Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Мостот „Естакада“, една од најважните сообраќајни врски за Гази Баба и Скопје, целосно се реконструира, соопшти Град Скопје. Санацијата ги опфаќа пристапните рампи на површина од 10.000 квадратни метри, каде ќе се отстрани стариот асфалт и ќе се постават два нови асфалтни слоја. Нов асфалт ќе добие и самиот мост. Ќе се заменуваат рабници и капаци на шахти, ќе се изработат нови асфалтни тротоари, а пешачката ограда ќе се исчисти, санира и ...
Петнаесетгодишник од Скопје бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува автомобил без да има право на управување. Како што соопшти МВР, случајот бил регистриран денеска околу 1:10 часот на улицата „Ѓорѓи Капчев“. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле возило со скопски регистарски ознаки и утврдиле дека зад воланот бил 15-годишник. За случајот бил известен јавен обвинител за малолетници, а по неговото ...
Меѓународната фудбалска федерација ФИФА денеска соопшти дека „никој не го продава фудбалот“ поради критиките за нејзината одлука да продаде удел во своите натпреварувања на приватни инвеститори. ФИФА во соопштението наведе дека процесот на консултации за планот бил „нарушен од неточни медиумски извештаи“. „Ги почитуваме повратните информации и загриженоста изразени во јавноста и ја потврдуваме нашата посветеност на отворени и демократски ...
Просечниот работен век во Грција се зголемил за повеќе од три години во изминатата деценија и во 2025 година достигнал 35,3 години, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во споредба со 2014 година, кога изнесувал 32,1 година, очекуваниот работен век е зголемен по големите пензиски реформи со кои беше подигната возраста за пензионирање. Сепак, Грција и натаму е под просекот на Европската Унија, каде очекуваниот работен век изнесува 37,5 ...
Со долги и стоечки овации беа испратени завчеравечер членовите на францускиот квартет „Хермес“ од фестивалот „Охридско лето“. Нивниот концерт се одржа во рамки на традиционалната Француска вечер на „Охридско лето“, поддржана од Амбасадата на Франција во РС Македонија и Францускиот Институт во Скопје. Младите но зрели во својата интерпретација уметници Омер Буше, Елисе Лиу, Лоу Јунг Хсин Чанг и Јан Левиноа донесоа исклучително деликатна и ...
„Уметноста на трошењето пари“ од Морган Хаусел – финансискиот бестселер сега и на македонски јазик, во издание на „Арс Ламина“ Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш“, Морган Хаусел, излезе од печат на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Може ли парите навистина да нè направат посреќни? Одговорот не зависи само од ...
Пред многубројна публика во македонскиот Културно – информативен центар во Загреб, се одржа аудио-визуелно предавање „Историја на македонската рок музика“ на Тошо Филиповски. Вечерта посветена на рок музиката и рок културата предизвика голем интерес кај публиката, која покрај предавањето имаше можност да ја разгледа и поставената изложба. На настанот присуствуваа високи претставници на дипломатскиот кор, локалните и државните институции, ...
Полска потврди дека ракетата што падна во близина на нејзината граница со Украина била руска крстосувачка ракета. „Разговарав со шефот на операциите, генерал Иренеуш Новак, и можеме со сигурност да потврдиме дека станува збор за руска ракета Kh-101“, изјави заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик за радиото Rmf.fm. Тој рече дека ракетата е потенцијално многу опасна и може да носи нуклеарни боеви глави. Томчик кажа дека експлодирала при ...
Пожарите во Франција и Шпанија во изминатите неколку дена предизвикаа сериозно загадување на воздухот, изложувајќи милиони луѓе на опасни честички, предупредуваат научниците. Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачки материи што го влошуваат квалитетот на воздухот на растојанија и од неколку стотици километри. Научниците особено се загрижени поради емисиите на ситни честички „ПМ2.5“ што можат да навлезат длабоко во белите дробови и се ...
Најмалку 34 рудари загинаа во експлозија што во четвртокот го погоди комплексот на рудник за јаглен во пакистанската покраина Балучистан, соопштија локалните власти. Спасувачката операција сè уште е во тек, а екипите трагаат по уште двајца рудари кои останале затрупани под земја, изјави директорот за операции на Покраинската управа за управување со катастрофи, Мухамед Фахад. Покраинскиот министер за рударство и минерални ресурси, Шоаиб ...
Бројот на жртви во мигрантската криза во шпанската енклава Сеута се искачи на 24 откако беа пронајдени уште шест тела на брегот, а шпанскиот премиер Педро Санчез отпатува во градот за да го координира одговорот на властите на масовниот прилив на мигранти од Мароко. Според проценките на шпанското Министерство за внатрешни работи, околу 49.000 мигранти влегле во Сеута по море и копно од Мароко во последните 24 часа, и покрај зголемените ...
Во Европа, највисоката температура денес е измерена во Адијаман и Батман во Турција, 43 степени, по што следуваат Урфа со 42,7 степени, Анталија со 42,3 степени, објави Огимет, веб-страница која собира метеоролошки податоци од целиот свет. Топло е и во Шпанија и Јордан, а на десеттото место е Мостар во Босна и Херцеговина со 41,6 степени. Најстудено во Европа денес е во Норвешка, -0,6 степени, и во Исланд -0,2 степени, а најмногу дожд наврна ...
Неодамнешната одлука на Врховниот суд на Шпанија предизвика невиден бран. За само 24 часа, илјадници мигранти допливаа до европска почва, што резултираше со мобилизација на војската, политички превирања во Европа и трагично губење на животи. Шпанската енклава Сеута во северна Африка се соочува со најголемата мигрантска криза во својата модерна историја. Во рок од само 24 часа, околу 49.000 мигранти од Мароко, Алжир и подсахарска Африка ...
Грчките пожарникари продолжуваат да се борат со повеќе активни пожари низ целата земја, а нови фронтови се појавуваат во регионот Арголис, во близина на археолошкото наоѓалиште Микена и во Беотија, каде што се издадени бројни предупредувања за евакуација. Пожар во регионот Фиктиција во Арголис, во близина на Микена, доведе до затворање на Стариот национален пат, додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пламенот, објави Прототема. ...
Грција бележи ново зголемување на бројот на пациенти заразени со Западнонилскиот вирус, а здравствените власти потврдија дека четири лица починале од почетокот на годината. Поголемиот дел од тешко болните имаат невролошки компликации, додека некои пациенти се на интензивна нега. Експертите предупредуваат дека вирусот се пренесува преку каснување од заразен комарец и апелираат за дополнителна претпазливост во текот на летните месеци. ...
Возач на автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) бил физички нападнат од патник на автобуска постојка во скопската населба Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 30 јули во СВР Скопје, 59-годишниот М.С. од селото Бардовци пријавил дека претходната вечер, околу 22:00 часот, додека ги извршувал своите работни задачи како возач на автобус на ЈСП, на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода бил ...
Македонската Армија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција одржана на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец кој дипломирал на престижната Воена академија „Вест Поинт“ во САД. Министерот за одбрана Владо Мисајловски им честита на новите офицери, нагласувајќи дека ...
Патничко возило „Фолксваген Кеди“ со косовски регистарски таблички било опожарено ноќеска на улицата „Павле Илиќ“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите, случајот бил пријавен околу еден часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи – Скопје. Опожареното возило било во сопственост на правно лице од Косово. Од МВР соопштија дека во пожарот нема повредени лица, а огнот бил локализиран од соседи пред ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“. Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење кривични ...
И ние, наследниците на славните илинденци, се наоѓаме на историски крстопат, соочени со нови бури и премрежија. Затоа и нашето поколение треба да го продолжи илинденскиот подвиг и да го чува она коешто е стекнато со многу страдања и жртви, порача во своето Илинденско послание архиепокоп охридски и македонски г.г. Стефан. Во посланието, во име на останати македонски владици, монаси, монахињи и свештеници тој го честити големиот празник на сите ...
Бројот на невработени во Германија се зголеми за 71.000 во јули, надминувајќи ја границата од 3 милиони и достигнувајќи 3,007 милиони, покажаа податоците од Федералната агенција за вработување во петокот, со што се урнаа надежите за стабилизирање на пазарот на трудот. Тоа значи дека 28.000 повеќе луѓе се без работа отколку во истиот месец минатата година. Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 процентни поени на 6,4% во споредба со ...
Легендата на Милан и освојувач на Светското првенство со Италија, Франко Барези, почина на 66-годишна возраст. Неговата смрт ја потврди Милан, фудбалскиот клуб каде што ја помина целата своја 20-годишна играчка кариера. „Целата историја на Милан е во солзи“, соопшти Милан. Во август 2025 година, Барези беше подложен на операција за отстранување на белодробен израсток, по што започна циклус на имунотерапија. Неговото последно јавно појавување ...
Група туристи кои пиеле коктели на плажа во Миконосдоживеале како што велат, непријатно искуство откако им биле наплатени 116 евра за два пијалоци во еден бар. Инцидентот повторно го привлече вниманието кон барот DK Oyster, кој често се споменува во контекст на високи цени. Еден од најновите незадоволни гости објави фотографија од сметката на Tripadvisor на која се гледа дека нарачал два коктели од еден литар, вклучувајќи и „маргарита“. Секој ...
Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Лани ...
Министерството за здравство информира дека заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба. Во меѓувреме, епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, со континуиран пад на бројот на ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните за максимална претпазливост поради исклучително високиот ризик од пожари што го носи најавениот топлотен бран. Тој посочи дека во јули во просек биле регистрирани околу 15 пожари дневно, но сите биле успешно локализирани и изгаснати благодарение на брзата реакција на пожарникарите и поддршката од ер тракторите. „Доволна е само една искра за да настане ...
Околу 49.000 мигранти преминале од Мароко во шпанската северноафриканска енклава Сеута во последните 24 часа, според проценките на тамошните власти. Илјадници мигранти ја препливале границата до шпанската енклава Сеута во Северна Африка во четврток, а локалните медиуми објавија дека пристигнувањата продолжиле и во текот на ноќта, објави Би-Би-Си. Ceuta amanece sumida en el caos, decenas de marroquíes asaltan una tienda de comestibles. ...
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) до 27 јули регистрирал 6.707 лабораториски потврдени случаи на циклоспоријаза – заболување предизвикано од паразитот Cyclospora, кој бил поврзан со консумирање контаминирана ајсберг салата. Бројот на заразени и натаму расте, а здравствените власти истражуваат повеќе жаришта на инфекцијата. Паразитот предизвикува цревни тегоби, меѓу кои и пролив, а според американските медиуми, ...
Полициски службеници од ОВР Гостивар утрово извршиле претрес во дом во гостиварското село Равен, при што биле пронајдени дрога и муниција, а едно лице е лишено од слобода. Според информациите од МВР, денеска во 07:30 часот бил уапсен Д.С. (58) од село Равен, гостиварско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Претресот во ...
Жител на струмичкото село Габрово бил уапсен откако, под дејство на алкохол, предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и кон улицата на која живее. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 30 јули 2026 година, околу 22 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото Габрово. Полициските службеници го забележале како предизвикува пожар во дворното ...