Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Седмото издание на Галичник филм фестивал, меѓу одличните филмови, приказни, проекции, им даде простор и на филмските автори да се сретнат со публиката и да поразговараат. Гостинка беше Дина Дума, која одржа интересен мастер-клас, надвор низ шумските патеки на Галичник. Младата режисерка која е актуелна со нејзиниот втор долгометражен филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, ни раскажа за предизвиците да го сними овој филм, но и општо, што и’ ...
Пејачката Ријана би можела наскоро да објави нови песни по речиси една деценија пауза од издавањето на последниот албум, изјави нејзиниот партнер и рапер Раким Мајерс, познат како Асап Роки – Таа во моментов е во студио – рече Роки за време на гостувањето во поткастот на Џејсон Ли, додавајќи дека пејачката подготвува нов проект, пренесе Би-би-си. Тој не откри многу детали за албумот, но негираше дека двајцата ќе објават заеднички албум. ...
Во Мобилна/монтажна галерија на Центарот за современа уметност, сместена во Парк на Франкофонијата во Скопје, на 7 август, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Човек – архива“ (Homo archīvālis) на Анастасија Саздовска. Насловот „Homo archīvālis“ е авторска кованица составена од латинските зборови homo (човек) и archīvālis (архивски), која го дефинира човекот како телесна архива на записи. Проектот е инспириран од традиционалните ...
Програмата за вториот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 15 часо во кафе бар Дуќан со отворање на катчето за виртуелна реалност каде публиката има можност да ги искуси „8 billion selves“, виртуелно искуство на уметникот Немо Вос кое нè води низ светот на 8 милијарди луѓе – различни лица, приказни и животи на една планета, и „Shelter“ во режија на Сјорз Свиерстра и Ивана Кицинска – интимно претставување на секојдневието во Украина ...
Во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа работна дипломатска средба меѓу директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски, и Н.Е. Олесија Иласчук, амбасадорка на Украина во Република Бугарија. Средбата се реализираше во атмосфера на исклучителна отвореност, взаемно почитување и конструктивен дијалог, потврдувајќи ја заедничката определба ...
Денес официјално започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на City Star Production, под режисерска палка на Игор Алексов — авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“, кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Моќното сценарио е дело на авторите Гоце Цветановски и ...
Бендот „Дупер“ го наполни Античкиот театар во Охрид вчера (5 август) и одржа весел концерт пред урбана, главно млада публика од цела Македонија. Гитаристот Борис Какуринов и пејачот Илчо Нечовски постепено и ненаметливо го градеа патот до популарноста, почнувајќи со „Не сум твој тип“ во 2018, песна која е голем хит и денес. Осум години потоа, имаат полни концерти, прво во битолска Хераклеја на 15 јули, па сега во Античкиот театар во Охрид. ...
Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години од независноста на Македонија, на 9 август ќе биде изведен во Античкиот театар во Охрид. Во програмата ќе учествуваат околу 120 музичари, актери и други уметници, а македонските музички хитови ќе бидат споени со стихови од Блаже Конески, Ацо Шопов, Анте Поповски и други македонски поети. Музичкиот дел ќе биде поделен во повеќе тематски целини, со песни посветени на Тоше ...
По повод Денот на книгољупците, кој се одбележува на 9 август, издавачкиот центар „ТРИ“ подготви дополнителни попусти на дел од омилените книжевни наслови, како и повеќе изненадувања за читателите. Промотивната понуда почнува денеска, 6 август, и ќе трае до недела, 9 август, во книжарниците на „ТРИ“. Во рамките на летниот предизвик со читателски пасош, на 8 и 9 август купувачите за сметка во вредност од најмалку 500 денари ќе добијат два ...
Во галеријата „Ранко Струмениковски“ во Битола вечерва беше отворена изложбата насловена “ТОПОС“ на полски графичари и е дел одистражувачкиот проект “Простори на уметноста: Природа – култура – човештво“. Изложбата е во соработка со Институтот за ликовни уметности, факултетот за уметност и образовни науки во Чешчин, универзитетот Шлезија во Катовица, галеријата “Ранко Струмениковски“ од Битола и Меѓународното графичко триенале Битола.За ...
Во Младинскиот центар во Струмица, во 11 часот денес ќе биде промовирани неколку изданија, во рамките на 21. „Астерфест“. Сузана Мицева ќе се осврне кон книгата „Аспекти на филмската режија“ од Антонио Митриќески, за монографското издание „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ на Кинотека на Македонија ќе зборува Арсим Лесковица, кон антологијата „Кинестетични раскази“ ќе се осврне Мимоза Рајл, а ќе биде претставено и дивидито ...
Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи на 20 август, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, седиштето на истоимената Општина. Покровител на овој значаен настан е премиерот Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец. -Македонскиот фолклорен фестивал „ПРЕСПА“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и вековната традиција. ...
Ангела Илиевска од Битола како вели, со особено задоволство ја претставува нејзината нова песна „Лето е“, проект во кој вложила многу љубов, емоција и посветеност. -Како што и самата песна вели: „Ова е нашиот омилен хит“, посакувам овие стихови да станат реалност и „Лето е“ да биде песна која ќе ја пеете, ќе ја споделувате и ќе биде дел од вашите најубави летни моменти, вели Ангела. Ангела искрено им се заблагодарува на сите кои беа дел од ...
Утре, 6 август, се навршуваат 94 години од отворањето на првиот Венецијански филмски фестивал, најстариот филмски фестивал во светот и еден од најпрестижните настани во меѓународната кинематографија. Првото издание било отворено на 6 август 1932 година на терасата на хотелот „Ексцелзиор“ на венецискиот остров Лидо. Настанот траел до 21 август и тогаш го носел името „Меѓународна изложба на кинематографска уметност“. Називот „Мостра“, по кој ...
„Македоника литера“ неодамна ја објави дебитантската поетска книга „Далечни вистини“ на Ениса Мирто. Ениса Мирто (1987, Скудриње) е родена во Македонија, а живее во Тревизо, Италија. Растејќи во прекрасните рекански рустикални предели, уште од најрана возраст ги впива вредностите на семејството, трудољубивоста и почитта кон културното наследство. Нејзиното лирско творештво е одраз на нејзиниот животен пат кој е спој на традицијата и ...
На 7 август 2026г. -петок од 20.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и дигитални дела “ДОМА – МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ ДИЈАЛОЗИ ЗА ДЕНОТ И НОЌТА“ – колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко). Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриват две перспективи на поглед кон светот. И од тука лежи една фундаментална тензија. Едената перспектива, на Ацеска е аспект од ...
Националниот конзерваторски центар како дел од Годишната програма за остварување национален интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2026 година го реализира проектот „Истражувачки работи и испитувања во функција на изработка на градежно-конструктивнен проект за реконструкција на објектот – Стара училишна зграда, с. Подвис, Кичевско – II фаза“. Овој објект има посебно историско значење од периодот на ...
Во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Холандската вечер, на која ќе настапат виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким. Ниек Бар важи за еден од најистакнатите холандски виолинисти од својата генерација, познат по харизматичните и впечатливи изведби на најзначајните светски сцени, меѓу кои Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, ...
Галичник филм фестивал ги објави добитниците на наградите на овогодишеното издание на фестивалот. Гран При наградата му припадна на филмот „Што ако бомбардираат овде вечерва“ на режисерот Самир Сиријани од Либан. Наградата за најдобар игран краткометражен филм ја доби „Жигосување“, за ајдобар документарен краткометражен филм – „Кобила-авион“ а за Најдобар анимиран краткометражен филм, филмот „Живот кучешки“ За најдобра актерка е прогласена ...
Македонскиот краткометражен филм „Никола, Никола“ во режија на Леон Ристов, е меѓу годинашните добитници на студентскиот грант Национален одбор на критиката 2026– признание што го доделува една од најреномираните американски филмски организации за исклучителни студентски филмски проекти. Иако филмот не ја освои наградата за најдобар филм, грантот претставува значајно признание за авторската визија и квалитетот на проектот, како и поддршка за ...
Камерниот оркестар „Профундис“ утревечер (6 август) од 21 часот ќе одржи концерт со свеќи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во рамките на 66. издание на Охридско лето. Специјален гостин ќе биде светски познатиот виолинист од Србија, Стефан Миленковиќ. Ќе диригира маестра Ѓурѓица Дашиќ, Концертот ќе се одржи во амбиент осветлен со илјадници свеќи, концепт кој во последните години стана еден од најпопуларните светски формати за изведба на ...
На јавниот повик на „Матица македонска“ може да се пријават училишни и локални библиотеки и јавно достапни библиотечни фондови, а библиотека може да предложи и секој што е запознаен со нејзините потреби Уште до петок, 7 август, трае пријавувањето на јавниот повик „Каде недостигаат книги за Македонија?“, преку кој „Матица македонска“ ќе подари фонд од 35 книги на една библиотека, во рамките на програмата „Зад датумот – овој Илинден, Македонија ...
Над 560 илјади евра ќе чини санацијата и репарацијата на делови и позиции во Македонскиот народен театар (МНТ). Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки (БНЈ), тендерот за санацијата и репарацијата ја добила фирмата „Мартин инженеринг“ од Скопје, а рокот за изведување на работите е една година. Согласно податоците, вкупната вредност на сите санации изнесува 34.883.514,00 денари со ДДВ, што е приближно 567.212 евра. Објектот во ...
Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата на Бенедиктер му се доделува како признание за исклучителниот негов ...
Задоволство ни е да споделиме дека во недела, 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!, информираа од Авалон. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении! Во пресрет на 8 ...
MakeDox – фестивалот за креативен документарен филм Ве поканува на својата годишна фиеста, кој оваа година ќе се одржи од 20 – 27 август, посветен на една од нашите најзначајни филмолози и филмски критичарки, основополжници на Кинотеката, Илинденка Петрушева, нашата Бабе, голем сонувач, но и борец, која додека живееше на Земјата, празнуваше роденден на ден денешен… Нека и е вечен споменот! Во продолжение текстот за годинешното издание на 17. ...
НУ Музеј-Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во комплетна организација на Уметничката галерија и Фондацијата за култура и спорт – Куманово, ќе ја реализира 52 -та, интернационална ликовна колонија „Куманово 2026“ со 13 гости-учесници, ликовни автори од повеќе земји: Хрватска, Србија, Романија, Бугарија и секако од Република Македонија: Александар Џинго, Ферди ...
Со излегувањето од печат на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“, авторот проф. д-р Зоран Пејковски го збогатува својот богат и плоден книжевен опус со своето 70-то книжевно дело – дело со исклучителна духовна, историска и поетска димензија. Овој грандиозен поетски еп е посветен на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Чуварот на Светата Охридска Архиепископија и на Апостолското ...
РТВ Словенија нема да го прикажува наградуваниот хрватско-словенечко-литвански филм „Зајачки насип“ („Зечји насип“) на режисерката Чејен Черниќ Чанак, кој досега е прикажан на повеќе од 50 меѓународни фестивали и освои повеќе значајни признанија. Овој филм е реализиран со поддршка на Словенечкиот филмски центар и затоа филмската јавност смета дека е чудна одлуката на јавниот словенечки сервис, објавија хрватски и словенечки медиуми. „Зајачки ...
Десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“, ќе се одржи од 5 до 9 август во Струга. Главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на поезијата, додека останатите настани се распределени во ЕУ хаус Струга, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“. „Оваа година не славиме само јубилеј. Ги славиме сите капки слеани во ова наше езеро – секој автор, секој филм, секој гледач, секој волонтер. Ниту една приказна не се ...