
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Мони Дамевски. На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на овогодинешната програма на 44-тиот интернационален фестивал на филмска камера, ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во областа Мала Преспа како бугарско. Имено фондацијата „Бугарска меморија“ објави дека од 18 до 20 август 2023 година, лекари од Бугарија ќе прават бесплатни превентивни прегледи во области со бугарско население во Република Албанија. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското ...
Шеесет и едногодишен маж од Јужна Кореја, меѓународно баран за измама со големи финансиски вредности, е уапсен денеска во близина на меѓународниот аеродром во Тирана. Стефан Моргенштерн, обвинет за создавање пирамидални шеми на меѓународно ниво, во близина на аеродромот ја чекал сопругата која доаѓала во Тирана од Дубаи. Тој е обвинет дека заедно со други лица преку пирамидални шеми проневерил 28 милиони евра, стои во полициското соопштение. ...
Се собраа Македонци од двете страни на границата во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле, инаку блиску до Дебар, кај црквата Свето преображение која датира од 12 век и е под заштита на албанската држава, како споменик на културата уште од 1970 година. На оваа црква Бигорски манастир ѝ има подарено 12 икони. Денешниот христијански празник, Преображение Господово, кој е патрон на селската црква, го одбележаа Македонците од селото Ербеле, а по ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер во Република Македонија. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјата. Претседателот Мицкоски ја информираше амбасадорката Дрекслер за актуелните политички состојби во државата и дека власта свесно го ...
Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) 2023 ќе се одржи во Печ, Унгарија Кулите на катедралата, земјоделството, реките, виното и секако градот на многу малцинства – сето тоа го карактеризира градот Пена југот на Унгарија, каде што ќе се одржи нашиот 67-ми конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) од 7 до 10 септември 2023 година. Домаќин оваа година е Националната самоуправа на унгарските Германци. ...
Македонскиот збор одекнувал, одекнува и ќе одекнува низ светот, на сите континенти! Со вложувањето во развојот на странската македонистика се следи и остварува аманетот на Мисирков. На Летната школа по македонски јазик, литература и култура, покрај семинаристи од земјите од кои редовно има учесници, сега повторно има семинаристи од земји во кои се надеваме тамошни универзитети ќе постстанат или повторно ќе бидат академски средишта во кои се ...
Секој месец повеќе вештачко одржување на оваа власт на ДУИ и СДС ќе значи две работи, прво губење време, второ уште подлабока криза.Власта се донесе и себе и државата во ќорсокак. Една година лажеа дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, за во петокот да стане јасно дека не само што ВМРО-ДПМНЕ не прифатило уставни измени, туку и пратеници од владејачкото мнозинство не поддржуваат промена на Уставот, набројува Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. ...
Честопати се жестам кога некој/а пријател/ка ќе почне да ми раскажува колку е успешно нејзиното дете во некоја странскаа земја, а при тоа нагласува дека во Македонија немало шанси за вработување, а напредувањето во струката би било мислена именка. И почнувам да се прашувам дали разбира што ми зборува, или пак јас наопаку ја разбирам родителската гордост за успехот на детето надвор од македонската држава. Сетики до мене ќе да е, оти многу често ...
Беше задоволство да се биде во македонското Собрание затоа што конечно се стави точка. Со оваа точка настрана од нашите внатрешни состојби ние праќаме сериозна порака до сите наши пет соседи дека веќе играње со Македонците нема, а особено кога ВМРО-ДПМНЕ е силно, истакна истакна Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при вчерашното гостување во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија. „Ова е и ...
Македонците, без разлика на местото на раѓање, живеење или работење, се составен и нераскинлив дел од македонскиот народ. Оттука, Македонија како заеднички именител и обединувачки елемент на македонскиот национален супстрат има обврска да се грижи за сите Македонци. И обратно! Македонците од Бугарија, Србија, Грција и од Албанија, како и многубројната македонска дијаспора од Европа, Америка и од Австралија, имаат право и обврска да ги следат, ...
Проф. Мирче Стојаноски е роден на 07. 08. 1952 година во с. Нерези, струшко. После завршувањето на основното и средното образование, проф. Мирче Стојноски се запишал и завршил студии по англиски јазик на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Негувањето на мајчиниот македонски јазик не му пречело активно да ги зборува и англиски и албански јазик. Работел како професор по англиски јазик во ОУ ”Браќа Миладиновци “ ...
Претседателот Бајрам Бегај нема да учествува на неформалната вечера што ќе се одржи во Атина на 21 август, информираа од неговиот кабинет. Во одговорот до Мицотакис тој изразил „жалење поради неможноста за учество поради претходно утврдена агенда”. На 14 август 2023 година, премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, упати покана до претседателот на Републиката, Бајрам Бегај, да присуствува на неформална вечера на 21 август 2023 година, во Атина. ...
Армијата на Македонија денеска одбележува 31 година од своето формирање. По тој повод, на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи свечена церемонија на која ќе присуствува државниот и армискиот врв. Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски за првпат ќе одликува 13 припадници на Армијата со медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територија на државата. Станува ...
Со учество на околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави, посветеници на македонскиот јазик, литература и култура неделава, во Охрид на 18 август ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, ...
Бродот „Бутринти“, кој е дел од мисијата „Sea Guardian“, во Егејското Море, во текот на ноќта повторно успешно изведе три операции на спасување мигранти, објави министерот за одбрана Нико Пелеши. Додава дека од опасност да потонат се спасени 37 илегални имигранти, во три чамци, кои се обидувале да ги преминат грчките води и посочува дека сите мигранти за среќа се во добра здравствена состојба. „Илегалното преминување во Егејското Море е голем ...
Македонската амбасада во Тирана информираше дека тројца Македонци во Албанија се носители на МКАРТА. Ефтим Митревски, Никола Ѓурѓај и Васил Стерјовски, претседатели на македонски друштва, главни уредници на весниците на македонски јазик „Преспа”, „Илинден” и „Македониум”, стои во објавата од Амбасадата. Се додава дека својот живот го посветиле на зачувување и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. Сега веќе носители на ...
Стерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Општина Пустец Мала Преспа, Албанија. Основно училиште завршил во родното место и во Глобочани, Мала Преспа. Образованието го продолжил ...
Повод: 155 години од раѓањето на Петар Поп Арсов, творецот на првиот устав на Македонската револуционерна организација (МРО) На Петар Поп Арсов му припаднала честа да го подготви првиот устав на организацијата и, по налог од неа, да го напише антибугарскиот памфлет „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Истовремено, тој бил член на ЦК на МРО и на претставничкото тело Денес, 14 август, се одбележуваат 155 години од раѓањето ...
Со поставување на камен-темелник денеска ќе започне изградбата на новата Православната црква Св.Прокоп во Тирана. Со него претседаваше Mитрополитот на Амантиски, г. Натанаил од Православната Црква на Албанија, прсуствуваше и свештеникот на Албанска отец Илија Мазнику, Македонец по потекло од Голо Брдо. Црквата Свети Прокоп е изградена во 1780 година во чест на патронот на Тирана, Свети Прокоп, кој се празнува на 8 јули. Во 1967 година и црквата ...
Неделава, во Охрид ќе започне 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). На Школата којашто ќе трае до 31 август ќе учествуваат околу 70 странски македонисти и слависти од 18 држави – посветеници на македонскиот јазик, литература и култура. Пријавени се семинаристи од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, ...
Во висините, на оние места каде што земјата се соединува со небото и првите зраци на сонцето ти го благословуваат претстојниот ден, каде сосредоточено и мирно чекориш за да го чуеш говорот на тишината и во длабока аскеза полека кон целта се издигнуваш, таму целото твое битие се буди за благословен молитвен подвиг за да учествува во Тајната над сите тајни, во Божествената евхаристија, која што оваа година по осми пат се случи на мистичниот врв ...
Во едни други времиња науката била предоминантна над политиката и политичарите стоеле простум пред научниците. Она што ние денес го имаме, тоа е квазиполитика и наука којашто е потчинета од квазиполитичари. Тоа си го добивме врз основа на образованието кое што дозволивме да отиде во амбис. Тоа е резултатот денес, вели професорката Катерина Тодороска, професор на ИНИ и внука на македонскиот великан Блаже Коневски, во денешното издание на ...
Министерката за туризам Мирела Кумбаро, ги објави податоците за туристичките посети за периодот јануари-јули годинава. Имало над 5 милион посетители, што е за 31% повеќе од истиот период минатата година, која беше најдобра досега. Само во јули Албанија ја посетиле 1,7 милиони странци, односно 26% повеќе од лани. Гостите од Шпанија имаат раст од повеќе од двојно, од Турција за 142% повеќе, од Црна Гора за 62, од Франција за 58, од Италија за 53. ...
Денес се навршуваат седумдесет години од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’мов од комунистичкиот режим на 13 август 1951 година. Биле убиени со вразни раце, со по еден куршум во главата и еден во срцето. Само Борис Белев бил застрелан со три куршуми… Убиството било планирано, бидејќи на семејствата уште утрото им кажале да ги подготвуваат ковчезите. Студентите биле ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај беше во посета на канцеларијата на Федералната унија на европските националности, ФУЕН, во Фленсбруг, Сојузна Република Германија. При тоа, оствари средба со потпретседателите на ФУЕН, Госта Тофт и Бане Бансен. На работната средба, високите претставници на ФУЕН ги запознав со најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. Исто така, беа ...
Џамија Ѓин Алекси во селото Русан – Делвине е споменик на културaта, оваа Џамија била изградена во векот. XVI, на урнатините на византиска Црква. Во нејзиниот двор има црква и теќе. Тоа е единствената џамија во светот што има име на христијанин. Џамијата е објект кој во себе содржи неколку ткаенини на култури кои започнуваат од локалната и продолжуваат во поствизантиската до османлискиот период. Оваа Џамија била позната по својата посебна ...
Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11 и Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/19 и 110/19), член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Македонија” бр. 124/19,248/20 ...
Македонскиот јазик е посебен словенски јазик како бугарскиот, хрватскиот, српскиот. Сегашните проблеми ќе се решат некако, важното е дека македонскиот јазик постои и ќе продолжи да постои, и точка. Тоа го истакна проф. д-р Виктор Фридман од Универзитетот од Чикаго, еден од најголемите американски и светски слависти кому денеска во Охрид му беше врачена Светската награда на хуманизмот за 2023 година. Професорот Фридман забележа дека повеќе од ...
Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинашниот конкурс „Живко Чинго“. Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и ...