Во рамките на собранието, директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски имаше свое ...

„Андерфест“, еден од најпрепознатливите алтернативни рок фестивали кај нас, ја најавѝ програмата за своето седмо издание! Настанот ќе се одржи во петок на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а и ова издание ветува вечер исполнета со моќна енергија, автентична музика и врвни настапи. „Андерфест“ со годините изгради статус на фестивал што ги спојува најдобрите имиња од домашната алтернативна сцена, создавајќи уникатно ...

Тројца Македонци победија на финалето на Top Model Europe Balkans Престижниот натпревар Top Model Europe Balkans се одржа на 26 октомври во хотел Moskva во Белград, во сјајна атмосфера каде што се собраа бројни личности од светот на модата, медиумите и телевизијата. Овој настан од висок ранг ги обедини најдобрите таленти од целиот Балкан во една вечер исполнета со гламур, елеганција и креативност. Вечерта започна со модна ревија на ...

На 10 Ноември во 19 часот во Ликовниот салон при Народниот музеј Велес, ќе биде претставена изложбата насловена „Порцеланови луѓе-Развој на индустрискиот дизајн во фабриката за порцелан „Борис Кидрич“ Титов Велес-1954-2003“. Изложбата е резултат од истоимениот истражувачки проект спроведен во текот на изминатата година од авторите Јасминка Намичева, Филип Фидановски, Јасмина Дамјановска, Екатерина Намичева Тодоровска, соработник Ангел ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје известува дека во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ ќе се одржи солистички рецитал за баритон и пијано насловен „Звуци на срцето и душата“ утревечер, 6 ноември, четврток, со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). На рециталот ќе настапат Берислав Јерковиќ (баритон) и Ана Дадиќ (пијано) од Хрватска. Берислав Јерковиќ – баритон Берислав Јерковиќ е ...

Фото: Арбнора Мемети Фото изложбата „Стигнавме ли веќе: Кои се патоказите кон ЕУ?“, ќе биде отворена в четврток, 6.11.2025 година, во 19 часот во Мултимедијалниот центар „Мала станица“. Триесет млади фотографи (18-30 години) од целиот Западен Балкан се собрани на оваа изложба, која покажува како нивната генерација ја гледа идејата за Европа денес, поставува прашања и се поврзува со неа. Создадена преку истоимениот регионален проект, инициран ...

Во Gallery MC во Њујорк денеска ќе биде отворена самостојната изложба „Effortless“ („Природно“) на македонската интердисциплинарна уметница Јана Луловска. Изложбата ќе биде достапна за посетители до 13 ноември. „Effortless“ претставува избор на дигитални графики кои ги истражуваат темите на флуидност, трансформација и природниот тек на животот. Користејќи дигитални алатки, Луловска создава визуелен простор во кој движењето и промената се ...

Доаѓав и лани и беше феноменално, се надевам дека годинава ќе биде уште подобро; Не можев да си дозволам есента и зимата да ми поминат без неверојатното искуство од оваа Работилница; Сакам да пишувам и така да ги изразувам своите чувства; Дојдов затоа што сакам да чујам мислење за она што го пишувам; Ова се само дел од синоќешните претставувања на 25 средношколци и студенти кои ја започнаа 3.Работилница за креативно пишување на ГБСК . Ментор ...

Издавачката куќа „Или-Или“ ја објави дебитантската стихозбирка на Игор Анѓелков симболично насловена „Ноември“. Книгата која е дел од едицијата „Поеза“ од печат излезе денес, на 5 ноември, и таа е 12-то објавено издание на авторот, по седумте прозни и четирите филмско-есеистички дела. Есента во книжарницата и издавачката куќа „Или-Или“, како никогаш досега, дефинитивно и’ припаѓа на поезијата! По објавените книги од Игор Исаковски, Георги ...

Мешаниот градски хор „Вардар“ слави 25-годишен јубилеј со завршен концерт на 16 ноември во Музејот на македонската борба од 19 часот. „Тоа е последен од низата концерти по повод јубилејот што ги одржавме низ градовите по течението на реката Вардар, како што е насловот на самиот проект ‘Од Вардар за Вардар’. Гостувавме во Гостивар, Градско, Велес и Гевгелија“, вели диригентката на хорот Јасмина Ѓорѓеска-Каро. По добивањето на наградата „Георги ...

По повод Светскиот ден на ромскиот јазик, Ромскиот културен и медиа центар „Бариканипе“ од Скопје вечер организира поетска вечер насловена „ЕУРОМОНД 21“, која ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“. На настанот ќе настапат реномирани автори на ромската поезија, млади ромски поети, како и поети од други етнички заедници во земјава, кои ќе се претстават со поезија на својот мајчин јазик. Во рамки на вечерта ќе биде промовирана и ...

Во чешкиот град Табор денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовните уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложба на ДЛУМ во 2023 и 2025 година. На изложбата се селектирани дела од седумдесеттина автори меѓи кои: Синиша Новески, Јасмина Главинче, Иво Пецов, Татјана Ристовска-Керамика, Ирена Паскали, Дијана ...

Игор Анѓелков е роден во Скопје на 5 ноември 1974 година. Тој е истакнат македонски писател, критичар и уредник. Дипломирал интердисциплинарни студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по “Медиуми и комуникации” на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на книжевноста, музиката и филмот, а долго време беше дел и од екипите ...

Ресурсниот центар "Кочо Рацин" Битола како институција е добитник на наградата "4 Ноември" за едногодишно достигнување. Според одлуката на Управниот одбор, наградата се однесува за постигнувања во областа на образованието. Наградата ја прими директорката Драган Кирковска. -Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ Битола. Во периодот 01.08.2024 до 31.07.2025 година, институцијата постигна значајни достигнувања со лицата со посебни ...

Актерот и режисер Мартин Мирчевски е добитник на едногодишна награда по повод 4 Ноември. Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата 4 Ноември, по пристигнатите пријави, одлучи за едногодишни постигнувања да го награди Мирчевски од областа на културата: Мартин Мирчевски – актер и режисер во Националната установа Народен театар Битола. Минатата година, тој е добитник на две престижни награди од областа на уметноста, истовремено на ...

Plastic Fantastic – Битола размислува зелено Преполна сала, инспиративни гости и млади луѓе со јасна порака: времето на изговори заврши. Во кино „Манаки“, под покровителство на Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола и во соработка со Гете-институт Скопје, се одржа проекцијата на документарниот филм „Plastic Fantastic“ – филм кој на едукативен и провокативен начин нè соочува со реалноста на светот кој тоне во ...

Кочани, 4 ноември 2025 (МИА) - Во Салонот „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура „ Бели мугри“ од Кочани отворена е изложба од Ванчо Кеков, ликовен уметник и педагог од Кавадарци, кој твори претежно во техниката акварел. За авторот и неговото творештво говореше вишиот кустос и историчар на уметност, Трајче Цветков. Изложбата, која се состои од триесетина слики, ја претстави Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, ...

Вечерва (4 ноември) со претставата „Ифигенија за ништо“ на Драмски театар од Скопје завршува натпреварувачкиот дел од 22. Фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата се игра во велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот“ од 20 часот. „Ифигенија за ништо“ е работена по текстот „Ифигенија во Авлида“ на Еврипид. Тоа е современа адаптација на античката трагедија која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од ...

Ова е дебитантски долгометражен филм на режисерката Баста, кој ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на програмата „Запознајте ги соседите“. Станува збор за мултинационална копродукција на шест земји, што низ поетичен визуелен пристап зборува за предизвиците со кои се соочува една млада жена во современото општество. Филмот е рефлексија на повеќекратните улоги што една жена е повикана да ги извршува, додека настојува да остане верна ...

По претставувањето во Прилеп, а потоа и во Кочани, духовно-уметничкиот проект „Терирем“ своето молитвено патување го продолжува кон македонската заедница во Германија. На 15-ти ноември (сабота), со почеток во 18:30 часот, во црквата „Св. Петка“ во Ратинген (МПЦО Диселдорф) ќе се одржи посебна духовна вечер исполнета со древни византиски напеви и молитвени песнопеења. Настанот претставува доближување на духовната традиција и убавината на ...

Во навечерието на Денот на ослободување на градот, синоќа Патеката на славните во Прилеп доби нова ѕвезда. За прв пат по 2016 година, еден заслужен граѓанин доби почит и чест со поставување на вакво обележје. Се работи за Коста Смилески кој остави неизбришливи траги во културниот живот на Прилеп, со својата посветеност, талент и љубов кон музиката и театарот. Роден на 11.03.1939 година во Прилеп, Коста Смилески завршува музичко училиште во ...

Како настана спојот помеѓу двајца скопјани и еден господин од Бамако, престолнината на далечната западноафриканска земја Мали? Со Гоце сме комшии и се знаеме одамна, вели Тони Китановски. Направив аранжмани за песните на САФ и диригирав со мал биг бенд (мојата омилена оркестарска формација) на нивниот концерт на Таксират пред некоја година на Скопски саем. Тоа беше нашата прва соработка. Баба Сисоко го запознав на џез-фестивалот Рочела во ...

Скопје, 4 ноември 2025 (МИА) - Во рамки на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, а по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик, вечер во Галерија КО-РА во Скопје ќе биде промовирана збирката поезија „Слово на душа“ од Сафет Кембер. Промотори на книгата се Вангел Божиновски и Билјана Челик. Поезија ќе читаат пистаелите Даниел Петровски и Билјана Челик, а предвиден е и музички дел со настап на Басја ...

– Преку ова дело, минатото и културното наследство во Смоквица се преточени во живо сведоштво, а личните имиња на населението се доживуваат како трајни чувари на македонската народна меморија во сопственото самопрепознавање – вели д-р Илија Велев, промотор на оваа научна книга, но и интимно доживеано издание Магистер Киро Ристов ѝ подари на читателската јавност едно вистинско, колективно богатство – книгата „Поменик со личните имиња на ...

weather icon

Скопје

-6ᴼ / -6ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / -2ᴼ
1.03
88%
1022
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
75%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
0.61
97%
1023
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
4.63
96%
1023
weather icon

Атина

9ᴼ / 5ᴼ
3.09
74%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
3.09
93%
1023
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.06
87%
1024
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
7.2
75%
1024
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.4461

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Родиум

318292.39

Злато

147673.55

Бакар

12.02

Паладиум

57839.19

Алуминиум

3.17

Сребро

2756.60

Калај

48.40

Рутениум

44946.74

Платина

74245.83

Цинк

3.15

Кобалт

59.52

Иридиум

174307.10