Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје ќе го заврши 47-мото издание на фестивалот „Скопско лето“ со концертот „Звук што расте“, што ќе се одржи на 30 јули (четврток), на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, со почеток во 20:30 часот. Во свечената атмосфера на затворањето на 47. „Скопско лето“, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ со концертот „Звук што расте“ одбележува значаен јубилеј – ...
Во рамки на придружната програма на 15. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ за првпат во Македонија ќе се изведува јапонски Камишибаи театар. Вкупно шест претстави ќе бидат изведени на 5 и 6 август од 17 часот во фоајето на Центар за култура – Битола. Овие претстави во кратка форма од по 10 минути вообичаено наменета за улична изведба ќе се изведуваат по три во термин. Камишибаи е традиционална јапонска форма на ...
Опозициската СДСМ го обвини Зоран Љутков дека наместо да одговори зошто Владата ја укинала буџетската поддршка за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, се служи со политички обвинувања и навреди. Во партиското соопштение се наведува дека средствата од 150 милиони евра, за кои говореле претходно, не претставувале еднократна буџетска ставка, туку, како што тврдат, повеќегодишна финансиска конструкција која требало да се ...
„Препратки кон јатки“ е насловот на новата книга на поетесата и преведувачка Весна Ацевска, која претставува избор од поетички и други есеи и осврти на книжевни темелници и современи литературни дела, на кои им се придружени неколку интервјуа со авторката. Станува збор за книга која посочува, како што вели издавачот „Макавеј“, дека „Постои еден момент во секое читање кога зборот престанува да биде само знак и почнува да зрачи – тој момент ...
„Незамисливо е без буџет да се направи филм. Но, тука се поставуваат неколку прашања: кога парите стануваат поважни од уметноста и кои се тие минимални средства што ќе ни овозможат да направиме уметнички, авторски, филм? Режисерската визија, во комбинација со талентот и мудроста, може да изроди уметност и со мал буџет. Но, дали ќе работиш и кога би немал илјадници евра на располагање, или ќе чекаш додека не ги добиеш, и дали ќе се бавиш со ...
Сè поголем број на психолози и истражувања покажуваат дека многу жени токму по 40-тата година се чувствуваат посреќни, посигурни и поисполнети отколку кога биле во дваесеттите. Зрелите се почеток на период во кој конечно живееме повеќе според себе, а помалку според туѓите очекувања. Тогаш започнува едно ново поглавје во животот, една нова убавина обвиткана во среќа. Повеќе самодоверба, помалку докажување Во четириесеттите многу жени веќе не ...
„Лето создадено од приказни“ продолжува со две нови изданија од бестселер-авторка со милионска светска читателска публика Во деновите кога летната акција „Со книга на плажа“ е во полн ек, „Матица македонска“ ја збогатува годинашната понуда со две нови изданија од Лорелин Пејџ – „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“. Со нив, акцијата што се одвива под слоганот „Лето создадено од приказни“ добива уште една силна читателска линија: ...
По премиерата на 66. Охридско лето и светската премиера во Верона, Битолскиот театар успешно ја заокружи сезоната со нови премиери, бројни меѓународни гостувања, соработки. Последната премиера за оваа сезона „Кориолан“ по делото на Шекспир, во режија на Џон Блондел, беше успешно претставена во рамките на драмската програма на 66. Охридско лето, а веднаш потоа меѓународниот успех НТБ го потврди со светската премиера на Verona Shakespeare ...
Новото издание на „Матица македонска“ е еден од водечките наслови во кампањата „Со книга на плажа“ – Лето создадено од приказни Неодамна објавениот роман „Црвениот парфем“ од Тереза Ревај е еден од насловите што го обележуваат годинашното книжевно лето во „Матица македонска“. Станува збор за историски роман со силен читателски магнетизам – приказна за еден мирис што станува трага, за едно семејно исчезнување што не престанува да боли и за ...
Филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, ќе биде прикажан вечерва(вторник) во 20.15 часот во Кинотеката на Македонија. Проекцијата е во рамките на фестивалот „Скопско лето“. Филмот ја имаше премиерата во 2018 година. Сценариото е на Манчевски, заедно со В.П. Розентал, а главните улоги ги толкуваат: Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Јановиц. Во центар за престој за бездомници во Њујорк, документарна екипа ја наоѓа Бикини Мун Дејвис, ...
На 8 Август со почеток од 19:30 часот во паркот ДИНЌУТ во Гевгелија, ќе се одржи кино на отворено со проекција на филмот Диџеј Ахмет (2025), долгометражниот игран филм на Георги М. Унковски. Приказна за Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка која веќе е ветена на друг. ...
Афирмацијата на македонската култура, зачувувањето на националното културно наследство и неговото достоинствено претставување во меѓународниот простор претставуваат една од суштинските определби на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Како значајна институција на културната дипломатија, Македонскиот КИЦ во Софија ја остварува својата мисија преку создавање културни врски, отворање простори за дијалог и промовирање на ...
За првпат на македонски јазик е објавено интегралното издание на графичкиот роман „Персеполис“ од иранско-француската илустраторка и писателка Марџан Сатрапи, во превод на македонски јазик на Владо Ефтимов. Во ова дело таа го претвора личното сеќавање во политичко сведоштво, осветлувајќи ја вистината за репресијата, прогонството, созревањето и отпорот преку искреност, духовитост и човечност. „Персеполис“ (2000 – 2003) на Сатрапи која почина ...
Дваесетина ученици од Оркестарот на скопската гимназија „Орце Николов“ добија покана за настап во септември во Њујорк, откако го освоија првото место на Меѓународниот младински музички натпревар (International Youth Music Competition – IYMC). Како награда за освоеното признание, средношколскиот оркестар доби покана за два концерта во Њујорк, каде што би требало да настапат со македонска народна музика во автентични аранжмани. За реализација ...
Неодамна во Пекинг беше објавена научната монографија „Теорија на писмото: типови, структура и промена“ од Игор Радев, која веројатно претставува прво дело од македонски автор напишано на кинески јазик и издадено во Кина. Изданието на над 350 страници е објавено од страна на реномираната издавачка куќа за научна литература „Чжонгхуа шуџју“ и е поддржано од програмата за издаваштво на Центарот за меѓународна јазична соработка при ...
Во рамките на програмата на БИТФЕСТ – Битолско културно лето 2026, на 8 август 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура – Битола, ќе се изведе театарската претстава, комедијата „Европа или смрт“. „Европа или смрт“ е современа комедија која низ хумор, сатира и препознатливи животни ситуации ги отвора прашањата за современото општество, балканскиот менталитет, личните и колективните предизвици, како и вечната потрага по ...
Вечер што долго ќе се памети остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегорано која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во Македонија. Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво. -Имајќи предвид ...
Дизни наводно подготвува враќање на иконската божиќна франшиза „Сам дома“, а Меколи Калкин повторно е во центарот на плановите. Според американскиот новинар Метју Белони, актерот веќе разговарал со раководителите на студиото за можен нов филм, а Дизни прави сè што може за да го убеди да се врати во улогата на Кевин Мекалистер, пишува Дејли Меил. Белони во подкастот The Town изјави дека Калкин бил виден во студијата на Волт Дизни во Бурбанк, ...
Врвната поезија и лично доживеаната фотографија, синоќа се сретнаа на автентичната промоција во Сули ан, во рамки на „Скопско лето, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година . Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопје и неговата меморија, а Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку ...
Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Мравки“, кое во наредните 24 снимачки денови ќе се реализира на повеќе локации низ Скопје и Дебар. Режисер на филмот е Марјан Гавриловски, сценариото го потпишува Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на фотографија е Фејми Даут. „Мравки“ е црна комедија со елементи на трилер, чија приказна следи невообичаен тандем – инспектор пред пензија и трансвестит, кои се принудени заедно да ...
Основната замисла на музичкиот проект „Да ја вратиме културата во културните средини“ со кој првично се предвидени три концерти на отворено – во Мелница, Бешиште и во Полчиште е да се оживее традицијата во срцето на Мариово. Според познатиот македонски инструменталист на традиционални народни инструменти, Стефче Стојковски, идејата е симболична, но и суштинска: враќање на изворниот мелос и исконската уметност токму таму каде што се родила и ...
Галичник по седми пат ќе гo отвори своето препознатливо кино под отворено небо за едно од најавтентичните филмски доживувања во регионот, од петок (31 јули) до 3 август. Галичник филм фестивал годинава носи повеќе од 50 краткометражни филмови од 30 земји, избрани од стотици пријави од целиот свет, потврдувајќи ја својата позиција како меѓународен фестивал кој ги открива новите авторски гласови. Годинешната програма е најразновидна досега, ...
Понекогаш не е потребна голема промена за жената повторно да се почувствува убаво. Не е секогаш нова гардероба, скап третман или некаква промена на изгледот. Често најголем ефект имаат малите работи што ѝ враќаат чувство на грижа, самодоверба и задоволство од самата себе. Облечете нешто што ве прави среќни Облеката не е само начин да го покриеме телото, таа влијае и на начинот на кој се чувствуваме. Истражувањата покажуваат дека изборот на ...
Во црквата „Св. Софија“ утревечер (30 јули) во 21 часот, во рамките на Француската вечер на „Охридско лето“ концерт ќе одржи квартетот „Хермес“ во состав Омер Буше – виолина, Елисе Лиу – виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг – виола и Јан Левионоа – виолончело. Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка уникатност ја градат преку тоа што се обидуваат да бидат „проводници“ на музичките идеи на ...
Една од најзначајните македонски рок-групи, АРЕА, на 31 јули (петок) ќе одржи голем солистички концерт на сцената на Античкиот театар во Охрид, во рамките на годинешното издание на S.O.S. Festival 2026. Под отворено небо и во магичниот амбиент на еден од најубавите концертни простори во земјата, Ружица, Ивица и останатите членови на бендот ќе приредат вечер исполнета со емоции, рок-енергија и безвременски хитови. Публиката ќе има можност во ...
По успешната премиера на Скопје танцова платформа, одржана во рамките на Танц Фест Скопје 2026, претставата „МА“ на Скопје танцов театар, во кореографија на Дејан Битровски, вечерва ќе ја има својата италијанска премиера во Новиот театар Абелијано во Бари. Гостувањето се реализира на покана на италијанската организација РесЕкстенса – Порта д’Ориенте, како дел од меѓународната програма „Обединете ги краевите и ќе го добиете вистинскиот ...
Во познатиот шопинг и културен дистрикт Санлитун во Пекинг, реномираното холандско архитектонско студио MVRDV дизајнираше објект кој ја брише границата меѓу традиционалното кинеско градителство и футуристичкиот малопродажен дизајн. Станува збор за новиот водечки објект (flagship store) на модниот бренд Urban Revivo, чија надворешност привлекува внимание со необичен визуелен ефект, фасадата ги менува нијансите од сина во виолетова додека ...
Пазарот на супер-луксузни недвижности доби нов неприкосновен владетел. Продажбата на спектакуларниот пентхаус во резиденцијата „Le Renzo“, сместена во најексклузивниот нов кварт во Кнежевството Монако, Маретера, го собори светскиот рекорд за најскап стан во историјата на човештвото. За оваа ултра-луксузна резиденција се платени фантастични 471 милион евра (околу 550 милиони американски долари), зделка која ги надмина сите досегашни рекорди ...
Ви пренесуваме дел од инспиративниот разговор помеѓу Наташа Атанасова и Ана Пејчинова кој нема само да ве пренесе во Авганистан, туку ќе ви отвори прозорец во светот на една вековна и богата култура и традиција но ќе ви направи и паралела на состојбите во денешно време, низ искуствата на авторката која 15 години живеела во таа земја Постојат земји кои географски ни се далечни и поради тоа многу малку знаеме за нив. Најчесто, она што го ...
Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ. Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“. Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со ...