Скопје
-6ᴼ /
-6ᴼ
Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ подготвува вистински празник за љубителите на македонскиот фолклор. Концертот со наслов „Изворни минијатури“, кој ќе се одржи на 22 ноември (петок) во Македонската опера и балет, со почеток во 19:30 часот, претставува уникатно сценско патување низ времето, традицијата и автентичниот израз на народниот дух. Овој проект не е само концерт, туку враќање кон изворите – кон никулците што го ...
Ексклузивното ремастерирано винилно издание на „Врати на имагинација“ по повод 25 години од издавање на албумот ќе биде достапно за продажба на официјален MEET & GREET со бендот после концертот на 8 ноември во СЦ „Јане Сандански“. На 8 ноември во СЦ Јане Сандански ќе имате ексклузивна шанса да си го купите своето издание, потпишано од страна на АРЕА, по ексклузивна цена од 1.500 денари. Станува збор за луксузно опремено издание на 140 ...
Со концерт на минјо музика, вечер, во Музејот на македонската борба за независност, Амбасадата на Јапонија го почнува одбележувањето на „Денот на културата“ во земјава. По овој повод е предвидена и Недела на јапонски филмови и анимации во Скопје и Битола. -Секој 3 ноември на „Денот на културата“ (Бунка но Хи) во Јапонија се прославува слободата и мирот промовирајќи ја културата, уметноста и науката. Голем број настани се одржуваат во Јапонија ...
Народен Музеј Велес беше домаќин на претставници од Армијата на РСМ, кои во рамки на својата посета имаа можност да ги разгледаат Спомен-куќата на Кочо Рацин и Спомен-куќата на Васил Главинов. Како што споделија од музејот, посетата поминала во пријатна и едукативна атмосфера, а низ богатата историја и делото на овие две значајни личности од македонската култура и историја гостите ги водеше Лидија Ѓоргиевска од велешкиот Музеј. Присутните се ...
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една нова „Импровокација“, овојпат, во знакот на „Мовембер”. „Мовембер“ е годишен настан што се одржува во текот на ноември, за подигање на свеста и собирање средства за здравствени проблеми кај мажите, како ракот на простата и тестисите, менталното здравје и спречување на самоубиства. ...
Вечерва (4 ноември) со претставата „Ифигенија за ништо“ на Драмски театар од Скопје завршува натпреварувачкиот дел од 22. Фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата се игра во велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот“ од 20 часот. „Ифигенија за ништо“ е работена по текстот „Ифигенија во Авлида“ на Еврипид. Тоа е современа адаптација на античката трагедија која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од ...
Во рамки на 25. издание на „Есенски музички свечености“ утре, 05.11.2025г. (среда) ќе се одржи мултимедијален концерт „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, во Салон 19,19 (Културен информативен центар). Учествуваат: Пламенка Трајковска – виолина, Сандра Крстевска – виолина, Љубица Бошкоска – виола Александра Јаневска – виолончело. Гудачкиот квартет ќе ...
Филмот „Мајка“ ја имаше својата азиска премиера на престижниот фестивал од А-категорија во Токио, на 1 ноември. Режисерката Теона Стругар Митевска беше гостинка на фестивалот и го промовираше филмот, а по проекцијата, одговараше и на прашања од публиката и новинарите. Митевска беше пречекана и од Андријана Цветковиќ, поранешна амбасадорка на Македонија во Јапонија и актуелен програмски директор на една од програмите на фестивалот – за женско ...
Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ најавува уникатно сценско патување низ времето и традициите. Концертот „Изворни минијатури“ кој е најавен за 22 ноември со почеток во 19 и 30 часот во Националната опера и балет е повеќе од обичен концерт-тоа е враќање кон изворите и никулците кои р’ти богатиот репертоар на „Танец“. Публиката ќе има можност да ужува автентични ора и песни изведени во нивната интегрална форма, како што ...
Топло, емотивно, роденденски и совршено — книга, музика, корени и Битола! Сликовницата,, Битолскиот клавир Петко” ги стопли срцата на дечињата од ОУРЦ ,,Кочо Рацин” Битола По повод роденденот на нашиот град, учениците од V одделение на основното училиште ОУРЦ ,,Кочо Рацин” Битола, со голема љубов и ентузијазам го прославија роденденот на Битола во просториите на НУУБ „Климент Охридски“. Центар на вниманието беше автентичното детско издание ...
(Од Солун за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Костова) Француската ѕвезда Изабел Ипер, една од најголемите современи актерки во светот, во Солун откри дека не ѝ е тешко да игра комплексни ликови, клучно ѝ е да има доверба и разбирање со режисерите и дека секоја улога ја заборава во моментот кога ќе ја изигра. Кажа и дека, да бил жив кога таа ја почнувала кариерата, би сакала да ја игра во филм на Алфред Хичкок и тоа во „Вертиго“, но рече низ смеа „не ...
Синоќа на свечена академија во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“, Општина Прилеп ги додели општинските признанија „3-ти ноември“, по повод Денот на ослободување на градот. Помеѓу добитниците беше и Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој во речиси полн состав се појави на сцената, а надвор од сценариото во име на ансамблот се обрати актерката Даниела Иваноска, со моќен и впечатлив говор. „Вечерва му се доделува награда на Народниот ...
Почитувани, ве информираме дека на 12.11.2025 година во 19 и 30 часот во просторот на КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО ќе се отвори изложбата ,,Плацебо” на авторот Иван Аџиевски. На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од ...
Сподели По незаборавната летна премиера во античката Хераклеја, каде повеќе од 3.000 посетители беа сведоци на спектакл под ѕвездено небо, Flowers Symphony оваа доцна есен пристигнува за првпат во Скопје. На 30 ноември 2025 година, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе ја пречека симфонијата која ја слави убавината, љубовта и животот во изведба на Битолски Камерен Оркестар IWConnect во симфониски состав, под диригентската ...
Сподели Ансамблот МАКЕДОНИЈА претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење. Репертоарот на Ансамблот Македонија е ...
Сподели Животот е составен од избори. Некои носат радост, други водат кон бездна. Кога Борче ќе ја запознае Тања на интернет, верува дека конечно ја нашол сродната душа. Тоа ќе го одведе на работ помеѓу љубовта и предавството, надежта и очајот. Една лага може да ти го одземе животот. Еден „договор“ може да ја промени вечноста. Книгата е објавена со финансиска поддршка од Општина Охрид. Промотор: Александар Маџаровски 6 ноември, четврток, ...
Дејан Дуковски, еден од највлијателните и најизведувани македонски драмски автори, ќе биде Автор во фокус на претстојното 60. Јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура, воопшто. Фестивалот ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026 година. Името на Дуковски ...
Како што најавивме во септември, Битолски Камерен Оркестар IWConnect ќе се ребрендира со ново име, со цел да се направи јасна дистинкција со Националната Установа Камерен Оркестар на Битола, институцијата што произлезе од долгогодишната и макотрпна работа на овој оркестар. Иако првичниот план беше новото име да се открие во септември, решивме да го направиме тоа на 4 ноември – Денот на ослободувањето на Битола, како симболичен начин да ѝ се ...
Сподели ЖЕЛЕЗНА ТВРДИНА – МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА РАБОТИЛНИЦА Филмска приказна за тоа како по пандемиската изолација, режисерот, Кевин Китон од Остин-Тексас, доаѓа во Демир Хисар (на турски – железна тврдина) задолжен за водење на филмска работилница, наменета за анимација на штитениците на Центарот за рехабилитација при Психијатриската болница. Финансиската криза и организациските проблеми предизвикани од пандемијата, не го обесхрабруваат ...
Акцијата „Со книга на плажа“ на „Матица македонска“ се одвива со голем интерес на македонските читатели. По еден месец откако по 26. пат почна оваа традиционална акција, податоците говорат дека македонските читатели имаат сѐ поголем интерес за нови книги на македонски јазик. Интересот е голем кај сите генерации читатели, при што и натаму, одделно радува интересот за книгите од македонските автори. Особено важно – и во време на експанзија на ...
Од 05 ноември во 07 ноември 2025 година, во Македонскиот КИЦ во Загреб, Хрватска, ќе се одржи првото издание на ФЕСТИВАЛОТ НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА КНИЖЕВНОСТ. Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на својата Годишна програма, а во соработка со реномираната македонска издавачка куќа ,,Македоника литера“ од Скопје, од оваа година востановува книжевен фестивал кој треба да придонесе за афирмација и за продлабочувањето на македонско-хрватските ...
Големата ѕвезда на европскиот и светскиот филм, Французинката Изабел Ипер ( беше гостинка и на „Браќа Манаки“ во Битола во 2013 година) на прес конференција на Филмскиот фестивал во Солун рече дека „не е доволно храбра да преземе какви било ризици“. Работата со сите луѓе со кои работев не беше за преземање ризици. Беше многу безбедно, рече Ипер. Не преземате ризици работејќи со Пол Верховен или Михаел Ханеке. Без разлика каква е улогата, не ...
На 12.11.2025 година во 19 и 30 часот во просторот на КСП Центар – Јадро ќе се отвори изложбата „Плацебо“ на авторот Иван Аџиевски. На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од секојдневниот стрес и ...
Сто години истрајност, љубов кон планината и заедништво – сега преточени во филм. Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со документарен филм кој првпат во земјава го прикажува животот, предизвиците и подвизите на едно планинарско друштво. Документарецот го следи развојот на клубот од неговото основање во 1925 година, преку изградбата на домовите на Шар Планина, ...
Со проекција на филмови и со концерт на традиционална јапонска музика, неделава во Скопје и во Битола ќе биде одбележан Денот на културата на Јапонија. Со Денот на културата (Бунка Но Хи), на 3 ноември во Јапонија се прославуваат слободата и мирот, промовирајќи ги културата, уметноста и науката. Денот се одбележува со разновидни настани, меѓу кои и церемонија за доделување орден за култура во Царската палата во Токио, а добитници се личности ...
„Идентитетски паралели“ е насловот на изложбата од Лудовико Елиа Персич од Италија и Ана Трајковска од Македонија што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е дел од европскиот проект „Креарт“, платформа за запознавање и вмрежување на уметници, уметнички форми, истражувања и реализации од различни европски градови кои оствариле соработка во период од еден месец. Според историчарката на ...
Осум претстави ќе бидат дел од програмата на 11. Битола Шекспир фестивал што годинава ќе се одржи од 14 до 21 ноември. Публиката ќе може да види претстави од: Полска, САД, Хрватска, Англија, Бугарија и од Македонија, под мотото „Стореното не може да се поништи“. На програмата ќе бидат „Дванаесеттата ноќ” на Драмскиот театар „Александар Венгерко“ од Бјалисток, Полска (15 ноември), „Крал Лир” на “Lit Moon Theatre” од САД (17 ноември), ...
4 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч. ТРИ АНИ (Three Girls Named Anna) Игран филм, Македонија 1959, 93 мин., црно-бел, 35мм Режисер: Бранко Бауер Сценарио: Слободан Глумац Улоги: Дубравка Гал, Марија Кон и Светлана Мишковиќ Пензионираниот железничар Марко Петриќ ги живее монотоно своите пензионерски денови сè до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка Ана ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. ...
Дина Јашари го најави својот прв концерт во Скопје на 20 ноември по објавата на актуелниот албум „Растенија без корен“ во „Паблик рум“. По објавата на албумот кон крајот на мај, албумот предизвика голем интерес помеѓу публиката но и резултираше со неколку важни настапи веднаш потоа, како што беа отворањето на концертот на легендарната британска група Масив Атак, на стадионот на АРМ, на 28 јуни годинава во рамките на фестивалот Skopje Calling ...
Во сабота, 8 ноември, сцената на Националната опера и балет ќе се претвори во мозаик од движења, бои, емоции и музика: ќе се случува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар “Стејџ 2025”. Со овој настан Скопје повторно ќе биде центар на талент, креативност и младешка енергија. Цел ден, од 9 до 22:00 часот, на големата и малата сцена ќе настапат над 1600 деца и млади танчери од 12 држави, претставувајќи го својот танцов израз низ ...