Делчево, Македонска Каменица и италијанската општина Рикалдоне потпишаа трилатерален договор за соработка, со што се отвораат нови можности за партнерство во повеќе области, со посебен акцент на зачувувањето на македонскиот јазик и култура, преку воведување на македонскиот јазик во образовниот процес во регионот Пиемонт, пренесува МКД.мк. Договорот беше потпишан во Рикалдоне, Италија, од страна на градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски; ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „На чет со Чет џи пи ти“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Најновата книга на Марина Димитриева – Ѓорѓиевска „На чет со Чет џи пи ти“ е роман кој зафаќа многу современ тематски аспект – вештачката интелигенција. Авторката ја повикува и ја користи вештачката интелигенција за градењето на приказната во романот. Всушност, во романот течат две паралелни приказни – таа на главниот наратор, женски лик, ...

Иако се верува дека Соединетите Американски Држави економски се далеку пред Европа, податоците за животниот стандард, безбедноста и очекуваниот животен век откриваат сосема поинаква слика. Еве што покажува најновата анализа. Иако често може да се слушне дека Европа заостанува зад Соединетите Американски Држави и Кина кога станува збор за економијата и технолошкиот развој, споредбата на животниот стандард покажува значително посложена слика. ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 340, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (18-19.7.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Ана Пејчинова, авторка на „Пустинско срце“: Постои нешто жилаво во нас што трага по интензитет на постоењето – разговор со визуелниот уметник Игор Јосифов за перформансот „Тело од оган“: Огнот е јазик на ритуалот – ...

Денеска (18 јули) од 20 часот, во Куќата на Касапови во Велес ќе настапи „Чалгија саунд систем“ во рамките на Велешко лето. Насловен е „Во чест на Ало Тончов, великанот на велешката чалгија“. Влезот е бесплатен. На 21 јули, на Светскиот ден на музиката, концерт во Младински парк ќе имаат групата „Д Чикс“ и велешанецот Александар Анастасов-Прија, што исто така е дел од Велешко лето. Денеска (18 јули) од 20 часот, во Куќата на Касапови во ...

Стихозбирката „Собрани остатоци од светот“ од Пепи Стамков ќе биде промовирана на 21 јули (вторник) во 20 часот во малата сала на Народнио театар во Гевгелија, во рамките на манифестацијата „Гевгелиско културно лето 2026“. Станува збор за дебитантска збирка во која се вклучени песни со кои Стамков е еден од тројцата добитници на признанието „Антев златник“ на манифестацијата „Антево перо“ во 2024 година. Стихозбирката, во издание на ...

Во издавачката куќа Или-Или, како јубилејно 250. издание во едицијата ПРОаЗА, во понеделник (20 јули) од печат излегува романот „Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова. Се работи за мрачен, динамичен и визуелно силен роман во кој просторот не е само сцена, туку речиси самостоен лик. Коулун е претставен како жив организам: лавиринт од тесни ходници, влага, цевки, чад, мириси, глад, насилство и сиромаштија, но и како место во кое, и покрај ...

Прилеп е подготвен за вечерашното отворање на 23. издание на манифестацијата „Пивофест 2026“, која до недела ќе понуди богата музичка програма, гастрономска понуда и фестивалска атмосфера за илјадници посетители од земјава и странство. Градоначалникот Дејан Проданоски информираше дека целата инфраструктура е подготвена за одржување на фестивалот. Во централното градско подрачје, на површина од околу 3.000 квадратни метри, поставени се ...

Продолжението на големиот хит на Мет Ривс, „Бетмен 2“ (The Batman Part II), повторно е одложено. Наместо претходно најавените датуми, филмот сега официјално ќе пристигне во кината дури на 18 февруари 2028 година, речиси шест години по премиерата на првиот дел во март 2022 година. За да го ублажи разочарувањето кај фановите, режисерот Мет Ривс ги објави првите тест-кадри од враќањето на Роберт Патинсон во костимот на Темниот витез. Покрај ...

На 18.07.2026г. (сабота) ќе се одржи концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“ насловен „Пеам – значи живеам“ со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје. Диригент е Сузана Турунџиева, а билетите се достапни на karti.com.mk. Настанот претставува целовечерен концерт на првата (најискусна) група на а.ж.х. Фрида од Македонија, составена од искусни, долгогодишни хористки на кои музиката им е повеќе од хоби и пасија. Нивната ...

Делото „Magna Mater“ на светски познатиот уметник Синиша Кашавелски од денеска е дел од престижната International ARC Salon Exhibition, која се одржува во Sotheby’s New York и ќе трае до 27 јули. Како што денеска објави на социјалните мрежи, самиот автор изложбата претставува речиси 100 наградени дела од 20 држави, избрани меѓу повеќе од 8.500 пријавени дела од речиси 90 земји. – Денес, 17 јули 2026 година, официјално се отвора ...

Уште четири дена до настапот на американската ѕвезда Џос Стоун, која на 21 јули од 21 часот ќе настапи на Стадионот на АРМ во Скопје. Уште од првиот албум „The Soul Sessions“ издаден во 2003, кој ја освои престижната награда „Меркјури“, па до подоцнежните грандиозни Brit Award и Греми награди, Џос Стоун го покажа својот квалитет. Нејзиниот настап е дел од големата европска турнеја. Влезниците за двата концерта се во продажба онлајн на ...

Next Time одговорија со музичко ремек-дело на сите што велеа: „Направете нешто свое!“ (ВИДЕО) Објавена во: 17 Јули, 2026 13:12 „Еј, другари, браќа, дигнете чаша за спомените…“ – стихови што ја откриваат главната порака на новата песна „Славам“ на музичкиот бенд Некст Тајм, составен од дуото Мартин и Стефан Филиповски. Песната носи силна емоција за пријателството, братството и луѓето кои, без разлика на далечината, секогаш остануваат ...

Македонскиот игран филм „17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ, оствари уште еден грандиозен успех на меѓународната сцена. На свечената церемонија одржана вчеравечер (16 јули) во Ерусалимската кинотека, филмот ја освои престижната GWFF награда за најдобар меѓународен дебитантски филм во рамките на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим (Jerusalem Film Festival), најважниот кинематографски настан во Израел. Наградата е ...

Од почетокот на јули Националната установа Музеј на тетовски крај почна со истражувања на нов локалитет во близина на Стенче. Под Брегови Долна Цеста село Стенче е именувано местото од мештаните каде на една нива во септември 2025 година се најдени керамички остатоци при копање за градежни работи. Се наоѓа на околу километар и половина од центарот на селото во правец кон запад, односно во близина на крстосницата што води кон Волковија и ...

Филмот „Инк“ (Ink) на режисерот Дени Бојл, за подемот на медиумскиот магнат Руперт Мардок и уредникот на весникот „Сан“ Лери Лем, ќе го отвори Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. „Инк“ е филмска адаптација на драмата на Џејмс Греам, која го прикажува преземањето на дневниот весник „Сан“ од Мардок во 1969. Гај Пирс го игра ликот на Мардок, а Џек О’Конел го игра Лем во филмот што ја раскажува приказната за тоа како двајцата ...

Поради најавените врнежи од дожд во периодот кој следи, балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ во изведба на Операта и балетот „Мадленијанум“ од Србија, која е на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 22.07.2026 година, наместо на сцената Долни Сарај, ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“. Промената на локацијата е направена со цел на публиката и уметниците да им се обезбедат соодветни услови за ...

Една од најконтроверзните современи архитектонски приказни во Европа добива драматичен крај. Речиси петнаесет години откако беше завршена, а никогаш не ја пречека својата прва публика, концертната сала Rike Concert Hall во Тбилиси, дело на прочуеното италијанско архитектонско студио Studio Fuksas, ќе биде урната. Одлуката предизвика силни реакции во архитектонските кругови, бидејќи станува збор за објект што многумина го сметаа за едно од ...

Изложбата „Од канон до индивидуален израз: Зографството и профаното сликарство во Македонија (19–20 век)”, ќе биде отворена на 28 јули во 20 часот во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Изложбата го следи развојот на македонското сликарство во периодот на длабоки општествени, културни и естетски промени. Преку внимателно селектирани дела од богатата колекција на Националната галерија, посетителите ќе имаат можност да проследат ...

Охрид, 17. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – По неколкумесечна адаптација утре од 11:00 часот симболично ќе биде отворена обновената Прличева одаја во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Обновениот мултифункционален простор како и досега и во иднина ќе биде место за промоции на книги и други настани сврзани со културата, но и секојдневието на граѓаните. – Во него умешно е вграден и континуитетот на библиотеката од изработената реплика на најстариот ...

Напнат историски трилер за Сталин, тајниот тенк Т-34 и истрага во која секој одговор може да биде смртоносен „Матица македонска“ го објави романот „Црвениот ковчег“ од Сем Истланд – ново издание во летната понуда и еден од насловите вклучени во акцијата „Со книга на плажа“. Станува збор за возбудлив историски трилер што ги носи читателите во Советскиот Сојуз во 1939 година, во времето кога светот стои пред прагот на Втората светска војна, а ...

Во рамки на 12 Punto Meetings, организирани од страна на TRT Cinema и платформата Tabii, за првпат официјална делегација од Македонија учествуваше на овој престижен меѓународен филмски настан, објави Агенцијата за филм на социјалните медиуми. По директна покана од директорот на TRT Cinema, Faruk Güven, на настанот присуствуваа Сашко Мицевски, директор на Агенцијата за филм и неговиот советник, Стефан Ѓиноски. 12 Punto Meetings претставува ...

Ансамблот „Студио Фолклор“ 0д Скопје ја донесе победата за Македонија, освојувајќи го првото место на престижниот „International Folk Festival Tirana“, каде што настапија фолклорни ансамбли од девет држави од Европа, Азија и Африка. Со извонредни настапи, богата кореографија и автентична изведба на македонските народни песни и ора, членовите на ансамблот достојно ја претставија Македонија, оставајќи силен впечаток кај публиката и стручната ...

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата ...

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе има можност да ужива во балетската претстава „Митот за Амазонките“ во изведба на АРТ Денс Театар од Грција, а во режија и кореографија на Артемис Игнатиу. „Митот за Амазонките“ е танцов перформанс кој се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава. Претставата се фокусира на двата најпознати мита ...

Вечерва на последната, трета фестивалска вечер на “Фестивалот на хармониките“ во Офицерски дом во Битола беше промоцијата на најновиот студиски албум на проф. д-р Јове Кекеновски, насловен “Балкански жубор“, во издание на “ПГП РТС“ од Белград, Србија. Промоцијата беше во придружба на групата “Фонтана“.На промоцијата присуствуваше и зборуваше за новиот албум на Кекеновски, Марко Милутиновиќ – одговорен уредник на “ПГП РТС“ од Белград, кој ...

Со 21 стендап-претстава на седум атрактивни сцени во Охрид и Струга, од 21 јули до 13 август ќе се одржи осмото издание на фестивалот „Summer Comedy Marathon 2026“. Фестивалот ќе биде отворен на 21 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид со настапот на австралискиот стендап-комичар Амос Гил, кој живее и работи во САД, а ќе настапи со шоуто „The Pale, Stale, Straight White Male“ на англиски јазик. По програмата до 30 јули ќе ...

Битолското културно лето „БитФест“ е во полн ек, со максимална посетеност на културните настани кои годинава се со посебен квалитет, истакна Димитар Михајловски, директор на Културно информативен центар (КИЦ), организатор на „БитФест“. Според Михајловски, првата половина од „БитФест“ изобилува со содржини за сите генерации, а така ќе биде и во наредниот период до крајот на идниот месец. – Публиката сеуште е под импресии на спектакуларниот ...

Народен театар – Битола на 15 јули на фестивалот „Охридско лето“ премиерно ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел. Претставата се покажа дека е идеално дело за актерите од Битолскиот театар, бидејќи нивната енергија и сценски израз совршено одговараат на материјалот, а визуелните и музичките автори од ансамблот ја издигнаа оваа политичка трагедија до високо ниво на театарска ...

Битола се подготвува за еден од најголемите музички настани ова лето. Естрадниот уметник Борче Наумовски, во јавноста познат како „Министерот“, денеска пред новинарите ги сподели деталите за претстојниот солистички концерт со кој ќе одбележи значаен јубилеј – 30 години успешна кариера на естрадата. На прес-конференцијата тој беше придружуван од својот менаџер Мирослав Стојковски и проф. Кирил Стојчевски, кој ќе раководи со големиот оркестар ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
64%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.7
73%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
1.03
74%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
78%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.82
78%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
97%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.17
52%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 20ᴼ
1.03
71%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
3.13
86%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 16ᴼ
1.54
58%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
96%
1015
Currency

61.525

Currency

52.7806

Currency

71.8482

Currency

37.8479

Currency

38.0128

Currency

65.5865

Currency

7.84335

Currency

0.62639

Currency

0.33146

Currency

0.52437

Currency

1.09544

Currency

0.55342

Кобалт

56.29

Злато

149205.18

Калај

55.96

Рутениум

53852.50

Паладиум

42599.74

Бакар

13.57

Платина

59800.39

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Родиум

282926.57

Сребро

2226.13

Алуминиум

3.24