По повеќе од три децении најави и застој, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза на конкретна реализација, со обезбедена финансиска конструкција и со јасен план. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја подобри регионалната транспортна поврзаност на земјата. Делницата е долга 22 километри и претставува сериозен инженерски ...

Македонскиот минималец останува меѓу најниските во регионот и покрај тоа што од април 2026 година е зголемена минималната плата на 26.046 денари нето, односно околу 423 евра. Додека кај нас работниците со најниски примања чекаат ново зголемување, соседните земји продолжуваат да ја зголемуваат минималната плата, а разликата станува сè повидлива. Најнов пример е Србија, каде што се најавува ново зголемување на минималецот. Според најавите од ...

Сезоната на берба почнува, но за земјоделците повторно се отвора истиот проблем: каде да најдат работници? Овоштарите и лозарите сè потешко обезбедуваат сезонска работна сила, а недостигот на берачи од година на година станува сè поголем. Во земјоделството, главно, остануваат постарите генерации, додека младите сè поретко се решаваат да работат на нива дури и кога дневниците се значително повисоки од претходните години. Работната сила во ...

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во интервју за „ТВП Ворлд“ дека Европа ќе мора да ги обнови односите со Русија во одреден момент. – Во моментов, односите се лоши. Ни треба силна одбрана за да се соочиме со „руската мечка“. Но, во одреден момент, сосема е можно да станеме пријатели со нив – рече тој. Според Столтенберг, идејата дека Европа „по природа е предодредена да има лоши односи со Москва“ е заблуда. ...

Аналитичарите на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) изразија сомнежи во врска со информациите што Израел им ги доставил на американските власти за наводен ирански заговор за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп тајно го сменил авионот минатиот месец кога ја напуштил Турција поради овие предупредувања. Сепак, според „Вашингтон пост“, аналитичарите на ЦИА не ги сметале дадените информации за доволно убедливи. Весникот ...

Огромна уметничка инсталација долга 30 и висока речиси три метри, поставена кај Бранденбуршката порта, во наредните неколку дена ќе биде визуелен потсетник на ѕидот што во минатото го делеше Берлин на два дела. Инсталацијата, која зависно од која страна се гледа, е проѕирна или непроѕирна, но никако не е реплика на ѕидот, е поставена e денеска, по повод 65-годишнината од почетокот на изградбата на Берлинскиот ѕид, а одбележувањето на овој ...

Американските разузнавачки служби собраа информации за време на самитот на НАТО минатиот месец во Анкара за конкретна иранска закана дека авионот на американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде погоден од ракета земја-воздух, објави „Њујорк тајмс“. Според двајца американски функционери запознаени со разузнавачките информации, заканата се однесувала на секој авион што Трамп би го земал за да ја напушти Турција. Во исто време, американските ...

Партијата е елиминирана од изборите што треба да се одржат за едењн месец затоа што во кампањата користела цитат од песната „Нека секогаш има сонце“, како и зборовите „Само да немаше војна“ без да побара дозвола од носителот на авторските права, објавила фотографија од Медведев, без негово одобрување, а ги повредила и правата на компанијата „Опен АИ“, зашто на својата веб-страница ставила слика генерирана со користење „Чет џи-пи-ти“. ...

Тројца мажи кои чекаат смртна казна во Тенеси, Алабама и Оклахома денеска треба да бидат погубени со смртоносна инјекција. Доколку се извршат сите три егзекуции, тоа ќе биде прв пат по повеќе од 16 години три лица да бидат погубени во Соединетите Држави на ист ден. Последниот таков случај во Соединетите Држави се случи во јануари 2010 година. Во Тенеси, треба да биде погубен 66-годишниот Ентони Дарел Хајнс. Тој беше осуден на смрт за ...

Огновите повторно ја зафатија земјава. Со најмалку 52 пожари на отворен простор, според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вчерашниот ден бил најтежок од почетокот на оваа сезона на пожари. Од нив, 64 се изгаснати благодарение на целодневната борба на локалните пожарникари. Шест останаа активни. Покрај овие шест пожари, во текот на денешниот ден се појавиле и други. Меѓу најтешките, според Ангелов, бил пожарот ...

На дел од градските улици во Кавадарци е воведена нова сообраќајна регулација. Поточно, поставени се сообраќајни знаци согласно со сообраќајниот проект, со кои се овозможува зголемување на дозволената брзина на движење од 40 на 50 километри на час, и тоа на: Западниот булевар, улицата „Шишка“ и на Северниот булевар. Од Општина Кавадарци информираат дека сообраќајната регулација е усогласена со условите на овие сообраќајници, со цел поефикасно ...

Шеснаесетмина волонтери од Црвениот крст од Делчево во Словенија од средата ги учат основите на противпожарната заштита и спасувањето животи во услови на пожар во рамките на традиционалниот интернационален младински противпожарен камп во Чрномељ, Словенија. Учествуваат околу 200 деца од неколку држави, кои се поделени на водови, а за секој вод е определен по еден ментор. Низ детски игри, дружење, показни вежби со пожарникарите, учениците се ...

Со пораки дека Охридскиот рамковен договор ги поставил мирот, соживотот, дијалогот и еднаквоста во основата на градењето одржливо македонско општество, денеска во Македонија се одбележа две и полдецениската годишнина од потпишувањето на документот што му стави крај на воениот конфликт во 2001 година. Во пораките за значењето на овој документ се потенцира и потребата неговите основни начела и натаму да се унапредуваат, сè со цел македонското ...

Настапот на младиот пијанистички виртуоз од Кина, Сихенг Сонг, на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник на музиката. Во возвишениот амбиент на црквата „Света Софија“, тој ги демонстрираше не само својата техничка супериорност што ја поседува секој врвен пијанист од висок формат туку и чувствата што извираа од неговата длабоко емотивна душа. Поради неговите маркантни динамички градации, на моменти пијаното ...

Актуелниот шампион на Португалија, тимот на Порто, е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на мексиканскиот интернационалец од редовите на калчо гигантот Милан, Сантијаго Хименез. Неофицијално, робусниот напаѓач новата сезона ќе ја одработи како позајмен фудбалер, а Порто ќе има обврска да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната. ИЗДВОЕНИ Нема кој да сади, нема ни кој да бере – дневниците растат, младите не ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс повторно го поместија рекордот за најскапа спортска франшиза во историјата, откако клубот доби нови сопственици во зделка вредна неверојатни 12 милијарди долари. Само 14 месеци откако Марк Волтер ги купи Лејкерс за 10 милијарди долари, славната франшиза повторно е продадена, овојпат за уште поголема сума. Новите сопственици на клубот се американските бизнисмени Џош Кушнер и Боб Игер, кои важат за големи љубители ...

Градот Бургас кој се наоѓа на бугарскиот дел од Црно Море ќе биде домаќин на 71-то издание на „Песна на Евровизија 2027“. По завршниот круг од постапката за избор, овој убав град ја доби трката со Софија и Варна да ги пречека учесниците на најголемиот музичко-телевизиски настан во 2027 година. – Бургас ќе донесе нешто навистина посебно на Изборот за Песна на Евровизија. Тоа е жив и гостопримлив град на Црното Море, со силен музички и културен ...

Гласачите гласаат во четврток во изборна единица во Англија каде што лидерот на десничарската Реформска партија, Најџел Фараж, се обидува да освои пратеничко место против својот главен противкандидат, комичар облечен како канта за ѓубре. По неколку недели обвинувања дека не пријавил милиони фунти од богат донатор, Фараж ненадејно поднесе оставка минатиот месец, велејќи дека сака да го победи „либералниот естаблишмент“ на дополнителните избори ...

Скопје се подготвува за уште една вечер за паметење. В сабота, 12 септември 2026 година, од 20:00 часот, Паркот на франкофонијата ќе биде епицентар на четвртото последователно издание на традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој годинава се одржува во духот на големиот јубилеј: 50 години од формирањето на Општина Центар. Општина Центар и понатаму е единствената општина што преку овој настан недвосмислено ја застапува и ...

Општина Аеродром почна со градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“. Од Општината информираат дека ќе се изведува реконструкцијата според постојната состојба, во должина од 279 метри, при што ќе се асфалтира површина од 1.098 квадратни метри. Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром. – Продолжуваме активно да работиме на подобрување на уличната ...

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ продолжува со унапредување на своето работење преку воведување и примена на меѓународно признати стандарди. Со успешно завршениот процес на сертификација за ISO 9001:2015 – систем за управување со квалитетот и ISO 14001:2015 – систем за управување со животната средина, се потврдува посветеноста на ЈП ПОЦ кон воспоставување високи стандарди во работењето. Сертификатите му беа официјално врачени на директорот на ...

Од една страна, на таа листа се градови познати по уредените улици и по добро одржуваните јавни простори, додека, од друга страна, се метрополи што имаат сериозен проблем со хигиената, односно со ѓубрето. На листата, второто место меѓу метрополите што имаат проблем со ѓубрето го зазема Скопје, веднаш по главниот град на Италија, Рим. Веднаш по Скопје, според таа листа, се Атина, Софија, Париз, Букурешт, Белград, Мадрид и Будимпешта. Додека ...

Пожар избувна во туристичкото место Сивири на Касандра, поради што граѓаните и бројните туристи добија итна порака преку системот 112. Надлежните служби повикуваат на максимална претпазливост и итна евакуација од загрозената зона. Сите што моментално се наоѓаат во областа Сивири добија инструкции од Цивилната заштита веднаш да се оддалечат во правец на местото Мола Калива и строго да ги следат понатамошните инструкции од надлежните служби, ...

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, осомничен за злоупотреби, е пуштен од истражен затвот, откако депонирал банкарска гаранција од 508.000 евра. Со одлука на надлежниот суд, мерката притвор му е заменета со мерки на претпазливост. „Притворот е укинат со гаранција во недвижен имот, притоа изречени се мерки на претпазливост- одземен пасош и јавување во судот“, потврдуваат за ВЕЧЕР од Кривичниот суд и ...

Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро кај Пештани, информираат од СВР Охрид. Според полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки било утврдено дека станува збор за ...

– Со проектот беа опфатени повеќе кујнски и трпезни садови и неколку светилки, но меѓу нив особено се издвојува еден кратер, односно сад што служел за сервирање вино помешано со вода. Посебноста на кратерот доаѓа од неговите реткост, украсеност, висок степен на зачуваност и затворен контекст на откривање. Површината на кратерот е украсена со четири медалјони во кои релјефно се претставени глава на Силен, богот Дионис, божицата Артемида и уште ...

Обвинителството тврди дека осум лица заеднички ја туркале набавката на ВЛТ-терминалите, иако Лотарија веќе го имала отстапено правото за електронски игри – се бара Груби да остане во куќен притвор По повеќемесечна истрага, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осум лица за злоупотреба на службената положба и овластување во случајот со Државна лотарија. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и ...

Станува збор за второто издание на младинскиот камп „Бејс камп Љуботен“, иницијатива преку која еден од најстарите планинарски клубови во земјава, „Љуботен“, продолжува да им ги пренесува љубовта кон планината, знаењето и вредностите на новите генерации. Кампот ќе се одржи на 22 и 23 август, во хостелот „Китка“ во Вратница, а е наменет првенствено за младите од 13 до 16 години. За в недела е предвидена и посебна програма за децата од 4 до 12 ...

Настапот на младиот пијанистички виртуоз од Кина, Сихенг Сонг, на фестивалот „Охридско лето“ долго ќе се памети зашто беше вистински празник на музиката. Во возвишениот амбиент на црквата „Света Софија“, тој ги демонстрираше не само својата техничка супериорност што ја поседува секој врвен пијанист од висок формат туку и чувствата што извираа од неговата длабоко емотивна душа. Поради неговите маркантни динамички градации, на моменти пијаното ...

Рафинерија за нафта во рускиот град Орск, која беше погодена од украински дрон пред два дена, е принудена целосно да се затвори, а поправките би можеле да траат до шест месеци, изјави регионалниот гувернер во четврток, предупредувајќи за прекини во снабдувањето со гориво. „Шрапнелите оштетија клучна инфраструктура што во моментов не може да се поправи. Опремата е увезена, а поради санкциите, поправките би можеле да траат до шест месеци. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
73%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
96%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
65%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.89
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34