Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Легендарниот португалски фудбалер, Луис Фиго, упати најсилни критики досега кон претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, велејќи дека првиот човек на светскиот фудбал мора веднаш да ја напушти својата функција. Во колумна за британскиот „Дејли меил“, Фиго не штедеше зборови опишувајќи го однесувањето на Инфантино како „најниското, најподло и најсебично што некогаш го видел во фудбалот“. „Целиот свој живот го сакам фудбалот. Играв професионално ...
Сезоната во женската НБА (ВНБА) сè уште трае, но во центарот на вниманието се најде претстојниот драфт, и тоа поради контроверзијата околу правилата за тоа кој може да настапува во најсилната кошаркарска лига во САД. Поранешниот НБА-кошаркар, Енес Кантер Фридом, кој помина 11 сезони во најсилната светска лига, објави дека официјално аплицирал за ВНБА-драфтот. Неговиот потег доаѓа во период кога повторно се разгоре дебатата во САД за учеството ...
На 5-ти септември во далечен Вијетнам ! Дваесетгодишната Ева Величковска од Скопје ќе ја претставува Македонија на Изборот за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам. Ова го објави организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор. Изборот во Вијетнам ќе биде 73. издание на Мис на светот. Самиот Изборот постои од 1951 година, а оваа година се одбележуваат 75 години од основањето. Беа направени само ...
Незаборавно! Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) од Белград, Србија, многу успешно го реализира музичкиот портрет на легендарната македонска пејачка на забавни мелодии Нина Спирова. Нашата македонска (и ексјугословенска) ѕвезда е родена во Прилеп, а почина во Србија во малото место Коштуниќ каде што е погребана и каде го помина остатокот од животот. Ќе ја памтиме по голем број прекрасни песни, но најмногу по хитот “Еден бакнеж ...
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека наскоро ќе почне асфалтирањето на булеварот ,,Борис Трајковски“. – По три децении празни ветувања, за само нешто повеќе од три месеци ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ и секојдневно создаваа вистинска голгота за повеќе од 100.000 граѓани. Денес трасата е целосно ослободена, изградена е нова атмосферска канализација, завршено е тампонирањето од ...
Општина Кисела Вода и оваа година ќе додели бесплатни анатомски ранци и училиштен прибор за сите првачиња запишани во основните училишта на нејзина територија. – Мерката ќе опфати околу 530 ученици во осумте општински основни училишта, кои од септември тргнуваат во прво одделение. Обезбедениот пакет ги вклучува сите основни материјали, како ранец, тетратки и друг прибор неопходен за почетокот на наставата – наведуваат од Општината. ...
Во насока на поголема достапност и олеснување на услугите за граѓаните, ЈП „Водовод и канализација“ повторно го стави во функција наплатниот пункт во општина Шуто Оризари, со што жителите на Општината добиваат полесен и поефикасен пристап до услугите за наплата. По тој повод, директорот на претпријатието, Иван Митровски, изврши увид во функционирањето и подготвеноста на пунктот. Наплатниот пункт е лоциран во приземјето на општинската зграда и ...
Општина Центар почнува јавна анкета за нацрт деталниот урбанистички план за градскиот кварт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки. – Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. ...
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, обелодени дека овој пат тендерот за набавка на 150 електрични автобуси, од кои 100 за Скопје и 50 за другите градови во државата што имаат јавен градски превоз, и 75 станици за полнење е успешно завршен. Тој рече дека негово барање до понудувачот, иако рокот е за шест месеци по потпишувањето на договорот, било првите 30 автобуси да стигнат во декември 2026 година или во јануари 2027 ...
Србија е целосно слободна да управува со ресурсите што се во нејзина надлежност, но не може да тврди дека можните последици за друга земја „магично застануваат на српската граница“, порача албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ за можноста за промена на текот на реката Ибар. „Србија е целосно слободна да управува со ресурсите во рамките на својата надлежност. Она што разумно не може да ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово поради сомнение дека лажно пријавил кражба и сторил кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“. Според пријавеното, на 3 март 2026 година Т.М. во СВР Тетово пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите баба и дедо му одзеле пари во износ од околу 3,5 милиони денари. По преземените мерки и извршените проверки, полицијата утврдила дека пријавата била ...
Според градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, новата ски-патека ќе биде изградена покрај постојната, „Македонија“, и ќе се протега од самиот врв, накај шумската куќа, односно одморалиштето „Михајлово“, па надолу. Се предвидуваат и систем за вештачки снег, осветлување и сета потребна инсталација, со што ќе се создадат значително подобри услови за зимски спортови и за рекреација. За таа цел, обезбедена е донација во износ од ...
Советот на Општина Карпош дадe согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење. Станува збор за проект којшто е подготвен како резултат на отворениот јавен повик од страна на ГЕФ Програма за мали грантови, (оперативна фаза 8), имплементиран од страна на УНДП. Оттука, Програмата го следи принципот „размислувај глобално, дејствувај локално”, ...
Украина и Русија продолжуваат со смртоносни меѓусебни напади, а украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Русија користи севернокорејски ракети. Во руските напади во текот на ноќта загинаа најмалку 12 лица. Шест лица беа убиени, а 20 ранети во Запорожје. Уште шест беа убиени, а 16 ранети во нападите врз регионите Дњепропетровск и Донецк. Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Запорожје било нападнато со ...
Кривичниот суд во Дамаск ги осуди денеска поранешниот сириски претседател Башар ал Асад, неговиот брат Махер ал Асад и поранешниот шеф на политичката безбедност во Дара, Атиф Наџиб, на смрт, откако ги прогласи за виновни за убиство со умисла и тортура, објави сириската новинска агенција САНА. Башар ал Асад беше осуден во отсуство за убиство со умисла, а судот процени дека злосторствата извршени во покраината Дара во 2011 година претставуваат ...
Скандал ја тресе Швајцарија откако објавија новинари дека швајцарската полиција помеѓу 1930 и 1989 година тајно следела десетици владини функционери, вклучувајќи најмалку 39 министри. Според објавените информации во таканаречениот скандал со тајни досиеја, кој е резултат на новинарски истражувања на стотици илјади досиеја од федералните и од кантонските полициски архиви, полицијата ги отворила повеќето досиеја на самиот почеток од политичкиот ...
На островот Скопелос, грчките власти уапсија група италијански државјани осомничени за шверц на корали. Се верува дека тие пронашле црвен корал во вредност од околу 800.000 евра од морското дно, кој бил наменет за италијанскиот пазар. Во тек е истрага и се утврдува планираната рута за транспорт на запленетиот корал, објавува „Еуроњуз“. Акцијата на грчкиот орган за контрола на финансиски трансакции (DEOS) го покренува прашањето за поширокиот ...
Општина Куманово продолжува со градежните активности во спортската сала во градот. Градоначалникот Максим Димитриевски информираше дека во моментов интензивно се работи на партерното уредување на просторот. – Паралелно со овие активности, во тек е и изградбата на системот за греење и вентилација, кој е од особено значење за обезбедување современи услови за функционирање на салата – нагласи Димитриевски. Тој додаде дека со реализацијата на ...
Прилеп овој викенд ќе биде центар на фолклорот и на традицијата, со одржувањето на новиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“. Манифестацијата е во организација на КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп, под покровителство на Општина Прилеп и Центарот за култура „Марко Цепенков“, а поддржана од бројни локални компании и претпријатија. Фестивалот почнува в петок, а неговото отворање ќе биде со почеток во 19:00 часот, пред споменикот на Итар Пејо. ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово поради сомнение дека лажно пријавил кражба и сторил кривично дело „Лажно пријавување кривично дело“. Според пријавеното, на 3 март 2026 година Т.М. во СВР Тетово пријавил дека два дена претходно, во неговиот дом, неговите баба и дедо му одзеле пари во износ од околу 3,5 милиони денари. По преземените мерки и извршените проверки, полицијата утврдила дека пријавата била ...
Да престанеме со убавите зборови и со политичкиот фолклор. Како макроекономски аналитичар и човек што секојдневно управува со капитал, ги гледам бројките без шминка. Пензискиот систем во Македонија не е под притисок, тој е во структурна криза што се продлабочува со секоја нова година, со секој нов буџет и со секое ново линеарно покачување што се продава како „грижа“. Соодносот е веќе 1,6 вработени на еден пензионер, имаме над 350 илјади ...
Новозеланѓанецот Џозеф Паркер повторно доби дозвола да се врати во боксерскиот ринг по тримесечната суспензија поради позитивниот допинг-тест на кокаин. Тој падна на тестирањето ден по поразот од Фабио Вордли, но избегна многу построга казна благодарение на објаснувањето за начинот на кој наводно стигнала супстанцијата во неговиот организам. Тврдеше дека бил внесен кокаинот без негова намера, преку неговиот нутриционист. Британската ...
Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, е нашиот единствениот претставник на Европското првенство во атлетика, кое се одржува во Бирмингем, до 16 август. Тој сам ќе ја брани честа на македонската атлетика во конкуренција на повеќе од 1.600 спортисти од 49 земји. Ќе настапи во својата најсилна дисциплина (маратон на 16 август) и ќе се обиде достојно да ја претстави Македонија во конкуренција на најдобрите европски маратонци. На ...
Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, има нов тренерски ангажман. Македонскиот стратег официјално е назначен за нов тренер на Влазними од Ѓаковица, потврдија од косовскиот клуб. Во кариерата, Јончевски работеше во повеќе клубови во Македонија, Србија, Полска и во Унгарија. Беше тренер на МЗТ Скопје, Кожув, Гостивар и на Работнички, а работеше и во Спартак Суботица, Сласк Вроцлав и во Атомерому. ...
Ако утрешните резултати од последните анализи покажат дека количината на хлор во водата е во дозволените граници, водата во Гостивар конечно би можела повторно да биде пуштена за пиење, по речиси еден месец од почетокот на водната криза. „Од последните неколку мерења се покажа дека нема бактерии во водата, доминира хлорот. По наредба на лабораториите кои прават контроли на 12 часа, ЈП „Комуналец“ ја намали количината на хлорот кој се ...
Иако има 45 години, Фернандо Алонсо нема намера лесно да се откаже од Формула 1. Двократниот светски шампион сака да остане во најбрзиот циркус и по истекот на актуелниот договор со Астон Мартин. Според информациите што ги пренесуваат новинарите, Шпанецот поставил јасен услов за продолжување на соработката. Тој наводно бара договор вреден 40 милиони евра од сезона, за 2027 и 2028 година. Тоа би било значително зголемување во однос на ...
Американскиот Стејт департмент објави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп поништила повеќе од 175.000 визи за странски државјани како дел од заострувањето на имиграциската политика и контролата на влез во Соединетите Американски Држави. Стејт департментот изјави дека визите се поништени од лица кои, според проценката на американските власти, ги прекршиле условите на нивните визи, извршиле кривични дела, поттикнале насилство ...
Американскиот претседател Доналд Трамп тајно ја напуштил Турција минатиот месец со помал воен авион, додека Белата куќа остави впечаток дека е во „Ер Форс Уан“. Како што ексклузивно објавува „Вашингтон пост“, сложената безбедносна операција е спроведена поради веродостојна закана од Иран. Трамп пристигна на самитот на НАТО во Анкара со неодамна преуредениот „Боинг 747“ што Катар им го подари на САД. Тоа беше првиот меѓународен лет на новиот ...
Поранешниот светски шампион во бокс, во тешка категорија, Украинецот Александар Усик, зборуваше за тешкиот почеток на неговата кариера и откри дека се во тек разговори за можна проштална борба против поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер. Украинецот верува дека токму тешкотиите од неговите рани години му помогнале да ја изгради дисциплината неопходна за професионален бокс. „Почнав да работам на 12-годишна возраст и одев на работа на ...
Германскиот тим Мерцедес влегува во вториот дел од сезоната со јасна цел: да ја задржи предноста и да стигне до шампионската титула во Формула 1. Иако внимателно ги носеше досегашните надградби, шефот Тото Волф откри дека во продолжението од сезоната ќе пристигнат значително повеќе нови делови. Мерцедес најдобро се снајде со новите технички правила во 2026 година, а на почетокот од шампионатот доминираше со шест последователни пол-позиции. ...