Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на израелскиот претседател Исак Херцог на Австралија. Демонстрантите организираа митинг и ги обвинија полицијата и безбедносните сили за употреба на прекумерна сила, додека лидерите на Нов Јужен Велс ги бранеа постапките на полицијата за време на протестот на кој се собраа речиси 7.000 луѓе во центарот на ...
Вчера, чилеанските власти објавија апсење на 34 осомничени лица поврзани со перуанската банда Лос Пулпос, објави француската новинска агенција афп. Од почетокот на годината, чилеанската полиција спроведува интензивни операции, а со најновиот чин се известува дека оваа криминална организација е практично разбиена. Меѓу уапсените е и водачот на бандата, изјави Кристијан Сепулведа, првиот човек што ја предводеше борбата против организираниот ...
Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на Џефри Епстин во неговата ќелија на 10 август 2019 година. Финансиерот бил приведен во Metropolitan Correctional центар во Њујорк под обвинение за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, објавува „Телеграф“. Just hours before Epstein killed himself in police custody, surveillance cameras ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека изборот на поранешната германска министерка за надворешни работи Анален Бербок за претседател на Генералното собрание на ОН за 2025 година претставува обид за бришење на историското сеќавање на Втората светска војна и нацистичките злосторства. Како што изјави таа, фактот дека победата на Советскиот Сојуз во Големата патриотска војна ги постави темелите ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го блокира отворањето на нов мост што ги поврзува САД и Канада сè додека Вашингтон не биде „целосно компензиран“ за сè што му направил на својот северен сосед. Меѓународниот мост Горди Хау, кој ја поврзува канадската покраина Онтарио со американската држава Мичиген, нема да се отвори сè додека Отава „не се однесува праведно кон САД и со почитта што ја заслужуваме“, напиша Трамп на ...
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема извештаи за кинески државјани на Куба откако авиокомпаниите ги прекинаа летовите поради недостиг на гориво за авиони предизвикан од блокирањето на пратките од Венецуела од страна на САД, и дека секогаш е подготвено да „понуди помош“. Портпаролот на надлежното министерство, Лин Џиан, изјави дека Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на националниот суверенитет и безбедност и ...
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите ...
Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред ...
Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, истакнуваат од СДСМ. За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании, како што велат, се потребни околу 200 милиони евра. „Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени ...
Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општина Центар. Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот ...
Страстите меѓу Бруклин Бекам и неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам, воопшто не се смируваат. Откако „отуѓениот син“, како што го нарекуваат странските медиуми, се отвори и ги откри деталите од конфликтот со своите родители, јавноста остана поделена. Некои застанаа на страната на Викторија во сето ова, додека други го поддржаа Бруклин, па семејниот углед што Бекамови го изградија со години одеднаш исчезна. Според The Sun, Бруклин и ...
Спектакуларниот Супербоул оваа година не помина без Џеј Зи и неговите деца, што сега е нивна семејна традиција. Познатиот рапер пристигна на настанот со своите ќерки Блу Ајви и Руми Картер, а постарата ќерка привлече големо внимание со својот физички изглед. Таа толку многу личи на својата позната мајка што многумина на прв поглед се прашуваа дали со Џеј Зи е всушност Бијонсе. View this post on Instagram A post shared by REAL 92.3 – LA’s NEW ...
Контроверзната пејачка Лејди Гага се појави во Санта Клара на Супербоул, каде што настапи за време на полувремето со ѕвездата на вечерта, Бед Бани, кој ги воодушеви сите со својот избор и ја отпеа песната „Die With A Smile“. View this post on Instagram A post shared by Chloe & Chenelle Delgadillo (@chloeandchenelle) Свои пет минути имаше и познатиот Рики Мартин, кој импресионираше со својот изглед многу повеќе отколку со својата песна, ...
Холивудската актерка Џесика Алба (44) се појави на Супербоул, на сцената откако Бед Бани ја покани да му се придружи, заедно со Рики Мартин и Лејди Гага. View this post on Instagram A post shared by David Grutman (@davidgrutman) Џесика стана особено интересна за медиумите по разводот од Кеш Ворен, со кого помина 17 години и доби три деца, а потоа се шпекулираше дека утеха пронашла во Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа. View this ...
Партнерката на американскиот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, Гилен Максвел, е подготвена да сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес доколку ѝ биде одобрено помилување или намалување на казната од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти нејзиниот адвокат, Дејвид Маркус. Претходно, Максвел одби да сведочи, повикувајќи се на уставното право да молчи и одбивајќи ...
Бакингемската палата денеска соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која ги испитува наводите дека поранешниот принц Ендру му проследувал доверливи информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Соопштението следува откако полицијата потврди дека ги разгледува тврдењата според кои Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година му испраќал на Епстин извештаи поврзани со трговија. Полицијата од областа ...
SpaceX на Илон Маск би можел да изгради саморастечки град на Месечината за помалку од една деценија, изјави американскиот технолошки милијардер во понеделник. Според Маск, неговата воздухопловна компанија планира да започне со изградба на град на Марс во рок од околу пет до седум години, иако досега човечка нога не стапнала на Марс, а не е планирана ниту една мисија со екипаж на Марс. Сепак, главен приоритет на компанијата е „обезбедување ...
На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување огласи за раководни позиции во партијата, информира премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, преку објава на Фејсбук. Извршниот комитет одлучил да распише огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени и Унијата на ветерани, како и генерален избор на претседатели на ...
Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува, со поддршка од семејството и најблиските. Неговиот адвокат Бранислав Станишиќ потврди дека Кајмакоски е физички стабилен, но дека последиците од шокот сè уште се присутни. Како што наведе, истрагата е во тек. „Истрагата е во тек и таа ќе потрае. Што се однесува до Даниел, тој е психички и физички ...
Британскиот премиер Кир Стармер се соочува со силен политички притисок поради одлуката во 2024 година да го именува ветеранот на Лабуристичката партија, Питер Манделсон, за амбасадор на Обединетото Кралство во САД, откако станаа извесни неговите врски со Џефри Епстин. Контроверзијата дополнително се засили по објавувањето на милиони страници документи од американското Министерство за правда, кои укажуваат на блиски односи меѓу Манделсон и ...
Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да се поттикне рециклирањето и да се намалат штетите врз животната средина. „Ова е уште еден чекор во промовирањето на кружната економија низ целата Европска Унија“, соопшти Комисијата. Забраната за уништување на непродадена облека и обувки ќе биде задолжителна за големите компании од 19 јули оваа година, а за средните ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека одлуката дали ќе биде кандидат за премиер треба да биде негова, како и одлука на народот кој, како што нагласи, сака промени што гарантираат стабилност и сигурност, а не хаос и промени какви што, според него, наметнуваат блокадерите. Вучиќ ги замоли сопартијците да не зборуваат за тоа дали тој ќе биде кандидат за премиер на претстојните избори и да не шпекулираат на таа тема. „Не е ни ...
Бугарските власти истражуваат смрт на шест лица поврзани со еколошка невладина организација, откако на почетокот на февруари беа пронајдени три тела во колиба во Петрохан, а неколку дена подоцна уште три во кампер во близина на врвот Околчица. На брифинг во Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, полицијата соопшти дека според досегашните податоци, тројцата мажи – Ивајло Иванов, Дечо Василев и Пламен Статев – ја запалиле ...
Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување и се во стабилна состојба, додека од Армијата велат дека се спроведени здравствени протоколи и дека состојбата на останатите слушатели е под редовен надзор. Потполковник Лариса Оранска, епидемиолог во Воено-медицинскиот центар, информира дека првиот случај бил регистриран минатиот четврток, по што веднаш бил ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција. Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока трансформација на ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( вторник ) -поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Карпош) Текстот Утре без вода делови од скопски Карпош е ...
Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и недела пејачот бил киднапиран од двајца мажи во Белград, а со брза и ефикасна реакција на полицијата – поминал неповреден. „Што да ви кажам, сите сме под стрес. Даниел сега е добро, се опоравува и е тука со нас, а што се однесува до целиот случај, не смееме ништо да зборуваме поради истрагата“ истакна сопругата ...
СДСМ денеска на прес-конференција преку членката на Извршниот одбор, Симона Цветановски, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рекоа, внимателно планирана операција за рехабилитација и враќање во земјата на поранешниот премиер Никола Груевски. „Очигледни се напорите на ВМРО да го рехабилитираат и вратат во земјата осудениот бегалец Никола Груевски. Христијан Мицкоски е привремен чувар на фотелјата за вистинскиот газда на ВМРО. Станува ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ја информира јавноста дека започнува процесот на обнова на А-интегрираната еколошка дозвола за цементарницата ТИТАН Усје и ги повика граѓаните и стручната јавност активно да се вклучат во јавната расправа. Во соопштението испратено до медиумите, иницијативата наведува дека работата на цементарницата е регулирана со А-интегрирана еколошка дозвола издадена од Министерството за животна средина и просторно ...
Драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на готовина се случи утрово на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, објавува „Раи њуз“. Во брза операција на полицијата во Лече се уапсени две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш започнаа ...