
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Анкетата покажа дека мнозинството во пет од шесте анкетирани земји верува дека руската војна против Украина е целосно или донекаде неоправдана Последното мултинационално истражување за Западен Балкан, кое го направи Центарот за анкетни истражувања (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), покажува широка поддршка за приклучувањето кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое ја смета руската војна против Украина за неоправдана. ...
Осумдесет отсто од компаниите биле цел на напади кои вклучувале кражба на податоци, шпионажа или саботажа, според директорот на Битком Германското дигитално здружение Битком соопшти дека забележани се зголемен број сајбер напади од Кина и од Русија, пренесува германската новинска агенција дпа. „Во рок од две години, измерено е двојно зголемување на нападите од Русија“, изјавил генералниот директор Бернхард Роледер утринава на германската јавна ...
Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк. И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар Долгот на државните ЈП и фирми е зголемен за повеќе од двојно Вкупниот внатрешен долг на крајот на првиот квартал од ...
Груби зборува за ѓаволштини или уште може да се преведе како мајмунлаци, а не за „копилиња“ како што сака да прикаже објавата што ја анализираме. Точно е дека Фејсбук нуди опција за автоматски превод на кој било јазик, но истиот не треба да се зема здраво за готово, како што е тоа случај тука Анализираме објава на Фејсбук која погрешно тврди дека вицепремиерот Артан Груби од ДУИ преку објава на Фејсбук ги нарекол политичките противници ...
На 20.12.2023 година Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда за предметот познат во јавноста како плацеви на Водно. Ова е важно во контекст на објавата што ја рецензираме од причина што, со оваа одлука на Врховниот суд, на поранешниот премиер Никола Груевски му е потврдена пресудата од Апелација односно кога тој би се вратил во земјава од Унгарија каде што има азил, би морал да се упати на издржување деветгодишна затворска ...
Граѓаните со стари патни исправи со името Република Македонија не може да патуваат и да ги поминат македонските гранични премини. МВР информираше дека оние граѓани кои имаат двојно државјанство ќе може непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Од коментарите на авторката под објавата е евидентно дека таа ја напишала саркастично, но дел од корисниците ја сфатиле сериозно Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која ...
Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина со цел да приграби други делови од нејзината територија. Бранот демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судири познати како Евромајдан букнаа ноќта на 21 ноември 2013 година, кога украинските граѓани започнаа со протести во Киев. Причина за ...
Претседателката на ЕК Фон дер Лајен деновиве не ја посетила Кина, така што не ни можела да помине пасошка контрола заедно со регуларните патници зашто не ѝ бил признаен дипломатскиот статус, како што неточно тврди оваа објава. Германскиот канцелар Шолц навистина беше во Кина минатиот месец, во посета првенствено фокусирана на затегнатата економска релација меѓу Кина и Германија. Најнапред беше во индустрискиот центар Чонгкин, а потоа и во ...
Објавата неточно тврди дека Украина ја изгубила војната. Вистиномер веќе пишуваше дека Русија држи само околу 17,5 проценти од Украина и тоа вклучително со Крим и т.н. ДНР и ЛНР, кои се одделија уште во 2014 година. Исто така, не е вистина дека Русија не трпи од санкциите кои ѝ ги воведе Западот. Според Меѓународниот монетарен фонд, тие придонесоа во првата година од војната руската економија да падне за 2,1 процент. Во објавата се прави и обид ...
На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од неговиот апел за откажување на изложбата во Русија нема ни трага. Ги проверивме и неговите профили на Твитер и Фејсбук, обата се верифицирани, но апелот ни таму го нема. Апелот не може да се најде во ниту еден релевантен медиум, било западен, било руски, како што е: ТАСС, Russia ...
Во Украина 72 проценти од населението се декларира како православно, но после руската воена инвазија врз Украина, се појави анимозитет меѓу верниците кои припаѓаат на различни православни цркви. Едната е Украинска православна црква (УПЦ) – Московска патријаршија, за која има обвинувања дека е поврзана со Москва, а другата е Православна црква на Украина (ПЦУ) која е признаена од државните власти. Според резултатите од испитувањето Киевскиот ...
Објавата погрешно интерпретира настан стар повеќе од една година, односно посетата на претседателката Урсула вон дер Лајен на Народна Република Кина. Никаде не се споменува дека ѝ бил одбиен дипломатскиот статус, или дека воопшто имало протоколарни проблеми при влегување во државата. A, не е точно дека претседателката била во посета на Кина оваа година кога се случила наводната ситуација Рецензираме објава на социјлната мрежа Фејсбук: ...
Носењето на законот со кој правно се регулира она што досега воопшто не било забрането во Минесота (сурогат мајчинството), а кое е водено од алтруистички цели, меѓу кои и тоа да му се овозможи на некој што не може да има дете да се оствари како родител, не е продавање и купување на луѓе. Сурогат мајките во Минесота и сега добиваат финансиски надомест, а за тоа постојат приватни агенции за посредништво кои им нудат на кандидатките кои ги ...
Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција. Сиљановска Давкова истовремено оствари импресивна доверба од гласачите со над 560 илјади освоени гласови. Сепак, ако се погледне краткиот историјат на сите досегашни претседателски избори, нејзиниот скор е трет по број на освоени гласови, после оној на Киро Глигоров од 1994 и на Борис ...
Сите набројани градови во објавата немаат градоначалници муслимани. Градоначалникот на Бирмингем, Чаман Лаи, градоналачничката на Лидс Ал Гартвејт, градоначалникот на Шефилд Оливер Копард, градоначалникот на Рочдејл Мајк Холи не се муслимани. Во 2020 година, Муслиманскиот совет на Британија во писмен доказ пред Комитетот за јавни услуги на лордовите рече дека во Британија има „околу 1.200 џамии“, што е повеќе од двојно помалку од бројката ...
Во текот на историјата на 1 Мај во различни години биле формирани Илуминатите (1776 година), се прославувала Валпургиска ноќ (од 1892 година до ден денеска се прославува во скандинавските земји), но исто така во 1886 година почнале протестите во Чикаго за работничките права. Но, трите работи не се поврзани едно со друго, датираат од различни периоди, од различни делови на светот географски и историски, така што теорија на заговор е да се тврди ...
Географската карта прикажана во склоп на објавата, Вистиномер ја пронајде на сајт каде се наведува дека таа е изработена од англискиот картограф Самуел Батлер и, на неа е претставена Македонија 70 години пред новата ера до 180 година од новата ера. Подвлечен е топоним Еуропус кој бил град во тогашна Античка Македонија. Така што, потенцирањето на подвлечениот топоним на картата Еуропус, не докажува на ниеден начин дека на Македонија ѝ било ...
На Кина и тоа како и се важни западните земји, бидејќи тие се нејзини најголеми трговски партнери. Доказ за тоа е и најавата за посетата на кинескиот претседател на Франција, Србија и Унгарија, за подобрување на односите со ЕУ. Ако Кина не извезува во САД и ЕУ, економијата значително ќе ѝ ослабне. Затоа Кина не дава оружје директно на Русија, туку само мал број фирми даваат опрема како делови за радари и тие сега се погодени од секундарни ...
Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и паушално се тврди дека секаде каде што има прекумерна смртност, тоа е резултат на вакцинацијата против ковид. Експертите се децидни дека за да се најде валидна врска меѓу вакцинацијата и прекумерната смртност во земјите, би биле потребни податоци од индивидуалните случаи, како што се причината за смртта, вакциналниот статус на лицата и споредба меѓу вакцинираните и невакцинираните ...
Станува збор за извитоперена изјава на Билд од 2014 г. кога Русија изврши анексија на Крим, со што си ги влоши односите со демократскиот свет. Билд доста коментирал за тоа на Твитер, на 24.3.2014 г., тој споделил напис од Мајкл Мекфол, бивш амбасадор на САД во Русија, по што твитнал: „Можеби Мекфол ја потценува силата на новата антизападна и антидекадентна линија на Путин. Втемелена врз длабоко конзервативни ортодоксни идеи“. Оригиналот вели ...
Објавата неточно тврди дека претседателот нема никакви надлежности и дека за сè треба да го прашува премиерот. Претседателот на Република Северна Македонија ја претставува Републиката и е врховен командант на вооружените сили. Во Членот 84 од Уставот се јасно дефинирани неговите надлежности, претседателот, на пример: го врачува мандатот за состав на Владата, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и специјалните пратеници во странство, ...
Руската армија има извесен напредок, но не на сите фронтови, туку главно во Донецката област, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу соопштува за заземање на села како Богдановка, Новомихајловка и Первомаjское, што за една суперсила не е баш некаков блескав успех. Русија до ден денес нема контрола над сета Донецка област (над Славјанск, Краматорск итн.), а да не говориме за поамбициозни планови како што е офанзива на Одеса – како што ...
Колку повеќе е воспевана руската црква меѓу верниците, толку поголемо е нејзиното влијание. Хипотетички, ако руската црква „ни ја спасува“ црквата, зошто руската држава да „не ни ја спаси“ државата од лошиот Запад кој сака нели, сè да ни уништи? Отприлика така некако одат тие приказни, вели Марјан Николовски, уредник на Религија.мк, кого Светиот Синод на Македонската православна црква неодамна го повика пред Црковен суд поради неговите текстови ...
„Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба“ Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата, а не за нивна злоупотреба, потсетуваат од ЦИВИЛ и бараат од институциите да се санкционираат оние кои ги вовлекуваат децата во политиката на ...
Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци од странците, а вториот е дека притисоците ги правеле Албанците. Оваа реторика се поткрепува и со внимателно одбрани аналитичари од земјава, меѓу кои доминира Ристо Никовски Пишува: Мирослава Симоновска Првиот круг од претседателските избори во С. Македонија ...
Дали македонската држава и македонските граѓани виделе некогаш нешто лошо од САД? Дали САД ни наметнува менталитет на Студена војна или реално, цел свет е во Студена војна? Конечно, дали за евентуалните штетни последици од договорот со „Бехтел и Енка“ виновни ќе бидат САД или претставниците во извршната и законодавната власт во С. Македонија? Пишува: Теофил Блажевски Претседателскиот кандидат на Левица, професор Билјана Ванковска гостуваше на ...
Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина – Скопје, кој беше единствената меѓународна железничка линија од С.Македонија. Електрификацијата на оваа пруга воопшто не се споменува во новата изборна програма на СДСМ Ветување: Електрификација на пругата Скопје – Скопје Север – Ѓорче Петров – ...
Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува од неа јавно да му се спротивстави на Мицкоски, кој пак, по двојните избори на 8 мај, можеби ќе стане премиер. Ова изненадува дотолку повеќе што Сиљановска себеси се претставува како горда личност, голем индивидуалец. „Гордата Гордана“ со полна уста говори за ...
Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија. Според толкувањето, амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле ...
Два ресори за три месеци имаат „нула“ реализација на ставката капитални расходи. Тоа се Министерството за политички систем кое за годинава има буџет од 12.500 евра и Министерството за локална самоуправа кое за годинава има на располагање скоро 72.000 по овој основ Министерства кои располагаат со буџети за капитални расходи што се бројат во стотици милиони евра, во првиот предизборен квартал од годинава испорачале лазечки стапки на реализација, ...