Американскиот диџеј и продуцент Стив Аоки бесплатно ќе настапи во Битола на 2 август, на стадионот „Петар Милошевски“, објави „Авалон“. Настапот на Аоки е дел од одбележувањето на 35 години независност на Македонија. „Бидејќи завршната манифестација е на 8 септември, одлучивме прославата да започне токму на нашиот најголем историски празник Илинден, со еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите ...

Центарот на модернистичкиот балтички пристаништен град Гдиња, изграден речиси од нула во текот на двете децении меѓу Првата и Втората светска војна, денеска е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, токму додека градот ја одбележува својата стогодишнина. Сместен северно од историскиот град Гдањск (родното место на полското синдикално движење „Солидарност“) и приморското одморалиште Сопот, Гдиња долго време локално се сметал за ...

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, кој годинава го слави својот 40-годишен јубилеј, на 28 јули во 21 часот во црквата „Св. Софија“, ќе одржи концерт под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. ...

Во Порта Македонија во Скопје, вечерва (28 јули) во 18:00 часот ќе биде претставен литературниот портрет посветен на авторката Марина Гоцевска. Посетителите ќе се сретнат со нејзиниот творечки дух, со тишината меѓу стиховите и со светлината што ја остава пишаниот збор. Заедно ќе патуваат низ нејзиниот книжевен свет, ќе ги слушнат приказните што го обликувале нејзиното перо и ќе се доближат до мислите, чувствата и визиите што живеат во ...

Поставувањето на метална заштитна конструкција на споменикот Македониум во Крушево ќе биде предмет на инспекциски надзор, откако Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) соопшти дека за ваквата интервенција не издала конзерваторско одобрение. Директорката на Управата, Весела Честоева, информира дека иако Македониумот уште во 2025 година бил прогласен за културно добро во опасност и биле утврдени итни мерки за негова заштита, ...

Музеите во Македонија немаат договори со други институции за стационирање на музејските предмети во услови на кризи. Ова го кажаа од Македонскиот национален комитет на Синиот Штит- невладина организација што работи на заштита на артефакти во услови на војни и природни непогоди, на денешната обука , на тема „ Подготвеност и правилно постапување со културното наследство во услови на кризни ситуации“. Затоа е потребно во мирно време да се ...

Македонскиот народен театар на 9 септември ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на еден од најзначајните македонски режисери Дејан Пројковски, со маестралниот Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, „Уна“ е современа и длабоко емотивна приказна за љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите коишто ...

Здружението “Хуманитарно Културен ФЕНИКС” на 25 јули 2026 година во Музејот на Македонската револуционерна борба го организираше третиот Интернационално традиционален поетски фестивал “СКОПСКИ ПОЕТСКИ ВЕЧЕРИ” посветен на катасрофалниот земјотрес во Скопје од 26 јули 1963 година, со цел градот Скопје познат како град на солидарноста, да го обои во град на поезијата. Пред почетокот на фестивалот Претседателката на здружението “ФЕНИКС” Билјана ...

Во охридската црква „Св. Софија“ вечерва во 21 часот концерт ќе одржи ансамблот „Алтус“ од Македонија. Диригент е Ана Спасовска, а во составот членуваат: Гонца Богоромова-Краповски, сопран, Елена Стојческа, флејта, Игор Иванов, кларинет, Роман Петиот, гитара, Маријана Николовска, пијано, Мартин Димитров, виолина, Александар Лаовски, виола и Паскал Краповски, виолончело. На програмата се дела од: Панде Шахов, Ангел Спировски, Томислав ...

Деветтото издание на Beach Film Festival – Охрид беше затворено синоќа на плажата Славија, во амбиент што повторно го потврди она по што овој фестивал стана препознатлив – филмот доживеан под отворено небо, со езерото како природна сценографија. Завршната вечер ја отвори краткиот филм „Silent Cinema“ на Крсте Господиновски, кој публиката ја врати кон изворите на филмскиот јазик, проследен со краткиот „Ordinary Hero“ на Јован Цветкоски. ...

– Со проекција на македонскиот етнографски филм „Приказна за Русалиите“ од авторот Силвестер Проле, во Битола заврши јубилејното петто издание на интернационалниот етнографски филмски фестивал (ИЕФФ) „Илинденски денови“. Годинава на адреса на организаторот пристигнаа над 1.800 документарни филмови, а селекторот Тони Гламчевски за проекција избра 42 етнографски филмови. -Оваа година ИЕФФ имаше програма што нуди перспектива и што ги менува ...

Некои луѓе не се паметат по годината кога се родиле. Ниту по денот кога заминале. Се паметат по чувството што го оставиле зад себе. Таков беше Гоце Тодоровски. Денес Македонија не се простува само од еден актер. Се простува од дел од сопственото детство, од сопствената младост. Не знам дали денешните деца ќе можат целосно да разберат зошто денес толку многу луѓе плачат за Гоце Тодоровски. Затоа што ние не изгубивме само актер. Изгубивме дел ...

Влегуваме во месец август, месец во кој започнува одбележувањето на 35 години независност на Македонија. „Бидејќи завршната манифестација е на 8 Септември, одлучивме прославата да започне токму на нашиот најголем историски празник – Илинден со еден од апсолутно најактуелните диџеи на денешницата, познат ширум планетата по своите енергични и спектакуларни шоуа, STEVE AOKI!Затоа, влезот за настапот на Steve Aoki на 2 август – Илинден во Битола ...

Вечерва се заокружува јулската сесија од проектот „Македонски филм. На големо платно” со бесплатна проекција на “Мими” на Даријан Пејовски. МИМИ – Даријан Пејовски 27 јули | 19:00 часот Cineplexx Во главните улоги настапуваат Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Владимир Петровиќ и Стефан Спасов, кои преку силни актерски изведби ја носат емотивната приказна за една млада жена во потрага по ...

На 75-годишна возраст почина Гоце Тодоровски, пензиониран актер и долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Со неговото заминување, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. Гоце Тодоровски не ја бараше наклонетоста на гледачите. Ја освојуваше уште со првото појавување на сцената. Неговата игра имаше ретка непосредност: прецизен ...

Охрид, 27. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, вечерва најмладите ќе може да уживаат во театарска претстава „Тетка Марулка“ во изведба на Театар Хит од Скопје, а во режија на Сашо Ристовски. – Тетка Марулка е најактуелната претстава за деца која е исполнета со многу комични, интерактивни и едукативни елементи. Целото дејство се случува во дворот на Тетка Марулка, која успева на сите да им докаже дека само ...

Во трка за „Срцето на Сараево“ на 32-от Филмски фестивал во Сараево кој ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година, се натпреваруваат 51 филм, додека еден филм ќе биде прикажан надвор од конкуренцијата. Во четирите натпреварувачки селекции – долгометражен игран филм, долгометражен и краток документарен филм, долгометражен краток филм и студентски краток филм – 21 филм ќе имаат светска премиера, шест меѓународни, еден европска, 23 филма ќе ...

Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, се одржа традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и оваа година со гордост ја поддржа реализацијата на овој престижен музички настан. Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули пред публиката во Охрид, настапи светски познатото пијано дуо ...

ПРЕЕКСПОНИРАНО Things Unsaid Елеонора Венинова / Македонија / 2022 / 97 мин Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена. Проекции Понеделник, 27 јули20:30 Оригинален јазик 150 ден Улоги Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов ПРЕЕКСПОНИРАНО Things Unsaid Елеонора Венинова / Македонија / 2022 / 97 мин Проблематична тинејџерка ја нарушува ...

Познатиот македонски актер Гоце Тодоровски почина синоќа на 75-годишна возраст. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. -Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави неговата ќерка. Гоце ...

Кога едно од најпознатите архитектонски дела со кое се гордее светот ќе мора да се брани од сопствените институции, тогаш проблемот одамна не е во влагата. Зоран БОЈАРОВСКИ* Македониумот не е жртва на дождот. Тој е жртва на нашата рамнодушност. Понекогаш скандалот не е во тоа што нешто е уништено. Скандалот со Македоноумот е што некој не препознава дека тоа е скандал. Фотографиите од Македониумот во Крушево, со пластични панели и метални ...

Битола ќе биде центарот на театарот за деца во земјава и пошироко од 3 до 7 август. Јубилејното 15. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ ќе се одржува на пет сцени во Центарот за култура и Народниот театар во Битола. Во официјалната фестивалска програма од натпреварувачки карактер учествуваат седум театри од седум земји: Литванија, Романија, Словенија, Турција, Баскија, Србија и Црна Гора. Најдобрата претстава ќе ...

Сподели ја твојата — Со љубов од Битола CEDI4 weeks ago03 mins Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 14-тото издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА″ ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е – „БИТОЛА ВО ЗЛАТНИОТ ЧАС“ КОНКУРСОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН до 31 јули 2026 со НАГРАДЕН ФОНД – ПРВА НАГРАДА – 6000 ДЕН – ВТОРА НАГРАДА – 4500 ДЕН – ТРЕТА НАГРАДА – 3000 ДЕН. Право на ...

Голем дел од креативната работа на композиторот Влатко Георгиев е посветен на експерименталната електронска музика, а неговиот најнов албум со акузматична музика со наслов „Перцепции“ имаше презентација и во Скопје. Музичарот и композитор Влатко Георгиев веќе десетина години со своето семејство живее и работи во Нов Зеланд. Повремено доаѓа во Македонија да се види со пријателите, но и да ги претстави своите нови музички креации. Додека беше ...

Приказната на филмот „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ следи двајца новинари вовлечени во свет на корупција, злоупотреба на моќ, политичка хипокризија и скандали, во кој секој обид да се открие вистината носи нови морални дилеми и лични последици. Според режисерот Јаниќијевиќ, едно од централните прашања што ги отвора филмот е колку е можно човек да остане „чист“ во средина во која вистината ...

Вечерта ја отвори амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Рафаел Соријано Ортис, кој нагласи дека главната цел на заедничката културна програма е да се изградат мостови кои уште повеќе ќе ги зближат двете земји. -Шпанија цврсто ги поддржува европските аспирации на вашата земја. Во 2026 година се одбележуваат 20 години од отворањето на нашата амбасада во Скопје, со обновена посветеност на зајакнување на нашите билатерални односи, ...

Турскиот диџеј и продуцент Махмут Орхан ги разигра охриѓани и туристите на шоуто кое се одржа на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Светската диџеј ѕвезда ги собра љубителите на електронската музика од земјата и странство, потсетувајќи зошто е еден од најпопуларните диџеи денес. Орхан е музички продуцент од Турција кој стекна глобална слава со својот специфичен спој на хаус и традиционални ориентални и етно-мотиви. Неговата кариера брзо ...

15 години секој детски сон станува јаве. Во традиционалниот термин од 3 до 7 август, Битола ќе биде центарот на театарот за деца во земјава и пошироко. Јубилејното 15. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ ќе се одржува на пет сцени во НУ Центар за кулутра – Битола и НУ Народен театар – Битола. Во официјалната фестивалска програма од натпреварувачки карактер учествуваат 7 театри од 7 земји: Литванија, Романија, ...

Во недела, на 26 јули, во 19:30 часот, во Музејот на град Скопје ќе се отвори изложбата „63 ГОДИНИ – СКОПЈЕ 63“. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. Изложбата е подготвена по повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес кој се случил во Скопје на 26 јули 1963 година и е дел од културната манифестација „Одбележување на 26 јули – денот на катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година“. Темата на изложбата ...

Вечерашната фестивалска програма на „Охридско лето“ е посветена на британската музика, а пред охридската публика ќе настапи Исата Кане-Мејсон, една од најуспешните млади пијанистки на денешницата. Препознатлива по своите еклектични и инспиративни рецитални програми, Исата Кане-Мејсон создава интересни музички споеви, поврзувајќи ги делата на композиторите од различни епохи — од Хајдн и Моцарт, преку Фани Менделсон и Клара Шуман, Шопен и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
60%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.03
71%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
83%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
77%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
0.59
77%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.51
96%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
1.79
51%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 21ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
78%
1017
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
89%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
1.79
57%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
96%
1015
Currency

61.525

Currency

52.7806

Currency

71.8482

Currency

37.8479

Currency

38.0128

Currency

65.5865

Currency

7.84335

Currency

0.62639

Currency

0.33146

Currency

0.52437

Currency

1.09544

Currency

0.55342

Калај

55.96

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Бакар

13.57

Кобалт

56.29

Паладиум

42599.74

Злато

149205.18

Сребро

2226.13

Платина

59800.39

Алуминиум

3.24