Дека постои организиран, систематски и системски зафат за бугаризација на македонскиот народ во Република Албанија потврдуваат и обидите за отворање т.н. бугарски друштва во албанските општини каде што доминантно живее македонскиот народ,финансиските средства за изучување на бугарскиот јазик, стипендиите за студентите, бугарските книги и литература со антимакедонска содржина, како и нудењето бугарски пасоши и ветување за висока заработувачка во ...

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше дека тој е избран од Советот на Европа за известител за БиХ и потенцираше дека за него тоа е огромна чест и дека тоа е резултат на негов личен напор. Навистина е една посебна чест да прв пат на било кое ниво, било кој политичар од Македонија, кај мене дополнителен квалитет е што сум и политичар од опозиција, тоа е неколку пати потешко да стигнете до ...

Со изборот на Јован Шкемби од страна на Советот на општина Поградец, за член на Советот на Округот Корча, Македонците во советот на овој округ сега имаат тројца свои претставници. Шкемби, како претставник на МАЕИ, претходно даде свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец со што и официјално стана член на советот. Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на округот Корча има двајца свои членови, генералниот ...

Членот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Јован Шкемби со давање свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец и официјално е нов член на Советот на Општина Поградец. Исто така, Советот на Општина Подградец го избра Јован Шкемби за претставник на Советот на Општина Подградец во Советот на Округот на Корча. Советот на Округот на Корча го сочинуваат 24 советници од 6-те општини на Округот Корча и тоа Корча, ...

Олимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски освои златен медал на турнирот Г1 „Албанија опен“, кој се одржуваше во Тирана, викендов. Најдобриот македонски таеквондист ја покори конкуренцијата на собирот во Тирана во својата категорија +87 килограми, а како шлаг на подвигот беше победата над Французинот Ел Омар со 2-1, во финалето. Претходно го совлада и Александар Филипов од Израел со 2-0. Ова е уште еден успешен турнир за ...

„Кајмак“, најновиот филм на македонскиот режисер, Милчо Манчевски ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана. Ова е четврта награда за „Кајмак“ за еден месец, откако претходно освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, како и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) во Херцег Нови, а Манчевски доби Специјална награда на i-fest во Калабрија, ...

Во време на актуелен попис, одредени бугарски лица слободно се шетаат по градовите и селата населени со македонско население низ Република Албанија, со единствена цел да се присилуваат да се изјаснуваат како Бугари. За таквата активност на бугарските емисари јавно зборуваат Македонците, негодувајќи на говорот на омраза кои тие лица ги користат кон Македонците, како и користењето на децата како погодни за „подарување“ на телефони и таблети кои ...

Уцена на терен од страна на бугарската држава се случува во моментов меѓу македонското население во Албанија, додека се спроведува Пописот. Македонското население, кое изминатите години има земено бугарски пасоши од економски причини за работа во Европската унија, се соочува со закани дека ќе им бидат одземени пасошите, доколку на овој попис не се запишат како Бугари, вели во емисијата „Стадион“ на Канал 77,Никола Ѓурѓај, Претседател на ...

Денеска во Пустец се оствари средба меѓу поранешниот градоначалник на општина Пустец Едмонд Темелко, кандидатот за градоначалник на таа општина на последните локални избори Панди Јани, македонските активисти во Република Албанија Спиро Малевски, Светко Китани, свештеникот Алексо Темелко, Доне Донев од Македонија и Тони Ордановски од Холандија. Додаваат дека гостите Ордановски и Калпачки Германиа подариле книги за првиот македонски претседател ...

Кога говориме за македонскиот јазик и култура во албански контекст потребно е да имаме во предвид неколку значајни компаративни факти кои ќе ни овозможат полесно да дојдеме до саканиот одговор, рече амбасадорот на Република Македонија, Данчо Марковски зборувајќи во однос на перспективите на македонскиот јазик и култура на меѓународен собир на тема „Перспективите на странските јазици и култура во албанскиот контекст“ по повод Европскиот ден на ...

Централниот совет на Македонците во Германија по повод одбележувањето на 26-ти септември, Европскиот ден на јазиците, упати честитка до сите Македонци со порака да го зачуваат македонскиот како мајчин јазик, бидејќи, како што посочува, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, зашто тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање. Европскиот ден на јазиците е можност да се прослават сите ...

Во организација на македонската амбасада и албанскиот Институт за меѓународни студии во Тирана денеска беше промовирано албанското издание на книгата „Етнографија и антропологија на Македонците ‘Нашинци’ од македонско – албанското пограничје“ од Мери Стојанова. Книгата има повеќестрано значење и претставува своевиден водич во која се содржани повеќе елементи кои кај читателот прават целосна слика за месното македонско население. На промоцијата ...

Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 септември, ден на европските јазици, упати честитка до сите Македонци, кои како што наведуваат, каде и да се, со порака да го зачуваат мајчиниот јазик, бидејќи, како што посочуваат, тоа е најголемото обележје на националниот идентитет, но и да научат и други јазици, затоа што тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање. Сакаме да го истакнеме значењето на ...

Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, се подготвува да го одобри барањето на Израел за безвизен режим, соопшти синоќа ТВ каналот Еј-би-си повикувајќи се на американски службеници. Според првичните информации конечната одлука треба да да биде објавена на 27 септември од Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност на САД, а следниот ден треба да биде ратификувана од државниот секретар Ентони Блинкен. Прашањето за ...

Демократскиот сојуз на грчкото етничко малцинство во Албанија “Омонија” обвини, како што наведува, за прекршувањето на правата на малцинствата од страна на попишувачите во текот на пописот на населението и домовите. Преку соопштение за јавноста “Омонија” наведува дека во областите населени со припадници на грчкото малцинство зачестиле случаите кога попишувачите “вршат емотивен притисок врз граѓаните кога тие инсистираат да им се запишат ...

Пописот во Република Албанија почна на 18 септември и завршува на 30 октомври годинава. Македонското друштво „Илинден“-Тирана почна со кампања „Горе главата – Изјасни се дека си Македонец“ во Република Албанија и во континуитет апелира до Македонците во Република Албанија да не се плашат и слободно да се попишат. „Тие со векови се Македонци коишто зборуваат македонски јазик“, вели Ѓурѓај. Во екот на пописот и зголемените притисоци на терен, тој ...

Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на 32-та годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Мицкоски ги повика Македонците да бидат дел од пописот во Албанија. „Од овде, од срцето на Македонија јавно повикувам и апелирам Македонците од Албанија ...

Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија. По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има. Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ќе кажеме дека сме Македонци, со православна или исламска вероисповест и дека ...

Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска во објава на Фејсбук ги охрабрува Македонците на претстојниот попис во Албанија да се попишат како Македонци и да не потпаѓаат под пропагандата на разните мешетари од некои соседни земји. Деновиве започна пописот во Албанија. Добив загрижачки пораки од Македонци во Албанија кои кога ги читам единствено ме потсетуваат на состојбите во Македонија во 19. и првата половина на 20. век. Просто е ...

Сојузот на Македонците со исламска религија ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност а муслимани по верска припадност да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци. Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја менува нивната македонска етничка припадност и по цена на не знаеме какви пасоши и привилегии да им ...

Цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари алармира претседателот на македонското здружение Илинден, со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај. Тој повикува граѓаните да се попишат како што се чуствуваат и да не “паѓаат” на заканите од страна на бугарските институции и политичари. Ѓурѓај вели дека нашинците во Албанија живеат во страв и дека јавните закани може да ги обесхрабрат Македонците затоа што ...

Жителите на областа Голо Брдо во Албанија зборуваат на македонски дијалект. Ова е стручно и научно разработено и само ја потврдува вистината дека говорот од оваа област ја зачувал својата посебност, коегзистирајќи на дијалектно рамниште. Минатата година, Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика, изврши теренско истражување во областа Голо Брдо. Посети неколку села, контактираше со голем број мештани и направи текстуални и ...

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност. Во продолжение целосното обраќање на Османи: „Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како што ви е веќе познато, од 18 септември и следните шест ...

Посебна чест ни е што во календарот за 2024 на кој на секој месец поставено е традиционално јадење на малцинствата, а за месец февруари е традиционалното македонско јадење „грашалник“ од областа Голо Брдо. Исто така има и информации за македонско друштво „Илинден“ и за Македонците во Албанија, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Ова, според него, е од големо значење за Македонците во Албанија бидејќи примероци од календарот ...

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос. По средбата беше потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН. Договорот предвидува можност за заеднички ...

Второто рочиште во процесот за навреда и клевета што Македонското меѓународно движење за човекови права и претседателот на ММДЧП Бил Николов го покренаа против 360 Степени, македонски медиум контролиран од САД, ќе се одржи во петок, 22 септември 2023 година, во 10 часот, судница бр. 22 во Основниот граѓански суд Скопје, Македонија. Ги повикуваме македонските и меѓународните медиуми, организации за заштита на човековите права, политичари, ...

Град Скопје е избран за престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Богатата програма под слоганот „Култура над поделба“ со која Скопје се претстави пред ЕУ го освои срцето на Европа. Одлуката беше соопштена денеска во Куќата на европската историја во Брисел, по вчерашното претставување на програмите на двата финалисти Скопје и Будва, Црна Гора. Тимот посветено работеше на културна промоција, претставувајќи ја ...

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што ...

Македонското друштво “Илинден“-Тирана го осудува крајно агресивното и дрско однесување на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа. Во екот на пописот во Република Албанија, бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, без основно почитување на националните чувства на Македонците во Република Албанија, врши отворен атак врз македонското население во Голо Брдо и Мала Преспа, а со намера да го убеди да се попишуваат како ...

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, изјави за МИА, претседателот на Македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани изразувајќи „најостра осуда за притисокот што Бугарската амбасада го врши врз Македонците“. Во текот на изминатите неколку дена, додава тој, ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
67%
1022
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1023
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1023
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.61
60%
1021
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
80%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.63
48%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
27%
1021
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
57%
1020
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
1.34
50%
1022
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
60%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62