Општина Чаир, во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, спроведува проширена акција за чистење и уредување на јавните површини за празникот Курбан бајрам. Од Општината информираат дека, екипи од терен, заедно со сезонски работници, се ангажирани во чистење на улици, тротоари и јавни простори во различни населби, со цел обезбедување почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот. Во рамки на акцијата биле ...

Со многу ентузијазам, тимска работа и дружба, учениците од „Кју-ес-ај“, Интернационално училиште Скопје, ја реализираа иницијативата „Ученици во служба на заедницата“, во рамки на програмата „Недела на учење надвор од училницата“. Во соработка со Општина Карпош, детските градинки „Мајски цвет“ и „Пролет“ и ООУ „Лазо Трповски“, учениците учествуваа во активности за разубавување на просторот при што садеа нискоџбунести растенија, бојадисуваа ...

– Се донесоа интервентни одлуки и мерки што треба да се прави веднаш, се дадоа и налози како ќе се постапува понатаму, па во наредните денови ќе има разрешница. Најбитно е што ние се потрудивме, како експерти, да ги дадеме најдобрите совети за да се санира состојбата и за да немаме проширување на тој проблем на соседните објекти, од што и најмногу стравуваме – објасни деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски Општина Центар веќе ...

Јавното претпријатие „Лајка“, на 5, 6 и 7 јуни 2026 година, ќе организира тридневен едукативен настан посветен на задомувањето, одговорното сопствеништво, едукацијата и заедништвото помеѓу граѓаните и животните. За 5 јуни е предвидена четиричасовна панел- дискусија, а ќе се обработуваат четири различни теми. Директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, информираше дека ќе има учесници од Македонија, и тоа од образовните институции и од ...

Почнаа градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Речиште“ во Драчево, заедно со нејзините споредни краци. Со овој капитален проект, кој опфаќа вкупна должина од 3,4 километри, Општина Кисела Вода обезбедува долгорочно решение и сигурна и современа патна инфраструктура за жителите од овој дел на општина Кисела Вода. Од Општина Кисела Вода објаснија дека градежните работи на терен ќе се одвиваат фазно, при што најпрво ќе се ...

Во исклучително емотивна и свечена атмосфера, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Град Скопје,Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Центар,Горан Герасимовски, присуствуваa на одбележувањето на матурската и полуматурската прослава на штитениците од Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“. Од Град Скопје информираа дека по тој повод, биле испратени ...

Израелската армија денес објави дека го убила новиот водач на вооруженото крило на палестинското движење Хамас, неколку дена откако неговиот претходник загинал во сличен напад. Најмалку три Палестинци се убиени, а десетици се повредени во големиот напад во вторникот, кој погодил станбена зграда во една од најпрометните пазарни области во Газа Сити, соопштија локални медицински лица и сведоци. Војската соопшти дека командантот Мохамад Одех е ...

Голем дел од Европа се соочува со невообичаено интензивен топлотен бран што метеоролозите го опишуваат како „целосно без преседан“, при што температурите во делови од Франција и Велика Британија достигнуваат речиси 40 степени Целзиусови. Метеорологот во Метео-Франс, Адриен Варнан, рече дека сегашниот топлотен бран е „целосно без преседан и историски“. Температурите достигнаа 39 степени Целзиусови во делови од Франција во вторник, додека ...

седумдесет и седумгодишна Србинка е пронајдена мртва на позната плажа на Халкидики. Несреќната жена е однесена со амбулантно возило во Здравствениот центар Касандра, каде што е констатирана смрт. Крајбрежната стража издаде соопштение во врска со случајот. „Денес во утринските часови, Пристанишната управа на Неа Мудања беше известена дека 77-годишна странска жена (српска државјанка) е извлечена во несвест од морскиот дел на плажата „ХАНИОТИС“, ...

Да градиме цврсти мостови на пријателство, доверба и соработка Во свет кој се соочува со бројни економски и глобални предизвици, соработката не е избор – таа е неопходност. А токму платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа претставува пример како преку дијалог, почит и заедничка визија може да се создаваат нови можности за сите, порача вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ од ...

Навреди, конфронтации и чувство дека пратениците повеќе работат за партиите отколку за граѓаните, вака јавноста го перципира Собранието, кое доби просечна оценка 2,7 на скалата од 1 до 5 во најновото истражување за перцепцијата на Парламентот. Истражувањето на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје покажува дека, иако има мало подобрување во однос на претходните години, граѓаните и натаму имаат умерено ниско ниво на доверба и ...

Трагедијата што се случи на 3 март, кога во Скопје животот го загубија мајката Ивана Јовановска и ќерката Катја, по пад од зграда, не само што ја отвори најтешката тема во јавноста – семејното насилство и прашањето дали институциите реагираат навреме или само интервенираат кога е веќе предоцна туку и, на некој начин, како да ги освести жртвите да го пријавуваат насилството во домот. Податоците од МВР за периодот што следува, покажуваат ...

Додека во земјава власта и опозицијата разменуваат обвинувања и не успеваат да постигнат поширок политички консензус околу стратешките интереси и националните прашања, официјална Софија влегува во засилена дипломатска офанзива на европската сцена. Во услови кога македонските евроинтеграции повторно се заглавени во политички и идентитетски спор, Бугарија се обидува дополнително да ги зацврсти своите позиции преку директни средби со клучните ...

Во првите три месеци од годинава, населението во земјава се намалило за 1.962 лица, а за последните три години 14.500 луѓе, велат најновите алармантни статистички податоци за бројот на населението во Македонија. Бројките кои денеска ги соопштија ДЗС и „Евростат“ покажуваат дека продолжува трендот од минатите години со интензивно намалување на бројот на населението. Ова веќе предизвика сериозна загриженост кај државните власти, а вчера и ...

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски изјави дека укинувањето на роамингот меѓу Европската Унија и Западен Балкан зависи од динамиката на процесите во ЕУ, а не од земјите од регионот. Тој посочи дека оптимистичко сценарио е граѓаните да добијат можност за бесплатен роаминг од 1 јануари 2027 година, иако роковите целосно зависат од Европската Унија. – Едно оптимистичко сценарио е дека до крајот на годината би ја имале оваа ...

Еден од најголемите оперски пејачи на сите времиња, шпанскиот тенор Хозе Карерас, на 1 септември ќе пее на Градскиот плоштад во Скопје, по повод 35 години независност на Македонија. На концертот ќе настапи и Македонија „ол стар“: Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Калиопи, Наум Петрески, Сузана Спасовска и Игор и Ана Дурловски. Владината портпаролка, Марија Митева, денеска, на прес-конференција, посочи дека, како Влада, се подготвуваат за ...

Новиот дом на Националниот џез-оркестар, во рамките на објектот на Националната опера и балет, го добива својот конечен изглед. Во тек е втората фаза од градежните активности за завршување на просториите во кои ќе функционира овој оркестар. – Во 2023 година, преку проектантското студио „Мегарон инженеринг“, е направен проект за целосна обнова на овој објект, кој потпаѓа под Македонската опера и балет. Тогаш се одвоени некаде околу 10 милиони ...

– Претставите настануваат како два самостојни репертоарни наслови, но и како диптих што ги поврзува класичната трагедија и современиот театар преку истиот мит за страста, вината и деструктивната љубов. „Федра“ на Расин зборува за свет на силни морални и општествени норми, додека Сара Кејн прикажува време во кое исчезнале авторитетите, смислата и надежта. Поставувајќи ги овие две драми заедно, сакам да отворам дијалог меѓу епохите и да покажам ...

„Дехуманизација: Истражување на кревкоста на човештвото“ е насловот на изложбата на академскиот уметник Милан Андов која ќе се отвори на 28 мај, во 20:00 ч., во мултимедијалниот центар „Мала станица“. На отворањето ќе присуствува директорот на Националната галерија, г. Али Синани, за творештвото на авторот ќе зборува Александра Зиновски-Вилиќ, куратор на изложбата, а за отворена ќе ја прогласи Маја Крстевска, виш кустос и програмски ...

Денеска, верниците од муслиманска вероисповед го слават Курбан бајрам, еден од најголемите муслимански празници, кој ги обединува верниците во духот на солидарноста, хуманоста и меѓусебната почит. Празникот, кој симболизира жртва, вера и помагање на ближниот, традиционално се одбележува со молитви, семејни собири и дарување на оние на кои помошта им е најпотребна. Во домовите се чувствува празнична атмосфера, а пораките за мир, здравје и ...

Времето утре според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде ...

Американската вселенска агенција НАСА објави детали за својот план за изградба на постојана база на Месечината. НАСА планира да испрати роботски вселенски летала и специјални возила на Месечината, а една од компаниите избрани за развој на системот е „Блу Ориџин“, основана од милијардерот Џеф Безос. САД сакаат да вратат американски астронаути на Месечината пред да заврши мандатот на претседателот Доналд Трамп во 2029 година. Во исто време, ...

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, кој е во официјална посета на Кина, објави видео на својот Инстаграм профил со хуманоидни роботи кои играат „Моравец“, најавувајќи дека првата фабрика на овие роботи ќе се отвори во Србија за само неколку месеци. „Во Кина много од тоа е можно, па дури и роботите да играат „Моравец“, во што и самите се уверивме“, рече министерот за финансии Синиша Мали во својата објава, кој беше во посета на ...

Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3.380 и е намален за 4.1 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Негативен природен прираст е забележан во 66 општини во земјава. Во соопштението се наведува дека бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 процент во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5.342 ...

Медиумите кои важат за блиски до таборот на каталонскиот гигант Барселона открија дека раководните лица без многу размислување ја одбиле понудата да потпишат договор до португалскиот интернационалец Бернардо Силва и со репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ. Истиот извор додава дека договор не е постигнат поради нивното барање да имаат плата помеѓу 8 и 10 мил. евра. ИЗДВОЕНИ Статистика: Во првото тримесечје природниот прираст е ...

„Горчлив Божиќ“ – најновиот филм на познатиот шпански режисер Педро Алмодовар од 28 мај македонската публика ќе може да го погледне во нашите кина. Филмот својата меѓународна премиера ја имаше во натпреварувачката програма на Канскиот филмски фестивал, каде се врати по шест години. Снимен во Мадрид и во живописниот Ланзароте, „Горчлив Божиќ“ ги спојува Барбара Лени и Леонардо Сбарала во главните улоги, како и Аитана Санчез-Хихон, Милена Смит, ...

Неколку лица загинаа, а повеќе се тешко повредени во пожар што избувнал во фабрика во сојузната држава Вашингтон во САД, откако пукнал резервоар со 300.000 литри хемикалија. Точниот број на жртви засега не е објавен. Итните служби во Лонгвју интервенирале, а засега не е објавено каков точно хемиски раствор имало во резервоарот. Командантот на противпожарната и спасувачка служба на „Cowlitz“, Скот Голдстајн, изјавил дека најмалку 10 лица се ...

Рафиња пристигна во Барселона во летото 2022 година од Лидс за 60 милиони евра и се покажа како одличен потег бидејќи стана еден од клучните играчи на каталонскиот клуб. Сепак, во секој преоден рок има шпекулации дека Рафиња би можел да ја напушти Барселона, и покрај фактот што тој тврди дека е многу среќен на „Ноу Камп“ и сака да остане што е можно подолго. Како што се приближува летниот преоден рок, гласините дека Рафиња заминува повторно ...

Утрово во 9:51 часот сеизмографите на Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар на 8 километри од Петриња. Магнитудата на земјотресот била 3,7 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на V степени од ЕМС скалата. Според првите информации на ЕМСЦ, во 9 часот и 51 минути по локално време е регистриран земјотрес со епицентар на длабочина од 9 километри и на 10 километри од Сисак со јачина од ...

Група родители го пријавиле случајот кај Народниот правобранител и во Државниот просветен инспекторат. Родителите тврдат дека ваквата практика особено тешко влијае врз децата што се со аутистичен спектар и психомоторни тешкотии, бидејќи секое нарушување на рутината кај нив предизвикува вознемиреност и стрес. Според претставките, на 21 мај неколку родители ги донеле своите деца во училиштето неколку минути по 8:00 часот, но влезната врата била ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.45
65%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
65%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.09
55%
1024
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.24
63%
1023
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
7.64
64%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
68%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
53%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.26
69%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.6
47%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.47
96%
1014
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
53%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
2.65
69%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Алуминиум

3.48

Бакар

12.52

Сребро

2072.63

Платина

53756.05

Паладиум

39545.42

Злато

131337.93

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Калај

51.97