Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија оствари средба со претставници на Македонското национално малцинство во Република Албанија и разговараа за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора. На средбата покрај премиерот Ковачевски, присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, како и Данчо Марковски, амбасадор на Република Македонија во Република Албанија. ...

Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите државјани на Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот. Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја ...

Две лица се застрелани вечерва во белгискиот главен град Брисел, соопшти полицијата. Белгискиот премиер подоцна потврди дека жртвите биле Швеѓани. Брисел го зголеми на највисоко нивото за закана од тероризам. Фудбалскиот натпревар Белгија-Шведска од квалификациите за Евро 2024 што се игра во градот е прекинат, соопшти УЕФА. Вооружениот напаѓач побегнал од местото и уште е во бегство. Обвинителите велат дека го третираат пукањето како тероризам. ...

„Самитот на лидерите кој се одржува во Тирана за Берлинскиот процес, кој за прв пат се одржува во една земја на Западен Балкан, односно во држава која не е дел од ЕУ. Во рамките на Берлинскиот процес беа потпишани неколку договори за соработка и за меѓусебно признавање на дипломите од земјите на Западен Балкан за здравствените работници и за енергетско финансирање и зголемување на финансиите за енергетска независност и зелена транзиција“. ...

Во Тирана се одржува Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, на кој учествуваат лидерите на земјите учеснички во овој процеs. Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ги пречека лидерите и другите функционери кои учествуваат на Самитот во Тирана, а работите ќе продолжат на две сесии. На Самитот, што се одржува во просториите на Пирамидата во Тирана, учествуваат лидерите на Европската Унија (ЕУ), земјите од ЕУ и лидерите на земјите од ...

Срамно е ова што се случува во Преспа во врска со пописот на населението. Преспа, област генерално заборавена од сите влади, (иако е една од најубавите области на Албанија) стана вест во медиумите и порталите. За некои тоа е сериозна вест, за многу други е претставена на комичен начин, како две држави се судираат за едно малцинство. На подрачјето на Преспа живее македонското малцинство, тоа е неспорно! Во последно време, со почетокот на пописот ...

Јазикот на кој зборуваат е македонски, гордо кажуваат жителите на областа Голо Брдо во Албанија, што и научно се поткрепува преку истражувањето на Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки. За време на посетата на неколку села, во кои иселувањето е поради постојан општествено-политички и економски притисок, во разговорите со мештаните, Петровска заклучува дека дијалектите одлично се сочувани. Нивниот говор се вбројува во западно-македонски ...

Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи беше во посета на Македонците во Мала Преспа во Општина Пустец. Целта на посетата беше реализација на донација за средното училиште Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски во село Пустец во форма на училишен инвентар. Претседателот на Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листа Горан Тасковски заедно со делегацијата беа пречекани од страна на директорот и наставниот кадар на училиштето. ...

Во македонската историја има личности кои по своето потекло како Македонци, независно дали живееле и работеле во македонската држава оставаат значајни дела за матичната земја. Од плеадата такви дејци голема оставнина за македонската историјата нѝ оставиле и двајцата Македонци од Преспа во Република Албанија, Стерјо Спасе и Спасе Мазенковски. ЗОШТО сакам да пишувам за Стерјо Спасе? Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село ...

“Оној кој не го познава своето минато, не може да биде успешен во сегашноста и во иднината! Сите треба да учиме од минатото”. Со овие зборови, на починатиот шеик, Зајед бин Султан Ал Нахјан, таткото на Обединетите Арапски Емирати, се отвори 19-от Конгрес на Меѓународниот архивски совет, кој се одржува од 9-ти до 13-ти октомври во Абу Даби. Конгресот со мото “Enriching Knowledge Societies” (Збогатување на општествата со знаење), има пет теми: ...

Македонска алијанса за европска интеграција, по повод 70 години од раѓањето на Спасе Мазенковски и 11 Октомври – Денот на востанието на Македонскиот народ, во своите простории во Пустец организира промоција на првиот том “Собрани дела“ на Спасе Мазенковски кои за првпат се објавуваат на македонски јазик. Издавач на книгата е печатницата “Менора”, а промотор на книгата беше проф.д-р Катерина Тодороска. Пригодни обраќања на промоцијата за животот ...

Телевизијата прво започна со емитување во подрачјето на Скопје,пред да го прошири опфатот на остатокот од земјата. Канал 5, 25 години зрачи во етерот и е една од водечките телевизии во Македонија, сведок е на многубројни настани значајни за државата. Телевизијата веќе 25 години се грижи за јавниот дискурс, креирајќи го јавното мислење, а со критичка опсервација на политичките настани. Телевизијата 25 години се грижи за навремено информирање на ...

Во извештајот е правилно напишано дека за да се спротивставиме на овие предизвици за основните вредности што Советот на Европа има за цел да ги поддржува, извештајот повикува на зајакнато придржување кон основните вредности. Ова вклучува зајакнување на законодавството за спротивставување на екстремно десничарскиот екстремизам, подобрување на образованието и медиумската писменост и борба против онлајн радикализацијата. Во Нацрт-резолуцијата се ...

Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во ...

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари средба со албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, на која покрај другото, фокусот е ставен и на пописот на населението, кој е во тек во оваа земја, информираа од амбасадата. Амбасадорот Марковски на средбата го информираше министерот Хасани за одредени злоупотреби и кршење на Законот за попис на населението од страна на неовластени странски лица кои делуваат и ...

Романот „Зошто“ од писателот со македонско потекло Стерјо Спасе е преведен на англиски јазик. Спасе останува еден од најпознатите прозаисти во албанската литература од почетокот и средината на векот. XX-ти. Неговиот роман „Зошто“ остави белег на темелите на современата албанска проза. Излогот на книги, еден од најуметничките на албанските екрани, има за цел секоја недела да ги презентира некои од најубавите книги. Нивната тема главно е избрана ...

Предизвиците со кои се соочуваме денес се од духовна и од економска сфера. На државата и е потребен фундаментален документ, којшто ќе биде изработен под водство на МАНУ, заедно со универзитетите и стопанските комори, без учество на извршната власт. Но, не е доволно само да се изработи ваков документ, туку потребна е негова имплементација во континуитет, посочи претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев. Тој денеска во своето обраќање по повод 56 ...

Мигрантот Кристо Пинко од село Врбник бил етнички Македонец од Албанија, кој пристигнал во Австралија во 1928 година со албански пасош. Кристо Пинко, роден 1904 година во село Врбник, е регистриран како македонeц пo националност, австралиските власти на неговиот формулар додаваат „албански“. Тој вели дека неговите родители, родени некаде во 19 век, биле Македонци. Пинко пристигнал во Австралија во 1928 година и регистрира својата националност ...

На 12 октомври се одбележуваат 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Народна Република Кина. Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА наведуваат дека дипломатските односи помеѓу двете земји се воспоставени на 12 октомври 1993 година. Односите меѓу двете земји достигнаа високо политичко ниво, додека билатералната соработка се развива во сите сфери. На 12 октомври се навршуваат 30 години ...

Мигрантот Нестор Коле бил етнички Македонец од Албанија, кој пристигнал во Австралија во 1928 година со албански пасош. Во 1937 година, Нестор Коле, роден во 1888 година, етнички Македонец од село Глобочени, областа на Мала Преспа, Албанија ја регистрира својата националност како Македонец кога поднесува барање за австралиско државјанство. Тој исто така пред австралиските власти изјави дека и неговата мајка и татко, родени пред 1880 година, ...

Македонците во Србија во организација на здружението „Кочо Рацин“ од Белград, во Костолачка Коса крај Пожаревац им оддадоа почит на 1295 загинати Македонци од Вардарскиот баталјон во Првата светска војна. Баталјонот броел 1.300 Македонци! Воедно е побараа на постоечката спомен плоча во цркавта Св.Ѓорѓи да се постави нова на која наместо Вардарци ќе пишува Македонци. Од српската влада е добиен одговор дека со задоволство ќе биде прифатена таа ...

Македонското министерство за надворешни работи според тоа што е јавено од амбасадата на Македонија во Тел Авив, информира дека седум државјани на Македонија се наоѓаат во градот Витлеем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања во Израел. „Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел, Министерството за надворешни работи ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во ...

Израелската армија објави подготвеност за војна и ги мобилизира резервистите кои веднашпочнаа со воздушни напади врз Појасот Газа, два часа откако исламистичката организација Хамас изврши ненадеен ракетен напад врз израелска територија од таа територија. Израел објави подготвеност за војна и го обвини Хамас, кој владее со Појасот Газа, за нападот. Армијата соопшти дека Хамас „ќе ги сноси последиците и одговорноста за настаните“ Министерот за ...

Живописниот регион Голо Брдо во Албанија има богата историја, обележана со борбите и аспирациите на македонската заедница да го зачува својот културен и јазичен идентитет. Во годините по Втората светска војна, од 1945 до 1948 година, македонското население во Голо Брдо го ужива правото да се школува на својот мајчин македонски јазик. После 1948 година на Македонците во областа на Голо Брдо им се забранува да го изучуваат македонскиот јазик ...

Берлинскиот процес еволуираше во водечка платформа за регионална соработка која носи голема политичка и економска тежина и служи како движечка сила за регионалната соработка, но и му помага на регионот да ја оствари својата стратешка цел – целосна интеграција во Европската Унија, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи во обраќањето на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Берлинскиот процес во Тирана. Како што ...

Процесот на проширување мора да се забрза, а Унијата да се подготви за нови членки – ова е главната порака од челниците на институциите на ЕУ на неформалниот самит во Гранада. Таму денеска се собра политичкиот врв на земјите-членки, а главна тема на дискусија е токму проширувањето, но и миграциите. Според претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, домашна задача имаат и земјите-кандидатки, но и Унијата, а потоа придобивки би ...

Комесарот за проширување за ЕУ, Оливер Вархеји, кој денеска учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана, изјави дека „членството на Албанија во ЕУ се случува“, додавајќи дека „од 1 јануари следната година ЕУ е подготвена да биде домаќин на новите држави од Западен Балкан“, јави Топ чанел. -Во декември, кога го имавме првиот самит на ЕУ што се одржа во една од земјите ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски се сретнаа со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија. Претседателот Мицкоски и потпретседателите Николоски и Муцунски на средбата со Гир разговараа за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент беше ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. На средбата со Гир се ...

Во рамки на Самитот на Берлинскиот процес, кој, овој месец, за првпат ќе одржи во Албанија, во петок во Тирана се организира состанок на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес. Утре, четврток, ден пред состанокот, ќе му претходи прием на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, други земји-учеснички во Берлинскиот процес, претставници на ЕУ, како и регионални организации, јави државната агенција АТА, ...

Земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа договор за споделување на задачата за згрижување бегалци и мигранти во кризни ситуации. Многу сум среќна што земјите-членки сега се договорија за регулирање на кризата, што е важен дел од сложувалката во пактот за миграција и азил, изјави шведската министерка за миграција Марија Малмер Стенергард, пренесоа британските медиуми. Таа посочи дека сега може да се продолжат преговорите меѓу Советот ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1022
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1022
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.8
56%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
79%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
48%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
27%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
57%
1020
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
49%
1021
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
60%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62