Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Иран денес најостро ги осуди нападите на САД извршени еден ден претходно, опишувајќи ги како знак на лоша намера и несигурност, додека преговорите продолжуваат за евентуален договор за прекин на војната. Иранското Министерство за надворешни работи денес остро ги осуди она што го нарече „бесрамни и неоправдани“ американски прекршувања на прекинот на огнот во Ормускиот теснец. Министерството во соопштение предупреди дека однесувањето на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, кој следниот месец ќе наполни 80 години, денес по тричасовниот преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ изјави дека „сè помина совршено“, но не даде никакви детали. Неодамнешните фотографии на кои се гледа осип на вратот дополнително ги зголемија прашањата за здравјето на Трамп, откако фотографиите од јули 2025 година покажуваат отечени глуждови и модринка на раката покриена со ...
Норвешка ќе обезбеди 425 милиони норвешки круни (околу 40 милиони евра) за зајакнување на енергетскиот систем на Украина како дел од новиот договор со Европската Унија, објави денес норвешкото Министерство за надворешни работи. „Средствата ќе ѝ помогнат на Украина да ги задоволи итни потреби, а во исто време ќе придонесат за нејзината реконструкција, модернизација и пат кон пристапување кон ЕУ“, се додава во соопштението, објави парискиот ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израл го зголемува интензитетот на воените операции во Либан со заземање на стратешките позиции и ги зајакнува безбедносните тампон зони по зголемувањето на нападите со беспилотни летала на „Хезболах“. „Израелската војска дејствува со значајни сили на терен и презема контрола над стратешки доминантните позиции. Ја зајакнуваме безбедносната тампон зона со цел да ги заштитме заедниците ...
Вишото јавно обвинителство објави дека ДНК анализата покажала дека телото пронајдено во близина на Инѓија му припаѓа на А.Н. (Александар Нешовиќ), пренесуваат српските медиуми. На Вишото јавно обвинителство во Белград, како што беше најавено, од Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ му е доставен извештај за идентификација на останките пронајдени на 21 мај 2026 година во буре, кое е ископано на територијата на општина Инѓија. ...
Иднината на Јанис Адетокумбо во Милвоки повторно е една од најголемите теми во НБА-лигата, а американските медиуми сè почесто пишуваат за можноста тој да ја напушти франшизата во која ја помина целата досегашна кариера. Иако официјално не побарал размена, според бројни извештаи, Бакс е подготвен да ги види понудите од другите клубови, особено по уште една разочарувачка сезона во која не успеа сериозно да се вмеша во битката за шампионската ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓоѓриевски најави досега најголема теренска посета низ сите скопски општини, која ќе започне утре со посета на Кисела Вода. Како што информираше преку социјалните мрежи, посетите ќе опфатат средби со жители, разговори за локалните проблеми и тековните проекти, како и директна комуникација со јавните претпријатија и градските служби. Заедно со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје, како и ...
Неидентификуван маж предизвика хаос на раскрсница во Загреб денес скокајќи врз автомобилите, блокирајќи го сообраќајот додека не пристигне полицијата. Снимката од полудениот маж беше објавена од хрватските медиуми, а прво се појави на социјалните мрежи и веднаш стана вирална. Медиумите известуваат дека станува збор за „екстремно растроен“ маж, кој околу пладне скокал врз автомобили на раскрсницата на Авенија Вечеслав Хољевац и улиците Дамир ...
Дамките од дезодоранс на облеката се чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе, особено кога се појавуваат бели или жолти дамки на маиците, кои тешко се отстрануваат со редовно перење. Овие дамки најчесто се предизвикани од состојки во антиперспирантите, кои оставаат видливи наслојки кога се во контакт со пот и со ткаенина. Жолтите дамки обично се појавуваат на облеката со светла боја, додека белите дамки се поизразени на потемните парчиња. ...
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 мај 2026 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со животот на нашата Света Црква. Светиот синод ги разгледа и ги усвои годишните извештаи од епархиите на МПЦ – ОА во татковината и дијаспората, се наведува во соопштението по денешната седница. -Посебно внимание се обрна на ...
Претставата „Кокошка”, во копродукција на независната театарска група „Вортекс“ и „Театар Комедија“, ги освои двете најзначајни награди на јубилејното 10. издание на Интернационален театарски фестивал во Приштина, кое се одржа од 18 до 23 мај. Наградата за најдобро актерско остварување ѝ беше доделена на Билјана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Ала во „Кокошка“, претставата е прогласена за најдобра. Во образложението на интернационалното ...
„Девојките на Марко“ според „Боинг боинг“ од Марк Камолети и во режија на Синиша Евтимов е најновата претстава на Прилепскиот театар, која премиерно ќе биде изведена утре (27 мај), во 20:00 часот. Во претставата играат: Димитар Ѓоргиевски – Марко, Илија Волчески – Војдан, Јасмина Мицовска-Станкоска – Габриела, Марија Спиркоска-Илијеска – Марта, Наташа Ачански – Грета и Лора Штарго, која ќе ја видиме како Глорија. Инаку, „Боинг боинг“ е ...
– „Оффест“, во целото фестивалско минато, секогаш имал големи африкански имиња од сите земји, меѓутоа, обично биле по еден, максимум по двајца изведувачи секоја година, и тоа од одреден регион. Годинашниов фокус значи дека обединуваме повеќе региони на Африка. Правиме еден пресек од тие региони, што сè се слуша и што е најактуелно. Притоа, се разбира, тоа ќе биде интересно да се види, оти овде се создаде една традиција да се сака африканската ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес ја критикуваше Европската Унија за прекумерна бирократија и недоволна решителност на глобалната сцена. „Огромната, главна слабост што директно нè засега е сегашната структура на Европската Унија, бирократски механизам кој премногу често ја жртвуваше конкурентноста и стратешкиот раст на олтарот на идеолошките и технократските пристапи“, рече Мелони на годишното собрание на индустриското здружение ...
Папата Лав Четиринаесетти го крена алармот за употребата на вештачка интелигенција во војната и повика технологијата да се „разоружи“ и да се спречи да „доминира над човештвото“. Во документ познат како енциклика – папско писмо во кое се изложува перспективата на црквата за клучна тема, Лав рече дека вештачката интелигенција никогаш не треба да се користи за донесување смртоносни одлуки и предупреди дека четботовите и другите алатки за ...
Танкер пријави надворешна експлозија покрај брегот на Оман, соопшти Канцеларијата за поморска трговија на Обединетото Кралство (UKMTO). Експлозијата, која се случила на 60 наутички милји (111 километри) од главниот град на Оман, Мускат, била пријавена на крмата, во задниот дел од бродот, според соопштението на агенцијата UKMTO, пренесува „Си-ен-ен“. Во соопштението се додава дека танкерот и екипажот се безбедни. Танкерот пријавил дека ...
Утре ќе има изолирана појава на нестабилност, локално утре процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР. Во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето. ...
Украинската тенисерка Марта Костјук со победа го почна настапот на Ролан Гарос, но сцените по мечот го потресоа тенискиот свет. Костјук славеше против Оксана Селекметева со 6:2, 6:3, а веднаш потоа низ солзи зборуваше за драмата што ја преживеало нејзиното семејство само неколку часа пред мечот. Дваесет и тригодишната Украинка откри дека утрото дознала за силен напад во Киев, кој се случил во непосредна близина на домот на нејзините ...
За Америка нема место во регионот, а крајот на ционистичкиот режим е близу, истакна денеска врховниот ирански водач, ајатолахот Сејед Моџтаба Хосеини Хамнеи, во пораката по повод почетокот на сезоната на аврамскиот хаџ. – Покрај тоа што веќе немаат сигурно прибежиште за зло и за воспоставување воени бази во регионот, Америка од ден на ден се оддалечува од својот претходен статус – изјави Моџтаба Хамнеи, пренесува Тасним. Тој истакна дека ...
Во Франција, температурите достигнаа од 33 до близу 37 Целзиусови степени и зедоа седум жртви. Невообичаено топло е и во Велика Британија, каде што се очекува температурите да се искачат до 35. степен во наредните денови, наспроти вообичаените 17 или 18 степени за овој период. Во Шпанија, живата во термометарот достигна 40 степени и се очекува горештините да не попуштат до крајот на неделава, додека во Италија веќе е на сила забраната за ...
Македонската естрада се простува од текстописецот Радмила Митровиќ, која според своето авторство и хитовите што ги има напишано, ја споредуваат со популарната Србинка, исто така хит-мејкерка, Марина Туцаковиќ. Радмила почина вчера, во Скопје, по долго боледување. Авторка е на бројни народни хитови. Преку емотивна објава на социјалните мрежи, веста за нејзината смрт ја сподели Тања Тајчи-Додева, позната како искрен поддржувач и голем љубител ...
Грчевите во нозете се честа појава што обично не е причина за загриженост, но кога стануваат чести и се јавуваат без очигледна причина, може да бидат сигнал за посериозен здравствен проблем. Можна причина за честите грчеви во нозете, особено ноќе, може да биде дијабетичната невропатија. Ова е состојба што се јавува кога високото ниво на шеќер во крвта го оштетува периферниот нервен систем. Луѓето со дијабетес тип 1 или тип 2, поради ...
Професорот на Градежниот факултет, Горан Марковски, вели дека е крајно време е да се преземат нови и поригорозни мерки за оние што не ги почитуваат правилата, почнувајќи од одземање на лиценците до забрана за вршење дејност од областа на градежништвото. – Ако проектот е добар и ако правилно се врши ископот, тогаш не би требало да дојде до обрушување. Треба да се направи заштитен ѕид од шипови (колови). Главниот ископ се прави откако ќе се ...
Од Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во 19:30 часот, скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски утре ги започнува теренските посети во сите скопски општини. Тој информираше дека заедно со него ќе бидат и директорите на јавните претпријатија на Град Скопје, како и претставници од градските сектори, за, како што вели граѓаните директно да постават прашања, да дадат предлози и да добијат конкретни одговори, но и брза реакција, ...
Вчера околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал. Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗДВОЕНИ Македонија се ...
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да прифати нови отстапки во однос на националните и идентитетските прашања, без разлика на цената. Тој истакна дека Македонија останува цврсто посветена на членството во ЕУ, но дека процесот е оптоварен со билатерални блокади и со непринципиелни условувања. Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, оцени дека земјава бележи напредок, но предупреди дека спорот со Бугарија и понатаму е главна ...
Дали МПЦ-ОА е автокефална црква или не, трошат ли некои владици многу пари, дали нејзините достоинственици ги избирале политичарите, време ли е некои владици да се пензионираат и да се заменат со други, потребни ли се нови епархии и кој да заседне во нив, служат ли во црковните редови и расчистени свештеници, се почитуваат ли, воопшто, одлуките на Синодот… Сето ова се прашања кои во последново време се наталожија во најтесниот раководен врв ...
Во време кога цените на одморите во многу популарни дестинации достигнаа рекордни нивоа, една земја целосно ги изненади европските туристи и се искачи на врвот на листата на најприфатливи места за одмор. Според новата анализа на британската платформа TravelSupermarket за сезоната 2026, бугарскиот регион Бургас е официјално прогласен за најевтина дестинација за одмор по принципот „се вклучено“, оставајќи го зад себе дури и Тунис, кој го држеше ...
Српскиот кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ е повторно во центарот на вниманието во европската кошаркарска јавност, а според каталонските медиуми, токму легендарниот стратег е првата желба на Барселона за следната сезона. Веста одекна како вистинска „детонација“ во Евролигата, особено по шпекулациите дека Обрадовиќ би можел да седне на клупата на Панатинаикос, клуб со кој бележеше големи успеси во минатото. Според „Л’Еспортиу“, ...
Цените на нафтата повторно се приближија до границата од 100 долари за барел по новите американски напади врз Иран, бидејќи аналитичарите предупредуваат дека глобалниот енергетски пазар би можел да влезе во период на сериозна нестабилност. Суровата нафта Брент накратко ја надмина границата од 100 долари во вторник по веста дека САД таргетирале ракетни локации и бродови за кои Вашингтон тврди дека се обидувале да постават морски мини во јужен ...