
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Македонски весник “Илинден“: Нашите читатели се заинтересирани за историјата на Македонската компанија Бреинстер. Смиљаноски: Бреинстер е организација за IT едукација која своите почетоци ги има во 2015 година како стартап. За само 5 години, според сите важни параметри, прераснавме во лидер во неформалното образование во Македонија. Нудиме 10 програми (академии) за здобивање на знаења и вештини во најбараните IT и дигитални професии на глобално ...
Според Мустафа Кемал Узункаја, здружението на македонските иселеници ЕГЕ во изминативе години има преземено повеќе активности што се насочени кон зачувување на нивните македонски обичаи и култура, како и кон зачувување на македонскиот јазик. Конкретно, споменатото здружение организира бесплатен курс по македонски јазик, кој започна во јануари 2023 година под менторство на г. Ќамуран Арслановски. Речиси сите ученици потекнуваат од Република ...
Што е првата мисла што ви дојде на ум додека пратениците во канадскиот Парламент му дадоа стоечка овација на украински нацистички ветеран од Втората светска војна (настан кој е резултат на канадската доброволна слепа послушност во спроведување на американската надворешна политика). Можевте ли да помислите вакво нешто да се случи во канадскиот Парламент? Доколку ја следевте канадската политика во изминатите неколку децении, одговорот е да, пред ...
Со новиот рехабилитиран пат Подмоље-Струга-Ќафасан овозможуваме поинтензивна регионална соработка, економски раст и напредок. Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, присуствуваa на пуштање во употреба на ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска оствари средба со заменик шефот на парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ кој е одговорен за надворешната политика, Јохан Вадефул. Николоски, како што пишува на својот Фејсбук профил разговарал за актуелната политичка ситуација и злоупотребата на европското знаменце. Неговата објава ја пренесуваме во продолжение: Средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во ...
Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус предупреди дека „може да има закана од војна во Европа“ додека го бранеше одговорот на неговата администрација на новите закани, вклучувајќи ја руската агресија и војната на Блискиот Исток. Говорејќи за германскиот радиодифузер ЗДФ, Борис Писториус, член на Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Шолц, рече дека нациите како Германија ќе мора да ја зголемат способноста на нивните ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба. Претседателот Мицкоски го информираше Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, постојано ги крши собраниските процедури и го злоупотребува ...
Косовската агенција за статистика соопшти дека пописот на населението нема да започне на 1 ноември, како што најави косовската влада пред повеќе од два месеци и побара тој да се одложи за следната година, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-шефот на КАС, Илир Бериша, нагласува дека доцнењето на постапките за набавка на таблети, неврбувањето на матичари и надзорници и можноста за бојкот на регистрацијата од страна на српската заедница во ...
Денеска се одржа 19-та седница на Советот за безбедност, на која се разговараше за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата присуствуваа и директорот на Агенцијата за национална безбедност и директорот на Агенцијата за разузнавање. Надлежните претставници на институциите информираа за тековните безбедносни прашања поврзани со ...
Пленарната седница на албанскиот законодавен дом доцна попладнево почна со тензии, откако пратениците од опозицијата ја блокираа говорницата. Припадници на Националната гарда веднаш се распоредија околу говорницата, над која се и столчињата каде седат претставниците на Владата. Расправијата ескалираше со физичка пресметка, кога опозицискиот пратеник Бледион Налбати физички го нападна пратеникот од Социјалистичката партија Вулнет Сина. Веднаш ...
Авиокомпанија Рајанер, од 31 октомври ќе лета и од Тирана, ова го изјави албанскиот премиер Еди Рама. Еди Рама вели дека со овој нов развој на настаните ќе се отворат работни места и ќе се обезбедат нови можности за летови од Тирана до европските метрополи. Авиокомпанијата „Рајанер“ е подготвена да започне со летови за Албанија на 31 октомври, по потпишувањето на договорот пред неколку месеци. 200 летови неделно до 17 дестинации. Рајанер ...
Претседателот Стево Пендаровски ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, која престојува во посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Македонија и за тековните состојби во регионот. Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг ...
САД воведоа втор круг санкции против функционери и финансиската мрежа поврзана со Хамас. „Денешната акција ја нагласува посветеноста на САД за разбивање на мрежите за финансирање на Хамас со распоредување на нашите органи за санкции против тероризмот и во соработка со нашите глобални партнери за да му се ускрати на Хамас можноста да го искористува меѓународниот финансиски систем“, рече заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо. Post Views: ...
Долгометражниот филм „Бизнисот на Задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски продолжува со успеси. Филмот по петти пат е добитник на награда на филмските фестивали, која овојпат му беше доделена на директорот на фотографија, Фејми Даут, за најдобра камера на десеттото издание на „DEA OPEN AIR International Film Festival“ во Тирана. Дополнително, „Бизнисот на Задоволството“ е селектиран на уште седум нови фестивали во Канада, САД, Африка, ...
Почитуван господине Сојузен канцелар Шолц, Во врска со понатамошниот тек на преговорите за членство на Република Македонија[1] во ЕУ би сакале да Ве информираме за актуелната состојба и притоа да го изнесеме нашето гледиште. Не радува што неодамна во Берлин го пречекавте премиерот Ковачевски и недвосмислено му ja потврдивте Вашатаподдршка за Македонија на патот кон Европската унија. [1] Со Преспанскиот договор Република Македонија го промени ...
Која земна уста и небесен ум не би пристапиле да ја восфалат славната невеста Христова, Преподобна наша мајка Параскева, чие нетлено тело и денес сведочи за нејзиниот големиот подвиг на крајно трпение во неволјите и девствена чистота, што смирено Му ги принесе на својот Младоженец!? Оти таа, како небесна птица задоена со слободата на духот, оставајќи сѐ овоземно, минливо и пропадливо, кон Него усрдно полетала и со сето свое младешко срце за ...
На плејадата современи книжевни метрополи, со творештвото посветено на него од македонските писатели и тоа и она што зборува со носталгичен тон, и она што се претвора во бунт, се приклонува и нашето Скопје. Тој книжевен град, истовремено, колку што станува наш, денес, толку станува и туѓ, светски, нечиј и сечиј Град. Така и оној постземјотресен град колку што ни донесе болки и таги, но и верба во човештината и хуманоста, толку ни испрати и ...
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, денеска достави барање до Институтот за статистика, ИНСТАТ, пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа. Доставивме барање до ИНСТАТ од причина што добар дел од жителите се сезонски работници во Македонија и Грција, поради што, сè уште не се контактирани од попишувачите. Се надеваме на позитивен одговор со што и Мала Преспа ...
Во Советот на Европа има огромно разбирање за Македонија. Бугарија во моментов е во пост мониторинг, можеби ќе биде и вратена во мониторинг поради кршење на основните човекови права на етничките Македонци како што беше кажано од страна на известителот за Бугарија, се работи за докажана пратеничка од Исланд која го прави извештајот за Бугарија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата за или против што ...
Германската Влада има намера да го интензивира протерувањето на луѓето кои немаат право да останат во Германија, е соопштено по владиниот состанок во Берлин. „Ќе се погрижиме луѓето кои немаат право да останат во Германија побрзо да ја напуштат нашата земја“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. Таа рече дека протерувањето на оние кои немаат право на престој во Германија е неопходно за да можат да ги исполнат обврските кон оние ...
Македонија го зголемува бројот на македонски војници кои ќе учествуваат во НАТО операцијата „КФОР“ на Косово. Дополнителен вод од 35 припадници на македонската армија ќе биде испратен на Косово. Одлуката е донесена врз основа на препораките на високите воени претставници во НАТО и заклучоците донесени на состанокот на началниците на Генералштабовите на земјите членки на иницијативата за соработка во одбраната, а со цел зајакнување на ...
Во недела на 29 октомври се враќа зимското сметање на времето. Тој ден ќе ги поместиме стрелките од 3 на 2 часот по полноќ и со тоа ќе добиеме дополнителен час за спиење. Компјутерите, мобилните телефони и другите современи уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето. Ако сè уште имате аналоген приказ на времето или постар уред кој „не знае“ како да го прави тоа автоматски, не заборавајте да ги ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Претседателот на пријателската партија, ФИДЕШ и премиер на Унгарија г. Виктор Орбан. На средбата беа констатирани одличните и пријателски односи меѓу двете партии, и стана збор за реализација на стратешките цели на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од ...
Горд сум од тоа што сум и што преставувам-Македонец. Не се срамам и не се кријам, тоа јавно и јасно сум го кажувал и го кажувам. Тоа во нас го всадиле нашите родители а ним нивните и како светост го пренесуваме од генерација на генерација, изјави за Македонски весник Илинден, Фатри Фетаху, дипломиран економист, жител на село Требиште, областа Голо Брдо. Фетаху, кој е познат активист за правата на Македонците и претседател на огранокот за Голо ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на 26-тиот семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН, што се одржa од 19-ти до 22-ри октомври во Загреб, Хрватска, најголемиот собир на словенските малцинства во Европа. На семинарот присуствува 13 различни малцинства од 11 земји од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ФУЕН од дванаесет ...
Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот непокор. Овој ...
Федералната унија на европските националности, ФУЕН, за првпат објави документ на македонски јазик. Ова е историски ден за Македонците во Република Албанија. Чувствувам огромно задоволство и радост што брошуратa на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за првпат се објавува и на македонски јазик, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана. Брошурата содржи информации за 28 малциства во ...
Како е секојдневието на српското малцинство во Хрватска? Со какви предизвици се соочуваат роднините и со какви достигнувања се гордеат? Одговори на овие прашања може да се најдат на овогодинешниот семинар на АГСМ во Загреб, Хрватска. Од 19-ти до 22-ри октомври, Работната група на словенските малцинства при ФУЕН (АГСМ) ќе ве сретне во главниот град на Хрватска на својата 26-та годишна конференција. Домаќин е Националниот совет на Србите во ...
Во областа Голо Брдо во Албанија говорот на жителите по својот фонолошки систем и граматичка структура влегува во составот на македонскиот дијалектен систем и истиот ја зачувал својата посебност, вели професорката по хуманистички науки и македонистика Дијана Петровска, автор на монографијата „Голобрдски говор“. Авторскиот труд е изработен како резултат на теренско истражување во селата во областа Голо Брдо. На прашањето на каков јазик зборувате ...
Градоначалничката на Општина Булќиза Фестиме Мјештри продолжува сo јавните расправи и консултаци за развој. Денес, беше во Административна единица Требиште, областа Голо Брдо каде внимателно ги слушаше Македонците од Административна единица Требиште за нивните проблеми, исто време вети проектите што се предвидени во инфраструктурата, земјоделството, образованието и водоснабдувањето. Градоначалничката на Општина Булќиза Фестиме Мјештри истакна ...