
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), ќе го затвори извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари. „Водени од глобалните но и регионални предизвици со кои се соочуваме, оваа година фокус ...
„Луѓето потсвесно им веруваат на фотографите, дека тоа е апсолутна вистина, но сега практично со употребата на промптови и без никаква употреба на фотоапарати или камери и без лично присуство на лице место добиваме производ кој изгледа како фотографија а не е фотографија, со што голем е просторот за манипулација со публиката“, вели Манчиќ Како што генеративните алатки за вештачка интелигенција (ВИ) стануваат сè пософистицирани, расте и стравот ...
Од ТикТок велат дека веќе го истражуваат проблемот и оти отстраниле повеќе од 12.000 лажни сметки кои потекнуваат од Русија Руска пропагандна кампања која вклучува илјадници лажни кориснички сметки на ТикТок што шират дезинформации за војната во Украина, е откриена од страна на Би-би-си. Видеата рутински привлекуваат милиони прегледи и имаат очигледна цел да ја поткопаат поддршката на Западот, пишува Би-би-си. Корисниците во неколку европски ...
Јавноста деновиве беше „бомбардирана“ со дезинформации за случајот со тинејџерката Вања Ѓорчевска, која на 27 ноември беше киднапирана во сред Скопје, во време на главниот сообраќаен шпиц додека одела на училиште, а по една недела беше најдена мртва во атарот на скопското село Бразда. Се ширеа невистини и од етнички и политички побуди, сакајќи некој да профитира и од оваа траорна ситуација со убиството на девојчето Трагедијата со киднапирањето ...
Човекот кого министерот за внатрешни работи го посочи како главен креатор, планер, координатор и директен извршител на грозоморните убиства на тинејџерката Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот фризер Панче Жежовски од Велес, беше уапсен од турската полиција, додека пеш се движел по еден од автопатите кај градот Баликесир. Кој и како го израсна „чудовиштето од нашето маало“, првоосомничениот за двојното убиство, лидерот на партијата Десна, ...
Изјавата на Спасовски којашто се цитира во текстот е целосно фабрикувана. Министерот за внатрешни работи, во ниту еден момент, на ниту една прес-конференција не кажа дека некој од МВР му дал информација на осомничениот Љупчо Палевски – Палчо, по што тој побегнал од државата Објава на социјалната мрежа Фејсбук споделува напис од веб-портал кој тврди дека првоосомничениот во двократното убиство што ја потресе Македонија, Љупчо Палевски – Палчо, ...
Ексминистерот за здравство на Италија, Роберто Сперанца, повторно е мета на дезинформации, откако летоска беше ослободен од бесмисленото обвинение, дека наводно не вовел доволно строги ковид мерки во почетокот на пандемијата, па затоа имало повеќе смртни случаи. Сперанца, кој беше министер за здравство во времето на ковид пандемијата, не е под истрага за убиство или прикривање на смртни случаи поврзани со вакцината против ковид-19. ...
Пендаровски де факто може да прати порака до Ердоган од денеска – 12 декември, затоа што Турција дури вчера извести официјално дека го прифатиле барањето од Скопје за да започне постапка за екстрадиција и му одредиле на Палевски 40 дневен притвор Пишува: Теофил Блажевски Најголемата партија од опозицијата ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста во врска со интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за 360 Степени, при што во делот за ...
Немало никакво киднапирање, ниту во Карбинци, ниту на 22-годишна девојка од Скопје. Стари вести, без да се објават фактите, се злоупотребени за да се шират познати теории на заговор за некакви си „европски педофилски банди“ кои наводно делуваат кај нас, а политичките елити им служат и им принесуваат некакви жртви. Не постојат никакви педофилски мрежи кои киднапираат деца за трговија со нив или за производство на адренохром Анализираме објава ...
Дали навистина Скопје заблеска во новогодишна магија, како што вети градоначалничката Арсовска? И дали таа магија може да се види – почувствува во градот, особено на Градскиот плоштад околу тажната, накривена елка? За тоа каква е новогодишната атмосфера најдобро говорат реакциите на скопјани и коментарите на социјалните мрежи дека Скопје никогаш не било полошо украсено. Но, не само кај нас, елката го привлече вниманието и на медиумите во ...
Фактите говорат дека ЕУ на ниеден начин не ги спори, македонскиот јазик, идентитет, државност. Причината поради која Украина и Молдавија ги почнаа преговорите за членство во ЕУ пред Северна Македонија, не се поврзани со тоа што ЕУ ја спори македонската нација, јазик, историја или државност, туку затоа што никој не стави вето на почетокот на преговорите. За разлика од ова, кога станува збор за С. Македонија, вето најпрвин стави Грција заради ...
За случајот со двојното убиство има приведени и осомничени, најдени се телата на убиените и подготвена е кривична пријава. Не е точно дека осомничените за убиствата сами се предале, дека полицијата не реагирала веднаш по пријавите за исчезнувањето на Вања и Панче, дека возилото на Панче слободно се движело до денот кога била грабната Вања. Во врска со автомобилот на велешанецот, тој не бил пријавен за исчезнат и затоа по него не се трагало. ...
Тонот на видеото од објавата е изменет и не кореспондира со оној на оригиналното видео од прес-конференцијата по средбата на Бајден и Зеленски (12 декември), објавено во престижниот Форбс. Аудиото е технички обработено, избистрено, па се добива впечаток дека Бајден се насмевнал на конкретно новинарско прашање. Но, дури и некој од новинарите да го поставил прашањето „дали Бајден сака Украина да победи“, не може со сигурност да се тврди дека тој ...
Двете главни политички партии во македонскиот блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не престануваат со спинување и сервирање полуинформации околу ЕУ перспективите на С. Македонија, особено по минатонеделните(14 и 15.12) заклучоци на Советот на ЕУ. Двата најнови спина се однесуваат на ЕУ перспективите на земјава доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и што значела изјавата на шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел, за обврските на земјава доколку сака ...
Локалните власти од Кисела Вода информираат дека на ветувањето се работи, односно дека Деталниот урбанистички план за идната населба за млади ќе биде донесен во 2024 година Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма има ветено проект – реализација на нова населба за млади „Чупино брдо“. Локалните власти информираат дека на ветувањето се работи, односно дека Деталниот урбанистички план за идната ...
Објавата шири низа невистини во врска со грабнувањето и убиството на Вања. Не е вистина дека имало втор обид за киднапирање, не е вистина дека мајката го пријавила исчезнувањето на ќерката ден пред нејзиното киднапирање, не е вистина дека таткото не го пријавил исчезнувањето на неговата ќерка и не е вистина дека полицијата нема докази од снимки од камери, како и дека нема извештај од судска медицина Анализираме објава на Фејсбук која изнесува ...
Станува збор за сосема две различни ставки во сметките за струја. Новата ставка, која е најавено дека ќе се воведе од јануари 2024 година, е „пристап до мрежа“ и нејзе ја нема во сметката за ноември прикажана во оваа објава на Фејсбук. Ставката „надомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија“ или (мрежарина) за која во објавата се тврди дека е новата ставка и дека веќе ја имало во сметките за ноември, всушност, не е нова и таа може да ...
Повеќе сигнали од високи функционери и претставници на ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека партијата ќе учествува во преодната, „пржинска или техничка влада“. Тоа што органите на партијата допрва ќе решавале за тоа прашање може да биде или за политички маркетинг, дотолку повеќе што за технички премиер е веќе номиниран Талат Џафери, или заштита на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, кој јавно бараше укинување на техничката влада, а учество во ...
Во време кога дезинформациите се шират многу брзо на различни платформи, проверката на фактите е една од најважните алатки со чија помош новинарите треба да се справат со нив Дезинформациите и лажните вести ја искривуваат реалноста, тие имаат и негативни последици и влијанија врз општеството. Меѓутоа, со вистинско новинарство и свесно општество кое знае да ги препознае лажните вести, борбата против дезинформациите е полесна. Ова, меѓу другото, ...
Системот Најди ме, за рано предупредување за исчезнати лица, во С. Македонија е најавено дека ќе биде ставен во функција наскоро, откако претходно се направени подготовки. Во Србија сличен систем беше промовиран пред месец и половина, после 8 години чекање (иницијативата во Србија е од 2015 година а реализацијата во 2023 година). Така што, кога ќе се каже дека во Македонија никој не бил заинтересиран за српскиот систем Пронајди ме, со тоа се ...
Засега нема официјална одлука дали и за колку ќе се зголеми цената на струјата. Никој досега не кажал дека струјата по Нова година ќе поскапи за 30 проценти, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Енергетските компаниите ги доставиле своите калкулации и според нив, цената на струјата би требало да се зголеми за 27 проценти. Но, ваквата понуда допрва ќе се разгледува и анализира од страна на РКЕ Анализираме објава на Фејсбук која ...
Во моментов може да се детектира двоен спин околу резултатите од Советот на ЕУ, односно повторното „извисување“ на земјата да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Опозицијата, која одби да прифати да се промени Уставот, спинува кога тврди дека причината не била тоа, туку огромната корупција во власта. Власта, пак, кога оценува дека за сè е виновна опозицијата, спинува, затоа што заборава дека во неинклузивен процес донесе одлука да ја прифати ...
Декларацијата од самитот ЕУ-Западен Балкан, издадена и на македонски јазик, ја потврди скептичноста на домашната јавност во однос на можен пробив и започнување на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ за полноправно членство и без менување на Уставот. Сепак, во документот има потврда преку повеќе клучни моменти дека ЕУ останува посветена на проширувањето и на помош при напредокот во секоја земја поединечно, но и на регионот во целина Пишува: Т. ...
Етимологијата на зборот парламент потекнува од старофранцускиот збор parlement како и од латински parlamentum. На старофранцуски зборот parlement се употребувал за да се опише дискусија, средба, преговарање; собрание, совет Во Фејсбук објава изнесени се невистинити тврдења за потеклото и значењето на зборот парламент. Се тврди дека кованицата на поимот парламент го содржи зборот лага, што не е точно. На италијански PARLARE значи зборува ...
Ваквото тврдење не само што е фактички погрешно, туку е и бесчувствително кон семејството на Ѓорчевска, шири теории на заговор и има за цел да ја збуни јавноста, односно да ја наведе на погрешен впечаток за нешто што не постои, како и да го наруши интегритетот на полицијата. Исчезнувањето на девојчето е пријавено неколку часови пред објавата на Фејсбук од страна на мајката Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Ова е ...
Видеото од дочекот на рускиот претседател Владимир Путин во Обединетите Арапски Емирати било пренесено во повеќе светски медиуми, како Телеграф, Скај њуз, Франс 24, Си-ен-ен, што значи дека истото не било забрането за емитување, како што се тврди во објавата што ја анализираме Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео од пречекот на рускиот претседател, Владимир Путин во Абу Даби, тврдејќи дека видеото не смеело да се прикажува во ...
Претстојната 2024 е изборна година. На 8 мај граѓаните ќе гласаат на двојни избори – втор круг претседателски, доколку во првиот некој од кандидатите не освои мнозинство од 50 отсто плус 1 глас, и парламентарни избори, пишува Порталб.мк. Следната година граѓаните ќе гласаат на седми по ред претседателски избори во независна држава и 11-ти по ред парламентарни избори. Една од главните причини за двојните избори е да се мотивираат граѓаните за ...
Предизборното ветување на градоначалникот Горан Герасимовски за воведување на субвенции за еколошки превоз на младите, преку воведување на посебна квота за лица до 29 години во рамките на редовните повици за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети засега е неисполнето Скопската општина Центар до денес нема воведено посебна квота за млади до 29 години во рамките на редовните повици за субвенционирање на велосипеди и електрични ...
Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации или преку одделени средства на сите земји членки. Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс учествува во ...
Фотографијата од објавата што ја рецензираме во 2007 година е употребена во руските медиуми и тоа во контекст на известувањето за спорот за името кој тогаш го имаа Македонија и Грција. Деловите на картата од објавата коишто се во Грција, а се означени како Западна Македонија, Источна Македонија и Централна Македонија, всушност, го претставуваат начинот на кој Грција ги идентификува своите територии, а не начинот на кој Русија ја гледа С. ...