Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Астрологијата ги поврзува некои хороскопски знаци со поголема желба за истражување, запознавање нови места и излегување од нивната секојдневна рутина. За нив, патувањето не е само одмор, туку можност за нови искуства, учење и создавање спомени. Наместо класични туристички стапици, нивната визија за патување се издвојува од секој просек. Стрелецот секогаш бара нова авантура Стрелецот често се смета за најголем патник меѓу хороскопските знаци. ...
Парламентот на Бугарија го одреди 25 октомври како ден кога земјата ќе го избере својот следен претседател. Претседателската функција во Бугарија главно е церемонијална, а најголемиот дел од власта во земјата со 6,5 милиони жители ја имаат премиерот и парламентот. Сепак, претседателот е врховен командант на вооружените сили, може да стави вето на законите и да потпишува меѓународни договори. Владејачката центристичко-лева Прогресивна бугарска ...
Воен авион се урна во петокот во населбата Мирамар во Сан Диего, по што службите за итни случаи беа испратени во воздухопловната база Мирамар. Деталите за инцидентот сè уште не се познати, но според извештаите, станува збор за авион Ф-35, пренесуваат агенциите. Според локалните медиуми, густ црн чад ја покрил областа околу 10 часот по локално време и се шири над воздухопловната станица на морнаричкиот корпус Мирамар. Службениците потврдија ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека САД не го одобриле производството на ракети „Патриот“ во Украина и додаде дека неговата земја „мора да биде многу внимателна кога дава дозвола на некого да ги произведува“. „Не сме дале согласност. Разговараме за тоа“, рече Трамп за време на состанокот на кабинетот. Трамп претходно изјави за „Фајненшл тајмс“ дека „не е сигурен“ дали ќе му даде зелено светло на Киев. „Претседателот ...
Од 50.000 нелегални мигранти кои влегоа во Сеута од Мароко, според официјалните извештаи на шпански власти, 48.300 одлучија да се вратат во Мароко, објави шпанското Министерство за внатрешни работи. Судбината на преостанатите 1.700 или приближно толку сè уште не е позната. Шпанскиот премиер Педро Санчес им одговори на земјите кои повикаа на затворање на Шенген зоната со Шпанија поради ситуацијата во Сеута. „Солидарноста и емпатијата се ...
Голем шумски пожар западно од грчката престолнина Атина избувна во петокот попладне, а густи облаци од чад се издигаа над предградието Дасос и беа видливи во центарот на главниот град. Цивилната заштита ги повика жителите да ја напуштат областа во правец на предградието Перистери од претпазливост. „Наредивме евакуација како превентивна мерка“, изјави портпаролката на цивилната заштита за грчкиот телевизиски канал „Скај“. Чадот е особено ...
Пожар избувна на брегот Лазарета во Сплит вечерта. Според првичните информации, пожарот зафатил угостителски објект, а „Далмација Данас“ пишува дека станува збор за „Roof 68 Rooftop Bar Split“. Според информациите од сплитските пожарникари, пожарот бил пријавен во 21:21 часот, а кујната на угостителскиот објект горела. На инцидентот реагирале пет возила и 14 пожарникари од Јавната противпожарна служба на Сплит, на кои им се придружиле членови ...
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре. Одлуката има цел да овозможи навремено и координирано справување со состојбата, како и мобилизација на сите расположливи институционални капацитети за заштита на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси. Ќе биде активиран ...
Сè посилниот Ел Нињо веќе ги собори рекордите за својот интензитет во своите рани фази и сигурно е дека ќе предизвика поекстремни временски услови како што се развива, „само додавајќи масло на огнот што веќе ја зафаќа планетата“, предупредија денес претставници на Обединетите нации. Клучната зона на Тихиот Океан што служи за мерење на јачината на Ел Нињо оваа недела ги достигна најтоплите и најинтензивните нивоа некогаш забележани – во ...
Првите два американски авиони кои треба да им пружат поддршка на операциите на Блискиот исток пристигнаа денеска во воздухпловната база на југоистокот на Бугарија, што предизвика критики од Иран и протести од бугарските граѓани. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се соочува со отпор од некои европски сојузници поради користењето на воздухопловните бази за поддршка на војната на САД со Иран. Пратениците во Бугарија, членка на НАТО ...
Шпанскиот премиер Педро Санчес им одговори на земјите кои повикаа на затворање на Шенген зоната за Шпанија поради мигрантската криза во Сеута, велејќи дека сега не е време за поделби, туку за зајакнување на единството на Европската Унија. „Солидарноста и емпатијата се прашање на избор. Почитувањето на европските договори и факти не е“, напиша Санчес на платформата „Икс“, додавајќи дека „ова не е време за поделби“, туку за „продолжување на ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во петок, 31 јули 2026 година, во 19:46 часот, во јужна Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 13 километри западно од Неапол. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 2 километри под површината на земјата. Граѓаните велат дека земјотресот траел повеќе од 20 секунди и бил ...
Локализиран е пожарот на градската депонија „Сува Река“ кај Валандово што избувна денеска по 13 часот. На терен се делуваше и со два ер – трактори. По пријава за пожар кај валандовското село Удово, истовремено избил пожар на локалната депонија во Валандово, кој ветрот се проширил на околната ниска вегетација, а потоа и на ридовите на кои, вели директорот на ДЗС, теренот е исклучително тежок за движење. Околу 13:30 часот попладнево изби пожар ...
Пред да заминете на патување треба да се информирате за здравствената состојба, присутните заразни болести и потенцијалните здравствени ризици во земјата или регионот каде патувате, најмалку еден месец претходно треба да проверите дали се препорачува вакцинација или превентивна терапија (на пример, вакцинација против жолта треска или профилактична терапија за маларија), да се осигурате дека вие и членовите на вашето семејство, особено децата, ...
Министерството за внатрешни работи на Италија денес официјално нареди привремено затворање на морските и воздушните граници со Шпанија, привремено суспендирајќи го шенгенскиот режим на слободно движење меѓу двете земји. Драстичната мерка беше преземена поради растечката загриженост поради мигрантската криза во шпанската енклава Сеута, додека Финска, исто така, остро се огласи, директно критикувајќи го Мадрид. Одлуката беше донесена на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагирајќи на мигрантската криза во шпанската енклава Сеута, рече дека сликата од илјадници мигранти кои се влеваат во енклавата ќе биде САД за три години ако демократите се вратат на власт. Трамп во петокот за „Фокс њуз“ изјави дека сликите што доаѓаат од Шпанија се „ужасни“. „Ужасно е. Запомнете ја таа слика. Такви ќе бидеме за три години ако влезе погрешната страна“, рече тој, осврнувајќи се на можна ...
Рестораните во САД се погодени од пад на продажбата – резултат на епидемија на циклоспора од пакувањата со сечкана зелена салата што ја користат, што ги разболе илјадници Американци. „Јам Брендс“, матичната компанија на синџирот ресторани „Тако Бел“, неодамна објави дека продажбата на Тако Бел во САД се намалила за 2% помеѓу јули и септември, бидејќи клиентите се плашеле од сè поради епидемијата на циклоспора. Федералните здравствени ...
Припадници на српското Министерство за внатрешни работи го уапсија турскиот државјанин К.Е. (25) под сомнение дека извршил тешко убиство на 28-годишна руска државјанка во Белград, пренесуваат српсктите медиуми. Како што е објавено, осомничениот бил уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ додека се обидувал да ја напушти Србија. Операцијата ја спроведоа припадници на Управата за криминалистичка полиција, Оддел за сузбивање на крв, сексуални и ...
Во Велес попладнево се измерени 39 степени Целзиусови, во Виница, Кавадарци и Демир Капија, 38, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 37. Во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34, Крива Паланка и Прилеп, 33, Охрид, 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, Попова Шапка 22 – покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што информираа од УХМР, попладнево ќе се ...
Украина е подготвена да испорача пресретнувачки беспилотни летала на САД и земјите од Персискиот Залив во замена за испораки на оружје, објави весникот „Политико“, повикувајќи се на извор меѓу украинските функционери. „Подготвени сме да ги поддржиме оние кои нè поддржуваат. Украина има огромно искуство, модерни технологии и експертиза во создавање систем за борба против беспилотни летала“, рече изворот на весникот. Според Политико, на САД им ...
Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен денес изрази поддршка за предлогот на италијанската премиерка Џорџа Мелони за исклучување на Шпанија од Шенген зоната поради мигрантската криза во шпанската енклава Сеута. „Шпанија целосно не успеа во заштитата на надворешната граница на Шенген зоната од нелегална миграција. Ова не може да продолжи. Сите европски земји мора да го поддржат предлогот на Мелони. Земјите што не ја исполнуваат ...
Градскиот суд во Москва ја осуди руската новинарка Дарија Шипачева на 12 години затвор за наводно предавство, додека Меѓународната и Европската федерација на новинари (МФЈ и ЕФЈ) побараа нејзино ослободување и ја осудија континуираната криминализација на новинарите во Русија. Шипачева, која како фриленсер се занимаваше со научни и медицински теми и претходно соработуваше со публикациите на Форбс Русија и РБЦ, беше уапсена на 23 април 2025 ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ги повика Шпанија и Мароко да преземат решителни мерки за да ја стават под контрола мигрантската криза во Сеута, пренесе „Еуроњуз“. „Заштитата на надворешните граници на Европската Унија е клучна за борбата против нелегалната миграција. Јасно очекувам сите земји-членки на ЕУ да ја исполнат оваа обврска. Во контакт сме со шпанската влада за ова прашање“, рече Мерц во соопштение објавено на веб-страницата ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денес побара од министерот за внатрешни работи на земјата, Лоран Нуњез, да преземе сите потребни мерки за зајакнување на контролите на границата со Шпанија, изјави извор близок до францускиот претседател. Изворот изјави дека се во тек разговори со шпанските и мароканските власти за следење на ситуацијата и подобра координација на надлежните служби, објави телевизијата BFM. Претседателот на Републиката, ...
Британски погребален работник денес беше осуден на 20 години затвор за давање на семејствата погрешна пепел од нивните кремирани роднини, задржување на телата со месеци и крадење на добротворни донации собрани на погреби. Роберт Буш, 48, беше осуден на Крунскиот суд Хал во североисточна Англија по петдневно сослушување за време на кое повеќе од 200 луѓе погодени од неговата измама ги опишаа катастрофалните последици што ги претрпеле откако ...
Откако пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија, пакистанските спасувачи ги пронајдоа телата на четири алпинисти на Широк Врв во планинскиот масив Каракорам на последниот ден од јули. Денот претходно, најмалку 10 алпинисти исчезнаа, а властите се сомневаат дека загинале во лавина, соопштија пакистански извори. Меѓу исчезнатите е и непалскиот алпинист Нирмал Пурџа (43), кој го држи рекордот за најбрзо ...
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изврши земање мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води. Дополнително, по барање на ДИЖС, земени се мостри и од акредитирана лабораторија, чиј финализиран извештај ќе ...
Во Европа, највисоката температура денес е измерена во Адијаман и Батман во Турција, 43 степени, по што следуваат Урфа со 42,7 степени, Анталија со 42,3 степени, објави Огимет, веб-страница која собира метеоролошки податоци од целиот свет. Топло е и во Шпанија и Јордан, а на десеттото место е Мостар во Босна и Херцеговина со 41,6 степени. Најстудено во Европа денес е во Норвешка, -0,6 степени, и во Исланд -0,2 степени, а најмногу дожд наврна ...
Некој се обидува свесно да ја манипулира јавноста и свесно да ги дезинформира граѓаните околу проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“. Но, јас нема да доволам да остане каков било сомнеж во процесот. Затоа, на мое инсистирање, законот беше повлечен од парламентот. Тој ќе биде ставен на јавна дебата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој ги отфрли критиките на опозицијата и на невладиниот сектор во врска со ...
Претстојната сезона би можела да биде своевиден „последен танц“ на Леброн Џејмс во НБА-лигата. Според „Атлетик“, Леброн е блиску до договор со ESPN за документарна серија по примерот на легендарниот „The Last Dance“, посветен на последната сезона на Мајкл Џордан со Чикаго Булс. Доколку договорот биде постигнат, филмска екипа ќе го следи Џејмс во неговата следна сезона во дресот на Филаделфија. Документарецот би ја опфатил и целата негова ...