Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Скопјани велат дека невремето поминало, но последиците сè уште се гледаат низ градот. „Уште стои, кој ќе го тргне?“, прашуваат граѓаните кои секојдневно поминуваат покрај паднатите дрвја и гранки. Од Ново Лисиче до центарот на градот, рекреативците се жалат дека блокираните патеки покрај Вардар станале секојдневна пречка. Граѓаните признаваат дека штетите се големи, но бараат побрзи реакции таму каде што се отежнува движењето и се нарушува ...
Белградските обвинители објавија дека побарале од Апелациониот суд да ја промени првостепената пресуда и да ги осуди на максимална казна родителите на момчето што уби десет лица во 2023 година, пукајќи во училиште во Србија. Во 2024 година, Судот го осуди таткото, Владимир Кецмановиќ, на 14 и пол години, а мајката, Милјана Кецмановиќ, на две години и единаесет месеци затвор. Инструкторот на стрелиштето, каде што таткото го учел својот син да ...
Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка на културата, обезбедувајќи 2.720.000 денари за реализација на проекти од областа на културата, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи. Со овие средства ќе се реализира богата и разновидна културна програма во текот на 2026 година, која ќе понуди содржини наменети за сите генерации и ќе придонесе за збогатување на културниот живот во општината. Во рамките ...
Двајца од седумте пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со потврдена западнонилска треска се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, информираше директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана. Станува збор за пациенти на возраст од 76 и 66 години. Според Цана, 66-годишниот пациент бил примен на 26 јули, но по влошување на здравствената состојба лекарите одлучиле да биде интубиран и ...
Под планината не се слуша само татнежот на машините туку и приказната на луѓето што секој ден се борат со карпите и времето. Таму каде што некој би рекол „ова е ќор-сокак“, работниците на компанијата „Гулермак“ копаат, бетонираат и ја туркаат трасата на идната пруга напред. Од прашливите градилишта до високите мостови и темни тунели, секој метар има своја мака и своја приказна. – Не е лесна работа, ама мора да се направи – велат од „Гулермак“ ...
„Незамисливо е без буџет да се направи филм. Но, тука се поставуваат неколку прашања: кога парите стануваат поважни од уметноста и кои се тие минимални средства што ќе ни овозможат да направиме уметнички, авторски, филм? Режисерската визија, во комбинација со талентот и мудроста, може да изроди уметност и со мал буџет. Но, дали ќе работиш и кога би немал илјадници евра на располагање, или ќе чекаш додека не ги добиеш, и дали ќе се бавиш со ...
„Препратки кон јатки“ е насловот на новата книга на поетесата и преведувачка Весна Ацевска, која претставува избор од поетички и други есеи и осврти на книжевни темелници и современи литературни дела, на кои им се придружени неколку интервјуа со авторката. Станува збор за книга која посочува, како што вели издавачот „Макавеј“, дека „Постои еден момент во секое читање кога зборот престанува да биде само знак и почнува да зрачи – тој момент ...
„Незамисливо е без буџет да се направи филм. Но, тука се поставуваат неколку прашања: кога парите стануваат поважни од уметноста и кои се тие минимални средства што ќе ни овозможат да направиме уметнички, авторски, филм? Режисерската визија, во комбинација со талентот и мудроста, може да изроди уметност и со мал буџет. Но, дали ќе работиш и кога би немал илјадници евра на располагање, или ќе чекаш додека не ги добиеш, и дали ќе се бавиш со ...
Иранската револуционерна гарда (ИРГК) објави дека засега нема намера да дозволи нормално отворање на пловидбата низ Ормускиот теснец. Како причини ги наведува континуираните закани од САД, острата реторика на Вашингтон и наводното мешање во морскиот сообраќај во регионот. – Ормускиот теснец не може да се отвори повторно сè додека продолжуваат заканите и провокативната реторика на американските претставници и нивното мешање во морскиот ...
Првата дама Меланија Трамп помогна во повторното обединување на петтата група украински и руски деца со нивните семејства, објави денес Белата куќа. Во најновиот обид, пет деца беа повторно обединети со своите најблиски, продолжувајќи ги напорите за помош на децата погодени од војната во Украина. „Иако дипломатијата и градењето мир се важни за овој напор, тие се надминати од нашата заедничка способност да ги ставиме децата над меѓународните ...
Портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, денес изјави дека од воведувањето на Системот за влез и излез во Европската унија (EES), регистрирани се 110 милиони пристигнувања, со околу 44.000 одбивања, додека 1.100 лица се идентификувани како закана за безбедноста на граѓаните на ЕУ. Мерсие ги нагласи придобивките од системот EES на редовната прес-конференција на Европската комисија, тврдејќи дека е очигледно дека безбедноста на ...
Ненадејниот напад на Иран врз американските сили го прекина еднодневното затишје на Блискиот Исток и означи драматична промена во воените тактики на Техеран. Наместо да чека американски напади, Иран ја презеде иницијативата и ја покажа својата подготвеност да започне превентивни напади, свесен дека тоа ќе отвори врата за нова, уште поопасна ескалација. „Ќе ги победиме до смрт“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во емисијата „Фокс ...
Водостојот на реката Дунав во Србија е на рекордно ниско ниво деновиве. На места реката може да се премиен пеш, а пред некој ден во неочекувано плитките води се насука крузер. На неколку мерни станици е измерено најниско ниво на водата во последните 50 години. Моментално, најкритично е од Бездан до Сланкамен, каде водостојот е минус 127, што е сериозен предизвик за функционирање на хидросистемот Дунав-Тиса-Дунав, објави Владата на покраината ...
Харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка, Кристиана Пегораро, која настапи завчеравечер на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“, во рамките на Италијанската вечер, приреди концерт што долго ќе се памети. Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година на година достигнува сè повисоко ниво. – Имајќи предвид дека „Охридско лето“ е еден од најзначајните културни фестивали ...
Заминувањето на Марио Хезоња од Реал Мадрид прераснува во вистинска трансфер-драма. Шпанскиот гигант одбива да го ослободи хрватскиот репрезентативец, тврдејќи дека не ги исполнил условите за едностран раскин на договорот. Според „Марка“, Хезоња на 20 јуни само го објавил своето заминување, но не обезбедил официјален ангажман во НБА, ниту, пак, ја исплатил договорената отштета од еден милион долари, која сè уште не е намирена. Поради тоа, ...
Во Музејот на современа уметност во Скопје e отворена изложбата „Прекин во тек“, која ги обединува делата на уметникот Игор Тошевски и уметничката група ОПА (Опсесивно посесивна агресија). Како што информираат организаторите, изложбата отвора прашања за можноста малите поместувања, прекините и отстапувањата да ги направат видливи структурите што најчесто остануваат незабележани во секојдневниот општествен и институционален живот. Во таа ...
„Галичник филм фестивал“ годинава на публиката ќе ѝ донесе повеќе од 50 краткометражни филмови од 30 земји од целиот свет, кои ќе се прикажат во рамки на официјалната натпреварувачка програма. Филмовите годинава доаѓаат од различни културни и географски средини, но ги поврзуваат истите современи дилеми. Во програмата се обработуваат теми како војната и нејзините последици, менталното здравје, семејните односи, миграцијата, идентитетот, ...
Лице со македонско потекло, родено и израснато во Германија, ќе биде депортирано во Македонија откако Управниот суд во Аугсбург ја потврди одлуката на службата за странци, објавува Дојче Веле. Судот оценил дека, и покрај тоа што целиот живот го поминал во Германија, неговата земја на потекло е Северна Македонија. Осудениот издржува затворска казна од шест години и девет месеци поради учество во организирана криминална група која во 2019 ...
Екипата на ТФТ Скопје продолжува со засилувањето за новата сезона, и сега го претстави своето второ странско име во ростерот. По Американецот Накавиеон Вајт, во Тафталиџе пристигнува и репрезентативецот на Гвинеја, Секу Сила, кого клубот го промовираше со прекарот Машината за Дабл-Дабл. Сила зад себе има одлична сезона во дресот на шведскиот Копинг старс, каде што беше меѓу најдоминантните центри во првенството. Во просек бележеше по 21,6 ...
Европската централна банка (ЕЦБ) ги претстави планираните карактеристики за пристапност на дигиталната евро апликација, што би им овозможило на корисниците пристап до основните услуги на дигиталната валута, доколку се донесе одлука за нејзино воведување. ЕЦБ наведува дека пристапноста и вклучувањето на корисниците се меѓу основните принципи на развојот на дигиталното евро, така што дигиталните плаќања се достапни за граѓаните без оглед на ...
Забрзаната изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ) во Соединетите Американски Држави би можела да придонесе за зголемување на инфлацијата, велат економистите. Од друга страна, тие очекуваат оваа технологија да ја зголеми продуктивноста и да ги намали притисоците врз цените на долг рок, објави CNN. Медиумот наведува дека најновите податоци покажуваат дека огромниот интерес и инвестиции во примената на вештачката интелигенција ...
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес предупреди дека сезоната на пожари е далеку од завршена и го започна своето обраќање пред Советот на министри изразувајќи длабока тага за пожарникарите кои вчера ги загубија животите борејќи се со пожарот. „Сè уште имаме тешки денови пред нас“, рече Мицотакис, апелирајќи до граѓаните да покажат „најголема претпазливост“. Мицотакис нагласи дека државата им оддава почит на загинатите пожарникари, стои ...
Зинедин Зидан и официјално беше претставен како нов селектор на Франција и на својата прва прес-конференција испрати јасна порака кога станува збор за „судирот на титаните“ во светот на спонзорите, „Најк“ и „Адидас“. Откако го напушти Реал Мадрид во летото 2021 година, Зи-Зу изјави дека сака да ја води Франција и одбиваше понуда по понуда сè додека не дојде повикот што го чекаше. Во текот на прес-конференцијата, Зидан, кој потпиша договор со ...
Украина продолжи да извршува напади со беспилотни летала врз цели во Русија, а најновата цел повторно е објект што му припаѓа на Wildberries, најголемата руска платформа за онлајн купување. Во западниот руски град Пенза, избувна пожар во еден од магацините на компанијата по напад со беспилотни летала. Информацијата ја потврди гувернерот на Пензенскиот регион, Олег Мелниченко. Едно лице е повредено во инцидентот, додека околу 200 луѓе се ...
Американската војска соопшти дека извршила серија напади врз повеќе локации во Иран во текот на ноќта, опишувајќи ја операцијата како „моќен“ одговор на обидот на Техеран да ги нападне американските сили распоредени на Блискиот Исток со балистички ракети претходниот ден. Според Централната команда на САД, ЦЕНТКОМ (CENTCOM), целите вклучувале командни центри, инфраструктура поврзана со производство на балистички ракети и беспилотни летала, ...
Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ракета влегла во полскиот воздушен простор за време на руски ракетен напад врз западна Украина. Туск на мрежата X информира дека свикал координативен тим во врска со инцидентот, вклучувајќи го министерот за одбрана и надлежните служби, кои работат на терен со часови и даваат информации за сите околности на инцидентот. Според него, објектот што паднал на земјоделско земјиште во источна Полска во ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) работи со слабости – доцни дигитализацијата, контролите врз здравствените услуги не се доволно ефикасни, лекувањето во странство не се следи соодветно, а референтните цени за најголем дел од здравствените услуги не се ажурирани повеќе од една деценија. Ова го покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење и усогласеноста на Фондот за 2024 година, во која е дадено ...
СЕ БАРА НОВ ШЕФ НА ОН! Советот за безбедност на Обединетите нации ќе го одржи своето прво неформално гласање денеска за да ја процени поддршката за новиот генерален секретар на меѓународната организација, објави германската новинска агенција ДПА. Гласањето, закажано за четврток наутро во Њујорк, има за цел да обезбеди рани индикации за можен наследник на Антонио Гутереш, чиј мандат завршува во јануари 2027 година, изјави Зенон Муконго Нгај, ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно разгледува радикален план за продажба на удел во Светското првенство на приватни инвеститори, потег што би можел фундаментално да го промени начинот на кој се води најпопуларниот спорт во светот. ФИФА се обидува да профитира од огромниот успех на годинашниот турнир, при што светското управно тело за фудбал планира да продаде малцински удел вреден околу 17,5 милијарди евра на нов комерцијален ...
Почетокот на туристичкиот шпиц донесе големи гужви на граничните премини во регионот, а најголем притисок е забележан на влезовите и излезите од Србија, како и на патот кон Грција преку Македонија. Според српскиот Авто-мото сојуз (AMSS), зголемен интензитет на сообраќај е регистриран на граничните премини Хоргош со Унгарија, Батровци со Хрватска, како и на Градина и Прешево, каде се формираат долги колони во двата правци. Најголем дел од ...