Во големите градови на Дунав и во неговата близина, како што се Будимпешта во Унгарија и Букурешт во Романија, се спроведуваат редукции на јавното осветлување поради рекордно ниските водостои и неможноста на нуклеарните централи да ги ладат своите реактори. Романската влада прогласи вонредна состојба за целиот месец август. Освен во Букурешт, и во голем број други градови е намалено осветлувањето на улиците, фабриките, црквите и другите ...

Една писта на лондонскиот аеродром „Хитроу“ е привремено затворена поради пожар на тревна површина, што предизвика доцнење на летовите. Според извештаите на британските медиуми, некои полетувања се привремено стопирани, а фотографиите направени од патници од терминалот прикажуваат густ чад што се издига во близина на пистата. Патник објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа облак од чад во близина на пистата, додека патниците ...

Територијата на Македонија останува да биде под влијание на многу топлиот бран од југ, односно од Африка. Времето останува многу топло и сончево со појава на умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за поретка појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето останува многу топло и сончево, со појава на умерена локална облачност. Во ...

Се очекува голем и силен тајфун да ги зафати јужните јапонски региони Окинава и Амами. Како што пренесе NHK, властите ги повикаа жителите во овие области да бидат во состојба на висока готовност поради силните ветрови – кои би можеле да надминат брзина од 200 километри на час – и обилните врнежи во текот на наредните денови. Јапонските метеоролози наведуваат дека, според состојбата денес во 14:00 часот, тајфунот „Долфин“ се наоѓал на 180 ...

Сообраќајна несреќа во која учествувал трамвај во западниот германски град Гелзенкирхен во четврток повреди 25 лица, од кои 10 сериозно. Како се случил судирот Полицијата соопшти дека трамвај што се користел за обука одеднаш застанал во центарот на градот во близина на арената Велтинс. Трамвајот зад него, кој превезувал патници, се судрил со „запрен или бавно движечки“ трамвај, објасни портпаролката на полицијата. „Според моменталната ...

Западот не сака да ѝ испорача оружје на Украина, јавуваат американските медиуми. Според извештаите, Украина се соочува со најинтензивните руски ракетни напади од почетокот на конфликтот, но нејзините барања до западните партнери за испорака на оружје остануваат без одговор. Количината на ракети за противвоздушна одбрана што Западот му ги испорачува на Киев е намалена на една третина од минатогодишното ниво. – Барањата веќе не вродуваат со ...

Александар Секулиќ и официјално е нов тренер на Барселона откако потпиша договор со неа до јуни 2028 година. На својата промоција, словенечкиот стратег истакна дека презема огромна одговорност, но и дека е подготвен за предизвикот. Голема чест ми е што сум тука. Благодарен сум им на Жоан Лапорта и на управата за довербата. Барселона е еден од најголемите клубови во Европа и сакам да станам дел од нејзината култура – изјави Секулиќ. Тој откри ...

Хаската Ева стана ѕвезда на шармантно видео од плажа во кое таа тврдоглаво одбива да си оди дома. Иако надвор било жешко, а песокот премногу жежок за нејзините шепи, Ева реши да организира протест на свој драматичен начин. Видеото започнува со натписот: „Кучињата не се дозволени на плажа, па таа започна „протест“.“ На него Ева се гледа како мирно лежи на низок ѕид, свртена кон океанот. Кога нејзината сопственичка нежно ја влече со поводникот ...

На 23 август навршуваат шест месеци откако поранешниот вицепремиер Артан Груби се појави во државата, по едногодишно бегство. Сепак до неодамна тој сѐ уште не беше сослушан како осомничен во случајот „Лотарија”, а од обвинителството сега не откриваат дали конечно бил спроведен во обвинителството на распит. -Јавниот обвинител постапува во предметот имајќи ги предвид законските рокови и определените мерки за обезбедување. По донесување ...

Големата британска пресметка меѓу британските боксери Ентони Џошуа и Тајсон Фјури, можеби, нема да се одржи во Велика Британија. Според „Бокс сцена“, сè поверојатно е дека ќе биде преместена борбата во Њујорк откако преговорите за нејзино организирање на стадионот „Вембли“ се најдоа во ќор-сокак. Според изданието, разговорите за одржување на борбата во Лондон се водат веќе неколку месеци. Во нив активно учествувал и претседателот на ...

Светскиот тениски рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер, итно закажа преглед на клиника во Милано и принудно го врати својот лекар во ординацијата. На почетокот немаше информации дали станува збор за нешто вонредно или за рутински преглед, но тоа предизвикува загриженост меѓу неговите обожаватели поради фактот што има помалку од еден месец до почетокот на Отвореното првенство на САД и тоа што тој веќе имаше значителни здравствени проблеми ...

Украина објави дека погодила две рафинерии за нафта длабоко на руска територија во серија напади. Истовремено, во руските напади врз украинските градови загинаа најмалку 11 лица, а градот Херсон на југот на земјата остана без струја. Цел на украинските напади биле и бродови во Црното Море, пишува Би-би-си. Напади врз руската енергетика Претседателот Володимир Зеленски изјави дека биле погодени рафинериите „Башнефт-Новоил“ и „Славнефт-Јанос“. ...

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година. Според Институтот, заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. „Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, ...

Иран и Оман договорија рамка за повторно отворање на Ормускиот теснец – со важност од 60 дена – чија цел е обновување на поморскиот сообраќај и истовремено започнување технички разговори за трајно решение во тој период, изјави денеска висок функционер запознаен со случајот. Функционерот, кој сакаше да остане анонимен, изјави за „Ал Арабија“ дека договорот постигнат за повторно отворање на Ормускиот теснец би можел да биде објавен во рок од ...

Литванскиот министер за одбрана, Робертас Каунас предупреди дека Русија можеби подготвува можни провокации од типот „лажно знаме“ против членките на НАТО во балтичкиот регион. Изразот „лажно знаме“ се однесува на напад или инцидент што подоцна ќе му биде припишан на некој друг, а не на вистинскиот извршител. Каунас изјави дека нема конкретни информации за тајмингот на евентуални руски активности, но истакна дека литванските власти внимателно ...

Четири поранешни студентки на Колеџот на Британската армија во Харогејт изјавија за Би-би-си дека, додека биле малолетни, биле изложени на сексуално вознемирување и сексуална злоупотреба, при што една од нив наведе дека била силувана. Во меѓувреме, Британската армија соопшти дека наводите се крајно сериозни и оти за такво однесување нема место во вооружените сили, додека податоците од Министерството за одбрана и полицијата укажуваат на ...

Потрагата по новиот Џејмс Бонд влегува во својата последна фаза, а според продуцентката Ејми Паскал, наследникот на Даниел Крег треба да биде објавен до крајот на оваа година. Иако засега не се знае многу за 26-от филм во познатата франшиза, потврдено е дека ќе го режира Денис Вилнев, авторот на филмовите „Дина“ и „Блејд Ранер 2049“, додека сценариото ќе го напише Стивен Најт, креаторот на популарната серија „Пики Блајндерс“. Официјалниот ...

Еден билет, цела Европа, илјадници железнички линии и целосна слобода за менување на плановите по патот. Токму вака изгледа Интерреил (Interrail)– еден од најпопуларните начини за истражување на Европа, кој со децении привлекува патници кои бараат авантура, како и оние кои сакаат да патуваат поекономично и без стрес. За разлика од класичното патување со авион, каде што секоја дестинација е однапред детално испланирана, Интерреил нуди сосема ...

Војните во Иран, Украина и Ел Нињо создаваат совршена бура, предупредува главниот економист на ОН Светот е на работ на нов бран на зголемување на цените на храната, бидејќи војните во Иран и Украина, во комбинација со климатскиот феномен Ел Нињо, создаваат совршена бура од зголемување на трошоците за производство и намалување на приносите на земјоделските култури, изјави главниот економист на Организацијата за храна и земјоделство на ...

Непоколебливиот борец за нуклеарно разоружување, 92-годишната Сецуко, сè уште патува низ светот, зборува за своето искуство и ги предупредува луѓето за ужасната штета што ја предизвикува нуклеарното оружје. До светот во кој има најмалку 70.000 парчиња нуклеарно оружје, јапонските политичари испратија порака за негово укинување. Но, овие пораки доаѓаат во време кога се подготвува јапонската Влада да ги ревидира клучните документи за национална ...

Нафтената дамка од насуканиот танкер „Caroline Bezengi“ во близина на брегот на Оман се проширила на околу 150 квадратни километри, покажуваат сателитски снимки анализирани од еколошки експерти. Загадувањето веќе зафатило делови од заштитено подрачје во Арапското Море, каде живеат загрозени видови птици и реткиот арапски грбав кит. Се проценува дека танкерот превезувал повеќе од 800.000 барели сурова нафта. Еколошките организации ...

Словенечката влада планира да ги укине бесплатните курсеви по словенечки јазик за странци. Словенечкото Министерство за внатрешни работи подготвува измени на Законот за странци, со кои се предвидува дека курсевите по словенечки јазик за државјани на трети земји повеќе нема да бидат бесплатни, туку ќе бидат кофинансирани со 70 проценти, а се очекува и да се укине можноста за полагање бесплатен еднократен тест за познавање на словенечкиот ...

Германски државјанин е приведен откако со дрон снимал армиска караула во струшкото село Радожда, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, вчера околу 14:30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода А.С. (56) од Германија, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво според член 350 од Кривичниот законик. ...

Шокантно и најголемо во историјата на земјава намалување на бројот на запишани првачиња во основните училишта најави денеска македонската министерка за образование, Весна Јаневска. За најмалку 3.000 првачиња ќе биде помал бројот на нови првоодделенци што ќе го почнат своето образование во претстојната учебна година, која ќе почне во септември. Тоа е најголемо и најдрастично намалување на бројот на нови првачиња, процес што е интензивиран во ...

Иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад ја вознемири грчката заедница во Србија и отвори дебата за симболиката на проектот. Предлогот на Македонскиот национален совет во Србија е да биде поставен споменикот по повод 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, како траен белег на нивните присуство, традиција и културно наследство. Идејното решение предвидува бронзена фигура на жена во традиционална ...

Шефот на водечкиот руски производител на дронови е сериозно повреден во експлозија на автомобил-бомба во близина на Екатеринбург, во она што се чини дека е најновиот во серијата обиди за атентат насочен кон луѓе поврзани со војната во Украина. Владимир Ткачук, основач на приватниот производител на дронови „Уралдронзавод“, познат како „крал на дроновите“, беше итно префрлен во болница во среда, 6 август, откако експлодираше бомба поставена под ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли медиумските наводи дека се намалени резервите на оружје на американската армија, тврдејќи дека Пентагон располага со големи резерви муниција и дека дополнително се зголемува производството. Тој ги обвини за предавство луѓето што одаваат доверливи информации и најави нивно кривично гонење. – Се трага по оние што одаваат предавнички информации – напиша Трамп, додавајќи дека ќе бидат побарани ...

Голема радост во семејството на омилената водителка и пејачка пред скорешниот настап на нашиот фестивал. “Во Охрид сум била безброј пати, уште од училишните екскурзии, во времето на Југославија. Легендарниот менаџер Велибор Џаровски-Џаро често знаеше на шега да ми каже: „Ќе те фрлам вo Eзеро“! Една година летував во Охрид со моите ќеркички, кога беа уште мали. И ден-денес, тие се сеќаваат на македонските зборови „благодарам“ и „како се ...

Македонските аеродроми бележат најбрз раст на бројот на патници во регионот, покажуваат податоците на операторот на двата меѓународни аеродроми и на Министерството за транспорт, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, позитивните показатели се потврдени и во анализите на Светската банка, каде што се нотира напредок и во туристичкиот сектор. – Она што охрабрува се податоците што ги пренесе операторот на двата меѓународни аеродроми, а ...

Со грант од Европската Унија од 149 милиони евра ќе се гради третата делница од железничката пруга кон Бугарија. Проектот опфаќа изградба на 22 километри пруга од Крива Паланка до Деве Баир и прекуграничен железнички тунел како дел од Коридорот 8. Покрај грантот, обезбедени се и 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а премиерот Христијан Мицкоски изјави дека проектот е ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53