Екстремен топлотен бран продолжува да ја погодува централна и источна Европа, при што неколку земји уриваат температурни рекорди, додека сушите и високите температури предизвикаа енергетски проблеми и го зголемија ризикот од шумски пожари, објавува Гардијан. Словачка, Австрија и Унгарија регистрираа рекордни температури. Словачката хидрометеоролошка агенција соопшти дека вчера во Долне Плахтинце биле измерени рекордни 42 степени Целзиусови. ...
Европските берзи ја завршуваат неделата во плус, поддржани од силните корпоративни резултати и растот на технолошките и фармацевтските компании, додека инвеститорите го очекуваат клучниот извештај за вработеноста во САД. Паневропскиот STOXX 600 денеска порасна за околу 0,2 проценти, а на неделно ниво добивката достигна 1,6 проценти. Индексот претходно во текот на неделата достигна и нови рекордни нивоа. Оптимизмот во Европа во голем дел го ...
Западна Европа ги регистрираше најтоплите јуни и јули откако постојат мерењата, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови. Оваа вредност е за 2,79 степени повисока во споредба со просекот за периодот од 1991 до 2020 година, соопшти одделот за климатски промени на европската програма „Коперник“. Ваквите рекордни температури се последица на невообичаено долгиот период на високи температури кој започна уште при крајот на пролетта. Во ...

