Дезинформациите кои доаѓаат од владата на Србија за Косово станаа редовни и речиси истите наративи се рециклираат. Од јануари годинава се врати наративот за протерување на српските граѓани од Косово. На почетокот на февруари стапи на сила правилникот на Централната банка на Косово, со кој еврото е единствената валута со која може да се вршат готовински трансакции. Ова направи цела машинерија, почнувајќи од шефот на српската влада, Александар ...

Објавата е манипулативна и не остава впечаток дека говори за животот на познатиот американски бизнисмен Фреди Фигерс. Истата е конструирана на таков начин што делува како да пренесува приказна од С. Македонија, со цел да привлече што е можно повеќе кликови. Текстот користи фотографија од дете која нема никаква врска со приказната, таа е земена од Интернет од каде може да се купи за 40 долари и истата е насловена како „портрет од изморено дете“ ...

Трозабецот е одамна поврзан со украинската историја. Тој бил знак на предците на династијата Рурик (10-12 век, време на Киевска Русија). Во 1918 година веднаш по падот на руската империја, владата на Украинската Народна Република го одобри трозабецот како државен грб. Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, иако Украина го забрани промовирањето на нацизмот во 2015 година. Ова се прави со цел ...

Според видеото и транскриптот од нејзиниот говор објавени од страна на италијанската влада, Мелони зборува за тоа дека Украина ќе беше принудена да се предаде, доколку Западот не ѝ ја дадеше поддршката по руската воена инвазија во февруари 2022 година Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Ако Русија не ги прифати условите (на самитот за мир), ќе ја принудиме да се предаде.” – Џорџија Мелони. Доволна е оваа изјава ...

Снимка од лет на борбени авиони без никаков извор и доказ е опишана како влетување на Русите во воздушниот простор на САД. Ако е тоа точно, а не е, тоа би бил страотен инцидент, кој би бил ударна вест во медиумите и кој би предизвикал дипломатска војна во ООН, ако не и трета светска војна. Иако на Куба, која е близу до Флорида, пристигнаа руски борбени бродови, меѓу нив нема носач на авиони, па ваков лет е неизводлив, а со своите радари и ...

Компанијата „Кока-кола“ аплицирала во службата за патенти на Русија за повторна регистрација на: Кока-кола, Фанта, Спрајт и други свои трговски марки, што некои медиуми неточно го толкуваат како нивно официјално враќање на рускиот пазар (на истиот тие пијалаци ги има и сега, но неовластено, на ниво на некоја сива економија, а се увезуваат од најразлични земји). Секоја компанија си ја штити својата интелектуална сопственост, а таа заштита има рок ...

Клип на Фејсбук е проследен со невистинит опис дека прикажува мобилизација по улиците на Украина, а се работи за фаќање на криминална група и нејзини клиенти, кои ѝ платиле за превоз до молдавската граница и за помош при нејзиното илегално преминување, со цел да ја избегнат мобилизацијата. Така настанот го опишуваат не само украинските медиуми, туку и руските како ТАСС и РИА Новости. Како и секоја жртва на агресија, Украина врши мобилизација, ...

Повеќе од две децении нема решение за расчистување на депонијата во село Никуштак во општина Ликово. Жителите изгубиле надеж дека овој проблем ќе се реши и и понатаму се загрижени за своето здравје. Од Општина Ликово се правдаат дека расчистувањето на дивата депонија се врши редовно и дека „многу брзо ќе ја оградат депонијата“, нешто што го тврдат уште од 2017 година, пренесува Порталб.мк. Јавното комунално претпријатие на општина Ликово ...

Проектот се наоѓа на седмата страна во програмата и е сместен во делот за топ 10 приоритетни активности, но од 2021 година до денес за проектот е започната само изработката на техничката документација. Градиначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во својата предизборна програма насловена „За Гевгелија гарантираме“, како еден од приоритетните проекти за градот го наведува проектот Реставрација на „Стара чаршија”. Проектот се наоѓа на ...

Стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs), кои главно ги покренуваат политичари и јавни фигури, ѝ се закануваат на слободата на медиумите и на пристапот до клучни информации, заклучија учесниците на дискусијата во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа, „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ Последните измени на Кривичниот закон на Република Северна Македонија ја подобруваат заштитата на новинарите така што ...

Транспарентноста при јавните набавки може да е клучна алатка при сузбивањето на корупцијата и зголемување на довербата во институциите Најверојатно звучи познато веста дека фирма склучува договор за јавна набавка, а нејасно е кој е всушност вистинскиот сопственик. Дали станува збор за фирма која навистина ги исполнува критериумите и е најсоодветна за изведбата на потребната задача или пак тендерот е добиен само поради блиски политички или ...

Агенцијата за заштита на лични податоци лани примила претставки од граѓани кои се однесуваат на лажни профили, за хакирани профили, неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на социјални медиуми, како и претставки кои што се однесуваат за навреда, клевета и уцени Во 2023 година, Агенцијата за заштита на лични податоци примила 234 претставки од граѓани кои се однесуваат на социјалните мрежи, покажува Годишниот ...

Во текот на претседателската дебата меѓу сите кандидати, Стевчо Јакимовски изјави дека во масакрот во Сребреница биле убиени само мажи и момчиња и затоа не е геноцид, туку само (воено) злосторство. Според Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Европскиот парламент, како и други комисии и тела масакрот во Сребреница е деклариран како геноцид. А, без разлика што системски биле селектирани и егзекутирани мажи и момчиња, меѓу жртвите кои се најдени во ...

Од четири анализирани општини во земјава, Општина Кичево е со највисока наплата на од данок на доход, 33 отсто во однос на планот. Највисока наплата на данок на имот, од 43,5 отсто има Општина Гостивар, додека најниска Општина Арачиново. Првите три месеци од годинава кои беа изборно „обоени“ се одразија врз општинските буџети. „Порталб“ преку приходните и расходните носечки буџетски ставки ги анализира финансиите на општините Арачиново, ...

Фрустрациите заради застојот во евроинтеграцискиот процес се гориво со кое се распалува анти-ЕУ сентиментот во државата. Дезинформации и напади врз високи политички претставници, институции има не само во Украина, туку и во повеќе други европски држави. Често се испреплетуваат најразлични теми и наративи: традиционални наспроти западни вредности, се сатанизираат ЕУ и НАТО, се шират лаги за педофилски кругови, неонацизам итн. Целта е да се сее ...

Тврдењето дека фотографијата покажува „историски артефакт пронајден во пустина во Саудиска Арабија“ е невистинито. фотографијата е преземена од сцена од филм. Станува збор за кадар од филмот „Егзорцист“ од 1973 година, режиран од Вилијам Фридкин Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Статуа на Алах. Археолозите пронајдоа артефакти некаде во пустината во Саудиска Арабија, статуа изградена помегу 6/7 век, која одговара ...

Се работи за тенденциозно монтирање на снимката од заедничка прес-конференција на американскиот секретар за надворешни работи Блинкен и албанскиот премиер Рама, при што биле отсечени зборовите кои ѝ претходеле на изјавата. Официјалниот транскрипт од настанот покажува дека Рама, всушност, раскажувал за политиката на Албанија од времето на комунизмот, а не за нејзината актуелна политика. За тоа сведочи и комплетната снимка од прес-конференцијата ...

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме ХИВ вирусот е изолиран на 20 мај 1983 година од страна на вирусолози од Институтот Пастер. Опсервацијата направена со микроскоп потоа е потврдена со публикација во научното списание Сајнс, престижен медицински журнал. ХИВ 1 е секвенциониран во 1985 година, а ХИВ 2 неколку години подоцна. Германскиот биолог Стефан Ланка кој зборува во видеото, е познат по своите нелогични ставови дека вирусите не ...

На веб-страницата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова не е наведено уставното име на државата „Република Северна Македонија“, ниту на македонски, ниту на албански, ниту на англиски јазик. Очигледно е дека објавата користи фотошоп за да поентира политички и да привлече што е можно повеќе кликови и реакции Објава на Фејсбук тврди дека на официјалната веб-страница на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на англиската верзија, ...

Aпликацијата „Смарт Скопје“ веќе ја има на „Епл Стор“ (за Ајфон телефони), но не и на „Плеј Стор“ (за Андроид телефони). Искреирана е и веб-страницата e-mladi.mk, но во тек е постапка на интеграција, по што истата ќе почне да се полни со содржини Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, во својата предизборна програма насловена како „Програма за модерно Скопје“, вети дека ќе биде обезбедена апликација, преку која младите ќе се ...

Во објавата се прави обид предупредувањата и констатациите дека климатските промени се реалност, да се претстават како наводна „глупост“ мотивирана од „потплатување со пари“ која ја шират „трансхуманисти, фашисти и сатанисти“. Климатските промени се најгорливиот проблем на нашето време, светот станува сè пожежок. Според шестиот извештај за проценка на IPCC за состојбата на климата, изминатата деценија веројатно е најтоплиот период во последните ...

Формален договор со кој се бара Саудиска Арабија да ја продава нафтата само во долари, никогаш не постоел, а Саудиска Арабија продолжува да продава нафта во долари. Исто така, сè што е поврзано со глобалните нафтени системи, финансирањето, транспортот, осигурувањето, сè се прави во американски долари. Тоа е малку веројатно дека ќе се промени во скоро време, бидејќи врските се премногу силни. САД е во моментот најголем производител на нафта во ...

Не е точно дека Бајден, за време на самитот на Г7 во Италија, во еден момент додека бил заедно со другите светски лидери, „се изгубил“, односно заминал подалеку од групата, а италијанската премиерка го вратила кај другите. Странски проверувачи на факти пишуваат дека Бајден се оддалечил на неколку чекори од групата, но за да го поздрави со „кренат палец“ падобранецот во непосредна близина на групата. Снимката емитувана споделена на Икс од страна ...

Јавниот долг се „спушти“ под 60 отсто – во првиот изборен квартал од годинава, јавниот долг изнесувал 58,6 проценти од БДП. Идната Влада планира нов заем од 1 милијарда евра, пишува Порталб.мк. Според економистите, оваа сума отвора повеќе прашања, а едно од ни е: за што ќе се трошат парите? Новите заеми – нов „притисок“ за јавниот долг, за што ќе се трошат најавените 1 милијарда евра? Според последните достапни информации, на крајот на март, ...

Камерите кои се поставуваат на скопските сообраќајници, а кои се дел од проектот „Безбеден град“ сè уште не се во функција. Објавата што ја анализираме манипулира и непотребно крева паника во јавноста, наведувајќи ги следбениците на Фејсбук да мислат дека камерите почнале да снимаат. Всушност, станува збор за информација дека било извршено тестирање на камерите, што е наведено во написот кој го споделува објавата, но не и во насловот ...

Европската Комисија веќе почна петгодишен систем за поддршка на земјоделците во форма на нова политика „Заедничка земјоделска политика”. Алоцирани се 300 милијарди евра во финансирање, вклучително со силни намери да им се помогне на фармерите да усвојат поодржливи и поотпорни практики. Повеќе од 10 проценти од директните плаќања на ЕУ, коишто претставуваат 4 милијарди евра годишно, ќе бидат алоцирани на малите фарми. Исто така, зголемена е ...

Вистиномер не успеа да најде ниту една официјална информација дека Грузија ќе ги обнови дипломатските односи со Русија и ќе отвори амбасада во Москва. Такво нешто нема на официјалните Икс профили на партијата Грузиски сон и на грузиската влада. За веста дека Грузија се подготвува да отвори амбасада во Москва има деманти и од грузиска и од руска страна Објава на Фејсбук тврди дека Грузија започнала со подготовки за повторно отворање на својата ...

Пред да има вакцина против сипаници, смртноста била огромна, а лек немало наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме. Токму програмите за имунизација се оние што ги имаат искоренето сипаниците и тоа го тврди Светската Здравствена организација. Не е точно ни изнесеното во објавата дека вакцинацијата претставува злоупотреба на децата, бидејќи децата имаат право на здравје и заштита на нивното индивидуално и колективно здравје. ...

Вистиномер го побара видеото на Гугл и откривме дека тоа кружи на Интернет од 2020 година. На Јутјуб исто така било објавено на 5 мај 2020 година. Не е познато каде е направено видеото, но тоа е доста вирално и споделувано последниве години. „Eксклузивното“ видео од тоа како Холанѓанецот го каснала змијата нема врска со Охрид, ниту пак, со посочениот инцидент Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводно ексклузивна снимка од тоа како ...

Во деновите пред пристигнувањето на руските воени бродови, на интернет кружеа слики и видеа, кои наводно го покажуваат пристигнувањето на фрегатата „Адмирал Горшков“ во пристаништето во Хавана. Таков е и случајот во објавата што ја рецензираме, но видеото е старо и не е од ова неодамнешно пристигнување Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и во описот пишува: Хиперсоничниот носач на ракети Циркон, ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
1.54
85%
1010
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
4.63
89%
1012
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1011
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.41
78%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
96%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
2.68
44%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
73%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
4.63
79%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
92%
1011
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
72%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56