Бројот на малолетници евидентирани за кривични дела и насилно однесување во Гевгелија бележи загрижувачки раст, покажуваат податоците на Центарот за социјални работи. Раководителката на Службата, Руска Митрова, предупредува дека семејната нестабилност, врсничкото влијание и недоволниот надзор се меѓу клучните причини за оваа појава. Таа нагласува дека единствено преку навремена мултисекторска соработка меѓу училиштата, полицијата, Центарот за ...

Македонскиот духовник отец Гаврил (Галев) доби три високи признанија за неговиот долгогодишен придонес кон Македонската заедница во Австралија, соопшти Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА. Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на ...

Електричните тротинети се значително поопасни од мотоциклите кога станува збор за тешки повреди на главата, покажува анализа на сообраќајни несреќи во Англија и Велс. Според истражувањето, возачите на тротинети имаат повеќе од трипати поголем ризик од трауматска повреда на мозокот, а почесто се здобиваат и со повреди на внатрешните органи и крвните садови. Студијата покажала дека жените имаат повеќе од двојно поголема веројатност да претрпат ...

Подготовките за Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 веќе започнуваат, а организаторите го отвораат патот за сите кои сакаат да бидат дел од ова глобално спортско случување. Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги информира сите заинтересирани дека се отворени апликациите за волонтери за ЛА28. Волонтерите ќе бидат важен дел од тимот кој работи зад сцената на Игрите, придонесувајќи за нивната успешна организација и ...

Спортскиот директор на Барселона, Деко, беше во Мадрид каде што се сретна со агентот на Хулијан Алварез, но тоа не беше единствената средба што ја имаше, бидејќи протекоа детали за „кражбата на векот“ што Каталонците успеаа да ја извршат. Деко успеа да ги заврши трансферите на Ентони Гордон и Карим Адајеми без многу помпа во преодниот рок досега, што беше доста изненадувачки бидејќи за нив воопшто не се зборуваше. Сепак, познато е дека ...

Цената на златото денеска достигна највисоко ниво во последните седум недели, поттикната од послабите од очекуваните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД, слабеењето на американскиот долар и очекувањата дека наскоро би можел да биде постигнат договор за повторно отворање на Ормуската Теснина. Спот-цената на златото во текот на денот достигна околу 4.300 долари за унца, пред да се стабилизира на околу 4.260 долари, ...

Комисија на американскиот Сенат изгласа резолуција со која поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, Ентони Фаучи, се обвинува за непочитување на Конгресот поради неговото одбивање да одговара на прашања поврзани со управувањето со пандемијата на Ковид-19. Со усвојувањето на резолуцијата се отвора можност Министерството за правда на САД да разгледа дали има основа за покренување истрага за тоа дали Фаучи ...

Иако цените за летување во повеќето делови од Јадранот се зголемуваат од година во година, сè уште има места каде што можете да се опуштите без голем удар врз вашиот буџет. Едно од нив е Чањ, мал град на црногорскиот брег кој во последните години привлекува сè повеќе гости благодарение на своите прифатливи цени и потивка атмосфера, пишува metropolitan.si. Сместен помеѓу Сутоморе и Петровац, Чањ не е дестинација позната по луксузни хотели, ...

Седум лица, вклучувајќи го и напаѓачот, се убиени во денешното пукање во училиште во округот Банг Круаи во покраината Нонтабури во Тајланд, соопшти полицијата. Во нападот, кој го изврши ученик од деветто одделение на возраст од околу 14 години, повредени се најмалку 15 лица, од кои двајца се во критична состојба. Претходно властите соопштија дека напаѓачот убил наставник и ранил четири лица, од кои тројца ученици. Тајландскиот премиер Анутин ...

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во четврток дека верува оти војната со Иран наскоро ќе заврши и дека војската има проблеми со набавка на оружје. „Мислам дека наскоро ќе заврши. Не мислам дека можат да издржат уште долго“, рече Трамп во Овалната соба, осврнувајќи се на Иран. Ројтерс објави во вторник дека американската војска потрошила голем дел од своите глобални залихи на ракети со долг дострел, прецизно ...

Температурата на Лигурското Море надмина 30 степени Целзиусови. Ова е вредност што досега не е регистрирана од италијанската агенција за заштита на животната средина Арпал, поради што беше потребно повторно да се калибрира мерната бова во Капо Мелеа, во близина на Савона. Бовата беше вратена во морето со подобрена опрема што овозможува попрецизно следење на состојбата на Лигурското Море и влијанието на климатските промени, објави весникот „Ил ...

Екстремен топлотен бран продолжува да ја погодува централна и источна Европа, при што неколку земји уриваат температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа енергетски проблеми и го зголемија ризикот од шумски пожари, објавува Гардијан. Словачка, Австрија и Унгарија регистрираа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека вчера во Долне Плахтинце биле измерени рекордни 42 степени Целзиусови. ...

Канцеларијата на Народниот правобранител оформи предмет за загадувањето на водата во Гостивар, од кое повеќе од четири илјади граѓани побараа лекарска помош поради симптоми на труење и кожни инфекции. Омбудсманот формираше предмет по сопствена иницијатива за да утврди како дошло до нарушување на правото на чиста вода за пиење. Побарани се информации од Институтот за јавно здравје, Општината, јавното претпријатие Комуналец и Центарот за јавно ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје времето ...

Украина го искористи практично целото расположиво оружје на НАТО против Русија, но Москва најде начини да им се спротивстави на сè, тврди поранешниот украински врховен командант Валериј Залужни. Пензионираниот генерал, кој моментално е амбасадор на Украина во Велика Британија, се надополни на претходните изјави во кои рече дека Киев никогаш нема да се приклучи на воениот блок предводен од САД. Според Залужни, НАТО останува закотвен во ...

Една недела откако масовниот прилив на мигранти од Мароко влезе во Сеута, шпанскиот град на северноафриканскиот брег постепено се враќа во нормалниот живот, но на неговите улици има ногу малолетници без придружба, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE во четврток. Владата на Сеута проценува дека околу 1.100 малолетници влегле во градот меѓу приближно 60.000 мигранти, додека централната шпанска влада наведува дека полицијата досега ...

Долгиот период на екстремна топлина ги празни коритата на главните реки. Поради ниското ниво на водата на Дунав, нуклеарните централи во Унгарија, Романија и Словенија се соочуваат со закана од исклучување на реактори. Унгарија и Романија преземаат мерки за заштеда на електрична енергија. Букурешт е потонат во самрак. Декоративното осветлување е исклучено, уличното осветлување е намалено за една третина. Романија прогласи енергетска вонредна ...

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, му порача на американскиот претседател дека неговата „театрална дипломатија“ не успеала бидејќи е сведена на зборови, а не на дела. „Голем напад е на пат… Чекајте, не грижете се, тие сакаат да преговараат“. Овие зборови не се ништо повеќе од повторувачка театрална дипломатија. Користењето на малтретирање + прекршени ветувања + лажни вести како лост за преговори е неуспешна ...

Главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Максимо Тореро, предупреди дека војните во Иран и Украина, заедно со силниот временски феномен Ел Нињо, создаваат „совршена бура“ што може да предизвика нов глобален бран на поскапување на храната. Според него, иако цените на храната во текот на оваа година останаа релативно стабилни, сегашната состојба најверојатно е само привремено затишје. Повисоките ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе пристигне во Србија во сабота на својата прва официјална посета, а според германскиот медиум Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЗ), подготовките за оваа посета траат веќе неколку месеци. Зеленски првично требаше да го посети Белград во мај, но посетата пропадна во последен момент. Новиот датум е одреден за првата недела од август, откако српскиот претседател Александар Вучиќ учествуваше на петтиот ...

Екстремно ниските нивоа на водата на Дунав во Бугарија открија делови од темелите на древниот мост на римскиот император Константин I, од четвртиот век од н.е., и им дадоа на бугарските археолози ретка можност да документираат едно од најимпресивните инженерски достигнувања на Римското Царство, соопшти регионалниот историски музеј во Плевен. Претставник на музејот во Плевен, Павел Попов, рече дека „за археолозите, овие моменти се исклучително ...

Два безбедносни инциденти на аеродромот во Лајпциг, во текот на ноќта меѓу 4 и 5 август, предизвикаа итна реакција од германските безбедносни служби: дрон што носел експлозивна направа и детонатор беше пронајден во близина на јужната писта, во близина на украински товарен авион „Антонов“; истовремено, товарен авион на DHL – кој го прекинал слетувањето поради затворањето на пистата – пријавил судир во воздух со непознат објект. Инцидентот во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е многу задоволен од работата на Пит Хегсет во Пентагон. „Исклучително сум задоволен од работата што ја врши Пит Хегсет“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“. Тој истакна дека сè поминало извонредно добро, вклучително и нападот на САД врз Венецуела, при што целта била постигната за помалку од еден ден, овозможувајќи да се изведе пред лицето на правдата еден од најлошите ...

Почетокот на викендот за три хороскопски знаци носи чувство на олеснување и враќање на среќата. Влијанието на тригонот меѓу Сонцето и Сатурн, кој се случува во петок, 7 август, нè поттикнува да направиме простор за она што навистина ни е важно. Среќата им се враќа на оние кои одлучиле да престанат да го исполнуваат секој момент со сомнеж или со бескрајно прелистување на социјалните мрежи. Во петок, овие три знаци ќе сфатат дека времето е ...

Денеска е уапсен возачот кој вчера во Скопје со “фиат пунто” удри жена и избега од местото на настанот, информираат од МВР. -На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Н.(19) од Скопје затоа што вчера (05.08.2026) во 21:20 часот на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, со патничко возило „фиат пунто” удрил во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата ...

Вечерата по 40-тата година често завршува неуспешно поради едно тажно сценарио: три листа зелена салата во чинијата, додека фрижидерот ве „мами“ околу 23 часот. Изгладнувањето не е дисциплина; тоа е лош план кој подоцна скапо се плаќа преку грицкање. Зошто вечерата што се состои само од зелена салата не е паметен избор по 40-тата година. Главниот проблем не е самата вечера, туку обидот да се потисне гладот со вода и зеленчук. На таков оброк ...

Државното обвинителство во Загреб на 30 јули соопшти дека сослушало српски државјанин, роден во 1993 година, под сомнение за повеќе кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци, како и за неовластено користење лични податоци. По сослушувањето, обвинителството побара од судија на Жупанискиот суд во Загреб да одреди истражен затвор поради опасност од бегство, попречување на постапката и опасност од повторување на делото; судот ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе престојува во официјална посета на Република Србија во сабота, 8 август 2026 година, пренесоа српските медиуми. Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го пречека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти Службата за соработка со медиумите на Република Србија. Вучиќ и Зеленски претходно се сретнаа во Киев кога претседателот на Србија го посети Киев кон средината на ...

До 18 часот денеска во земјава се евидентирани 18 пожари на отворен простор, од кои два сè уште се активни, четири се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, на локалитетот Стојанова Населба, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица, меѓу селата Ново и Старо Коњарево, каде што ...

Научниците за првпат имаа можност детално да ги набљудуваат огромните вртлози на површината на Сонцето, што го отвора патот за многу попрецизни предвидувања на сончевите бури кои директно влијаат врз нашата планета. Спектакуларното видео објавено на платформата X ја прикажува површината на Сонцето во резолуција без преседан. Истражувачите користеа еден од најмоќните сончеви телескопи во светот за да ги снимат овие фасцинантни сцени, кои би ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25