
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



СДСМ ветува минимална пензија од 20 илјади денари до 2028 година, дополнително и новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата почнувајќи од оваа година. ВМРО-ДПМНЕ, пак, најавува по 5 илјади денари линеарно за сите пензионери уште првата година од мандатот. Овие ветувања звучат примамливо, но прашање е дали се реално остварливи. Ваквиот изблик на грижливост кон највозрасните граѓани не е ништо ново и невообичаено пред избори, ...
За ниту една вакцина не е постигнат опфат од над 95 отсто. Покрај епидемијата на пертусис, во иднина постои голем ризик за епидемија на морбили, предупредуваат докторите Претседателите на Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора, заедно со деканите на трите медицински факултети во Скопје, Штип и Тетово, директорот на Институтот за јавно здравје денеска потпишаа Декларација за поддршка на вакцинацијата. Ова е обид на здравствените ...
Според Програмата на Владата, комуналната полиција требаше да ги надополни инспекциските служби и еко патролите со цел да се зајакне контролата врз сите кои загадуваат Воведувањето на комунална полиција во општините, која ќе се грижи за локалниот комунален ред, чистота и зачувување на животната средина, останува ветување кое нема да биде исполнето во мандатот на оваа Влада. Иако оваа нова служба беше предвидена во Програмата на Владата ...
Децидната изјава на Ковачевски дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал нема силни аргументи за да биде потврдена како факт. Историјатот на создадени и растурени коалиции од 2016/7 до сега што ги направи СДСМ за да обезбеди мнозинство во Собранието, големите отстапки што ги направи во однос на т.н. „црвени линии“, падот на рејтингот до степен да е тешко да се надева на мандат за да го покаже својот „коалициски потенцијал“…сето тоа укажува ...
Целата објава изобилува со тврдења за кои не се понудени никакви докази. Наспроти нив, фактите говорат поинаку. Факт е дека пертусисот е заразна болест која лесно се пренесува меѓу луѓето и единствена превенција против неа е вакцината која е безбедна. Факт е дека оваа вакцина е во редовниот календар за имунизација, не само во Северна Македонија туку и во сите држави членки на ЕУ Анализираме објава на Фејсбук која изнесува низа дезинформации ...
Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во Украина е особено забрането да се земаат органи од починати лица кои припаѓаат на категоријата сираци, деца без родители, лица со инвалидитет. Не е дозволено да се земаат органи од индивидуи на кои не им е познат идентитетот, или пак на лица од војската ...
Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на пензионерите, туку на влијателни, квалитетни луѓе надвор од партиските табори – аналитичари, експерти, колумнисти… Токму нив ги повика Силјановска да не гледаат сеир отстрана, туку да се вклучат во политичката арена и институционално да ја водат битката за да ...
Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Зеленски стана постојана цел на хомофобични дезинформации во склоп на реториката на Кремљ, која го врамува конфликтот како борба против Западот и западните вредности. Таква е и оваа објава која прикажува монтирана фотографија од наводен бакнеж помеѓу Зеленски и Макрон. Вистината е дека станува збор за монтажа од две посебни фотографии каде што украинскиот и францускиот претседател си ги бакнуваат ...
Такер Карлсон – конзервативен коментатор, бивши водител на Фокс Њуз и љубител на теории на заговор – не е ставен на украински „список за стрелање“ поради интервјуто со рускиот претседател Владимир Путин. На социјалните медиуми се споделува скриншот фотографија во која се гледа профил на Карлсон напишан на украински јазик. Сликата е преземена од веб страна на украинска невладина организација „Миротворец Центар“, каде се пишува за поединци за кои ...
Наспроти тврдењето во објавата, пертусисот постои и не е измилен. Според последните информации (22.03.2024) говорат дека бројот на заболени од голема кашлица достигна до 251 случај во државата. Извештајот на Институтот за јавно здравје, покажува дека најмногу заразени има во Скопје, дури 88 отсто од заболените. Не е точно ниту дека ковидот бил виртуелен. Во нашата земја, од почетокот на ковид пандемијата заклучно со 21.03.20224 година, ...
Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви отколку тие на личноста на фотографијата. Исто така, ако веруваме дека Пригожин е уште жив, за што нема кредибилен доказ, не е логично зошто човекот кој водеше пуч против лидерството на Кремљ во јуни 2023 година, би ризикувал да се експонира при патување во јавен ...
Во манипулативна објава се пласира старо видео снимено пред два месеца од турканиците во зградата на МРТ, притоа се тврди дека ова се случува сега откако Владата наводно укинала одлука на министерот за внатрешни работи. Всушност, станува збор за поништување на одлука за прераспределба на еден вработен на работно место во Ново Село – во Одделот за издавање лични документи, како што информираше и самиот Тошковски, а не во Скопје, како што сака да ...
Против укинување на задолжителна вакцинација се произнесе и Уставниот суд кој во 2014 година расправаше по иницијатива во која се бараше укинување на задолжителната вакцинација. Судот оцени дека со редовната вакцинација не се штити само лицето кое се вакцинира, туку се создава и колективен имунитет помеѓу населението, што ја спречува циркулацијата на инфективните агенси. Исто така, тврдењето во објавата дека „многу деца се трајно оштетени или ...
Во објавата се опишува наводна техника за која се тврди дека лицето што има срцев удар може да си помогне и да преживее со повеќекратно силно кашлање. Но, медицински професионалци од различни делови на светот и сервиси за проверка на фактите пишуваат дека оваа метода не е делотворна и нема да помогне при случаи на срцев удар, кога најдобриот совет е веднаш да се повика итна медицинска помош Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...
Во објавата што ја рецензираме невистинито се тврди дека вработените во болниците ги убивале луѓето кои биле хоспитализирани со користење на погрешни протоколи. Се пласираат невистини и за лекот „ремдесивир“ дека трајно им ги оштетил бубрезите на оние кои го примиле, иако постојат докази дека самата болест ковид-19 предизвикува компликации со бубрезите, а не лекот. Исто така, во објавата се шири и дезинформацискиот наратив од периодот на ковид ...
Меморијалниот центар на холокаустот во САД потврдува дека најточната проценка за бројот на човечки животи кои се загубени во холокаустот од еврејската заедница е 6 милиони. Музејот, исто така, истакнува дека утврдувањето на точниот број е речиси невозможна мисија, со оглед на тоа што нацистите се обиделе да ги уништат официјалните архиви на крајот од војната Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Од кога е измислен ...
Тврдењето во објавата дека „таканаречената пандемија била планирана и координирана со децении наназад“, не се темели на факти. Она што беше координирано беше одговорот на пандемијата, односно во повеќе држави беа слични преземените мерки за заштита на населението кои вклучуваа и карантини и носење маски – затоа што тоа е епидемиолошки оправдано и издржано односно станува збор за научно докажани ефикасни мерки. Вирусот беше изолиран на 7 јануари ...
ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на партијата до пред неколку години, Груевски и Мијалков, исто така се на „црната листа“ ...
Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма вети дека при реконструкциите на фасадите ќе бидат предвидени нови простори за вертикално зеленило кое ќе гарантира и пониско ниво на загадување. Во програмата имаше и ветување дека ќе се предвидат и т.н зелени кули за нула смог, но од ова засега нема ништо Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски во својата предизборна програма од 2021 година вети дека при ...
Објавата се однесува на изјава на францускиот претседател Макрон за новиот нацрт-закон за крајот на животот кој ќе овозможи „помош за завршување на животот“. Предложениот закон се однесува само на возрасни лица кои страдаат од неизлечива болест во крајна фаза, односно за кои нема спас и дека истите одлуката за завршување на својот живот ќе ја носат самостојно. Никој нема да ги принудува на ништо, ниту пак, со сила да ги убива, како што сака да ...
Истакнатиот руски опозиционер и критичар на власта, Алексеј Навални, почина во сомнителни околности. Во отсуство на каква било транспарентност околу неговата смрт, во регионот се шират дезинформации дека починал од тромб предизвикан од ковид вакцината на „Фајзер“. Поточно, се тврди дека Навални е жртва на вакцината преку т.н. нарачано убиство, а не на политичка репресија Пишува: Матеј Тројачанец Во регионот се шират дезинформации за смртта на ...
Вакцината која содржи компонента против пертусис може да се дава истовремено со МРП вакцината со оглед на фактот што се работи за давање на една мртва и една жива вакцина, а растојание помеѓу двете вакцини не е потребно. Кога се даваат истовремено, вакцината која содржи компонента против пертусис и МРП вакцината се аплицираат во различни екстремитети, пишува во укажувањето за постапување од министерот за здравство. За тоа дека станува збор за ...
Објавата што ја анализираме неосновано, произволно и без никакви медицински докази и факти тврди дека вакцините биле отров и дека државата сакала да ги труе нејзините граѓани. Докази за ова не се понудени, за разлика од доказите и фактите кои говорат дека вакцините се безбедни и дека тие спасуваат илјадници животи. Државата никого не труе, туку презема мерки согласно Уставот и законите за заштита на населението од голема кашлица Анализираме ...
Објавата шири невистини дека Ајфон тајно ве фотографира секои пет секунди. Причината поради којашто инфрацрвената камера апсорбира зрак секои пет секунди е опцијата за препознавање на ликот. Точно е дека Ајфон изведува акција секои пет секунди, како што е прикажано во видеото. Но, ова е поврзано со опцијата која Епл ја нарекува Аttention Aware. Оваа опција Ајфон ја користи за да види дали корисникот гледа во уредот и за да се осигури дека ...
Во објавата се тврди дека секој којшто ќе ја прими вакцината против пертусис ќе го добие вирусот, како што наводно било случајот и со коронавирусот. Целта на ваквите антиваксерски тврдења е неосновано да се заплашува населението и да избегнува вакцини, иако тие го заштитуваат индивидуалното и колективното здравје Објава на социјалната мрежа Фејсбук шири неколку неточни тврдења за големата кашлица, вакцините, и сето ова го поврзува со наводно ...
„Слободата на медиумите е неотуѓиво право“ според Етичкиот кодекс на новинарите е едно од основните начела на новинарството, а секој новинар треба да биде целосно свесен дека „Основната должност на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана, согласно член 16 од нашиот Устав Имајќи го предвид фактот дека политичките партии во Северна Македонија за да добијат политички поени традиционално користат ...
Постапките на надлежните институции се во согласност со законите и Уставот на државата и тие во никој случај не можат да се наречат фашистички. Забраната за носење невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки не е фашизам, туку мерка којашто се носи за заштита на населението. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би ...
Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше епидемија со морбили. Вистиномер во архивата на граѓанскиот суд од 2019 година, пронајде неколку судски пресуди во кои родители на невакцинирани деца ги тужат градинките зашто тие не ги примале нивните невакцинирани деца. Судот во сите случаи ги одбил ...
Програмата за задолжителна имунизација не е поврзана со Клаус Шваб, ниту пак, со Светскиот економски форум. Парите за вакцините за задолжителната имунизација се обезбедуваат од буџетот на државата. Вакцинацијата е задолжителна затоа тоа што спречува ширење на епидемии ако вакциналниот опфат е над 95 проценти. Станува збор за одлука на национално ниво, донесена по претходна анализа на здравствените власти Рецензираме објава на социјалната мрежа ...
Самото соопштение од Царинската управа, пренесено во текстот споделен на Фејсбук, е целосно спротивно на изнесеното во објавата дека „царината пломбирала возило со наркотични средства тешки над 1,2 тони“. Во возилото немало дрога, туку најразлична стока тешка 1,2 тони Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Царината пломбирала и привремено задржала возило со наркотични средства тешки над 1,2 тони Во склоп на објавата се ...