Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
„Воздушниот транспорт во Северна Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија и проширување на врските со нови дестинации. Кадрите на ВЛЕН во институциите покажуваат дека со работа и посветеност можат да се постигнат стандарди кои до вчера изгледаа недостижни“, велат од Влен. „Во таа насока, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи, учествуваше во ставањето во функција на новиот ...
„По насилното укинување на техничката Влада, Христијан Мицкоски сака со сила да воведува автократски модели. Сега сака изборен закон со кој никој нема да контролира околу 200.000 гласови. Сака гласовите на дијаспората што ќе пристигнуваат преку интернет да немаат никаква контрола. Додека нашите граѓани кои гласаат во татковината минуваат сериозна контрола пред гласање – дури и отпечаток од прст, проверка на документи, потпис во избирачки ...
„Реформите кои ги спроведува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати. Дигитализацијата носи конкретни резултати за граѓаните и крај на бирократијата и чекањето по шалтери. Дигиталната трансформација е обврска кон граѓаните. Државата мора да работи брзо, ефикасно и без бирократски лавиринти, а институциите конечно да бидат во служба на народот, а не обратно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Преку Националниот портал за електронски услуги ...
Френки Муниз објави дека тој и сопругата Пејџ Прајс се разведуваат по десет години откако се заедно. Ѕвездата од „Малколм во средината“, кој се ожени со Пејџ во 2019 година и со неа има петгодишен син, Мауз, сподели искрена изјава за причините за раскинувањето. Во објава за животните промени на социјалните мрежи, 40-годишниот Муниз откри дека двојката не живее заедно веќе некое време. „По период на разделба, кој го чувавме во тајност, Пејџ и ...
Италијанската влада го блокира одобрувањето на пакетот за воена помош на НАТО за Украина за 2027 година во вредност од 79,8 милијарди долари, објави германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), повикувајќи се на дипломатски извори. Ова го доведе во прашање продолжувањето на обврските за финансиска поддршка за Киев за следната година, пишува „The New Voice of Ukraine“. Италијанско противење Амбасадорите на земјите-членки веќе се ...
Преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп, предупредија европратениците. Европратениците ѝ порачаа на албанската влада дека мора да „го промени курсот“ бидејќи предложениот проект на заштитените крајбрежни и диви подрачја ги крши политиките на ЕУ за животна средина. Противењето на проектот предизвика бран протести, според ...
Џенифер Лопез сподели некои од своите мисли за раскинувањата и врските во специјално интервју кое предизвика доста возбуда. Латино дивата Џенифер Лопез беше повеќе од искрена во продолжено интервју за емисијата „SubwayTakes“ на Карим Рахма и ги повика луѓето да го променат начинот на кој размислуваат за прекинување на врските. Благодарение на филмот „Office Romance“, за Џенифер многу се зборува, особено поради нејзината потенцијална врска со ...
Шеснаесетгодишно момче се бори за живот откако беше застрелано во Бирмингем вчера попладне. Полицијата беше повикана поради пријави за пукање на патот Боуер, во близина на патот Сент Свијуорс, кратко пред 17:30 часот во среда. Повреденото момче беше однесено во болница со повреди опасни по живот, објави Скај њуз. Истрагата е во тек Полициските службеници се на местото на настанот и спроведуваат форензичка истрага, прегледуваат снимки од ...
Во тешки руски воздушен напад врз Киев и други украински градови синоќа загинаа најмалку осум лица, а 34 беа повредени. Бранови ракети и дронови камикази го нападнаа главниот град само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз Украина, објави „Киев Индепендент“. Според извештаите на шефот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градоначалникот Виталиј ...
Вера Ванг го прослави својот 77-ми роденден, а фотографии од забавата сподели на социјалните мрежи, покажувајќи го својот нов изглед. Познатата модна дизајнерка, Вера Ванг, наполни 77 години и организираше голема забава за сите свои пријатели и соработници. „Жената која никогаш не старее“, како што популарно ја нарекуваат, го искористи својот роденден за да се пофали со својот нов изглед. Кратко по забавата, Вера сподели фотографии на кои се ...
Една недела по катастрофалните земјотреси што ја погодија Венецуела, бројот на жртви се искачи на најмалку 2.295, а 11.267 се повредени, изјави вчера претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Повеќе од 26.000 служби за итни случаи и повеќе од 17.000 волонтери се распоредени во погодените области. Потрагата по преживеани е во тек, иако надежите за пронаоѓање на заробените во урнатините се намалуваат додека катастрофата влегува во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на посетата на Даблин, изјави дека Украина ги исполнила сите услови за отворање на преостанатите пет преговарачки кластери со Европската Унија и изрази надеж дека тоа ќе се случи наскоро. „Направивме сè што е потребно. Сметам дека е во интерес на сите земји Украина што побрзо да стане членка на ЕУ“, рече Зеленски, додавајќи дека очекува поддршка и од владите на Унгарија и Полска. Ирскиот ...
По силното невреме што денеска зафати делови од државата, најголема количина дожд во изминатите 12 часа, заклучно со 20 часот, е измерена во Скопје-Црешево, каде наврнале 74 литри дожд на квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според измерените податоци, во Гази Баба се регистрирани 44 литри на квадратен метар, во Крива Паланка 29, во Берово 22, а по 18 литри во Скопје-Зајчев Рид и Струмица. Во Попова Шапка се ...
Меланија Трамп со ретка политичка изјава на социјалните мрежи ја поддржа неодамнешната одлука на американскиот Врховен суд, со која се дозволува сојузните држави да ги ограничат настапите на трансродовите спортисти во женските категории. „Како што многумина знаат, целосно ја поддржувам ЛГБТКИА+ заедницата. Но, истовремено мора да обезбедиме нашите спортистки да бидат заштитени и почитувани“, напиша Меланија Трамп. Таа додаде дека е можно ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од кружниот тек кај „Ист гејт“, кој беше една од најкритичните точки по денешното невреме, изјави дека состојбата веќе е стабилизирана. Тој информира дека во справувањето со последиците биле ангажирани повеќе од 1.000 работници на терен. „Како што можете да забележите, состојбата овде е веќе стабилизирана. Нема жртви, ниту голема материјална штета. Булеварите се проодни и немаме проблем како што ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во ...
Полицијата започна со повикување на распит на сите лица кои се поврзуваат со случајот на бруталното меѓуврсничко насилство врз девојче во скопската населба Аеродром. Според информации од Министерството за внатрешни работи, покрај девојките кои директно учествувале во нападот, на разговор се повикуваат и момчињата кои биле присутни, навивале и го снимале целиот настан со мобилни телефони. Од МВР информираат дека СВР Скопје презема интензивни ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека украинските власти не сакаат мир и дека Западот му дал задача на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. да ја продолжи ескалацијата на конфликтот. Таа оцени дека Киев не е независен и дека оние кои му обезбедуваат финансиска, воена и политичка поддршка го насочуваат кон продолжување на војната. „И покрај реториката за барање решение, Зеленски ...
Видеоснимка направена по силното невреме што денеска го зафати Скопје прикажува несекојдневна сцена на булевар „Србија“. На снимката се гледа маж кој со душек запловил по поплавениот булевар. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај граѓаните, додека делови од Скопје и понатаму се справуваат со последиците од силниот дожд, поплавените улици и сообраќајниот метеж низ главниот град. View this post on ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД многу добро се согласуваат со Иран и дека неодамнешните разговори во Доха поминале успешно. „Денуклеаризацијата на Иран добро напредува. Имавме многу добри состаноци, па ќе видиме“, им рече Трамп на новинарите. Според извори запознаени со разговорите, САД и Иран во Доха одржале технички состаноци за условите за пловидба низ Ормускиот Теснец и за постигнување трајно примирје. „Добро се ...
Силното невреме проследено со пороен дожд, а наместа и град што попладнево го зафати Скопје предизвика сериозни проблеми низ градот. Поплавени улици, паднати дрвја, оштетени возила и застој во сообраќајот се дел од последиците што ги пријавуваат граѓаните. Подвозникот на Булевар Србија, е поплавен, а поплавен е и подвозник во скопската населба Бутел. Граѓаните пријавуваат и заглавени автомобили на повеќе локации, паднати дрвја, проблеми со ...
Силното невреме кое попладнево го зафати Скопје предизвика поплави и проблеми во повеќе делови од градот, а до Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пристигнале бројни пријави од граѓани. Како што информира Центарот за управување со кризи, пријавени се поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и заглавени возила и други опасности предизвикани од обилните врнежи. Според ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишна жителка на Кочани осомничена за кривично дело – Примање поткуп. Осомничената како лице кое врши работи од јавен интерес, односно доцент на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, директно за себе побарала корист – парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. На 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го ...
Германија сака да ја продлабочи соработката со Соединетите Американски Држави во областа на одбранбената индустрија, вклучително и можноста одредени американски системи за оружје или нивни делови да се произведуваат во Германија по лиценца, изјави министерот за одбрана на Германија, Борис Писториус. Одговарајќи на прашањето дали таквата практика може да ги ослаби европските напори за намалување на зависноста од Вашингтон, тој оцени дека ...
Работиме на изградба на огромен проект во село Просениково, проект за атмосферска канализација која треба да го реши проблемот за околу 1700 жители во Просениково. Дополнително се работи и на други комунални проекти во Босилово и Василево, финансирани од буџетот на Министерството за транспорт, истанка денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на Струмица. Тој заедно со ...
СДСМ нема да дозволи носење на Изборниот законик во форма што отвора сериозни сомнежи за злоупотреби, нерегуларности и нарушување на легитимноста на изборниот процес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека партијата ќе го блокира законот. „Токму овој начин на гласање на дијаспората, кој што го предлага Христијан Мицкоски да се имплементира кај нас, не е ниту европски, не е ниту ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, на чија покана ја реализира посетата. Во Делегацијата, која беше пречекана со високи почести, се и пратеничките Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членови на Пратеничката Група за ...
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска присуствуваа на настанот по повод успешното завршување на проектот за уредување на речното корито на водотекот „Мала Рада“ во општина Кисела Вода. Во своето обраќање, Мицкоски, истакна дека овој проект е уште еден пример за ...
Од владината реконструкција граѓаните нема да добијат суштински промени, туку само нови имиња без резултати, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оценувајќи дека по две години владеење, Владата не покажа ниту капацитет, ниту знаење, ниту волја да одговори на економските и социјалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Филипче на денешната прес-конференција, кажа дека досегашниот биланс на Владата е јасен и поразителен за ...
Поради нов водоводен приклучок од ф -500/150 на ул. Плачковица бб.нас.( Шуто Оризари) со прекинато водоснабдување утре 02.07.2026 година ( четврток ) ќе бидат корисниците од ул. Индира Ганди горниот дел во нас. Шуто Оризари до Гробишта. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, соопшти Центарот за управување со кризи. Текстот Делови од Шуто Оризари утре без вода е превземен од МАКФАКС. Поради ...