Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, бројот на бактерии е значително намален, но водата се уште не е подобна за употреба како вода за пиење и останува забраната за нејзино пиење и готвење, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, кој воедно е и шеф на Кризниот штаб формиран од Владата. Според него, водата може да користи како техничка вода, но Агенцијата за храна и ...

Годишната стапка на инфлација во Грција се забавува на 3,4 проценти во јули, што е најниско ниво за пет месеци, покажаа денес податоците од Грчкиот статистички завод (ЕЛСТАТ). Најголемиот фактор за забавување на инфлацијата беше благиот пораст на цените на домувањето и комуналните услуги, кои се зголемија за 8,8 проценти на годишно ниво, во споредба со 10,6 проценти во јуни. Цените на храната и безалкохолните пијалоци, исто така, значително ...

Пентагон во петокот објави нова серија документи и слики поврзани со НЛО, познати и како неидентификувани аномални феномени или UAP, вклучувајќи го и сеќавањето на воен пилот за огромен, чуден триаголник што ги блокирал ѕвездите над Авганистан во 2002 година. Четириесет и една нови датотеки, објавени на веб-страницата на Пентагон за НЛО, вклучуваат мешавина од документи, слики и видеа. 🚨🇺🇸 The Pentagon just dumped 41 more UFO files, its ...

Седмата рунда разговори меѓу Израел и Либан, одржани во Рим со посредство на САД, не успеа да донесе конечен договор за проширување на областа на спроведување на договорот, бидејќи Израел одби да се повлече од новата зона во јужен Либан и побара дополнителни проверки на контролата на либанската армија врз областите за кои веќе е договорено. Според извор во либанското претседателство, Либан инсистираше на преместување во новите области, додека ...

Федерален апелационен суд на САД ѝ наложи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја запре изградбата на балска сала вредна 400 милиони долари на местото на срушеното Источно крило на Белата куќа, задавајќи му голем удар во случај што го тестираше неговиот авторитет, објавува „Ројтерс“. Апелациониот суд за округот Колумбија со седиште во Вашингтон, со поделени гласови 2-1, ја потврди прелиминарната забрана издадена на барање на ...

Италија нема да ги укине контролите врз Шпанија и покрај барањата на Мадрид, бидејќи европските земји се соочуваат со нови последици од мигрантската криза. Италија денес објави дека нема да попушти пред „ултиматумите“ на Шпанија и дека ќе ги задржи граничните контроли за патниците што доаѓаат од таа земја барем до 15 август. Шпанија претходно денес се закани дека ќе воведе реципрочни мерки за патниците од Италија ако Рим не ги укине ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски слета на аеродромот „Никола Тесла“ кратко пред 18:00 часот. Зеленски утре ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Ова е негова прва посета на Србија откако стана претседател на Украина, пренесуваат српските медиуми. Двајцата лидери имаа неколку претходни средби на меѓународни форуми и самити во странство. Причината за неговата посета сè уште не е позната. Посетата на Зеленски на ...

Цел август и половина од септември термините за прегледи за спортска медицина во двете установи во Скопје, во Здравствениот дом и на Институтот за медицинска физиологија, се зафатени, па многу од родителите се принудени да одат на приватно. Со почнувањето на спортските тренинзи, учениците задолжително ги прават прегледите два пати во годината, на секои шест месеци. Слично како кај задолжителните систематски прегледи, се мерат висината и ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 18 часот на територијата на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои четири се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати. Активни пожари има во Општина Новаци – с. Гнеотино, м.в. Ергела (ниска вегетација); Општина Долнени – с. Ропотово и с. Бело Поле (стрниште); Општина Струмица – излезот од с. Сачево кон с. Муртино (стрниште и ниска вегетација); Општина ...

Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени по пад од тобоган. Тој е опериран и е во стабилна состојба. По барање на неговите родители, а со одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство, денеска за Турција ќе полета владиниот авион со лекари од Клиничкиот центар. Од Министерството за здравство информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување ...

Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот. Комплексот Envision Galaxy Campus, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија Envision Group вели дека е најголемиот единствен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објавува „Глобал ...

Меѓународните превозници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора најавуваат радикални чекори и блокирање гранични премини откако Европската комисија целосно го изигнорира крајниот рок до 10 август 2026 година, кој транспортните здруженија го поставија за изнаоѓање конкретно решение и укинување на рестриктивниот престој за професионалните возачи во Шенген-зоната. Претседателот на Српското здружение за меѓународен транспорт, Неѓо ...

Италија и поголемиот дел од Европа се погодени од долготраен топлотен бран, а метеоролозите предупредуваат дека не се очекува значително заладување барем до 18 август. Според порталот „iLMeteo.it“, африканскиот антициклон ќе продолжи да доминира во времето, додека најавеното освежување околу 19 август би можело да биде само краткотрајно. Иако предупредувањето за топлина ќе биде намалено од црвена на жолта утре во неколку градови на северот од ...

ешавањето на растечкиот број на отсутни војници без принуда треба да биде прв приоритет на реформата на мобилизацијата во Украина, изјави поранешниот министер за одбрана Михајло Федоров за време на пренос во живо Федоров рече дека повеќе од 200.000 воени лица во моментов се наведени како отсутни без принуда, нарекувајќи го тоа еден од најсериозните предизвици за воениот персонал во земјата. Федоров го наведе огромниот број Украинци барани за ...

Унгарскиот премиер Маѓар во објава на „Фејсбук“ изјави дека се очекува нивото на водата во Дунав, која се користи за ладење на централата, да се зголеми за повеќе од 20 сантиметри во наредните денови, но дека не се прогнозираат врнежи во блиска иднина, па затоа се очекува зголемувањето на нивото на водата да биде привремено, пренесува МТИ. Тој додаде дека една турбина, од вкупно осум во нуклеарната централа Пакш, продолжува да работи. Според ...

Министерството за спорт е главен покровител на 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“ што ќе се оддржи од12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“. Струшкиот турнир кој е една од од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, се одржува во организација на РК Струга, со поддршка од Ракометната федерација на Македонија. На денешната прес-конференција во најава на турнирот, ...

Долгите редици на безбедносните контролни пунктови ги поттикнуваат големите европски аеродроми да го деактивираат Европскиот систем за влез/излез (EES) кога доцнењата на летовите поради голем број патници стануваат предолги, пишува италијанскиот бизнис весник „Il sole venti quatro ore“. Според податоците од бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници на аеродромите и предизвикува долги редици, особено во ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, потпиша две нови извршни наредби со кои дополнително се ограничува правото на автоматско стекнување американско државјанство за деца родени на територијата на САД. Една од наредбите предвидува дека државјанството нема автоматски да им се признава на одредени деца чии родители не се американски државјани, меѓу кои се децата на вработени во странски влади, како и на лица кои ...

Трошоците за производство растат, а приносите од земјоделските култури паѓаат. Површините под пченица и пченка на глобално ниво веќе беа намалени во текот на првите три месеци од војната со Иран, додека некои американски производители се префрлија на одгледување соја, која бара помалку ѓубриво. Австралија, еден од најголемите светски извозници на земјоделски производи, оценува дека би можело да падне производството на зимски култури за 21 ...

Едно од најпрепознатливите места во срцето на градот, podnata фонтана која со години ги привлекуваше погледите на скопјани, гостите и туристите, а која поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа, наскоро повторно ќе блесне во полн сјај. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски објави на Фејсбук дека се прави темелно и трајно решение. Појасни дека станува збор за комплексен систем со специјализирана опрема произведена во Германија и ...

Општина Карпош продолжува со реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија. -Во изминатиот период се работеше во УЗ „Нерези“, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче доби нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се заменија ...

Ученик на 14-годишна возраст прво ги убил своите баба и дедо, па уште шест лица во училиште во Бангкок, по што се самоубил. Полицијата соопшти дека ова е најсмртоносното масовно убиство во Тајланд од 2022 година. Полицијата објави дека напаѓачот испукал најмалку 26 куршуми во училиштето и дека кај него биле пронајдени уште 34 парчиња муниција. Пиштолот му припаѓал на неговиот дедо. Портпаролот на тајландската полиција, Траиронг Фофан, рече ...

Покрај Супер Ел Нињо кој се засилува во Тихиот Океан и носи топлински бранови на Северната хемисфера, научниците почнаа да следат уште еден феномен што би можел да ги промени прогнозите за зимата. Станува збор за позитивната фаза на диполот на Индискиот Океан (IOD) – феномен за време на кој западниот дел од Индискиот Океан е потопол од просекот, а источниот дел е постуден, пишува Severe Weather Europe (SWE). Тие предвидуваат дека овој феномен ...

Грчките власти извршија повеќе од 1.500 инспекции на повеќе од 300 плажи и околу 450 бизниси низ целата земја, како дел од зголемените контроли за спроведување на новата законска рамка за заштита на крајбрежјето и слободен пристап до плажите за граѓаните. Грчкото Министерство за национална економија и финансии објави дека, покрај теренските инспекции, во контролите се користат дронови и други модерни технологии, кои овозможуваат побрзо ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигнува во Белград утре, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, потсетувајќи дека посетата е планирана долго време, но е одложена. „Според дипломатски извори, во Киев постои лоби кое категорично ја отфрла посетата на Зеленски на русофилската балканска држава“, пишува весникот, а пренесе „Дојче веле“. Посетата се смета за „првенствено политички сигнал“, иако официјално најмногу ќе се фокусира на ...

Триесет и четиригодишен скопјанец е приведен откако под дејство на речиси четири пати повеќе алкохол од дозволеното предизвика сообраќајна незгода во центарот на градот, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил вчера попладне, околу 15:10 часот, на улицата „Пролет“ во Скопје. Според информациите од полицијата, И.А.Л. (34) управувал патничко моторно возило „матиз“ со скопски регистарски таблички и удрил во патничко ...

Скопската полиција презема мерки за расчистување на разбојништво што се случило во општина Центар, при кое 35-годишен скопјанец останал без парите што штотуку ги подигнал од банкомат. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 6 август во 18:00 часот. С.С. (35) од Скопје изјавил дека околу 17:00 часот побарал помош од непознат маж за да подигне пари од банкомат. Откако успеале да ги подигнат ...

Крајно загрижувачкото историско намалување на бројот на запишани првачиња во земјава е најдиректна последица на големото намалување на наталитетот предизвикано од големото иселување и од други фактори. Ваквите негативни процеси се присутни со години, а сега само кулминираат, при што нема да биде изненадување доколку сега предвидениот број за 3.000 првачиња помалку во септември во следните години биде уште поголем. Пописот на населението од ...

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод одбележувањето 35 години од независноста на Република Македонија, на 9 август премиерно ќе биде изведен на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Овој спектакл, кој ги обединува музиката, глумата и танцот и во кој ќе учествуваат познати македонски музички изведувачи, актери и танчари, ќе ја раскаже приказната за три и полдецениската независност низ најзначајните историски моменти, ...

Исклучително значаен пример на византиската мозаична уметност, иконата „Исус Христос на престол“ од 14 век, која е дел од богатата збирка на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, денеска за првпат беше претставена пред македонската јавност, во рамките на одбележувањето на 75 години од организираната музејска дејност во градот. Според кустосот Катерина Велкоска, се работи за единствената зачувана мозаична икона од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53