
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на 30. Министерски совет на ОБСЕ, чиј домаќин е шефот на дипломатијата на Македонија и претседавач на ОБСЕ Бујар Османи. Скопје, 29 ноември 2023. Во Скопје вечерва ( на 29 ноември ) почна неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Домаќин е македонскиот шеф на ...
Интерпол денеска распиша меѓународна потерница за исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, по која се трага трет ден. За потрагата на Вања е формиран и специјален штаб на МВР. 14 годишното девојче исчезна во понеделникот наутро на пат кон училиштето Песталоци. Денеска тивко и тажно во скопската населба Дебар маало. Катанец на влезот на училиштето, а зошто нема одговор. Министерството за внатрешни работи продолжува со распит на сите лица ...
Во периодот 27-28 ноември 2023 година Иванов оствари посета на градот Едрене во Република Турција. Посетата се оствари на покана на универзитетот по повод Одлуката на Сенатот на Универзитетот Тракија за доделување на титулата Почесен доктор на науки на Претседателот Иванов. Церемонијата на доделување на титулата се одржа во присуство на голем број високи гости од Република Турција. Ректорот на Универзитетот Тракија, проф. д-р Ерхан Табакоглу, ...
30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември 2023 година во Скопје, Македонија. Министерскиот совет е централното тело за одлучување и управување на ОБСЕ. Годишниот состанок е можност министрите за надворешни работи да ја разгледаат и оценат безбедносната состојба во евроатлантската и евроазиската област, како и работата на организацијата во сите нејзини полиња на ...
Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија село Пасинки шест дена без струја. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Огранок Голо Брдо го повикува Владата и Општина Булќиза итно да преземат сите неопходни мерки ...
28 ноември е поинаку познат и како Ден на знамето, важен ден за Албанците на албанските територии и ширум светот. На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали го подигнал знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава. Со актот на Декларацијата за независност на Албанија, претседателот на привремената влада Исмаил Ќемали ги објави шесте Големи сили: Англија, Италија, Австро-Унгарија, Франција, Германија и Русија. Беа ...
Снежните намети што деновиве го зафатија регионот на Голо Брдо предизвикаа прекин во сообраќајот, оставајќи отсечени повеќе села. Но, за разлика од минатите години, ситуацијата оваа година е поинаква, објави македонската амбасада во Тирана. Тоа благодарение на градежната машина за чистење на снегот, донација од македонската влада, која, како што се оценува, ја добиле во вистинско време. Имено, административната единица Требиште на чие чело е ...
Македонската култура, за прв пат станува дел од европскиот проект, „Културните рути“ на Советот на Европа. На последното Генералното Собрание на асоцијацијата, беa прифатени апликациите на Институтот за македонска литература од Скопје и на Јавната научна установа Институт за старословенска култура-Прилеп. Беше донесена одлука дека почнувајќи од 1 декември годинава, овие две значајни установи стануваат полноправни членки на „Културната рута на ...
Поради лошите временски услови, со обилни врнежи од снег, ветер и температури до 10 степени под нулата, Македонците во областа Голо Брдо деновиве се соочуваат со веќе познатите проблеми, завеани патишта и прекин во снабдувањето со електрична енергија. Поради искинат проводници од тежината на снегот и силниот ветер, веќе три дена има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Најавено е да стигнат екипи на Електродистрибуција ама ...
Од први јануари Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), објави министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани. Тој на социјалната мрежа Икс објави дека Албанија ќе ја унапреди мисијата за регионална соработка и интеграција во ЕУ. Албанија го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), ние остануваме посветени на унапредување на мисијата и целите на ЦЕИ во поттикнувањето на ...
Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра млада научничка во општествените науки носителка на признанието е д-р Милка Ивановска Хаџиевска, која предава на Лунд Универзитетот во Шведска, додека за Најдобар млад научник во ...
На 23 ноември, претставникот на црногорското малцинство во Република Албанија, Маринко Чулафиќ беше поканет во Министерството за човекови права и малцинства во Подгорица, каде што се сретна со генералниот директор на оваа институција, Људмила Поповиќ. Разговорот главно беше фокусиран на размена на искуства во областа на малцинствата и човековите права и можноста за соработка во иднина. На крајот од разговорот, Чулафиќ и се заблагодари на ...
Gazeta maqedonase “Ilinden”: Marjana Kostofski Felah, duke pasur parasysh faktin se pozicioni juaj është domethënës për maqedonasit në Republikën e Shqipërisë, si përfaqësuese e tyre në Komitetin shumë të rëndësishëm për Minoritetet në Republikën e Shqipërisë, ju lutemi të prezantoni lexuesit tanë me historia juaj profesionale. Së pari dua t’ju falënderoj për këtë intervistë, mund të them se kjo është intervista ime e parë që kur jam emëruar si ...
Македонски весник “Илинден“: Марјана Костофски Фелах, со оглед на фактот што вашата позиција е значајна за Македонците во Република Албанија, како нивен репрезент во многу важниот Комитет за малцинства во Република Албанија, ве молам запознајте ги нашите читатели со вашата професионална историја. Прво би сакала да ви се заблагодарам за ова интервју, можам да кажам дека ова е мое прво интервју отакако бев именувана како претставник на ...
Во организација на повеќе ентузијасти и планинарски здруженија се формира Македонска „Бесконечна“ Трансверзала (со скратено, уметничко име „Sammiana“ ) – планинарска патека долга дури 2070 км и која ги опфаќа најголем дел од планините и природните убавини во Македонија ! Се работи за огромен и импозантен проект, не само поради импресивната должина , туку и поради тоа што поголемиот дел од трансверзалата, односно околу 1500км се нови патеки. ...
Германската полиција спроведе рации во Берлин рано утрото во четвртокот, чија цел биле две забранети палестински организации и одделно луѓе поврзани со екстремно десничарската организација Граѓани на Рајхот. Повеќе од 300 полицајци извршиле рација и претресле 15 недвижности низ Германија, од кои 11 биле во Берлин, изјави портпаролката на градската администрација. Полицијата извршила претрес на имоти и во сојузните покраини Долна Саксонија, ...
Во изминатите пет години, од кога почна процесот на испитување на потекло на имот, познат како ветинг, од правосудниот систем во Албанија, заминале 347 судии и обивнители. Независната комисија за оценка (КПК), разрешила 240, додека 107 поднеле оставки пред, на почетокот или за време на контролата на нивното богатство и професионалност. Според законот и доколку сами поднеле оставка не можат да бидат именувани за судија или обвинител, член на ...
Комисијата за етика на по 10 дена исклучи од работата на албанското Собрание четворица пратеници од опозициската Демократска партија, приврзаници на Сали Бериша. Казната следува поради хаосот што го предизвикаа на понеделничка пленарна на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година. Станува збор за пратениците Фламур Нока, Газмент Барди, Блеџон Налбати и Фламур Хоџа, кои и ја блокираа говорницата со столици, физички нападнаа гардисти ...
На сите наши сограѓани Албанци им го честитаме 22 Ноември, Денот на aлбанската азбука. Денес пред 115 години во Битола, која тогаш била седиште на Битолскиот вилает на Отоманската Империjа кој опфаќал во себе територии од денешна источна Албанија за првпат е унифициран албанскиот јазик на основа на неговиот Елбасански дијалект, тоа го направиле писатели, учени дејци на кои Албанците и денес се горди. Во тие важни моменти за нивното постоење ...
Збунетост предизвикува фактот што Македонија заседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а нашиот министер е токму претседавач на оваа меѓународна организација и ништо не презема за заштита на македонското малцинство во соседните држави, кое е предмет на агресивна асимилација. Имено, ОБСЕ преку политички дијалог има цел да обезбеди стабилизација на регионот преку демократски средства и демократско владеење, ...
Денешниот празник православните христијани го одбележуваат во слава на сите ангелски чинови. Наречен е Собор на Свети Архангел Михаил, затоа што Архангел Михаил бил водач на целата ангелска војска и водач на сите небесни сили. Собор на Свети Архангел Михаил е меѓу поголемите есенски празници. Меѓу народот е попознат како Аранѓел или Аранѓеловден. Именден денес празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаела, Михо, Рајко, Рајна, Ратка. ...
Трудот на македонска пејачка и музичарка Андријана Јаневска на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ за нас Македонците е од непроценливо значење, бидејќи, меѓу другото се намалува просторот за фалсификување на нашата, македонска народна песна, оценува Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Според него, во овој труд, се опфатени неколку многу важни теми за Македонците во ...
Македонците во Пустец, Мала Преспа, Албанија, достојно како и секоја година, го одбележаа патронот на црквата „Свети Архангел Михаил“, што го чествуваат како нивен заштитник. Утрена со света божествена литургија, отслужи отец Алексо Темелко, по што во трпезаријата на црквата имаше богата трпеза за сите верници, а потоа и музичка програма со македонски песни и ора. Ја продолжуваме традицијата на одбележување на овој голем празник, посветен на ...
Македонија продолжува да го чествува делото на својот класик. Јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов деновиве ќе се одбележи со уште еден голем настан, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Под наслов „Ацо Шопов – Невообичаено“, настанот ќе се одржи во четврток 23 ноември, со почеток во 19 часот, во просториите на Кинотеката во Скопје. Предвидена е богата и разновидна програма, со промоција на три книги и проекција на ...
Во тензична ситуација, во која не изостанаа ниту физички напади, димни бомби и со бројно присуство на припадниците на Националната гарда, денешната пленарна седница на албанскиот Парламент, на која на дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година, наместо маратонска расправа, заврши за пет минути. Опозициските пратеници приврзаници на Сали Бериша, како што и најавија, најпрво со столчиња ја блокираа говорницата, по што продолжија со веќе ...
Денес, 20 ноември 2023 година во Институт за фолклор “Марко Цепенков” на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, беше успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ од кандидатот м-р Андријана Јаневска. Ваквата вест за нас, Македонците во Албанија е особено значајна бидејќи се намалува просторот за фалсификување на нашата, македонска народна песна. Во овој ...
Македонците од општина Пустец годинава не можат да обезбедат огревно дрво. Порано ги обезбедуваше општината во договор со Националната агенција за заштитени подрачја, но сега тоа истата не го дозволува, јави весникот „Македониум“. Револтот тие го искажале на протест пред општина Пустец, на денот кога се очекувала посетата на директорката на Националната агенција за заштитени подрачја, но таа ја откажала посетата, а жителите биле примени од ...
Стипендии од Браинстер Албанија за сите коишто сакаат да започнат кариера во ИТ-секторот. Со цел да ги поддржи талентираните студенти од Албанија да добијат квалитетно образование за вработување во ИТ-индустријата, едукативно-технолошка организација Браинстер Албанија нуди можност за стипендии. Преку овие стипендии, Браинстер Албанија овозможува два вида финансиска поддршка за запишување на Академијата за Front-End програмирање. Првата е ...
Прво пратениците на опозициската Демократска партија ја блокираа говорницата со превртени столчиња, а собраниското обезбедување внимаваше да не дојде до тепачка. Откако претседателката на Парламентот почна со седницата неколку опозициски пратеници запалија навивачки факли. И покрај хаотичната состојба мнозинството продолжи со усвојување на законите предвидени со дневниот ред. Предлозите на опозицијата беа отфрлени. Министерот за внатрешни ...
На 9 ноември 2023 година, здружението „Заедницата на Црногорците во Албанија“ – ЗЦГА, под покровителство на г-ѓа Ружица Рашович и г-дин Никола Судар, одржа тркалезна маса по повод 5-годишнината од основањето. Беа присутни Префектот на округот Тирана, Африм Ќендро, претседателот на Комитетот за национални малцинства, Константина Безијани, претставник на Дирекцијата за соработка со дијаспората и иселениците од Црна Гора, Зоран Ѓукановиќ, ...