Пред 98 години во Атина бил испечатен и објавен првиот буквар, наречен „ Абецедар“, наменет за учениците Македонци од Егејска Македонија. Но, тој никогаш не почал да се употребува и покрај налогот од Друштвото на народите, зашто во нивната намера се вмешала политиката на соседите за негирање на нашиот идентитет, кажа професорката по историја , Виолета Ачковска. Потребни се дополнителни истражувања на идентитетот на тројцата автори на „ ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што беше нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи. Двајцата претседатели посочија дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со ...

Повод за овој мој допис и кометар, со следниот напис, дека македонците во Србија и понатаму бараат и ќе бараат отварање на Катедра за македонски јазик и Лекторат во Белград, се до остварувањето на таа цел, се добрите вести дека повторно ќе се отвори лекторат по македонски јазик на факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Република Албанија. Избрана е и новата лекторка. Што да се каже? Честитки за сите, посебно за упорноста на ...

Дваесет икони што биле украдени од македонските цркви, а откриени пред една деценија во Албанија, вчера, конечно, ѝ се вратени на Македонија. Незаконски изнесените икони, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, од вечерва се изложени во Музејот на Македонија. На изложувањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ- ОА г.г. Стефан и членот на МАНУ кој ...

После една деценија, Албанија ги врати 20-те украдени икони од македонските цркви од Струшко. Иконите на свечесност во Тирана попладнево ги презеде министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и тие вечер ќе бидат изложени во фоајето на Музејот на Македонија. Министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити објави и кратко видео од примопредавањето на украдените икони од Македонија. Како што појасни Костадиновска-Стојчевска, ...

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Тирана оствари билатерална средба со министерката за култура на Албанија, Елва Маргарити, по повод првата успешна реституција и враќањето на незаконски изнесеното културно наследство од Македонија кое беше пронајдено во Албанија. На средбата се осврнаа на целата процедура и за успешноста на овој историски чин, кој, како што кажаа министерките на состанокот, е резултат на ...

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел пред малку на Твитер објави дека Европскиот совет одлучил да се отворат пристапни преговори со Украина и со Молдавија. Засега не се познати детали кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција, ниту кога ќе биде усвоена преговарачката рамка. Исто така, статус на кандидат доби и Грузија, а ЕУ ќе отвори преговори со БиХ кога ќе биде постигнато потребното ниво на ускладеност со критериумите за ...

Извесно е и сите очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите, тоа го покажуваат и сите анкети. Но од друга страна, извесно е дека оваа владејачка гарнитура ќе оди во опозиција, затоа што, ние јасно кажуваме дека ниту со СДСМ ниту со ДУИ ќе имаме соработка, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување на ТВ21. Тој додава дека поради ова, последниве недели таква нервоза и паника ги има фатено да сериозно не става ...

Премиерот Еди Рама на денешната прес-конференција на која се фокусираше на Самитот ЕУ-Западен Балкан, одржан вчера, рече дека се разговарало за перспективата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, на која „напредокот што го направи Албанија е оценет со многу позитивни оценки“. На самитот се разговараше за перспективата на нашите земји во ЕУ, беше истакнат постигнатиот напредок, се разговараше за процесот на нормализација на односите ...

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат ...

Во рамките на соработката на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје наскоро ќе започнат курсеви по македонски јазик во просториите на Факултет за странски јазици, како воннаставен предмет, односно предмет по избор, објави Факултетот на официјалната веб страна. Се додава дека курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти на Универзитетот во Тирана и оти наставата ќе ...

Во издание на Центарот за култура и културолошки студии е објавена книгата „Македонската книжевна жена“ од Ирина Тумбовска. Ова е прва книга во која со книжевнонаучен пристап се анализираат женските ликови од современата македонска проза со цел да се издвојат модалитетите на женскоста во македонскиот роман. Но, во исто време, во оваа книга се отвораат и низа други прашања и теми, при што за некои од нив и храбро се отвора полемика. Тумбовска ...

Успехот на една заедница се мери во тоа колку таа заедница е обединета и колку е вклучена во општествените текови во една држава. Тоа е рецептот како да се здобие почит, како да се даде придонес и како да се избориш за себе и за своите луѓе. Македонците во Србија се заедница која низ годините и децениите со својата вредна работа и со својата лојалност и посветеност изградила доверба и заслужено уважување во Србија. Тие се нашиот најдобар мост ...

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Македонија, Милошоски освари средба со Преседателката на Комисијата за надворешна политика на Албанија, Кодели. Комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија оствари средби со Делегација на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Република Албанија, предводена од претседателката на Комисијата, Мими Кодели. Претседателот на Комисијата за надворешна ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска е во посета на општина Лесковац во Република Србија на средба со македонската заедница која живее таму. Мицкоски на средбата посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се грижи за македонското национално единство и води грижа за сите Македонци без разлика каде и да живеат. Овој ден е многу значаен бидејќи ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ сме партија која се грижи за македонското ...

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) испрати допис до Народниот правобранител на Албанија, со кој „изразува длабоко разочарување од одговорот на писмата во кои ја изразува загриженоста во однос на пописот на населението“. Ви пишуваме, стои во дописот, за да го изразиме нашето длабоко разочарување од одговорот на вашата ценета канцеларија во врска со загриженостите што ги искажавме во нашите претходни писма во врска со пописниот ...

Постои загриженост поради извештаите дека на членовите на македонските малцински групи во Бугарија им е забрането правото на собир и здружување, се вели во новиот извештај на Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, кој излезе во пресрет на одбележувањето на 75 години од декларацијата за човекови права на ОН, пренесува Гласот на Америка. Извештајот нотира дека „Комитетот ...

Најистакнатиот словенски просветител и рамноапостолен епископ Историските документи и другите извори говорат дека Св. Климент ги придружувал Кирил и Методиј на нивното патување во Рим, каде што на папата му биле дадени моштите на Климент Римски. Во Рим, Климент и другите ученици на Кирил и Методиј биле поставени за свештеници. Во 869 година, Методиј бил поставен за архиепископ на Панонија и испратен во својство на папски легат, во придружба на ...

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека повторно ќе се кандидира за функцијата на изборите закажани за 17 март 2024 година. Државната новинска агенција ТАСС денеска (8 декември) го цитираше Путин кој откако присуствувал на церемонија во Кремљ кажал дека ќе се кандидира повторно. На церемонијата по која произлезе објавата, на војниците кои се бореле во Украина им беше доделена највисоката воена почест на Русија – Златната ѕвезда на ...

Во организација на Амбасадата на Македонија, синоќа во Тирана, со прекрасен пијано концерт на познатата пијанистка Ема Попивода беше одбележан 30 годишниот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Албанија. Попивода пред дипломатскиот кор, претставниците на македонското национално малцинство, бизнис заедницата и истакнати личности од јавниот живот на Албанија, го изведе уникатниот музички проект ...

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин, господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод утрешниот голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ ...

Завршена е реставрацијата на три икони од авторот Дичо Зограф: „Свети Атанас“ (1855), „Свети Харалампиј“ (1855) и „Свети Никола “ (1859), коишто се дел од иконостасот во црквата Св. Никола во околината на Елбасан и кои од 1999 година се во фондот на Националниот историски музеј, благодарение на посветената работа на реставраторите на Лабораторијата на Националниот институт за културно наследство на Албанија, напиша на социјалните мрежи ...

Стогодишнината од раѓањето на македонскиот класик Ацо Шопов се чествуваше и на филозофските факултети при државните универзитети во Загреб и во Љубљана, со учество на студенти од двата универзитета и на просветни работници, како и воопшто на проучувачи и почитувачи на македонската книжевност и култура од Хрватска и од Словенија. Настанот се одржа хибридно, во организација на Одделот за јужнословенски јазици и книжевности во Загреб под ...

Од формирањето на нашето Друштво во 2009 година, ние, Македонците од Албанија водиме борба за статусот на македонскиот јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. По 14 години залагања и барања, оваа година, за првпат во историјата се доби работно место за лектор по македонски јазик на Универзитетот во Тирана и прашањето за македонистиката во Албанија стана официјален македонски државен приоритет. Низ годините се ...

Индија до крајот на деценијата ќе ја престигне Германија по својата економска сила, предвидува агенцијата S&P Global Ratings. Во најновиот извештај на оваа агенција се наведува дека Индија до 2030 година ќе стане третата според обемот светска економија. Индија во моментов е петта економска сила зад САД, Кина, Германија и Јапонија. Сепак, S&P, кој ја зголеми својата прогноза дури и пред најновите податоци, рече дека растот на Индија ќе ...

о деновите што одминаа, нашето општество се помрачи, за жал, и со тешката вест за еден грозоморен духовен мрак. Сите ние разбравме за свирепото убиството на еден повозрасен честит човек и на едно невино јагне Божјо, 14-годишо немоќно девојче. И кој нормален човек би можел да остане рамнодушен на една таква вест, да не се вознемири и згрози од едно такво сатанско дело?! Едноставно, секоја човечка душа се исполнува со горчина и јад поради едно ...

Овие два дена во Париз се одржува Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Најбитната точка која што се разгледува е изборот за Комесар за човекови права. Можеби една од најзначајните институции во Европа имајќи предвид дека директно се занимава со човековите и малцински права кои што се под опасност во многу земји во рамки на европскиот континент. Има три кандидати, едната е г-ѓа Кунева од ...

Избирањето лектор со кој ќе почне да работи Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана е важно и за нас, Македонците во Албанија. Затоа и ние, македонското друштво „Илинден“ од Тирана, во е-изданието на нашиот весник ја споделивме веста што УКИМ ја објави преку „Фејсбук“, но мораме да реагираме затоа што УКИМ преку таа објава, заедно со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и ...

Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на седницата која се одржува на 30 ноември и 1 декември во Париз, го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна. Ова му е втор мандат на оваа позиција. Инаку, мандатот трае една година. Притоа, Николоски пред Комисијата презентираше информативна белешка во која беа опфатени случувањата од последната ...

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова во чест на повторно отворање на Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Република Албанија, по повод изборот на д-р Славица Свидерска за лектор по македонски јазик во Тирана. Новоизбраната лекторка, пред ректорката Биљана Англова и пред проф. д-р Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ, изложи предлози за развој и афирмација на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
49%
1021
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.32
42%
1020
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
58%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
60%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
24%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
2.06
38%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
56%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62