Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Јасмина Шопова, потпретседателкa на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ истакна дека „Деновите на поезијата“ не се ограничуваат на јубилеи, но се клучен момент бидејќи идејата водилка на манифестацијата е токму незаборавот, негувањето на културното наследство и нишката која ги поврзува некогашните и сегашните генерации, минатото и иднината Инспирирани од песната на Анте Поповски „Памети тој“, со слика на птицата што го надлетала неговиот свет ...
Владата продолжува со мерките за поддршка на домашната економија и на малите бизниси, со цел зголемување на конкурентноста на македонските компании, поттикнување на модернизацијата на производството и отворање нови можности за раст и развој. Преку новиот пакет финансиска помош, фокусот е ставен на микро, малите и средните претпријатија и на занаетчиите, како двигатели на економската активност во државата. Министерството за економија и труд ...
Во соработка со Македонската радио-телевизија, Општина Кисела Вода организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Викенд на мртовци“, во режија на Коле Ангеловски. Проекцијата ќе се одржи утре, во новото кино „Киноверзум“ во Драчево, со почеток во 19:00 часот. – Влезот за сите посетители е бесплатен, но поради ограничениот капацитет, задолжителна е претходна резервација на билети. Граѓаните може да резервираат место на следните ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и за иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со фокус на младите семејства, децата и на повозрасните. По тој повод, Општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани. ...
Во Општина Ѓорче Петров започна со реализација пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. – Во рамките на проектот, а во соработка со Центарот за климатски промени – Гевгелија и „Алпакеко“, се доделуваат канти за селекција на отпад од ПЕТ (пластична) амбалажа на вкупно 60 домаќинства на територија на Општината – информираа од Општина Ѓорче ...
Донаторството и хуманоста секогаш оделе заедно, а Скопје и скопјани секогаш несебично ги негувале низ целата своја историја. Примерите покажуваат дека тие имаат големо и широко срце, а донаторството им е во крвта. Донаторството во Скопје има долга традиција, пред сѐ во однос на градењето верски објекти. Религијата и црквата биле заштитнички што го чувале духовниот и националниот идентитет на народот. Затоа, според познатиот скопски хроничар ...
Завршија градежните активности за реконструкција на улицата „Жил Верн“ во општина Кисела Вода. Со тоа, значително ќе се подобри сообраќајната безбедност и квалитетот на живеење во овој дел од општината. Од Општината велат дека станува збор за зафат кој опфати целосна реконструкција на коловозот и тротоарите во должина од 215 метри и имајќи предвид дека оваа улица не била обновена повеќе од четири децении, нејзината ревитализација билс еден од ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска ги предупреди САД и Израел да не започнуваат нови воени операции против Иран, порачувајќи дека секој таков обид ќе заврши со „неуспех“. Говорејќи на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на БРИКС во Њу Делхи, Аракчи изјави дека заканите кон Иран траат со години, но според него, не донеле резултати. -Навикнати сме на тие закани. Тие долго време ги повторуваат ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја тестираше политичката зрелост на Европската Унија кога го предложи поранешниот германски канцелар Герхард Шредер за преговарач за дијалогот на Москва со Европа, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. – Претседателот Путин ја тестираше политичката зрелост и чувствителност на Европејците, би рекол, кога, како одговор на прашање на прес-конференција на 9 мај, рече дека поранешниот ...
По изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека нема да присуствува на прославата на Денот на независноста на Црна Гора бидејќи тоа е настан што го слави „отцепувањето од Србија“, реагираше и Министерството за надворешни работи на Црна Гора. Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави дека е неприфатливо и политички неодговорно годишнината од враќањето на црногорската независност да се претставува како чин насочен ...
Температури пониски за 10 до 14 Целзиусови степени, смрзнувачки утра, некаде со температури околу нулата, суперклеточни бури, разорен град и локални поплави прогнозира „Сивијар ведер Јуроп“ за Балканот. Промените веќе почнаа, но посериозно ќе се почувствуваат од викендов. Сферата над Европа претрпува значителна промена, бидејќи длабоката циклонска долина се преместува преку средината на континентот, носејќи значително постуден воздух далеку ...
Советот на Општина Берово на последната седница го усвои Правилникот за наградување на ученици и ментори кои оствариле значајни резултати на државни и на меѓународни натпревари, индивидуално или групно. Со донесувањето на Правилникот локалната самоуправа ја потврдува својата заложба за поддршка, мотивирање и поттикнување на младите таленти, како и за вреднување на трудот, знаењето и посветеноста на нивните ментори. Од Општината, информираат ...
Советот на Општина Штип ја почна постапката за продажба на мнозинскиот дел од акции на фудбалскиот клуб „Брегалница“ – Штип, кои во моментов се во сопственост на Општината. На последната седница на Советот, советниците од коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло, односно прифатија да почне постапката за продажба на акциите на ФК Брегалница. Советниците од СДСМ, пак, на прес-конференција порачаа дека ја поддржуваат одлуката, но ...
Делегација од Општина Чешиново-Облешево, предводена од градоначалникот Јорданче Костадинов, учествуваше на 23. меѓународен фестивал на штркот – „Европска мрежа на села на штркови“, што се одржа во Пловдив и Белозем, едно од најпознатите „села на штркот“ во Европа. – На фестивалот во Бугарија беа разменети искуства и добри практики за заштита на белиот штрк, зачувување на природните живеалишта и развој на екотуризмот – истакнаа од Општина ...
Изградба на два кружни тека во Битола предвидува новата сообраќајна студија, чија изработка е во завршна фаза. Паралелно со неа тече и изработката на новиот Генерален урбанистички план. На првиот брифинг со новинарите, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски информираше дека се очекува студијата да биде доставена во Општина Битола деновиве. Тој наведе и дека Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг ...
– Приспособениот Статут беше презентиран пред претставници на Општина Штип, Здружението „Хендикеп плус“, како и пред Здруженија на лица со попреченост и лица со оштетен вид. На средбата беше истакнато дека само преку соработка, меѓусебна поддршка и заеднички активности можат да се реализираат суштински и системски промени, кои ќе овозможат достоинствено и рамноправно место на лицата со попреченост во општеството – информираат од Општина Штип. ...
Се работи на законските измени со кои се предвидуваат санкции за родителите чии деца прават насилни дела, најави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, појаснувајќи дека веќе се работи со пратениците на дефинирање на законските измени. – Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците. Мислам дека во овој момент се во Собранието за да ги дооформат овие предлози. Веќе е донесена одлука, тие измени ќе се направат и ...
„Електрани“ ќе приговара на одлуката на ОЈОГОКК Правен тим на ЕСМ интензивно работи на подготовка на приговор до Вишото јавно обвинителство – Скопје и на барање за контрола од Републичкото јавно обвинителство, за случајот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Од компанијата тврдат дека надлежната обвинителка, Наташа Коларевиќ, паушално го спровела вештачењето на доказите од кривичната пријава и неосновано ги искривила исказите на вештаците ...
Меѓународниот ден на музеите, 18 Мај, ќе биде одбележан од страна на Националниот археолошки музеј – Скопје со повторно отворање на постојаната нумизматичка збирка и прекрасните модни креации на инклузивната модна ревија „Модата во минатото“, инспирирана од стилот и културното наследство низ вековите. Настанот ќе се одржи на 18 мај, во Националниот археолошки музеј – Скопје, со почеток во 19:00 часот, под мотото „Музеите обединуваат поделен ...
Иако Владата уверува дека буџетската состојба е стабилна и засега не планира проширување на дефицитот, државата влегува во нов кредитен аранжман тежок 260 милиони евра. Парите ќе се обезбедуваат од пет странски банки и ќе се користат за буџетски потреби, капитални расходи и отплата на постојните долгови. Договорот е веќе финализиран, а за да стапи во сила е потребно предлог-законот за задолжување да биде изгласан во Собранието. Новото ...
Годинава, 39. издание на „Фолк-фест Валандово“ со себе носи и еден посебен фестивалски десерт. Врвните пејачи Петар Нечовски, Благица Калева и Нино Величковски се меѓу изведувачите со најмногу победи во историјата на фестивалот. По три победи секој засебно. Еве кои се тие победи: Петар Нечовски победувал трипати: 1992 – „Слушај ги камбаните“, 1993 – „Вечност да ти бидам“, 1998 – „Запри време“ Благица Калева досега победувала исто така ...
Призна дека не зборува многу, многу на концертите, а тоа што го кажува, навистина е впечатливо кажано. Како, на пример, кога кажа на македонски: „Сите ве сакам!“ А потоа, со вулкан од емоции, го испеа носталгичниот хит „Ја сам Југословенка“, со кој предизвика спомени и солзи кај добар дел од присутните Првиот солистички македонски концерт на балканската поп-дива Емина Јаховиќ, која е по потекло од Нови Пазар, Србија (во организацијата на ...
Изградбата на автопатот Кичево – Охрид ја чини државата над една милијарда евра, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево. – Пред некој ден, со новинарите, имавме посета на градежните активности што се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар – Букојчани, а потоа Кичево – Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и ...
Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, учествуваше на Регионалниот состанок на гувернери што се одржа во Пула, Република Хрватска, во организација на Хрватската народна банка, каде што во фокусот на дискусиите беа дигиталната трансформација на финансискиот систем, дигиталните средства и иднината на прекуграничните плаќања. На тркалезната маса на тема „Од експеримент до инфраструктура: дигиталните средства во традиционалниот финансиски ...
Советот на Општина Берово на последната седница го усвои Правилникот за наградување на ученици и ментори кои оствариле значајни резултати на државни и на меѓународни натпревари, индивидуално или групно. Со донесувањето на Правилникот локалната самоуправа ја потврдува својата заложба за поддршка, мотивирање и поттикнување на младите таленти, како и за вреднување на трудот, знаењето и посветеноста на нивните ментори. Од Општината, информираат ...
Најдобрите македонски таеквондисти не успеаја да стигнат до медал на Европското првенство за сениори што се одржува во Минхен. Најголемата надеж, Дејан Георгиевски, стигна до четврт-финалето во категоријата над 87 килограми. Освојувачот на олимписко сребро од Токио прво го совлада Турчинот Емре Кутламиш Атесли со 2:1, но потоа беше елиминиран од Шпанецот Иван Гарсија Мартинез со 2:0. Милјана Рељиќ, исто така, забележа една победа откако ја ...
Првиот рекет на АТП-листата, Италијанецот Јаник Синер, продолжува со својата доминација на турнирите, откако се пласираше во полуфиналето на мастерсот во Рим, со сигурна победа над Андреј Рубљов од 6:2, 6:4. Со триумфот во Форо Италико, Синер стигна до неверојатна 32. последователна победа на турнирите од највисоко ниво на АТП-турнејата и постави нов рекорд, надминувајќи ја серијата од 31 победа што ја држеше Новак Ѓоковиќ. На Италијанецот му ...
Украинскиот министер за здравство Виктор Љашко денес објави дека Украина е природно жариште на хантавирусот, нагласувајќи дека во земјата е присутна формата позната како грозница со бубрежен синдром. За време на своето обраќање пред Врховната рада како дел од пратеничките прашања, Љашко нагласи дека моменталните случаи споменати во медиумите се однесуваат на пулмоналната форма на болеста предизвикана од хантавирусот, пренесува Укринформ. Тој ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Грција – Ставрос Папаставру, на Србија – Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ и на Бугарија – заменик-министерот Кирил Темелков, која се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба што е единствена во ваков формат, а е фокусирана на регионалното енергетско поврзување и на зацврстувањето на ...
Службата за сузбивање на криминалот и Службата за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) го уапсија началникот на Полициската управа на град Белград, Веселин Милиќ, и му одредија притвор до 48 часа, објави денес Радио телевизија на Србија (РТС). Милиќ беше испрашуван порано денес во врска со случајот со исчезнувањето на маж во Сењак. Како што дознава РТС, уапсените полицајци вклучени во случајот со исчезнувањето на ...