Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува од неа јавно да му се спротивстави на Мицкоски, кој пак, по двојните избори на 8 мај, можеби ќе стане премиер. Ова изненадува дотолку повеќе што Сиљановска себеси се претставува како горда личност, голем индивидуалец. „Гордата Гордана“ со полна уста говори за ...

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија. Според толкувањето, амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле ...

Два ресори за три месеци имаат „нула“ реализација на ставката капитални расходи. Тоа се Министерството за политички систем кое за годинава има буџет од 12.500 евра и Министерството за локална самоуправа кое за годинава има на располагање скоро 72.000 по овој основ Министерства кои располагаат со буџети за капитални расходи што се бројат во стотици милиони евра, во првиот предизборен квартал од годинава испорачале лазечки стапки на реализација, ...

Изгласувањето на американската помош за Украина, Тајван и Израел прво во Долниот, па потоа и во Горниот дом на на американскиот Конгрес, беше главен мотив за реакциите од Москва во кои се содржат старите дезинформациски наративи. Овој настан, нападот на Иран врз Израел, како и несомнено изборите во земјава, придонесоа за засилен број дезинформации пренесени низ медиумите како изјави или пак целосно измислени лажни вести пренесени на социјалните ...

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до 2028, а членство во ЕУ во 2030 година. ВМРО-ДПМНЕ бара алтернатива на преговарачката рамка – започнување на преговори, а менување на Уставот на крајот. Но, ниту едните, ниту другите, не кажуваат како тоа да се постигне и колку нивните понуди се остварливи ...

Нема никаков доказ за вонземјани или каква било форма на вонземски живот на Марс или на кое било друго место во универзумот. Научниците опширно го проучувале Марс преку различни мисии, вклучително и орбитери, лендери и ровери, но досега не откриле ниту еден убедлив доказ за живот надвор од Земјата Објава на социјалната мрежа Тредс тврди дека сме се поблиску до пронаоѓање вонземјани на Марс. Ова не е точно. Поблиску до пронаоѓање вонземјани на ...

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на својата суверена држава. Во објавата произволно се тврди дека биле испратени 300 милијарди долари и притоа не се наведува кој ги испратил. Проверката на Вистиномер покажа дека се работи за пакет од 300 милиони долари кои ги вети администрацијата на Бајден. Белата куќа наоѓа начини да испрати нова воена поддршка за Украина. За 60-те милијарди кои се ...

Архивата е преполна со предмети, а реновираните простории имаат поглед кон цело Скопје, како симболично да прикажуваат дека оваа Агенција за слободен пристап будно ја следи отчетноста на сите оние кои се финансираат од јавни пари. Но, секако, патот не е лесен – молчењето на институциите останува проблем, и покрај сите напори за искоренување на оваа појава – 60 проценти од жалбите се поради молчење на администрацијата Колкава плата зема одреден ...

Доколку се погледнат официјалните резултати од изборите спроведени во дипломатско-конзуларните претставништва во странство објавени на веб-страницата на ДИК, ќе се види дека на Малта воопшто не било спроведено гласање Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека на гласањето во Малта на првиот круг од претседателските избори кои се одржаа на 24 април, победила кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска-Давкова. Малта резултати од гласањето ...

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот претседател Стево Пендаровски, којшто е и кандидат на претседателските избори 2024 година, изјавил дека Гоце Делчев е Бугарин. Оттука, оваа рецензија носи наслов „по стоти пат“ дека Пендаровски такво нешто никогаш не рекол Драган Ковачки, од ВМРО-ДПМНЕ, ...

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект што тоа се соопштува во текот на самата изборна кампања и помеѓу два круга, и од аспект што како потпретседателка на партијата можела да влијае тие грешки да се исправат или да не се повторуваат Потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска и носител на листа во ...

Според нашата анализа, најмногу донации за изборната кампања имала Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, додека најмалку имал Стево Пендаровски, поддржан од коалицијата предводена од СДСМ Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку сметките на партиите – парите се слевале на ...

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја пренесе ни еден сериозен светски медиум, тоа го сторија главно руските и тоа не најсилните како ТАСС и РИА, туку „второлигаши“, а кај нас веројатно е преземена од некој од српските сајтови. Нема логика во тврдењето дека третиот пешадиски полк на ...

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја пренесе ни еден сериозен светски медиум, тоа го сторија главно руските и тоа не најсилните како ТАСС и РИА, туку „второлигаши“, а кај нас веројатно е преземена од некој од српските сајтови. Нема логика во тврдењето дека третиот пешадиски полк на ...

Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница – од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце во должина од 2 километра, сепак тоа досега не се случи. За втората делница, пак, од селото Блаце до клучката Стенковец долга 10,5 километри, беше распишан тендер, но сè уште не е избран изведувач Ветување: Изградба ...

Владата предводена од СДСМ и во овој мандат не успеа да го изгради ветениот автопат Скопје – Блаце. Иако беше најавено дека до крајот на март ќе биде пуштена во употреба првата делница – од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце во должина од 2 километра, сепак тоа досега не се случи. За втората делница, пак, од селото Блаце до клучката Стенковец долга 10,5 километри, беше распишан тендер, но сè уште не е избран изведувач Ветување: Изградба ...

На вчерашната дебата на Националниот сервис МРТ, кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, изјави делумно вистинито дека американскиот Пентагон (односно Министерството за одбрана) не дозволува да им се направи ревизија, дека се под сомнеж за проневера од 1,9 трилиони долари и дека Конгресот има донесено специјален закон за да дозволи ревизија. Иако во сите три става има дел вистина, ниту еден не е прецизен во целина „Пентагон, од 1995 ...

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено ниту претходно. Веста споделена во објавата, а која е пласирана како да е вест на Дојче веле, е лажна. Дојче веле ваква вест нема објавено. Исто така, не постојат никакви нови барања за Македонија за членство во Унијата, а вметнувањето на Бугарите во Уставот не ...

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје и општините, 13 се под владина „капа“, а три јавни претпријатија се основани од Собранието. Според податоците од Министерството за финансии, голем дел од претпријатијата во земјава генерираат долгови кои не можат навреме да ги подмират. Лани во сите ...

Франција не усвоила никаква резолуција со која се стопира процесот на проширување на ЕУ. Ова е лажна вест, претставена како да е вистинска, наводно објавена од Би-би-си. Ниту Би-би-си, ниту кој било друг релевантен медиум, не објавил ваква вест. Покрај ова, ниту Макрон не изјавил дека „на Северна Македонија треба да ѝ се каже дека нема проширување до 2040.“ Обете тврдења се дезинформации Анализираме објава на Фејсбук која споделува вест, ...

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот претседател Зеленски на 16 април го потпиша Законот за мобилизација, со кој се очекува да се реши проблемот со недостигот на војници во Украина, поради руската инвазија на земјата, но тој не предвидува мобилизација на лица со ...

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има право да се брани. Русија насила прогласи независност на Донбас и Луганск, нарушувајќи го територијалниот интегритет на Украина. Зеленски постојано повикува на мир и понуди формула за мир, а на негово барање Швајцарија во јуни ќе организира мировен самит, на кој Русија ...

Огромните врнежи од дожд што го погодија Дубаи, во објавата што ја рецензираме се делумно претставени со стари и неповрзани видеа од други елементарни непогоди, или од постар датум, или од друго место Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео, наводно од неодамнешните поплави и силни поројни дождови во Дубаи. Видеоматеријалот претставува компилација од повеќе сцени од различни места коишто се однесуваат на ...

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и мултилатералните договори на државата, не е круцијална за оценката делумна вистина. Таа не кажува колку и какви проблеми ќе се отворат повторно и во кои сè институции и меѓународни организации, доколку еден ден официјално Скопје реши да ги раскине ...

Сиљановска-Давкова во 2020 година во парламентот влезе со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“. Таа не стана пратеник преку независна пратеничка листа, туку беше носител на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за Првата изборна единица. Сиљановска-Давкова и во претседателската трка влезе со потписите на пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а на изборните митинзи се појавува заедно со ВМРО-ДПМНЕ и со ...

Тврдењето на Силјановска дека лесно, „низ оџак ќе сме влегле во НАТО“, е неточно и нереално. Повеќе наликува на фино спакувана предизборна приказна за купување на романтичарски гласови. Оџакот за којшто говори Силјановска, всушност за нас беше теснец низ којшто мачно се пробивавме цели 25 години, уште од 1993 година. Од Самитот на НАТО во 2008 година во Букурешт, каде Грција стави вето и земјата извиси, иако имавме силна поддршка од нашите ...

Дел од Платформата „Македонија повторно горда“ на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, упатува на неизвесност на иднината на државата кога станува збор за евроинтеграциските процеси и за односите со Грција и со Бугарија. Бугари во устав нема да има бидејќи такво нешто нема во Договорот со Софија, а Преспанскиот договор е правно и политички отворено прашање Пишува: Теофил Блажевски Професорката Гордана Силјановска Давкова, ...

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека грчката страна ќе го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази „затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ“ Анализираме објава на ...

Минатата недела руската државна телевизија емитуваше снимка од сослушувањето на четворицата осомничени. Еден од обвинетите пред камера изјавил дека планот бил по нападот да се упатат кон Киев. Други обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница. Нивните зборови мора да се земат со голема претпазливост. За време на судското појавување по нивното апсење, на лицата и телата на мажите имаше видливи ...

Објави на социјалните мрежи излегуваат со тврдења за наводната блискост на украинскиот претседател Леонид Кучма (1994-2005) со Русија. Иако тој се обидувал да одржува нормални односи со Русија, сепак, неговата надворешна политика далеку од тоа дека била свртена кон Русија. Особено што земјата токму во текот на неговото владеење официјално изрази желба за влез во НАТО. Со ова паѓаат во вода и другите тврдења, со кои се сака да се наметне мислење ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
58%
1020
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
67%
1021
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1024
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.52
78%
1019
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
56%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
56%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
36%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
1.54
56%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
53%
1024
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
7.2
68%
1016
Currency

61.53

Currency

53.3801

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60