
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



По откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за „бугарско потекло” во село Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, се бара административна истрага за градоначалничката на општина Булќиза, каде територијално потпаѓа оваа и административната единица Требиште. Според тиранската „Топ ченл“, пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи побарала од Високиот инспекторат за пријавување имот и судир на интереси да започне ...
Почитувани читатели на Македонски весник “Илинден”, редакцијата на Македонски весник “Илинден”, Ви ја честита Новата 2024 година и ви посакува добро здравје, радости и успеси во наредните 365 дена. Почитувани, Ви благодараме на довербата која ни ја дадовте како на одговорен, непристрасен и објективен медиум кој информира и анализира преку својата новинарска екипа за сите случувања во државата и пошироко, преку две платформи: печатено и ...
Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи за Македонија! Напиша на Фејсбук потпретседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Колаж од мојата битка во изминатата 2023 година, година во којашто цветаше криминалот и корупцијата, а економијата тонеше. Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи за Македонија! Напиша на ...
Православните верници кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Божик го слават Албанската, Грчката,Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и ...
Македонското друштво „Илинден“-Тирана, ја поздрави одлуката на судот во албанскиот пограничен град Пешкопеја, кој денеска им изрекол мерка притвор на трите лица вмешани во издавањето лажни потврди за „бугарско потекло“, во административната единица Острени, област Голо Брдо. Се надеваме дека полицијата нема да остане со толку. Очекуваме истрагата да се прошири и во други области и населени места каде што оваа појава, повеќе од сигурни сме дека ...
Вселенската патријаршија и годинава за Божиќ го објави посланието на патријархот Вартоломеј на македонски јазик. Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со волјата на Бога и на обликот како ...
Автомобилот на Националната гарда во кое било семејството на судијката на Специјалниот антикорупциски суд, Ирена Ѓока, синоќа доживеало сообраќајна несреќа во месноста Селита во Тирана, во која за среќа нема повредени, објавија медиумите. Во него според првичните истражни дејствија удрил автомобил на припадник на полицијата од градот Елбасан, кој изјавил дека изгубил контрола поради дождот и удрил во другиот автомобил, кој е дел од зајакнатите ...
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“. Претседателот Васил Стерјовски, изнесувајќи го ставот на партијата за МИА ...
Во веќе видена атмосфера, предизвикана од приврзаниците на Сали Бериша, запалени димни бомби, обиди за напад врз обезбедувањето, пратениците од владејачкото мнозинство со 74 гласови „за“ го усвоија буџетот за 2024 година. Буџетот, поради хаосот во собраниската сала, мина без расправа а истата траеше само осум минути. На седницата присуствуваше премиерот Еди Рама, но отсутен беше, судски признаениот претседателот на Демократската партија, Љуљзим ...
Албанската полиција разбила криминална група, која од Грција шверцувала икони, уметнички слики, мермерни скулптури од периодот пред Христовото раѓање, чија вредност се проценува на над 1,5 милиони евра. Според Лоренц Панганка, директор на локалната полициска управа Фиер, во рамки на полициската акција „Вредност“, уапсени се две лица на возраст од 51 и 57 години, жители на Фиер, кои во соработка со други, засега неидентификувани лица, шверцувале ...
Влада ја почна реализацијата на програмата за доделување бескаматни кредити за млади брачни парови за решавање на нивното станбеното прашање. Наша цел, како што рече премиерот Еди Рама, е да им се олесни решавањето на станбеното прашање, што е од суштинско значење, на оваа категорија граѓани, вклучени во многу значајни сектори и посветени во заштитата на здравјето и гарантирање на безбедноста на Албанците. – Денеска доделуваме 300 договори, по ...
Федералната унија на европските националности, се заблагодарува за сите придонеси на сите члени оваа година ја направивме многу успешна година во рамките на ФУЕН. Ние ви посакуваме Среќен Божик и Нова година 2024 да биде уште подобра во новата година 2024 за сите малцинства во Европа. Годината што доаѓа повторно ќе ни понуди многу возбудливи проекти и ќе биде 5-та Еуропеада eвропското фудбалско првенство на автохтоните национални малцинства што ...
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува ангажираноста на новинарите на емисијата Фикс фаре, на телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо. Тоа е уште една потврда дека пописот на населението воРепублика Албанија помина со многу проблеми. Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, ...
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо. Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една ...
Единаесет лица се загинати, меѓу кои и напаѓачот, деветмина се тешко повредени, пет до шест лица се со умерено тешки повреди, а десет лица се полесно повредени. Бројките сепак може да се променат, објавија спасувачките служби во Прага по денешното пукање во центарот на Прага. Целиот плоштад Јан Палах и околината се целосно затворени, соопшти полицијата на мрежата Х во 15 часот и 17 минути. Според портпаролката на Филозофскиот факултет на ...
Полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло. Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од ...
Собранието на Албанија денеска го одобри барањето на обвинителството за одземање на имунитетот на поранешниот премиер на земјата и лидер на Демократската партија, Сали Бериша. Собранието за само неколку минути го изгласа барањето на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал, познато како СПАК, со поддршка од 75 од вкупно 140 пратеници, пишува „Albanijan post“. Бериша одбил да зборува на почетокот на ...
Новинари на Фикс фаре купиле потврда за бугарско потекло за 10.000 леки – Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо. Најпопуларната истражувачка програма „Фикс фаре“ на Топ чанел во вечерашната емисија со глас и слика покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со ...
Денеска беше означен официјалниот почеток на изградбата на 400 киловолтниот далековод меѓу Албанија и Македонија. Ова е многу значаен проект и ќе биде прва енергетска врска меѓу двете земји, која ќе овозможи директна размена на електрична енергија. Со изградбата за 1500 мегаватчасови ќе се зголеми преносниот капацитет во нашата држава. Голема благодарност за сите кои вложија напор овој проект да стане реалност, рече меѓу другото Белинда Балуку, ...
Fiks Fare vërtetoi mbrëmjen e sotme me zë e figurë se sa e lehtë është të blesh një vërtetim të origjinës bullgare në Ostren të Bulqizës, nuk ka rëndësi se çfarë origjine ke. Kundrejt 100 mijë lekëve Fiksi bleu dy të tilla të firmosura dhe vulosura nga administratori i Ostrenit, Luan Mjeshtri. Vërtetimet u morën duke dorëzuar fotokopje certifikatash, të një banori të Patosit, me gjyshër nga Njësia Administrative Trebisht dhe të dytin për një ...
Македонската ракометна репрезентација, денеска попладне треба да го има првиот собир во Скопје, со што и официјално ќе ги почне подготовките за настап на Европското првенство (ЕП) во Германија, во јануари в година. Неодамна селекторот Кирил Лазаров го објави списокот на 19-те повикани ракометари на кои смета за ЕП 2024, но има и осум резерви, кои може да се приклучат во секој момент, доколку има потреба за тоа. Боите на репрезентацијата ќе ги ...
Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-мајор Арбен Кинѓи, кој се наоѓа во официјална посета на Република Македонија, денес оствари посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. По пречекот со воени почести, генералот Кинѓи оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага. Генералите ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими генерал-мајор Арбен Кинѓи, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата се разговараше за билатералната воена и одбранбена соработка меѓу Македонија и Албанија при што беше констатирано дека таа е на задоволително ниво и беше изразен интерес за јакнење на оваа соработка, преку отворен и ...
Претставници на шпанското претседателство со Советот на ЕУ и на Европскиот парламент утрово постигнаа договор за основните политички елементи на петте клучни регулативи кои темелно ќе ја ревидираат правната рамка на ЕУ за азил и миграција, со што се воведуваат значително построги процедури за доделување азил. Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка Гомез по постигнатиот договор истакна дека тој претставува голем чекор ...
Православните христијани го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патницитe. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески, кои се посветени на овој светец. Многу македонски семејства вечер со богата посна трпеза на која преовладуваат рибата и посните сарми ќе го прослават празникот. Овој светец имал многу ...
Ја споделувам радоста што ете доживеавме да го испечатиме јубилејното 60.издание на весникот, кој и понатаму буди голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот. Се надевам дека ќе продолжиме со несмален интензитет да информираме со истата сериозност и пристап во објавувањето на темите, а се од интересен за македонското национално малцинство во ...
Почетокот на следната година продолжува фазата за враќање на иконите украдени од верските храмови изнесени по незаконски пат во Албанија. Членот на МАНУ Цветковски кој всушност ги препозна иконите кои беа украдени и вратени, за Сител најави дека во Албанија ќе прават повторно увид во депонираните икони 37-38 на број, се со една идеја да се врати вредното културно и историско наследство онаму каде што припаѓа. Во периодот од 2009 до 2013 година ...
Почетокот на следната година продолжува фазата за враќање на иконите украдени од верските храмови изнесени по незаконски пат во Албанија. Членот на МАНУ Цветковски кој всушност ги препозна иконите кои беа украдени и вратени, за Сител најави дека во Албанија ќе прават повторно увид во депонираните икони 37-38 на број, се со една идеја да се врати вредното културно и историско наследство онаму каде што припаѓа. Во периодот од 2009 до 2013 година ...
Култот на Свети Наум се проширил во Албанија, нему му се посветени многу икони и фрески. Во Музејот на средновековна уметност во Корча се наоѓа икона на Свети Наум, насликана од иконографот Никола Гуга во 1759 година. Фрески на Свети Наум има на јужните страни на црквите “Св. Aтанас” и “Св. Никола” во Москополе. Негова фреска има и во црквата Свети Михаил во Москополе. Икона на Свети Наум се наоѓа во црквата Свети Ѓорѓија во селото Шипска. Во ...
Пред 98 години во Атина бил испечатен и објавен првиот буквар, наречен „ Абецедар“, наменет за учениците Македонци од Егејска Македонија. Но, тој никогаш не почал да се употребува и покрај налогот од Друштвото на народите, зашто во нивната намера се вмешала политиката на соседите за негирање на нашиот идентитет, кажа професорката по историја , Виолета Ачковска. Потребни се дополнителни истражувања на идентитетот на тројцата автори на „ ...