Најмалку 18 лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,1 степени што ја погоди Јапонија синоќа. Се очекува бројот на жртви од земјотресот, кој ја погоди префектурата Кумамото на јужниот главен остров Кјушу, да се зголеми бидејќи многу луѓе се водат како исчезнати. Земјотресот беше со јачина од 7 степени според јачината на земјотресот, највисокото ниво на јапонската скала за сеизмички интензитет, соопштија локалните власти. „Изразувам ...

Италијанскиот парламент во понеделник донесе закон со кој потенцијално ќе им се овозможи на илјадници затвореници со зависност од дрога или алкохол да ги издржуваат своите казни дома додека учествуваат во програми за рехабилитација, во обид да се намали пренатрупаноста на затворите. Италијанските затвори се исполнети со капацитет од 140 проценти, според групата за права на затворениците „Антигона“. Тоа е една од најлошите стапки на ...

Суша е официјално прогласена во повеќе од половина од Англија, откако продолжената топлина и суво време сериозно ги загрозија водоснабдувањата на земјата. Агенцијата за животна средина (EA) објави дека седум региони, кои опфаќаат големи делови од централна, источна и јужна Англија, сега се во официјален режим на суша, објавува „Би-би-си“. Како што велат, последиците веќе се чувствуваат – нивото на реките е ниско, жетвата започна порано од ...

Двајца пожарникари загинаа во шумски пожар што избувна на јужниот грчки остров Крит попладнево, соопшти противпожарната служба. Загинатите се меѓу 125 пожарникари кои се бореа со пожарот во регионот Ретимно на северниот брег на островот. Околностите под кои пожарникарите ги загубија своите животи не се познати. „Тие загинаа херојски, при вршење на должноста, за да ги заштитат животите и имотот на граѓаните и животната средина“, напишаа ...

Состојбата со епидемијата во Гостивар се смирува, во болницата и во амбулантата се пријавиле 71 новозаболени од кои, според здравствените власти, веќе мал дел се заразени од градскиот водовод. „Сметаме дека настанува смирување на состојбата со епидемијата, до формален крај би дошле кога веќе нема да има случаи поврзани со градскиот водовод, според направените епидемиолошките анкети. Ваквото подобрување е поради прочистувањето на водата и ...

Германската метеоролошка служба (DWD) издаде официјално предупредување за екстремна топлина за 289 од 294 области во Германија. Само пет области во целата земја успеаја да останат под прагот на тревога, додека во остатокот од земјата се очекуваат неподносливи температури, локално достигнувајќи до 38 степени Целзиусови. До пладне, живата во термометарот веќе надмина 30 степени низ целата земја, додека попладне се очекува југозападот да ...

Руската новинарка Дарја Шипачева (35) беше осудена во Москва на 12 години затвор во казнена колонија и парична казна од 300.000 рубли за наводно предавство. Како што објави порталот Медиазона, пресудата ја изрече судијата на Московскиот градски суд, Сергеј Подопригоров. Обвинителството побара таква казна за Шипачева, а одбраната побара од судот да го земе предвид нејзиното признание на вина и соработката за време на истрагата. Судењето траеше ...

Властите во американската држава Висконсин ја одзедоа лиценцата на пиварницата „Миноква“, чиј сопственик Кирк Бангстад е познат по своите политички обоени и понекогаш контроверзни објави на социјалните мрежи. Според „Милвоки џурнал сентинел“, Министерството за финансии на Висконсин издаде наредба со која се одзема лиценцата за производство и дистрибуција на алкохол, која треба да стапи на сила на 4 август. Компанијата има право на жалба, која ...

Големи пожари во Турција се активни во туристичките центри Анталија и Мугла, додека пожарникарите се обидуваат да ги сузбијат одделните жаришта во Адијаман и Маниса, објавија турските медиуми. Потенцијално опасен пожар во Мерсин беше изгаснат пред да се прошири на околните шумски површини. Вкупно 26 противпожарни возила, девет возила за водоснабдување, пет единици за брза реакција и 155 шумари и пожарникари беа распоредени во областа Каш во ...

Руската манекенка Ирина Шајк и НБА кошаркарот Девин Букер наводно се во врска, а извор близок до двојката тврди дека меѓу нив постојат силни емоции и дека го користат секој слободен момент за да бидат заедно. Според списанието People, двајцата ја започнале својата романса ова лето откако биле запознаени од заеднички пријатели пред неколку месеци. „Девин Букер и Ирина се во врска. Сè е сè уште многу ново, но многу се сакаат и се навистина ...

Дрејмонд Грин ќе ја продолжи кариерата во дресот на Голден стејт, откако постигна договор за нов едногодишен договор вреден 27,7 милиони долари. Искусниот кошаркар претходно ја одби играчката опција од 27,6 милиони долари, што му овозможи на клубот поголема финансиска флексибилност во обидот да го ангажира Леброн Џејмс. Откако Џејмс се пресели во Филаделфија, „воините“ брзо ги финализираа преговорите со Грин. Ова ќе биде негова 15. сезона во ...

Францускиот Асвел се подготвуваше за најамбициозната сезона во својата историја, но само неколку недели пред почетокот на новата евролигашка кампања, клубот се соочува со сериозна финансиска криза која може целосно да ги урне големите планови. Клубот од Вилербан летово размислуваше дури и да ја напушти Евролигата и да се приклучи на идниот проект НБА-Европа, но наместо тоа, одлучи да инвестира рекордни средства и да нападне место на ...

Четири жени денес јавно го обвинија добитникот на Оскар и фронтмен на „Триесет секунди до Марс“, Џаред Лето, за сексуален напад и силување кога биле тинејџери. Една од жените изјави во документарецот на Би-Би-Си „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“, вели дека Џаред Лето сексуално ја нападнал во бањата на мотел кога имала 17 години, друга рече дека холивудската ѕвезда ѝ се заканувал дека ќе ја нападне сексуално кога имала 19 години и дека ...

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Мравки“, кое во наредните 24 снимачки денови ќе се реализира на повеќе локации низ Скопје и Дебар. Режисер на филмот е Марјан Гавриловски, сценариото го потпишува Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на фотографија е Фејми Даут. „Мравки“ е црна комедија со елементи на трилер, чија приказна следи невообичаен тандем – инспектор пред пензија и трансвестит, кои се принудени заедно да ...

Основната замисла на музичкиот проект „Да ја вратиме културата во културните средини“ со кој првично се предвидени три концерти на отворено – во Мелница, Бешиште и во Полчиште е да се оживее традицијата во срцето на Мариово. Според познатиот македонски инструменталист на традиционални народни инструменти, Стефче Стојковски, идејата е симболична, но и суштинска: враќање на изворниот мелос и исконската уметност токму таму каде што се родила и ...

Инфлациските притисоци во земјава се намалуваат, а Владата очекува дополнително стабилизирање на цените во наредниот период. Според премиерот Христијан Мицкоски, актуелните економски показатели се значително подобри во споредба со периодот на големата инфлациска криза во 2022 година и покрај новите глобални предизвици и геополитичките тензии. Мицкоски посочи дека направил споредба меѓу јуни 2026 и јуни 2022 година, оценувајќи дека станува ...

Продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно (на домашниот и на странскиот пазар) во јуни годинава биле зголемени за 0,5 проценти во однос на претходниот месец, а за 6,2 проценти во однос на јуни минатата година, објави Државниот завод за статистика. Во однос на мај, регистрирано е зголемување на продажните цени во секторите рударство и вадење камен за 3,7 проценти, преработувачка индустрија за 0,4 проценти, снабдување ...

Царинската управа информира дека започнува со спроведување на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со кој се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската Унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас, потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значајниот прогрес на проектот, ...

И покрај бројните реакции на социјалните мрежи за високите цени во угостителските објекти, Охрид и годинава ќе биде една од најпосетените туристички дестинации за претстојниот празничен викенд. Хотелските и приватните сместувачки капацитети се целосно исполнети, а покрај домашните туристи, во градот се очекува да пристигнат и голем број гости од земјите во регионот. Угостителите уверуваат дека нема да се зголемат цените во рестораните и во ...

Владата очекува ново намалување на цените на бензинот и дизелот од вторник, како резултат на движењата на светските берзи. Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека мерките со намалени акцизи и ДДВ имаат финансиски ефект врз буџетот, но се насочени кон заштита на граѓаните. Според премиерот, приоритет останува одржувањето на ценовната стабилност и сигурното снабдување со горива Премиерот Христијан Мицкоски очекува од следната недела да има ...

Со години земјоделците од Пробиштипско и од Кратовско чекаат водата од „Злетовица“ да стигне до нивите и да донесе посигурен род. Новите фази од проектот треба да овозможат наводнување на илјадници хектари, но паралелно останува и старата земјоделска мака: ниските откупни цени и несигурниот пласман. Додека се најавува водата како спас за производството, оризопроизводителите бараат решенија за вистински да биде вреднуван нивниот труд. Државата ...

Унгарија го блокираше почетокот на разговорите за два кластери од преговорите за пристапување на Украина во ЕУ, кои се однесуваат на економски и социјални прашања, објави весникот „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори. Според весникот, одложено е отворањето на вториот и третиот кластер, кои ги опфаќаат интеграцијата во единствениот пазар на ЕУ и проширувањето на економската и социјалната политика. Унгарија долго време се ...

Повеќе од 1.000 вработени во водечките технолошки компании, вклучувајќи ги „Опен АИ“, „Антропик“ и „Мета“, потпишаа петиција со која се повикува американската Влада намерно да го забави развојот на вештачката интелигенција. Меѓу потписниците се истакнати поединци, како што се извршниот директор на „Антропик“, раководителот на истражувањето во „Опен АИ“ и главниот научник во „Мета АИ“, пишува „Еуроњуз“. Со петицијата се бара од американската ...

Според Обединетите нации, Европа стана новата главна дестинација за кокаин. Оваа дрога, некогаш поврзувана со богатите посетители на ноќни забави, стана широко распространета, пишува „Фајненшл тајмс“. Според податоците на Агенцијата за дрога на Европската Унија, помеѓу 2014 и 2024 година, уличните цени паднале, во просек, за 18 проценти, додека чистотата на кокаинот се зголемила за 44 проценти. Само минатата година, количината на траги од ...

Главниот обвинител на Палермо, Маурицио де Лучија, изјави дека мафијата сака да купи оружје – дронови слични на оние што се користеле во војната во Украина, објави Анса. ИЗДВОЕНИ МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА СЕ МОБИЛИЗИРА СПРОТИ ПРЕБРОЈУВАЊЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО: „Регистрирајте се како Македонци“ – ќе покаже ли пописот во Австралија над 200.000 нашинци? ПО РЕАКЦИИТЕ НА АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ И НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА НАБАВКИТЕ БЕЗ ТЕНДЕР: Законот за „Скопје 2028“ ...

Летниот период повторно ги отвори старите проблеми со сообраќајот и јавниот ред во Тетово. Граѓани реагираат за метежот по улиците, недостигот на паркинг-места и за бучавата што, како што велат, трае до доцните ноќни часови. Тетовецот Бошко Видоески, преку социјалните мрежи, побара поголема контрола и ред во градот. Според него, Тетово во летните месеци се соочува со сериозни проблеми поради зголемениот број возила со странски регистарски ...

Еден од најпознатите спортски објекти во земјава добива ново име и нов визуелен идентитет. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Македонски телеком склучија партнерство, по што големата спортска сала официјално станува „Т Арена“. Со новото име доаѓа и целосно освежување на просторот во препознатливата магента боја на брендот „Т“. Новата соработка, според надлежните, треба да донесе подобри услови за функционирање на арената, но и повеќе ...

Симнат од дневен ред и оставен за некоја идна собраниска седница во периодот по летниот одмор на пратениците е предложениот закон за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, кој денеска предизвика реакции во јавноста. Ова се случи по состанокот на координаторите на пратеничките групи со собранискиот спикер, Африм Гаши, откако во македонскиот парламент се водеше војна околу завчера закажаните три ...

Во графата за потеклото напишете „македонско“, за земја на потекло „Македонија“, за јазикот во домот „македонски“, а за религија наведете „македонско православие“… вакви апели деновиве се упатуваат до припадниците на македонската заедница во Австралија, каде што на 11 август ќе се одржи редовниот попис на населението. Бројни македонски организации, двете епархии на МПЦ-ОА, активисти, како и од Агенцијата за иселеништво сè повеќе се ...

Делчево се наоѓа во голем инфраструктурен замав. Во моментов, во општината паралелно се работи на 14 капитални проекти, кои треба да бидат завршени во следниот период, најави градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, при увидот на градежните активности заедно со премиерот, Христијан Мицкоски. Според Гоцевски, преку двата унгарски повика во Делчево се вложуваат околу 150 милиони денари, а паралелно се реализираат и други значајни проекти со ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
92%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
63%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
72%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35