Овинението се однесува на инцидент од 1996 годна, кога кубанските сили соборија два авиона при што загинаа четири лица. Во тоа време Раул Кастро беше министер за одбрана. Обвинението Трамп го нарече „голем момент“, а кубанските власти го протолкуваа како знак за почеток на подготовка за одбрана од инвазија на САД Во САД е подигнато обвинение против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван ...

Трет ден по ред дрон со непознато потекло влезгува во латвискиот воздушен простор, по што властите во неколку региони прогласија воздушен тревога, а борбените авиони на НАТО беа подигнати поради растечките загрижености дека Русија се меша во украинските беспилотни летала и ги пренасочува кон територијата на НАТО, пишува „Киев индепендент“. Жителите на погодените области беа повикани да останат во затворен простор и да побараат засолниште во ...

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ на приемот во среда по повод годишнината рече дека референдумот за независност на 21 мај 2006 година бил голем, но само прв чекор кон изградба на држава, а со решителна политика, Црна Гора ги зајакнува темелите на независноста на сите полиња. Спајиќ рече дека државата не се прави силна по големината на нејзината територија, ниту по силата на нејзината армија, ниту по вештачкото единство, туку по ...

СДСМ се повлекува од Комисијата за финансирање и буџет, соопшти денеска лидерот на партијата Венко Филипче. Тој најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи задолжил друг пратеник да ја води Комисијата со која претседателствува Сања Лукаревска од СДСМ. – Нашата пратеничка група нема да учествува во ова брутално, секојдневно задолжување на земјата за огромни суми, стотици милиони евра, милијарди ...

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на фудбалери за претстојните пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и Турција. Македонија на 29 мај ќе гостува во Сараево, додека на 1 јуни ќе игра против Турција во Истанбул. На списокот се најдоа 27 фудбалери, а најголемо внимание привлекуваат дури петмина дебитанти кои за првпат добија повик во националниот тим. Станува збор за Дин Аломеровиќ од тимот ...

Француската полиција ја прошири својата истрага за сексуално насилство и злоупотреба во училиштата во Париз откако притворот на 16 вработени беше продолжен за време на испрашувањето. Осомничените, на возраст од 18 до 68 години, работеле во јавното основно училиште „Сен Доминик“ во 7-миот арондисман во Париз, а истражителите ги испрашуваат под сомнение за силување и друго насилно или несоодветно однесување кон деца. Јавното обвинителство во ...

„Мистеријата на обезглавената жена“ е романот од познатата белгиска писателка и новинарка Миријам Лероа што деновиве го објави издавачката куќа „Или-Или“. Како и претходниот роман од Лероа, „Црвените очи“, објавен во оваа издавачка куќа, и овој е во превод од француски јазик на Светлана Јовановска. -Приказната во „Мистеријата на обезглавената жена“ започнува од случајно откриенот гроб на жена по име Марина Шафров, на кој стои дека била ...

Во „Лабораториум“ на 21 мај, во 20:00 часот, во рамки на филмската програма на #ППЖ14 „Семејство, но поинаку“ ќе се прикаже филмот „Фантази“ (Fantasy), словенечко-македонска продукција од 2025 година, по сценарио и режија на Кукла. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Сара ал Салех, Алина Јухарт, Миа Скрбинац, Мина Миловановиќ. Продукцијата е на Децембер и Круг Филм. Приказната ги следи Михрије, Сина и Јасна кои се најдобри пријателки во ...

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека Соединетите Американски Држави се „подготвени за акција“ во очекување на развојот на настаните во разговорите меѓу САД и Иран. Хегсет објави објава од три збора на платформата „Икс“, „заклучени и натоварени“, осврнувајќи се на „подготвени за акција“, како коментар на видео од потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, кој на прес-конференцијата во Белата куќа изјави дека САД „нема да склучат ...

Две лица загинаа во експлозија на гас и пожар во станбена зграда во градот Лобња во Московската област, а тројца други се повредени, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации. Според руските власти, експлозија на гас се случила утрово во стан на 3-ти кат од повеќекатна зграда, по што избувнал пожар кој бил изгаснат, пренесува ТАСС. Евакуирани се 15 лица, меѓу кои и три деца. Според регионалниот оддел на руското Министерство за ...

Цените на нафтата паднаа под 107 долари на меѓународните пазари во среда, бидејќи инвеститорите беа уверени од пораките од Вашингтон за претстојниот крај на војната против Иран и веста за супертанкер што минува низ Ормускиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по цена од 4,44 долари пониска од претходното затворање, или 106,84 долари. На американскиот пазар, цената беше за 3,7 долари пониска, на 100,45 долари, објавува ...

Британската влада одложи дел од новите санкции за руската нафта во обид да ги заштити Британците од трошоците за живот погодени од практичното затворање на стратешки важниот Ормуски теснец во војната против Иран. Трговската лиценца што стапи на сила денес дозволува увоз на руска нафта што е преработена во авионско гориво и дизел во земји како Индија и Турција. Велика Британија објави во октомври дека ќе го забрани увозот на производи со такво ...

Австрија истражува две лица осомничени дека платиле големи суми пари за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево од 1992 до 1995 година. Осомничените се поврзани со таканаречениот случај „Сараевско сафари“, наводни организирани патувања од богати европски ловци кои, според истражителите, пукале во мажи, жени и деца од позициите на армијата на Република Српска над Сараево. „Идејата дека луѓето можеби платиле пари за намерно пукање ...

Делегација украински бизнисмени предводена од вицепремиерот на Украина задолжен за европски и евроатлантски интеграции, Тарас Качка, е во Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. За време на посетата на украинската делегација се очекува да биде потпишана заедничка изјава за продолжување на преговорите за Договор за слободна трговија меѓу владите на двете земји, објавува РТС. Украина е единствената земја во ...

Вознесение Христово, Ден на Спасителот или Спасовден — христијански подвижен празник кој се слави 40 дена по Велигден. Според христијанското учење, токму на четириесеттиот ден по воскресението, Исус Христос за последен пат им се јавил на своите ученици во Витанија, каде што им ја пренел пораката да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Светиот Дух. Потоа, пред нивните очи, се вознел на небото. Црквата го востановила празникот ...

Елон Маск би можел да стане првиот милијардер во историјата по очекуваното котирање на вселенската компанија SpaceX на берзата, објавуваат американските бизнис медиуми. Според проценките, пазарната вредност на „СпејсИкс“ за време на првичната јавна понуда (IPO), која се очекува во јуни, би можела да достигне помеѓу 1,75 и 2 трилиони долари, објави „Фигаро“. Богатството на Маск моментално се проценува на помеѓу 667 и 798 милијарди долари, ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Техеран ќе се спротивстави на секој обид да се принуди Иран да се предаде, нагласувајќи дека соработката со Техеран треба да се заснова на меѓусебно почитување. „Иран постојано ги почитува своите обврски и ги истражува сите можности за да избегне војна. Од наша страна, сите опции се сè уште отворени“, објави Пезешкијан на својот профил на платформата „Икс“, објави иранската државна ...

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Неапол во Италија утрово во 5:51 часот. Силниот земјотрес го почувствуваа жителите на Неапол и околните градови, објави агенцијата „Анса“. Досега не се пријавени штети на зградите. Според податоците од Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од три километри, 15 километри југозападно од Неапол, објави ...

Британската радио станица Каролина, која погрешно објави дека кралот Чарлс Трети починал, се извини за „секоја предизвикана вознемиреност“. „Радио Каролина“ во Есекс соопшти дека „компјутерска грешка“ во нејзиното главно студио довела до погрешното соопштение во вторник попладне, објави „Скај њуз“. Во објава на социјалните мрежи, менаџерот на станицата, Питер Мур, напиша: „Поради компјутерска грешка во нашето главно студио, протоколот за ...

Корисниците во делови од Ѓорче Петров и Петровец денеска во одредени периоди ќе бидат без електрична енергија. ЕВН Македонија АД информира дека во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 31,102 и 103 во Волково, во пштина Ѓорче Петров. Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Катланово, влез на Катланово и Регионалниот пат во општина Петровец. ИЗДВОЕНИ Македонската химна ...

Претставник на платформата со содржини за возрасни остро ги критикуваше креаторите на серијата „Еуфорија“ за експлицитна сцена со Сидни Свини и змијата, што предизвика бура од реакции на интернет во последните денови. Шестата епизода од третата сезона, насловена „Stand Still and See“, беше објавена за време на викендот и, како и многу други оваа сезона, предизвика бројни дискусии. Сцената во која ликот Кеси, игран од Свини, облечена само во ...

Џен Гомез, 42-годишна жена од Флорида, стана вирална на TikTok откако објави видео со совети за безбедност кога некој ќе ви провали во домот. Видеото има повеќе од 7,5 милиони прегледи и 1,2 милиони лајкови, а таа го припишува својот кредибилитет на тоа што е поранешен крадец која „со години провалувала во домовите на други луѓе“. Видеото започнува со нејзиното клучно предупредување: „Ако некој провали во вашата куќа преку ден, доаѓа по ...

Средината на мај носи моќен астролошки настан што ќе предизвика длабоки увиди и трансформативни разговори. Меркур, планетата на комуникацијата, во својот владејачки знак Близнаци ќе формира хармоничен тригон со ретроградниот Плутон во Водолија. Иако тригонот е поволен аспект, интензивната енергија на ретроградниот Плутон ќе донесе значајни предизвици, особено за четирите хороскопски знаци. Судир на интелект и длабочина Меркур во Близнаци е на ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг наводно забележал за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг минатата недела дека Владимир Путин еден ден можеби ќе зажали за инвазијата на Украина. Новите трендови на бојното поле сугерираат дека Си е во право, отворајќи нова можност за дипломатијата на Трамп да ја заврши војната, но со поинаков пристап од оној што го проба досега, објавува CNN. Путин се надевал дека 2026 ...

Според англиските медиуми, Арсенал сериозно ја разгледува можноста за доведување на Енцо Фернандез, кој моментално игра за градскиот ривал Челзи. Овој потег веднаш беше окарактеризиран како потенцијално „предавство“, со оглед на соперништвото меѓу двата лондонски гиганти. Фернандез го изгради својот статус како еден од клучните играчи во средниот ред на Челзи, што дополнително ја зголемува тежината на целата приказна. И покрај ова, Арсенал ...

Центарот на Милвоки, Мајлс Тарнер, привлече големо внимание во јавноста откако даде брутални коментари за судиите. Во текот на поткастот „Game Recognize Game“, тој ги спореди судиите од НБА со полицијата и тврдеше дека тие се заштитуваат едни со други, поради што играчите често страдаат. Судиите се како полиција. Ако се задевате со еден од нив, се задевате со сите нив. Тие се држат заедно. Како нема да добива тој фаули? И видов како се ...

Финските нуркачи ги пронајдоа телата на четири италијански нуркачи кои исчезнаа пред четири дена во подводни пештери на Малдивите. Трагедијата, во која загинаа вкупно пет Италијанци, вклучувајќи мајка и ќерка се смета за најлошата несреќа со нуркање во историјата на островската нација. Петте италијански нуркачи загинаа додека се обидуваа да ја истражат пештерата Тинвана Канду, позната и како Пештерата Ајкула, на длабочина од околу 50 метри. ...

Украинската тенисерка Олександра Олијникова повторно ја отвори политичката тема во светот на тенисот откако одби да се ракува со Јулија Путинцева по нивниот натпревар во квалификациите за ВТА 500 турнирот во Стразбур. Олијникова, која се наоѓа на 68. место на ВТА-листата, ја совлада Путинцева со 6:4, 6:4 и обезбеди пласман во главната жрепка, но вниманието на јавноста го привлече нејзиниот потег по мечот. Уште пред натпреварот најави дека ...

Двоен удар ја снајде шпанската репрезентација пред Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Лоши вести пристигнаа од Барселона – Ламин Јамал нема да може да игра на првите два натпревара од турнирот, а Фермин Лопез, според сите извештаи, ќе го пропушти целиот турнир. Првата ѕвезда на „црвената фурија“ и Барса, Ламин Јамал, нема да игра на два натпревари поради повреда на тетивата. Крилниот напаѓач нема да биде достапен за натпреварите ...

Вистинска лудост беше видена по квалификацискиот натпревар за Ролан Гарос помеѓу Педро Мартинес и јапонскиот тенисер Реи Сакамото. Шпанецот славеше со резултат од 6:2, 7:5, но по последниот поен дојде до жесток судир на мрежата. Наместо вообичаеното ракување, двајцата тенисери влегоа во сериозна вербална расправија која многу брзо се закани да прерасне во физичка пресметка. Мартинес, според пишувањата на повеќето странски медиуми, дури и го ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
4.75
50%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
1.79
49%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.19
39%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.55
64%
1018
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
8.91
49%
1016
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.45
43%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.36
48%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
3.73
58%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.68
39%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.92
91%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 20ᴼ
2.68
38%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
6.72
48%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Иридиум

253540.09

Паладиум

39545.42

Калај

51.97

Алуминиум

3.48

Цинк

0.00

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Сребро

2072.63

Родиум

257205.97

Платина

53756.05

Злато

131337.93

Кобалт

45.39