Филмот ја следи приказната на поранешниот специјалец Рој Палвер, кој е заглавен во временски јазол и постојано го доживува истиот ден – денот кога брутално го убиваат. Секојпат кога ќе загине, денот почнува одново, а Рој постепено ги учи чекорите на своите непријатели и начинот на кој може да го преживее денот. Во обид да ја открие вистината зад оваа мистериозна ситуација, тој се соочува со тајна воена програма, безмилосни атентатори и својот ...

Инспириран од вистински настани, „Брич“ е драматичен трилер сместен во ходниците на ФБИ – чуварот на најчувствителните тајни во САД. Mладиот Ерик О’Нил е унапреден од неговата работа за надзор на ниско ниво во седиштето на Федералното истражно биро. Неговиот сон да стане полноправен агент почнува да станува реалност. Уште поимпресивно е што О’Нил е избран да работи за познатиот оперативец Роберт Хансен во рамките на „обезбедување информации“, ...

Пишува: Звонко Димоски, од „Верона Шекспир фринџ фестивал“ Најновата премиера на Битолскиот народен театар, радикално деконструираниот „Кориолан“ во режија на Џон Блондел, со силен творечки залет зачекори на сцената на Шекспировиот фестивал во Верона. „Кориолан“ е сурова политичка драма на Шекспир, центрирана околу легендарниот римски генерал Кај Марциј, сместена во период на глад и граѓански немири во Рим. Дејството го прикажува неговиот ...

ДЕДО И ВНУК Grandfather and Grandson Илија Пиперковски / Македонија/Романија / 2019 / 85 мин Приказната на филмот почнува по смртта на еден млад пациент, по што младиот доктор Никола се обидува да направи ред во животот и оди на посета кај својот дедо, кај кого последен пат бил пред 10 години. ДЕДО И ВНУК е филм за конфликт на генерации, со контраст на моралните вредности и можности за добивање втора шанса во животот. Љубовта не е нешто кое ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „На чет со Чет џи пи ти“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Најновата книга на Марина Димитриева – Ѓорѓиевска „На чет со Чет џи пи ти“ е роман кој зафаќа многу современ тематски аспект – вештачката интелигенција. Авторката ја повикува и ја користи вештачката интелигенција за градењето на приказната во романот. Всушност, во романот течат две паралелни приказни – таа на главниот наратор, женски лик, ...

Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66.„Охридско лето“. Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, подоцна под ...

Расправата за статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион е префрлена за утре, 23 јули, покажува најновиот официјален индикативен распоред на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Точката за Охридскиот Регион, заведена како 48 COM 7B.62, е ставена во попладневната сесија на Комитетот, која во Бусан е предвидена од 15 до 18 часот. Тоа одговара на периодот од 8 до 11 часот по средноевропско време. Од УНЕСКО ...

Новиот филм „Одисеја“ (The Odyssey) на Кристофер Нолан забележа спектакуларен почеток на светскиот бокс-офис, заработувајќи околу 226 милиони евра во првиот викенд од прикажувањето. Од нив, околу 119 милиони евра доаѓаат од меѓународните пазари, а околу 107 милиони евра од Северна Америка. Со тоа, „Одисеја“ го оствари најголемото глобално отворање во кариерата на Нолан, надминувајќи ги „Темниот витез: враќањето“ (The Dark Knight Rises), кој ...

Невреме проследено со силен и обилен дожд во Битола го одложи концертот на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција коj требаше да настапи на „Локум фест“ во рамки на фестивалот „БитФест“. Од прес-центарот на Битолското културно лето информираа дека концертот е презакажан за 6 август и ќе се одржи во Хераклеја. „10-те Бузуки на Домна“ е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа музика со доминантна ...

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните дворови и на останатите јавни простори кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја кино-вечер нуди можност за средба, разговор и заедничко споделување на приказни кои инспирираат, отвораат прашања и поттикнуваат дијалог. Патувачкото кино не се само проекциите, туку и ...

Композиторот Лудвиг Герансон повторно соработуваше со Кристофер Нолан за музиката за новиот филм „Одисеја“ (The Odyssey), а оваа соработка е нивна трета, по „Тенет“ (Tenet) и „Опенхајмер“ (Oppenheimer). Пред неколку месеци, во работата на Герансон на „Војна на ѕвездите: Мандалоријанецот и Грогу“ (Star Wars: The Mandalorian and Grogu), тој главно употребува синтисајзери и оркестрации базирани на гитара, што беше соодветно за тој проект. ...

„Звуците на градот“ е наслов на концертот што ќе се одржи на 24 јули (петок) во 19:00 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ова е уште една убава вечер на староградска музика која ја организира НУЦК „Марко Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. Во рамките на концертот ќе се претстават повеќе групи што ја негуваат староградската музика. Така, своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат ...

Стоечки овации, долготрајни аплаузи и воодушевена публика. Меѓународната изведба на „Кориолан“ на Битолскиот театар, во режија на Џон Блондел, на „Шекспир Фринџ фестивал“ во Верона, беше пречекана со исклучителен интерес, а енергијата во салата за време на претставата и по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секого, без оглед на јазикот и на земјата од која доаѓа. Во Верона е во ...

Актерката Сара Климоска е избрана за член на жирито на натпреварувачката програма – игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 14 до 21 август. Климоска, заедно со британската актерка Емили Вотсон, хрватскиот режисер Игор Бежиновиќ, директорот на Европската филмска академија Матејс Воутер Кнол и грчката режисерка Атина Рејчел Цангари ќе одлучува за добитниците на наградите „Срцето на Сараево“. Со жирито ќе претседава ...

Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални блокбастери ја одбележаа првата половина на 2026 година. Некои филмови ги надминаа очекувањата на публиката, а дел од нив постигнаа светски рекорди. Прв на листата е биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на Мајкл Џексон. Филмот ја надмина границата од една милијарда долари заработка ширум ...

Кога повеќето луѓе размислуваат за британските аристократи, наметнуваат слики од пиење чај во формални салони, беспрекорно потсечени живи огради и строг етикеција. Но, лорд Александар Тин, Шестиот маркиз од Бат, одлучи целосно да го сруши тој стереотип, носејќи ги африканските диви мачки директно на својот имот во Вилтшир. Така се роди Лонглит, првиот сафари-парк во светот надвор од Африка, и приказната за човекот кој реши да живее со ...

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, и оваа година ќе се одржи традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и годинава со гордост ја поддржува реализацијата на овој врвен музички настан. Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули (петок), со почеток во 21 часот, во црквата „Света ...

Во ера кога модерната архитектура често се бори за доминација над природниот пејзаж, иранскиот архитект Адел Мехрад нуди радикално поинаков одговор. Неговиот најнов концептуален проект — Вила „Мијан“, сместен во Техеран, претставува длабоко филозофско и просторно истражување засновано врз принципот на „Формална инверзија“. Архитектурата како медијатор, а не освојувач Името на вилата, „Мијан“ (што преведено значи „Помеѓу“ или „Средина“), ја ...

Со свечена и достоинствена програма, Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја одбележа 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Мисирков – еден од најзначајните македонски интелектуалци, филолози, публицисти и визионери, чие животно дело претставува траен темел во развојот на македонската национална мисла, литературна традиција и јазична самобитност. Одбележувањето на овој значаен јубилеј претставуваше не само чин на оддавање ...

КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ When the day had no name Теона Стругар Митевска / Македонија / 2017 / 93 мин Филмот претставува приказна за група тинејџери од исто маало, млади луѓе кои растат во средина оптоварена со предрасуди, стравови и длабоко вкоренети етнички поделби. Тие секојдневно се соочуваат со тензиите што постојат меѓу нив и нивните соседи Албанци, живеејќи во атмосфера во која недовербата и стереотипите често се пренесуваат од една ...

По неколку месеци исчекување и шпекулации, „Марвел“ објави епски трејлер кој им дава на фановите прв поглед во следното поглавје од неговиот филмски универзум. Четвртиот дел на „Одмаздници“, насловен „Судниот ден“, веќе најави голем успех на киноблагајните откако во рок од 12 часа биле продадени карти за рекордни 10,5 милиони долари во претпродажба. Во филмот играат Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Крис Хемсворт, Педро Паскал, Пол Рад, Ентони ...

Продолжението на бестселерот „Агати“ од Кејтлин Глазгов и Лиз Лосон ги враќа Алиса и Ирис во нов случај во Касл Коув „Матица македонска“ го објави романот „Ноќта за која зборуваа сите“ од Кејтлин Глазгов и Лиз Лосон – динамична младинска мистерија, продолжение на бестселерот „Агати“ и ново издание во летната понуда, вклучено во акцијата „Со книга на плажа“. Романот ги враќа читателите во Касл Коув, град во кој старите тајни никогаш не ...

Охридско лето вечерва на репертоарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ од Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21.30 часот. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата и ...

Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“. Овој состав го сочинуваат Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина) е основан во 2024 година во рамките на ...

Споделете со пријателите! Дискусијата на Конгресот за фармацевтска автоматизација и дигитализација (AUTOMA+) 2026 препознава дека вештачката интелигенција е важен дел од клиничките иновации, позиционирајќи ја како практична алатка за подобрување на брзината, точноста на одлуките и транспарентноста во развојот на лекови. Вниманието на индустријата сè повеќе се насочува кон екосистемите за податоци управувани од вештачка интелигенција, ...

Легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина, која пленеше со својата убавина, почина на 87-годишна возраст, според српските медиуми. Оливера Катарина беше една од најпопуларните актерки и пејачки во Југославија на почетокот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век. Родена како Оливера Петровиќ во Белград во 1940 година, по дипломирањето на Правниот факултет, студирала на театарската академија во класа со Петар Краљ, Милена ...

На меѓународна изложба на современа уметничка карикатура и стрип во Лонџи Џику, во галеријата „Форест Кубе“ во Пекинг, од 1 јануари до 30 јуни 2026 година беа изложени 200 дела на уметници од 20 земји и региони од четири континенти. На конкурсот за изложбата беа примени 936 учесници од Кина, Франција, Полска, Италија, Германија, Русија, Бразил, Индија, Македонија. Од Македонија беше селектиран стрип-авторот и карикатурист Златко Крстевски. ...

Концертот на британската пејачка Џос Стоун, кој требаше да се одржи вечерва на Стадионот на АРМ во Градски парк, е откажан поради силното невреме што попладнево го зафати Скопје, соопшти организаторот „Авалон“. Од организаторот информираат дека по извршената проценка било утврдено дека нема услови просторот и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила безбедно одржување на концертот. Дополнително, како причина е ...

Синоќешнот концерт на квартет “Пелагонија“ кој се одржа на малото плато зад Офицерскиот дом -КИЦ Битола на летната сцена ја воодушевува публиката и исполни музика која може само да се посака, во рамките на Бит фест 2026. На музичката вечер и претходеше „Културен Хорологион“ со проф. д-р Марјан Танушевски кој пред аудиториумот потсети на втемелувањето на битолскиот Офицерски дом кое датира од 1909 година, велелепен објект проектиран под ...

Вечерва во магичниот амбиент на Хераклеја во Битола филк пејачот Миле Кузмановски беше домаќин на концертот „Ехо од Хераклеа“, музички настан исполнетт со емоции, спомени и врвна изведба, пред голем број на негови обожаватели, битолчани и гости во Битола. Публиката во античкиот театар Хераклеја имаше ретка прилика да ужива во најголемите хитови на Кузмановски во поинакво, симфониско издание, ппридружуван од Камерен оркестар на Битола, со ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
60%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
71%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
83%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.59
77%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
96%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
1.79
51%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
78%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
89%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
1.79
57%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
96%
1015
Currency

61.525

Currency

52.7806

Currency

71.8482

Currency

37.8479

Currency

38.0128

Currency

65.5865

Currency

7.84335

Currency

0.62639

Currency

0.33146

Currency

0.52437

Currency

1.09544

Currency

0.55342

Сребро

2226.13

Злато

149205.18

Бакар

13.57

Алуминиум

3.24

Платина

59800.39

Паладиум

42599.74

Родиум

282926.57

Калај

55.96

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00