Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Во конкуренција на 41 ансамбл од целиот свет, битолското културно-уметничко друштво освои сребро и награда од 3.000 долари на World Folk Dance Competition во Истанбул. Македонскиот фолклор повторно се најде на светскиот победнички пиедестал. КУД „Илинден“ од Битола го освои второто место во категоријата автентичен фолклор на престижниот World Folk Dance Competition, што се одржа во Истанбул, Турција. Во силна конкуренција од 41 ансамбл од ...
Beach Film Festival, фестивалот на нов европски филм, се враќа во Охрид од 22 до 26 јули 2026 година со своето деветто издание. Пет дена, четири локации и десетици филмови под отворено небо — на плажа, на брод и покрај езерото — ќе го претворат Охрид во летна филмска сцена. Годинашното издание носи официјална селекција на долгометражни, краткометражни и студентски филмови од повеќе европски земји, специјална селекција, детска програма и ...
– Спортот и физичката активност треба да бидат извор на енергија, здравје и задоволство, а не причина за болка, исцрпеност и истоштеност. Со правилен пристап, редовен одмор, соодветна исхрана и стручна поддршка кога е потребно, секој може долгорочно и безбедно да ужива во спортувањето. Здравјето треба секогаш да биде на прво место, па потоа резултатите доаѓаат како неизбежни бенефиции, вели физиотерапевтот Илија Жежов за весникот ВЕЧЕР Во ...
– Наградата за најдобар дебитантски долгометражен филм му припаѓа на филмот „17“ на Косара Митиќ. Суров и непомирлив. Филм полн со бес и вешта кинематографија, на многу талентирана режисерка и неверојатна глума. Филмот прикажува долго премолчено насилство со кое мора да се соочиме, се вели во образложението за наградата што долгометражното дебитантско остварување на Митиќ го доби на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим што се одржа ...
„Силви бенд” ќе одржи концерт на 24 јули од 20 часот на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Публиката ќе има можност да ги слушне нивните најпознати песни, меѓу кои „Ангели ме носат“, „Ме полудуваш“ и „1762 лето“. „Подготвивме програма во која преку секоја песна ќе ја споделиме нашата енергија и љубов со публика од сите генерации. Охрид има посебна магија, а концертот на Долни Сарај ќе биде вистинска летна бајка и ноќ што долго ќе се памети“, ...
Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Рита Ора (36) на 1 август за првпат ќе настапи во Охрид. Во разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК Ора, која е пејачка, текстописец и актерка, и живее и работи во Лондон, вели дека иако како едногодишно дете со родителите се преселиле во Велика Британија, таа растела со балканската традиција и култура. Вели дека е возбудена што ќе пее во град како Охрид. „Чувството е неверојатно посебно. Родена сум во Приштина, ...
Љубителите на македонскиот документарен филм утревечер ќе имаат единствена прилика да уживаат во творештвото на еден од најзначајните домашни auteurs. На 21 јули 2026 година (вторник), со почеток во 20:30 часот, Кинотеката на Македонија подготвува специјална вечер посветена на познатиот режисер Трајче Попов, чии дела оставија длабок печат во историјата на нашата документаристика. Во рамките на овој настан, ќе бидат прикажани три од неговите ...
„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова е романот кој денес излезе од печат во издание на издавачката куќа „Или-Или“. -Се работи за мрачен, динамичен и визуелно силен роман во кој просторот не е само сцена, туку речиси самостоен лик. Коулун е претставен како жив организам: лавиринт од тесни ходници, влага, цевки, чад, мириси, глад, насилство и сиромаштија, но и како место во кое, и покрај распадот, опстојуваат нежноста, лојалноста и ...
Пишува: Звонко Димоски Фестивалот официјално се отвора вечерва со претставата Tempest Toss’D“, копродукција на Театар Ла Рибалда (Италија) и Театар 63 (Обединето Кралство). Утревечер пред италијанската публика ќе се претстави Народниот театар од Битола со „Кориолан“ во режија на Џон Блондел. Додека летната театарска сезона го достигнува својот врв, вниманието на европската културна јавност се свртени кон градот на Ромео и Јулија. Токму таму ...
Книгата „Пустинско срце“ од Ана Пејчинова, која излезе во издание на „Или-Или“, е заснована на сеќавања на вистинити настани со кои авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Писателката и поетеса Ана Пејчинова (1973) има разновидно творечко и професионално портфолио во областа на книжевноста, визуелните уметности, филозофијата, психологијата, политичките науки и меѓународниот развој и ...
Со делата „Откриј кој те гледа“ и „Сè може да се промени“, македонската уметница Ивона Велковска ја освои највисоката награда во категоријата цртеж на 18. Меѓународно биенале на уметноста на минијатурата во Горњи Милановац во Србија, манифестација што речиси четири децении ги обединува најдобрите автори на мал формат од целиот свет Македонската ликовна уметница Ивона Велковска е добитничка на првата награда за цртеж на 18. Меѓународно биенале ...
„Од канон до индивидуален израз: зографството и профаното сликарство во Македонија (19-20 век)“ е изложба што ќе биде отворена на 28 јули со почеток во 20:00 часот, во Чифте амам. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат трансформација од ...
На 20 јули (понеделник) во 19:00 часот, во рамките на проектот „Македонски филм. На големо платно.“, во „Синаплекс“ во Скопје ќе биде прикажан блок од кратки анимирани филмови: „Девојката што паѓа“ на Владимир Лукаш „Образец Б16“ на Иван Ивановски „Неми филмови“ на Крсте Господиновски „Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов А пред проекцијата, разговор со дел од авторите на филмовите. На 20 јули (понеделник) во 19:00 часот, во рамките ...
Вечерва (20.07.2026г. – понеделник) со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје ќе се одржи камерен концерт „Дуо виолина и виолончело со премиерни изведби на две дела и ретко изведуваната Соната од М. Равел“ на Марко Поп Ристов – виолина (Македонија) и Исак Харачиќ – виолончело (Босна и Херцеговина). Во рамките на фестивалот „Скопско лето“, Марко Поп Ристов и Исак Харачиќ носат програма која ги поврзува современите музички изрази со ...
Со богата културно-уметничка програма вечерва во охридското село Трпејца почнува јубилејното 15. издание на културно-забавното лето „На зајдисонце“, манифестација која со текот на годините прерасна во препознатлив културен настан што ги обединува уметноста, традицијата и туристичката понуда на тоа крајезерско место. Свеченото отворање ќе биде збогатено со повеќе содржини, меѓу кои промоција на монографијата „Петнаесет години ‘На зајдисонце во ...
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да ја стабилизира состојбата, да спроведе клучни системски реформи и да реализира значајни инвестиции во културата и туризмот. Во изминативе две години, фокусот беше ставен на воспоставување системски пристап во управувањето со културата и тоа преку стратешко планирање, започнување на законски реформи, финансиска стабилизација и капитални инвестиции. Наследен беше долг од 273 милиони денари по основ на ...
Охрид, 20. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од среда, 22 до недела, 26 јули Охрид ќе биде домаќин на 9 издание на Beach Film Festival. Под ѕвезденото небо, покрај езерото и помеѓу брановите, повторно се среќаваме со филмот. – Beach Film Festival носи нови европски приказни, незаборавни проекции и пет дена исполнети со кино, разговори и лето. Претпрограмата е утре, а ќе бидат прикажани два долгометражни филмови на плажата Сараиште. Тоа се „Железна ...
Македонскиот КИЦ во Белград продолжува со реализација на проектот „Портрети“ на познати македонски уметници кои живееле, работеле и стекнале статус на големи ѕвезди во Белград и во Србија. По минатогодишното исклучително успешно музичко портретирање на Зафир Хаџиманов, со учество на Бисера Велетанлиќ и неговиот син Васил, годинава КИЦ Белград ќе реализира музички портрети на три легендарни музички ѕвезди: Нина Спирова, Маја Оџаклиевска и Бети ...
Издавачката куќа „Антолог“ го објави на македонски јазик романот „Мрежи“ од новата ѕвезда на шпанската литература, Елој Морено, во превод на македонски јазик на Виолета Јагев. „Мрежи“ е повик за размислување за улогата на дигиталната технологија во нашиот живот и покана за повторно поврзување со тоа што е навистина важно: личните односи, емпатијата, реалноста. „Мрежи“, низ очите на една тинејџерка, ни раскажува за дигиталниот свет што го ...
Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со настап на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Горјана Стојановска е родена во Битола, каде го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на ...
Го чекав и го гледав „Одисеја“ од Нолан. После неполни 24 часа филмот веќе е наголемо славен како негово најдобро остварување и 99 проценти позитивни реакции. И да, филмот е супер веројатно за некој не-медитеранец, кој не ја читал оригиналната „Одисеја“ и не морал да ја студира за испит, не ја читал поезијата на Кавафис, не ги гледал адаптациите на Беким Фехмиу, Арманд Асанте и Ралф Фајнс. Накратко, филмот е супер ако си препишувал лектири и ...
Со претставувањето на етно проектот „Кафе Де Анатолија“, Били Естебан и Александар Јовевски, севдах бендот ,,Диванхана” од Сараево и дј сетот на Били Естебан, Локум фест и се оддолжи на битолската чаршија за сета радост и дух кој и го даде на овој фестивал кој точно пред 20 години започна токму тука. „Кога гледате радосни лица кои играат и се веселат, знаете дека мисијата е успешна. Голема благодарност до сите кои помогнаа да се случи Локум ...
Објавен е видеоматеријал „зад сцената“ од снимањето на гласовите за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти“, кој открива дел од процесот на синхронизација на ликовите. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Јелена Јованова (Лефти), Гораст Цветковски (Рајти), Изабела Јакимова (Јакната Јасна), Ева Скендеровска (Дреска) и Тања Кочовска како наратор. Во видеото учествуваат и статистите Јана и Миа Велеви, како и Александар ...
Игор Јосифов е визуелен и перформанс уметник чија 25-годишна меѓународна практика го позиционира огнот како инструмент на уметничко истражување, а неговото најново дело „Тело од оган“ можеше да го посведочи и публиката во Скопје. Проектот „Тело од оган“ го испитува прагот помеѓу материјалната трансмутација и естетската појава. Огнот не функционира како деструктивна сила, туку како примарен соработник и сведок во уметничкото дело. На ...
Студиото „Парамаунт“ ќе снима нова верзија на „Кошмар на Улицата на брестовите“ откако постигна договор со семејството на Вес Крејвен, режисерот на оригиналниот филм. Крејвен беше режисер и сценарист на првиот филм од 1984, како и на седмиот од 1994. Последниот, деветти дел од серијалот излезе во 2010. Главниот лик Фреди Кругер, во изведба на Роберт Енгланд, стана дел од поп-културата во 1980-тите и 1990-тите. Во последниот филм, неговата ...
Театарот за деца и младинци од Скопје вечерва во рамки на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето“ ќе ја изведе претставата „Која е Лорет“, работена по текст на Флоранс Кадије, во режија на Драгана Милошевски-Попова во центгарот за култура „Григор Прличев“ во 20 часот. „Која е Лорет“ е претстава што го истражува прашањето на идентитетот и припадноста, отвора простор за разбирање на различностите и ја поттикнува публиката да го ...
Филмот „Железна тврдина“ во кој учествуваат штитеници од Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар ќе биде прикажан во вторник во Охрид, во рамки на претпрограмата на Beach Film Festival. Филмот е во продукција на „ПирејФилм“, а актерската екипа ја сочинуваат штитеници на Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар, заедно со гостински актери меѓу кои Пол Гордон, Синоличка Трпкова, Игор ...
Во тек е реализацијата на втората фаза од проектот „Конзервација и реставрација на одбранбената кула Пирг“ на локалитетот „Пирго Каљ’ната“ во село Мокриево, Општина Ново Село, објавија од НУ „Завод и Музеј Струмица“. -Активностите ги спроведуваме согласно одобрената проектна документација, со цел зачувување, конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културното наследство, се наведува во објавата. Според археолозите, станува збор ...
Плакатот за претставата „Трговци со презервативи“, во режија на Дејан Ангелов, а во продукција на Театар „Антон Панов“ – Струмица, е избран во официјалната селекција на Меѓународно биенале на театарски плакат – TPAM 2026 во Ерменија. Дизајнот на плакатот е авторско дело на Ване Костуранов, чиј препознатлив визуелен јазик и креативен пристап добиваат значајно меѓународно признание. Избраниот плакат ќе биде претставен на изложбата во рамките на ...
Во организација и под покровителство на групацијата „Стрип Центар-стрипот може“ од Велес младите македонски стрип–таленти: студентката Ангела Петрушевска и средношколците Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски од денеска до 13 јули ќе творат со врвни балкански и светски стрип автори учесници на 14-та Меѓународна стрип колонија во Јошаничка Бања, Србија. Како што информира Томе Трајков претседателот на оваа групација, годинава, традиционалната ...