Со завршната изложба на ликовните дела на 11-мина ликовни уметници од Македонија, Грција, Србија, Полска и Турција беше означен крајот на традиционалната ликовна колонија, 22. по ред, „Аполонија 2026“, која од 15 до 23 јуни се одржа во Гевгелија. Организатор е Фондацијата „Аполонија“. На терасата на хотелот „Аполонија“ беа изложени дела создадени по сопствен избор на уметниците учесници, но инспирирани од богатото и живописно гевгелиско ...

Изложбата „Експериментален цртеж“, реализирана на тема „Невидливи траги“ во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), предизвика исклучително голем интерес кај белградската публика. Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград се претставени дела од 42 уметници – членови на ДЛУМ, а љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат изложбата до 9 јули 2026 година. – Станува збор за традиционална изложба што ...

Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката на 29 јуни, понеделник, во 19 часот ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на БЛОК КРАТКИ ФИЛМОВИ. МАТЕРИЈАЛ ЗА АУДИЦИЈА – ЃОРЧЕ СТАВРЕСКИ Сопственичка на стан бара од својот потстанар, трубач, навидум едноставна услуга – да превезе млада жена и нејзината мала ќерка до градот. Но, тој останува длабоко потресен кога дознава дека жената има намера да ја остави ...

По десетина настапи низ скопските клубови, во текот на кои нивниот првичен дуо формат постепено прерасна во квартет, ТМУР ќе го издадат и концертно ќе го промовираат својот деби албум Пустохија. Промоцијата ќе се одржи на 2 јули (четврток), со почеток во 21:00 часот, во КОТУР, а влезниците ќе чинат 200 денари. Албумот е снимен во студиото „Профундус“, под продукциската палка на Дориан Јовановиќ, еден од најискусните и најреномирани македонски ...

Еден од најзначајните филозофи на денешницата, Швеѓанецот Мартин Хеглунд на 29 јуни (понеделник) во 20 часот доаѓа во Скопје и ќе одржи предавање насловено „Овој живот – критика и еманципација“. Тој ќе гостува на Фестивалот за критичка култура КРИК. Неговото предавање се заснова на неговите тези епистемолошки разработени во неговата веќе култна книга „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“, која Контрапункт ја издаде во превод на ...

Концерт насловен „Македонија во нас“, ќе се одржи на 29.06.2026г. – понеделник, со почеток во 20:30 часот на отворената сцена на „Кеј 13 Ноември“, споменик на Гемиџиите. На концертот ќе учествуваат Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од Волонгонг. Овој настан е во соработка со Националната агенција за иселеништво на Македонија, а влезот е слободен. Народните ансамбли „Светлост“ од Мелбурн и „Македонски бисери“ од ...

Учествуваат 10 ликовни уметници од земјата и светот, мегу кои како почесен гостин, е и светски афирмираниот, академскиот ликовен уметник Јордан Манасиески, редовен учесник на колонијата од самите нејзини почетоци. Учествуваат и Сузана Ардо од Лондон, Наталија Студенкова – Словачка, Дуња Корломановиќ – Србија, Лидија Вујишиќ – Скопје, Славица Танеска – Охрид, Михаил Клечкароски – Струга, Филип Јовески – Прилеп, Вангел Крстиноски – Ресен, ...

Традиционално, со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународното поетско читање „Мостови“, вечер, 28 јуни, на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе ѝ биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на ...

Поезијата останува чувар на човечкото достоинство и простор каде што се среќаваат интимното и универзалното. Нè потсетува дека човечкото битие е центар на заедништвото и животот, подвлекува истакнат шпански поет, романсиер и есеист, и директор на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро во интервју за МИА. За него, јазикот е многу повеќе од збир на зборови – тој е заедница, сеќавање и мост меѓу луѓето. Во време на поделби и забрзан ...

„Патешествие низ времиња“, според жири-комисијата во состав Иван Шопов – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Никола Ѓелинчески членови, е збирка што се движи меѓу личното искуство, сеќавањето и чувството на припадност. „Во неа се препознава авторската потреба да се зачуваат миговите, местата и луѓето што оставиле трага во животот на поетот. Особено впечатлива е постојаната врска со Македонија која се јавува не само како географски простор ...

Отворена изложбата на архитектонски студии “ИАС28” 25.06.2026 • Изложби Информации На Архитектонски Факултет-Скопје при УКИМ, на 24.06.2026 се отвори Изложба на архитектонски студии “ИАС28”, во кои се вклучени и студентски трудови по предметите Цртање, Елементи на форма и боја, и Пластично обликување. Поставката ќе биде отворена до 30.06.2026. Отворена изложбата на архитектонски студии “ИАС28” 25.06.2026 • Изложби ...

Како можеме да донесеме мир во овој човечки свет на Земјата?, праша на почетокот од своето обраќање Анеке Брасинга, годинашен лауреат на наградата „Златен венец“ на СВП, во црквата Света Софија во Охрид, каде вечерва се подржа традиционалниот поетски портрет. Денес, 27 јуни, бидејќи е еден од најдолгите денови во годината на оваа хемисфера, ние, собрани овде заради поезијата, имаме време за да го спасиме овој стар свет за новите генерации. И, ...

Режисерот Марјан Георгиевски истакна: „ Како млади вљубеници во театарот го гледавме тој жанр на претстави и можеби ни беа и првиот контакт со театарот и првото чувство дека еве се случува некаква игра и сакаме и ние тоа да го правиме. Но низ годините, работевме друг тип на претстави кој навистина беше поинаков и решивме да направиме водвиљ кој што како генерација ние не го доживеавме искуствено на сцена и навистина беше едно големо ...

Амбасадата на Грција во Северна Македонија сподели информации за два претстојни културни настани кои ќе донесат грчка музика и танц во Битола и Охрид во текот на месец јули. 20-тото јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ ќе биде отворено во Битола, во античка Хераклеја, со спектакуларен настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ...

Монументалниот витраж „Подем“ на македонскиот уметник Борко Лазески од 1971 година од септември ќе добие нов дом, во новиот објект на „Стопанска банка“, во центарот на Скопје. По соодветна реставрација ќе биде повторно поставен таму, планот е тоа да се реализира во текот на летото, а во септември да се организира и свечено отворање, добила уверување од банката, ќерката на Лазески, Росица. Витражот, кое е едно маестрално уметничко дело, со ...

Планираниот биографски филм за Мадона, најавен во 2020, пропаднал поради несогласувањата околу висината на буџетот и предлогот да се снима во Србија, откри славната пејачка во интервју за магазинот „Интервју“. Овој филм требаше да го режира самата Мадона, по сценарио на оскаровката Дијабло Коди. „Се појавија несогласувања помеѓу мене и студиото ‘Јуниверзал‘ околу буџетот. Имав исклучителен живот. Мојот живот беше огромен, па затоа ми беше ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 337, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (27-28.6.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со театарската режисерка Хана Миленковска за претставата „Патот на Баба Јага“ во Театарот за деца и младинци: Ограничувањата не ја уништија магијата – разговор со Огнен Стојаноски, ПР на „Пасворд продукција“, за „Д-Фестивал“ во ...

Реновирањето или уредувањето на бањата е една од најсложените фази во опремувањето на домот. Иако многумина прво се водат од тоа што визуелно им се допаѓа, архитектите и дизајнерите на ентериер предупредуваат дека погрешниот редослед на избор може да резултира со несоодветни пропорции, дополнителни трошоци и компромиси што подоцна тешко се исправуваат. Прашањето што најчесто си го поставуваат инвеститорите е дали прво се избираат плочките, ...

Овој предлог-концепт за ново пристаниште во Охрид претставува современа архитектонска визија која се обидува да воспостави рамнотежа меѓу развојот на урбаната инфраструктура и заштитата на културното наследство на градот, кој е под заштита на УНЕСКО. Визуелизацијата на проектот е генерирана со помош на вештачка интелигенција (AI), но при нејзиното создавање строго се почитувани принципите на автентичната староградска охридска архитектура. ...

Театар „Златен Елец“ ја најавува премиерата на претставата „Теорема, леме“ според романот и филмот на Пјер Паоло Пазолини. Режијата и адаптацијата се на Мирко Радоњиќ, драматург е Ева Камчевска а координатор на проектот е Бобан Алексоски. Во претставата играат: Златко Митрески, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски, Марија Карилоска и Бранко Михајлоски „Доколку Господ ви се јави со чудо, дали мислите дека вие – вашата природа – ќе се смени? Или ...

Македонскиот поп-пејач Мартинијан Кириловски ова лето ќе настапи на годинашното издание на еден од најпознатите музички фестивали во регионот – „Бисер Јадрана“, кој ќе се одржи на 18 јули во Тиват, Црна Гора, со директен пренос од 21:00 часот на Македонската Радио Телевизија. По едногодишна пауза, Кириловски повторно се враќа на фестивалската сцена на „Бисер Јадрана“ со нова песна која уште на прво слушање освојува со својата емоција, ...

Од 22 јуни, „Матица македонска“ ја почна летната акција „Со книга на плажа“, годинава под слоганот „Лето создадено од приказни“. Акцијата ќе се одвива во книжарниците на „Матица македонска“ и онлајн, преку „Клуб Матица“, со специјални летни цени за внимателно избран избор на книги. Во годината кога „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, „Со книга на плажа“ е уште една покана до читателите летото да го поминат со добра книга – на ...

На 26 јуни (петок) од 19.00 ч. во фоајето на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи Вечер на француски песни, при што ќе настапат Билјана Бајевска – сопран и Јанинка Невчева – пијано. Концертот е поддржан од Министерството за култура и туризам. Програма: Fêtes Galantes – Claude Debussy На 26 јуни (петок) од 19.00 ч. во фоајето на прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи Вечер на француски песни, при што ...

Авторката Александра Велинова продолжува да ги доближува своите дела до поширока читателска публика преку превод на албански јазик на второто издание на трите популарни детски изданија: „Сон на балон“, „Стефан во Дино Парк“ и „Домот на пастрмката“. Препевот е на Делвина Керлуку исто така член на ДПМ. Овие книги, кои преку интересни приказни обработуваат теми како пријателството, авантурата, едукацијата и грижата за природата, веќе го ...

Од 30 јуни до 3 јули 2026 година, Jazz Factory Festival ќе учествува на International Jazz Forum, кој се одржува во рамките на престижниот фестивал Jazz à Vienne во Франција – еден од најзначајните и најреномирани џез фестивали во Европа. International Jazz Forum претставува место каде што се среќаваат директори на фестивали, букинг агенти, продуценти, музичари, медиуми и културни институции од Европа и светот. Преку професионални средби, ...

„Пет минути и доста“: Ќерката на Мили Боби Браун не се заинтересира за нејзиниот филм Објавена во: 26 Јуни, 2026 17:43 Филмот ја направи светска ѕвезда, но нејзината ќерка му даде само пет минути и се откажа. Мили Боби Браун гостуваше во подкастот „Happy Sad Confused“и сподели мала приказна за тоа како ѝ го пуштила првиот филм „Enola Holmes“ на својата ќерка. Реакцијата не била онаква каква што очекувале повеќето фанови. „Ја пуштив ...

Битолскaта музичка група „Фолтин“ оваа година одбележува 30 години од својот прв концерт. Новата двојна плоча и меѓународните настапи се дел од активностите до крајот на годината, најавија денеска членовите на бендот во Скопје. „Фолтин“ на 29 август ќе концерт во Хераклеја за затварањето на „Битфест“, а во ноември е планиран концерт во Скопје. Денеска, пејачот Бранислав Николов, гитаристот Пеце Трајковски-Брада, кларинетистот Пеце Николовски, ...

Деновиве беше означен почетокот на работата на новиот театарски проект „Годо“, современа авторска адаптација по мотиви на култното дело „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет. За првпат во македонскиот театар се реализира копродукција од ваков обем, која обединува четири различни институции и уметнички тимови во заедничка мисија – создавање на ново, современо и автентично сценско читање на едно од најзначајните драмски дела на 20 век. Проектот е ...

Фото: Урош Елековиќ Рок-музичарот, актер и писател д-р Неле Карајлиќ синоќа одржа голема промоција на својот прв соло студиски албум „Пијани брод“. Настанот официјално го отвори музичкиот менаџер Радомир Рака Мариќ, а промоцијата започна со ексклузивен кинематографски блок во кој премиерно беа прикажани четири нови музички видеа: „Kriva Drina“, „Anđeli“, „Sipaj ne pitaj“ и „Ibar“. Посебна атракција беше иновативната употреба на вештачка ...

Синиот устав (шпан. Constitución Azul) претставува важечки Устав на Боливарската Република Венецуела, усвоен на народен референдум во декември 1999 година. Со дури 350 членови, ова е еден од најдолгите и најпрогресивните уставни документи во светот. Својот препознатлив прекар го добил по книшка со карактеристични сини корици, која поранешниот претседател Уго Чавез постојано ја носел со себе, претворајќи ја во моќно политичко оружје и симбол ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.5
63%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
1.99
79%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.25
93%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.27
61%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.19
63%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.06
97%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
0.89
58%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.13
48%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.13
47%
1017
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.58
71%
1016
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
61%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.99
100%
1016
Currency

61.645

Currency

53.9983

Currency

72.3409

Currency

37.5504

Currency

38.1008

Currency

66.7433

Currency

7.96794

Currency

0.70105

Currency

0.33399

Currency

0.52508

Currency

1.14928

Currency

0.56524

Иридиум

245953.21

Родиум

262028.58

Сребро

1924.70

Паладиум

40509.94

Рутениум

49029.89

Платина

52244.96

Кобалт

56.29

Бакар

12.63

Калај

52.82

Злато

132441.79

Алуминиум

3.15

Цинк

0.00